Ес селаму алејкум ве рахметуАллах ве Берекетуху и добре дојдовте на www.ahlu-sunnah.org.

За да се окористите од сите функции на форум, ве молиме да се регистрирате или со вашето корисничко име логирате.


Join the forum, it's quick and easy

Ес селаму алејкум ве рахметуАллах ве Берекетуху и добре дојдовте на www.ahlu-sunnah.org.

За да се окористите од сите функции на форум, ве молиме да се регистрирате или со вашето корисничко име логирате.
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Latest topics
» Alisan
Мајката на шехидите EmptyПет 24 Апр 2020, 2:43 am by Muaz al Islam

» Намазот не е исправен (валиден) зад оној кој што ги оправдува..
Мајката на шехидите EmptyСаб 18 Јун 2016, 4:40 am by muwehid

» Салават на Пратеникот Мухаммед (а.с.)
Мајката на шехидите EmptyСаб 18 Јун 2016, 4:18 am by muwehid

» Менсур ал-Салими- "Спомнувајте Ме а и Јас ќе ве спомнувам (Ел-Бекара, 152)"
Мајката на шехидите EmptyПон 13 Јун 2016, 9:32 pm by Muwehhid

» Кога ќе сватеме???
Мајката на шехидите EmptyНед 12 Јун 2016, 9:34 pm by Muwehhid

» Ја сменија верата, но ја нарекуваат "ислам"
Мајката на шехидите EmptyСаб 11 Јун 2016, 8:51 pm by Muwehhid

» Дали е дозволено мевлуд?
Мајката на шехидите EmptyСре 27 Апр 2016, 11:09 am by Abu Al-Amin

» Шејх Сулејман ибн Насир ел-Улван за техакум
Мајката на шехидите EmptyВто 08 Мар 2016, 12:26 am by Haqq

» Бајрам
Мајката на шехидите EmptyНед 06 Мар 2016, 2:36 pm by Haqq

» Реката на трпението и нејзините притоки
Мајката на шехидите EmptyПет 04 Мар 2016, 7:48 pm by hidzab

» Pozdrav
Мајката на шехидите EmptyПон 15 Фед 2016, 11:52 pm by Abu Al-Amin

»  шейха доктора / Тарик гураб: Вопросы и ответы о колдовстве и лечения
Мајката на шехидите EmptyНед 14 Фед 2016, 7:30 pm by nourna

» abdul fetah
Мајката на шехидите EmptyСре 03 Фед 2016, 12:02 am by Abu Al-Amin

» Хадиси на Мухаммед а.с
Мајката на шехидите EmptyСре 06 Јан 2016, 7:16 pm by medi

» Аллах нас ни е потребен
Мајката на шехидите EmptyСре 02 Дек 2015, 7:26 pm by Muwehhid

Кој е он-лајн?
Севкупно има 276 членови он-лајн :: 0 Регистрирани, 0 Скриени и 276 Гости :: 1 Bot

Никој

Најмногу членови кои го посетиле форумот воеднаш се 547 во Пет 15 Ное 2024, 12:40 am
Барај
 
 

Display results as :
 


Rechercher Advanced Search

Top posters
Muaz al Islam (1691)
Мајката на шехидите Vote_lcapМајката на шехидите Voting_barМајката на шехидите Vote_rcap 
LAUTKA (1011)
Мајката на шехидите Vote_lcapМајката на шехидите Voting_barМајката на шехидите Vote_rcap 
Muwehhid (937)
Мајката на шехидите Vote_lcapМајката на шехидите Voting_barМајката на шехидите Vote_rcap 
Келиметул-Хакк (594)
Мајката на шехидите Vote_lcapМајката на шехидите Voting_barМајката на шехидите Vote_rcap 
Muslima4Islam (589)
Мајката на шехидите Vote_lcapМајката на шехидите Voting_barМајката на шехидите Vote_rcap 
Abu Al-Amin (479)
Мајката на шехидите Vote_lcapМајката на шехидите Voting_barМајката на шехидите Vote_rcap 
Al-Ghuraba (360)
Мајката на шехидите Vote_lcapМајката на шехидите Voting_barМајката на шехидите Vote_rcap 
Monoteizam (343)
Мајката на шехидите Vote_lcapМајката на шехидите Voting_barМајката на шехидите Vote_rcap 
muharem fazli (323)
Мајката на шехидите Vote_lcapМајката на шехидите Voting_barМајката на шехидите Vote_rcap 
Haqq (253)
Мајката на шехидите Vote_lcapМајката на шехидите Voting_barМајката на шехидите Vote_rcap 

Statistics
Постојат b>1268 регистрирани членови
Најновиот регистриран член е igoralfiosebastian@gmail.

