Ебу Зерр ел-Гафари, радијАллаху анху, пренесува од Веровесникот, саллАллаху алејхи ве селлем, а тој од својот Свемоќен и Возвишен Господар дека рекол:
“О робови Мои, Јас Себе си забранив насилство (зулум), а и за вас тоа го одредив како забрането, па не чините неправда еднинадруги!
О робови Мои, сите вие сте во заблуда, освен оној кого Јас го упатувам, па од Мене барајте упатство, а Јас ќе ве упатам!
О робови Мои, сите вие сте гладни, додека Јас не ве нахранам, па барајте од Мене храна да ве нахранам!
О робови Мои, сите вие сте голи и неблеќени, се додека Јас не ве облеќам и покријам, па барајте од Мене облека да ве облеќам!
О робови Мои, вие грешите и ноќе и дење, а Јас ги простувам сите гревови, па побарајте од Мене простување да ви опростам!
О робови Мои, вие не сте во состојба никаква штета да Ми нанесете, ниту пак никаква корист да Ми направите (донесете)!
О робови Мои, кога сите вие, и први и последни, и луѓе и џинни, кога би биле толку побожни, колку што е најпобожниот помеѓу вас, сето тоа ни најмалку не би го зголемило царството Мое и власта Моја!
О робови Мои, кога сите вие, и први и последни, и луѓе и џинни, кога би биле толку побожни, колку што е најпобожниот помеѓу вас, сето тоа ни најмалку не би го зголемило царството Мое и власта Моја!
О робови Мои, кога сите вие, и први и последни, и луѓе и џинни, би се собрале на едно место, и од Мене кога би побарале се што поскуваат, свекому би му дал она што се молел, и тоа немаше да го смали она што го поседувам, тоа е како да го смалува наквасената игла водата на морето!
О робови Мои, се работи за вашите дела, Јас сите ќе ги забележам, потоа сакому ќе му го дадам она што си го заслужил, па оној кој ќе најде добро (хајр), нека биде благодарен на Аллах , а оној кој ќе најде зло (шерр), да не го грди никого-нека се грди самиот себеси“.
(Муслим)
Ahlu-Sunnah.org