1 АДАБИ НА ОДНЕСУВАЊЕ КОН АЛЛАХОВИОТ ПЕЈГАМБЕР С.А.В Пет 12 Aвг 2011, 2:21 am
Muaz al Islam
Модератор
АДАБИ НА ОДНЕСУВАЊЕ КОН АЛЛАХОВИОТ ПЕЈГАМБЕР С.А.В.С.
(آداب مع رسول الله صلى الله عليه وسلم)
(آداب مع رسول الله صلى الله عليه وسلم)
За начинот и учтивоста кон Аллаховиот Пејгамбер с.а.в.с. Кур’анот е преполнет со такви искази. Еве неколку од нив:
1.Целосна предаденост и потчинетост на неговите наредби, примање на неговите изреки со искреност без двоумење и сомневање. Бидејќи, Возвишениот Аллах џ.ш. јасно и недвосмислено му наредил на секој верник учтиво и воспитно да се однесува кон Пејгамберот с.а.в.с. Па така Аллах аззе ве џелле за бедуините кои го повикувале Пејгамберот а.с. со висок глас а тој бил внатре во својата куќа ги нарекол дека не се доволно паметни: 'Мнозина од оние кои те повикуваат зад собата не се доволно паметни.” (Ел-Хуџурат, 3) Истовремено Аллах џ.ш. им наредил на верниците да го сакаат и да му се покоруваат на Пејгамберот а.с., на неговите одлуки и пресуди, и за водач во нивните спорови да го земаат него. Севишниот Аллах вели: 'О верници, бидете послушни на Аллах и Неговиот пејгамбер..” (Мухаммед, 33)
2.Да не се излегува пред него со наредба, забрана или одобрение, бидејќи Семоќниот Аллах вели: 'О верници, не излегувајте пред Аллах и Неговиот пејгамбер (со наредба или забрана или однесување).” (Ел-Хуџурат, 1) Овој пропис е константен и полноважен до Судниот ден и тоа излегување пред него се однесува и за време на неговиот живот и за време по неговата смрт.
Ебу Убејде вели: 'Арапите кога велат: „не излегувај пред водач и пред татко“ тоа значи не брзај со наредба или забрана пред него.” Друг вели: 'Немој да наредуваш пред тие да наредат или да забраниш пред тие да забранат.”
3.Да не се подига гласот над неговиот глас. Бидејќи таквата постапка е причина за отпаѓање на делата, тогаш што мислиш за подигање на своите мисли врз мислите или суннетот на Пејгамберот а.с. Семоќниот Аллах вели: [b]'О верници, не подигајте ги вашите гласови над гласот на Пејгамберот... за да не ви пропаднат вашите дела без да почувствувате.” (Ел-Хуџурат, 2)
4.Да не биде повикот кон Пејгамберот а.с. ист како повикот кон другите луѓе. Возвишениот Аллах вели: 'Повикот на пејгамберот меѓу вас не сметајте го како повикот кон едни на други.” (Ен-Нур, 63) Толкувачите на Кур‰анот за овој ајет имаат две мислења:
Прво мислење: Не повикувајте го по личното име како што се повикувате меѓусебе едни на други (О Мухаммед, ) туку повикувајте го со називот: О Ресулуллах, О Аллахов пејгамбере, О пратениче.
Второ мислење: Неговиот повик до вас не сметајте го на ист степен како повикот на другите кон вас. Ако сакате ќе се одѕвиете, ако сакате ќе одбиете, туку кога ќе ве повика Пејгамберот а.с. бездруго и безрезервно одзвијте се и послушајте го.
5.Од учтивоста кон Пејгамберот с.а.в.с. спаѓа и тоа што верниците кога тој ќе одлучи за џихад, садака, помагање - не заземаат свој став без негова дозвола. Аллах џ.ш. вели: 'Навистина, верници се оние кои веруваат во Аллах и во пејгамберот Негов. А кога се заедно со пејгамберот при некоја работа заедничка, не одат се додека не побараат дозвола од него.” (Ен-Нур, 62)
6.Да не ги отфрла зборовите на Пејгамберот а.с. заради нечие мислење кое е спротивно на неговото или да и дава предност на некоја аналогија врз веродостоен и општоприфатен хадис.
7.Кога ќе се спомене неговото име да се донесе салават за него со зборовите: Саллаллаху алејхи ве селлем или алејхис-салату вес-селам или Аллахимме салли ала Мухаммед кема саллејте ала ибрахиме... Бидејќи Пејгамберот а.с. рекол: 'Најголем скржавец е оној кој кога ќе се спомене моето име, не ми донесе салават.” Исто така рекол: 'Кој ќе донесе салават еднаш на мене, Аллах ќе донесе десет пати салават за него.”
Вертуална медреса