Нашите членови се испратиле точно 8262 мислења in 2387 subjects

You are not connected. Please login or register

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down  Порака [Страна 1 of 1]

1Мајката на шехидите Empty Мајката на шехидите Пет 01 Jул 2011, 5:50 pm

Muwehhid

Muwehhid
Модератор
Модератор
Во името на Аллах, Милостивиот, Сомилостен!


Зарем не си слушнало, мило детенце за писателката Ел Канса? Се вика Тумазер, ќерка на Амру синот на Шерид. Таа била најистакнатата жена на своето племе Бени Сулејм.

Родена е пред појавата на исламот, во времето на Ел џахилијет (време на незнаење). Била прв претставник на своето племе во однесување и во навики – добри и лоши. Не знаела за ислам, ниту слушнала за него. Најмногу се интересирала за рецитирање, поезија а знаела и многу приказни за Арапите и за нивните преданија. Можела да се натпреварува со други поети и учествувала со свето племе во борбите против непријателот, каде што ги поттикнувала и ги храбрела на војниците во борбите.


Еднаш започнала силна борба меѓу нејзиното и непријателското племе и се возвраќале нападите. Ал Канса ги охрабрувала во борбата и ги поттикнувала да се осветуваат. Кога нејзиниот брат Сатр паднал во борбата, го оплакувала и долго жалела по него! Облекла црни алишта од лута волна. Често пати ги собирала жените и им ги читала своите тажни песни во кои го оплакувала својот брат. Се случувало дури сите што ги слушале нејзините жални песни заедно да плачат со неа, да ги кинат алиштата и да ги кубат косите!

Понекогаш шетала по ридовите, па дури и планините, оплакувајќи го својот брат и рецитирајќи ги песните за неговите способности, авторитет и слава; спомнувајќи ја неговата младост и сила, опишувајќи го неговото херојство и пожртвуваност. За него создала претстава за бестрашлив херој, кој ги победува сите војници и од кој се тресат планини. Бил во состојба да убива диви ѕверови и да прави невозможно.

Тага чувствувала писателката Ал Канса за време на Ел-џахилијетот. Тоа било исто така резултат на однесувањето во тоа време, кое што и врз неа имало силно влијание. Знаела за освета и војување. Познавала бајка за верување во фигури и за култ на личноста, но ги негувала и добрите обичаи на тоа време, како што е срдечност, гостопримство, помагање на насреќните, искреност, верност и честитост.

2Мајката на шехидите Empty Re: Мајката на шехидите Пет 01 Jул 2011, 5:52 pm

Muwehhid

Muwehhid
Модератор
Модератор
ИСЛАМОТ ГО МЕНУВА ОДНЕСУВАЊЕТО НА ЕЛ КАНСА

Исламот почнал да се шири меѓу арапските племиња и луѓето масовно го прифаќале. Со исламот ги менувале навиките и однесувањето кое го имале во времето на џахилијетот. Сега ги опфатило достоинство и племенитост. Душите им се воздигнале и срцата им смекнале, така што луѓето што го прифатиле исламот ги почитувале неговите одредби и возвишени патишта и кој повикува на братство и на добри дела за добро на исламот и корист на сите муслимани.


Муслиманот поединец повеќе не мисли само лично на себе, туку и на добрина на сите муслимани.

Така и Ел Канса се изменила откако го прифатила исламот. Почнала да работи за добро на сите муслимани. Нејзиниот поглед на светот, сваќањата, ставовите и мислењето за животот целосно се изменил. Повеќе не мислела дека животот завршува со смртта и дека е тоа крај за човекот.

Сега таа знае дека Аллах џ.ш повторно ќе ги оживее луѓето после смртта, а кога ќе дојде Судниот ден и дека ќе ги проценува нивните дела. Тие што правеле добри дела ќе одат во џеннет кој што е голем како небото и земјата и дека таму ќе останат. Ако правеле лоши дела, ќе влезат во џехеннем и таму ќе остнаат засекогаш.

Затоа Ел Канса повеќе не ги жали мртвите, како што го жалела брата си, бидејќи исламот забранува тажење по мртвите, кинење алишта, гребање лице, кубење коси како знак на жалост. Исламот наредува трпеливо учење на дови со намера на мртвите да им биде добро на другиот свет.

