1 Др.Зекир- Наисправен месхеб(правец) во исламот е ? Пет 13 Мај 2011, 3:53 pm
Muwehhid
Модератор
Во Името На Аллах џ.ш, Милостивиот, Самилосен!
О луѓе!Слушнете што ќе ви речами запамтете.Јас ви ја оставам Аллаховата книга Кур`анот, кој додека секогаш се придржуваре кон Него секогаш ќе ве чува да не залутате и да не го изгубите правиот пат,патот на сречата ,радоста и вистината.
Кур`анот е света книга на вистината вистинско дело на АЛЛАХџ.ш. Негови зборови во кои нема двоумење.
-Пред вас е целиот мој живот,моите зборови моите дела. Се што сум зборувал и работел се надевам дека е во полна согласност со одредбите на АЛЛЛАХџ.ш.
-Вие навистина нема да се најдите во недоумица се додека се придржувате кон Кур`анот и мојот Сунет.
-О Правоверници! Секогаш кажувајте ја чистата вистина и не плашете се од тоа.
Никогаш не дозволувајте омрзата да ве отргне од правиот пат и од патот на правдата.
Правдата е сестра на мудроста.
Плашете се од АЛЛАХ џ.ш. Тој ги гледа вашите дела.
-О Луѓе! Ги слушате моите пораки,ставете ги во вашите гради и во вашите срца.
-Сите вие што ги слушавте ове мои зборови пренесете им ги на тие што не ги слушале,зошто некој од нив повеќе ќе разберат отколку тие што слушале.(После кратко време Аллаховиот Пратеник со малку потивок глас рече):
-О дарги АЛЛАХ! “Дали ја извршив задачата и мисијата што ми ја довери“?
- О Аллахов Пратенику !“Ти верно ја исполни задачата и мисијата, и нас ни соопшти што АЛЛАХ џ.ш. ти довери.“
-Потврдија сто илјади хаџии во еден глас,лицето на Аллаховиот Пратеник беше исполнето со радост, од очите му течеа солзи радосници,ги крена рацете кон небото и рече:
-О Драги АЛЛАХ биди сведок на сево ова!
-Истиот ден Алллах џ.ш. го објави последниот Кур`ански ајет:
“Денеска неверниците ја изгубија и последната надеж дека вие ќе отпаднете од вашата вера,затоа не плашете се од нив,туку плашете се од Мене.
Јас сега вашата вера ја усовршив и со потполн благодет ја насочив кон вас и задоволен сум што Исламот ќе биде ваша вера“
Мухаммед е само пејгамбер! И пред него имаше пејгамбери па, ако умре или ако биде убиен ќе се вратите ли по стапалките ваши? А оној кој ќе се врати по стапалките свои на Аллах во ништо не ќе му наштети, а благодарните Аллах ќе ги награди!
(Али- Имран -144)
И држете се цврсто - сите - за јажето Аллахово; не разединувајте се и сетете се за благодатите Аллахови кон вас: “И сетете се кога бевте непријатели. Он, тогаш, ги обедини срцата ваши; потоа, со благослов Негов, станавте браќа. И кога бевте на границата од огнената бездна - ве избави од тоа! Ете, така Аллах ви ги објаснува ајетите Свои за да бидете упатени.
(Али- Имран – 103)
И не бидете како оние кои се разгранаа или разединија по јаснотиите кои им дојдоа; да, за нив има казна голема.
(Али- Имран- 105)
“И меѓусебно потпомагајте се во доброчинство и богобојазливост, а немојте да се потпомагате во грев и непријателство,, (Ел-Маиде-2)
Последната промена е направена од islam nur на Пет 13 Мај 2011, 8:42 pm. Мислењето е променето 2 пати.