Аллах и го отвори срцето на Ел Канса за ислам, така што таа станала искрена верничка и верувала во Аллах како створител, во исламот како вера и во Мухаммед а.с Аллаховиот пратеник и преносител на неговата порака до сите луѓе. Тој ги упатува на прав пат, патот на добрината, како би го следеле и ги предупредува да не одат по патот на лошото. Тоа е пораката на исламот- да бидеме послушни на Аллах и Неговиот пратеник.

3Мајката на шехидите Empty Re: Мајката на шехидите Пет 01 Jул 2011, 5:54 pm

Muwehhid

Muwehhid
Модератор
Модератор
ЕЛ КАНСА РАБОТИ ЗА ИСЛАМ

Бидејќи Ел Канса беше многу паметна и исправно го разбрала исламот и неговите одредби, се ставила во служба со голема жар, за својата нова вера. Во тоа ја чувствувала среќата која и го исполнила срцето, потоа задоволството и спокојството на душата. Повеќе не ја потресуваат никакви несреќи и неволји, бидејќи сега верува дека се што се случува во светот е одредено од Аллах џ.ш, дека се е по негова волја и желба. На ниеден човек не може да му се случи ниту добро, ниту лошо, а Аллах џ.ш да не го има одредено тоа. Таа го читала и го разбрала Кур‘анот. Речи:

-Ќе ни се случи само тоа што ќе ни го одреди Аллах, Тој е нашиот Господар.-И нека верниците се потпрат само на Аллах!“ (Ет Тевба, 51)

Значењето на зборовите од Кур‘анот допрело до длабочината на нејзината душа. Нејзината интелегенција и врвното познавање на јазикот и овозможиле да разбере и да се убеди како Куранските зборови се единствени Аллахови зборови, зборови на створителот на оваа вселена, бидејќи луѓето колку и да се трудат, не би можеле да создадат никогаш нешто слично.

Ел Канса слушала и хадиси на Аллаховиот пратеник и во хадисот ја открила чистата јасна вистина и повик за служење на Аллах и само нему. Стравот од Аллах завземал најголемо место во нејзиното срце и целосно се препуштила на Аллаховата волја.

Во еден хадис, што Аллаховиот пратеник му го упатил на Убн Аббас, кога тој бил уште дете (немал уште наполнето 10 години). Пратеникот рекол: „Те учам синко на зборовите слави го Аллах! Тој ќе те чува;

Слави го Аллах, тој ќе ти помогне кога ти е неопходно; кога бараш помош, барај ја од Аллах, а кога ќе прашуваш, прашај го Аллах! Запомни, кога сите би сакале да ти нанесат лошо, ништо нема да ти се случи, освен тоа што ти го одредил Аллах; а кога сите би сакале да ти дадат некаква корист, ништо од тоа нема да ти се случи, освен тоа што Аллах го одредил за тебе!“

Затоа Ел Канса била спокојна во својот живот, бидејќи се што се случува, одредено е од Аллах. Повеќе не жалела поради смртта на блиските. Се сетила што правела кога и умрел брат и Сакр, кога ја кинела својата облека и живеела во тага многу години. Му ветила на Аллах, откако и го отворил срцето за исламот, дека ќе ги испрати своите 4 синови во џихад да се борат на Аллаховиот пат и да го одбранат исламот и муслиманските куќи; да ја шират исламската вера, да го искоренат многубоштвото и незнаењето.

Или тие ќе го победат непријателот или ќе паднат мртви на Аллаховиот пат! Ги храбрела своите синови да станат муслимански војници под водство на Саад Ибн Векас, кој што се упатил во Ирак со својата војска да се бори против персијанците и да ги уништат метоеизмот – обожавање на огнот и правење се што е недозволено по исламот.

Полетале синовите на Ал Канса и станале војници во исламската несопирлива војска. Ги следела Ал Канса, ги храбрела да бидат стрпливи во борбата, да бидат храбри и издржливи, ги потсетувала на Аллаховата награда за стрлпливите и им ги учела аетите:


О верници, бидете стрпливи и издржливи, бидете будни на границите и плашете се од Аллах, да го постигнете тоа што го сакате!“ (Али Имран 200)

Ги потсетила на наградата од Аллах за јунаците на оној свет и ветувањето од Аллах дека обилно ќе им возврати:

„Никако не сметајте ги мртви оние кои изгинале на Аллаховиот пат! Не, тие се живи и се во изобилство кај својот Господар!“ (Али Имран 169)

Им го прочитала хадисот на Аллаховиот преатеник а.с :

„На Судниот ден шехидот доаѓа, а раната му крвави и од неа се чувствува мирис на мошус“, па им додала: „На шехидот му се простува се што згрешил…!“


…и така во нив разбудила желба да учествуваат во борбата како би ги дале своите животи на Аллаховиот пат, па ги предупредила на срамните резултати од бегањето. При тоа ги упатила на Аллаховите зборови:

„О верници, кога ќе се судрите со неверниците, а тие напаѓаат кога се многубројни, не вртете им ги плеќите. А оној што тогаш ќе им го сврти грбот – освен оној што се повлекува со намера повторно да се бори, или да пристапи кон друга чета - ќе се врати натоварен со Аллховиот гнев; неговото престојувалиште ќе биде џехеннем, а тоа е страшно престојувалиште!“(Ел-Анфал, 15,16).

Така Ел Канса ги учела своите синови на вистинита и цврста вера, така што посакувале да стапат во борба како жеден за студена вода во жешки летни денови. Ги доела кога биле мали со млеко, нежност и љубов, а сега ги храни со чисти исламски убедувања. Ако млекото е храна за телото, исламските чисти убедувања се храна за душата и разумот. Нејзините деца биле послушни и во детството и во младоста. Никогаш не ја разочарале. Ги облекле своите воени униформи и се упатиле во џихад.



.... Продолжува

4Мајката на шехидите Empty Re: Мајката на шехидите Пет 15 Jул 2011, 9:09 pm

Muwehhid

Muwehhid
Модератор
Модератор
БОРБАТА НА МЕСТОТО ЕЛ КАДИСИ



Војсководецот Саад Ибн Еби Веказ пристигнал со својата војска до Ел Кадиси,едно мало место во Ирак. Ја построил својата војска и стратешки ја подготвил за средба со војската на персијанците.

Се разгорела голема борба меѓу муслиманските и персисиките војници. Борбата траела неколку дена. Секој ден борбата се повеќе се разгорувала и се зголемувал бројот на убиените и ранетите од двете страни. Персијанците користеле голем број слонови кои со леснотија се пробивале низ редовите на муслиманската војска, газејќи ги со своите тешки стапала муслиманските борци.

На своите грбови носеле персисиски војници кои ги гаѓале муслиманите со стрели и копја. За муслиманите тоа била тешка борба, но не избегале, туку цврсто се бореле и храбро им се спротивставувале на персијанците и нивните слонови со своите тела и со цврстиот дух.

Смислувале и мудрости како би можеле што подобро да им се спротивстават на непријателот, да се ослободат од слоновите, на чија дебела кожа стрелите и сабјите не можеле да ги оштетат.

Штом некој храбар муслиман им се доближил со сабја, слоновите веднаш со своите сурли би ги отфрлиле или би ги згазиле со стапалата. Не тој начин паднале голем број јунаци кои се обиделе да се пробијат кон слоновите но не успеале.

Другиот ден, муслиманите смислиле една лукавство. Ги облекле камилите во посебна униформа, а на главите им ставиле покривки и штитници. Така подготвени камилите изгледале многу застрашувачки со својот изглед, со своите скокови и одење.

Слоновите се преплашиле и повеќе не напаѓале. Сега можеле да им се доближат копјанините на слоновите и со своите долги копја ги гаѓале во крупните очи. Слоновите се разгневиле и започнале да бегаат во спротивна насока, така да ја газеле својата војска која дотогаш одела зад нив. Погинале голем број персиски војници, а слоновите продолжиле да бегаат се до Суфрат, каде што се удавиле заедно со војниците кои биле на нивните грбови.

Муслиманите ја воочиле катастрофата на своите непријатели, па тоа го искористиле и ги нападнале од сите страни. Настапила решителна борба која траела ден и ноќ. Се слушал ѕвон на сабји, ‘ржење на коњи и текбир на храбрите муслимански војници.

Вториот ден персијанците се разбегале во сите правци барајќи спас, откако им ги изгинале војсководците. Тука животот го загубиле неколку илјади персиски војници и војната престанала. Муслиманите биле среќни што Аллах им ја овозможил победата. Почнале да ги бараат своите мртви другари да ги закопаат, а ранетите да им ги завијат раните.

Кога ги собрале убиените во борбата, меѓу нив ги откриле сите 4 Ел Кансинини синови. Се плашеле да и го соопштат тоа. На војсководецот тоа тешко го погодило и размислувал колку ќе биде тоа жална и болна вест за Ел Канса. Се плашел и таа да не падне во депресија од преголема жалост, како што и се случило кога и погинал брат и. Затоа избегнувал да и ја соопшти таа тажна вест.

Потоа испратиле една група муслимани да и кажат и да и изразат жалење. Штом ги забележала , побрзала да ги прсретне,бидејќи секој ден излегувала за да разбере нешто за муслиманската војска. Застанала и ги прашала, а тие и одговориле: „Твоите синови мајко…“

Тука ги прекинала, велејќи им: „Не ве прашав за своите синови, туку кажете ми кој ја доби борбата! “ А војниците и одговориле. „Победивме и ги уништивме!“

Среќна таа одговорила: „Благодарение на Аллах, тоа е Аллахов подарок!“

Продолжила да ги прашува: „Дали моите синови храбро и чесно се бореа, или пак биле кукавици и плашливци?

Одговориле: „Твоите синови беа едни од најхрабрите наши борци. Бестрашно се бореа против непријателот. Нивниот текбир беше најгласен, така што и другите ги храбреа за борба. Ние се гордееме со нив и со нивната мајка која ги родила и воспитала со љубов кон Аллах, со пожртвуваност да истраат на Аллаховиот пат. Тие се почестени што ги дадоа животите во борба за Аллах!“

Тука Ел Канса ги рекла своите познати зборови: „Благодарение на Аллах, кој што ме почести со нивниот џихад и што станале јунаци! Се надевам дека Аллах ќе ме спои со нив во пространиот џеннет, како би можеле заедно да уживаме во неговата наклонетост и милост!“

Не пуштила ниту една солза, не носела црнина, не ја кубела косата, не го гребала ниту лицето. Ги рекла тие зборови и била задоволна со Аллаховата волја, горда на тоа што го направиле нејзините синови на Аллаховиот пат.

Тоа била Ел Канса, жив пример за секоја муслиманска мајка и прекрасен пример на жена за нашата нација. Ги воспитала своите синови на исправно и вистинско исламско воспитание, а потоа ги дала како подарок на исламската нација, за неа да се борат и да ја одбранат, па Аллах ги одбрал да бидат во неговата близина, да бидат од оние што ќе ја уживаат Аллаховата милост и наклонетост, како и да претстојуваат во џеннетот:

„Никако не сметајте ги мртви оние кои на Аллаховиот пат погинале! Не, тие се живи и во изобилство кај својот Господар“ (Али Имран, 170).

Тоа е правилно и вистинско Аллахово ветување за муџахедините на Аллаховиот пат. Кога такви јунаци не би се бореле за муслиманските куќи, муслиманите не би имале таква моќ и слава, би ги изгубиле своите земји и би ги зазел непријателот.



Последната промена е направена од islam nur на Пет 15 Jул 2011, 9:16 pm. Мислењето е променето 1 пати

5Мајката на шехидите Empty Re: Мајката на шехидите Пет 15 Jул 2011, 9:13 pm

Muwehhid

Muwehhid
Модератор
Модератор
Нека и се смилува Аллах џ.ш на Ел Канса и на нејзините синови -јунаци! Тие биле најдобар пример за пожртвуваност и несебичност. Нивната мајка била најдобра вопситувачка на тие херои. Затоа потполно заслужиле муслиманите да ја наречат мајка на шехидите.

ПОУКИ ОД ПРИКАЗНАТА

1. Исламот ги менува лошите карактери и кај луѓето гради племенити својства;

2. Муслиманот не е себичен и не размислува само за себе, туку муслиманот размислува за сите муслимани, нивниот напредок и добрина.

3. Смртта не е крај за човекот, туку постои друг живот, џеннет или џехеннем.

4. Муслиманот не се разочарува, бидејќи знае дека е се во рамките на Аллаховата џ.ш одредба, затоа тој треба да биде стрплив и благодарен на Аллах џ.ш.

5. Џихадот - борбата на Аллаховиот пат со своите животи, има големо вклијание во ширење на исламот и него треба да го сакаме како би можеле да стекнеме награда кај Аллах џ.ш.

6. Јадењето е храна за телото, а исламското верување, Акидетот е храна за душата и уммот.

7. Неверниците жртвуваат се за да го уништат исламот и муслиманите.

8. Муслиманот не смее да се предава, туку треба да креира и иновира се што е во корист на исламот и неговиот напредок.

9. Муслиманот мора да биде задоволен со Аллаховата џ.ш одредба и да се надева на неговата награда за секоја несреќа која ќе му се случи.

10. Исламот нема да биде супериорен освен ако неговите следбеници не се борат за него, за зачувување на земјата и татковината.

Sponsored content


Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот  Порака [Страна 1 of 1]

Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот