Ес селаму алејкум ве рахметуАллах ве Берекетуху и добре дојдовте на www.ahlu-sunnah.org.

За да се окористите од сите функции на форум, ве молиме да се регистрирате или со вашето корисничко име логирате.


Join the forum, it's quick and easy

Ес селаму алејкум ве рахметуАллах ве Берекетуху и добре дојдовте на www.ahlu-sunnah.org.

За да се окористите од сите функции на форум, ве молиме да се регистрирате или со вашето корисничко име логирате.
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Latest topics
» Alisan
Најдобри луѓе EmptyПет 24 Апр 2020, 2:43 am by Muaz al Islam

» Намазот не е исправен (валиден) зад оној кој што ги оправдува..
Најдобри луѓе EmptyСаб 18 Јун 2016, 4:40 am by muwehid

» Салават на Пратеникот Мухаммед (а.с.)
Најдобри луѓе EmptyСаб 18 Јун 2016, 4:18 am by muwehid

» Менсур ал-Салими- "Спомнувајте Ме а и Јас ќе ве спомнувам (Ел-Бекара, 152)"
Најдобри луѓе EmptyПон 13 Јун 2016, 9:32 pm by Muwehhid

» Кога ќе сватеме???
Најдобри луѓе EmptyНед 12 Јун 2016, 9:34 pm by Muwehhid

» Ја сменија верата, но ја нарекуваат "ислам"
Најдобри луѓе EmptyСаб 11 Јун 2016, 8:51 pm by Muwehhid

» Дали е дозволено мевлуд?
Најдобри луѓе EmptyСре 27 Апр 2016, 11:09 am by Abu Al-Amin

» Шејх Сулејман ибн Насир ел-Улван за техакум
Најдобри луѓе EmptyВто 08 Мар 2016, 12:26 am by Haqq

» Бајрам
Најдобри луѓе EmptyНед 06 Мар 2016, 2:36 pm by Haqq

» Реката на трпението и нејзините притоки
Најдобри луѓе EmptyПет 04 Мар 2016, 7:48 pm by hidzab

» Pozdrav
Најдобри луѓе EmptyПон 15 Фед 2016, 11:52 pm by Abu Al-Amin

»  шейха доктора / Тарик гураб: Вопросы и ответы о колдовстве и лечения
Најдобри луѓе EmptyНед 14 Фед 2016, 7:30 pm by nourna

» abdul fetah
Најдобри луѓе EmptyСре 03 Фед 2016, 12:02 am by Abu Al-Amin

» Хадиси на Мухаммед а.с
Најдобри луѓе EmptyСре 06 Јан 2016, 7:16 pm by medi

» Аллах нас ни е потребен
Најдобри луѓе EmptyСре 02 Дек 2015, 7:26 pm by Muwehhid

Кој е он-лајн?
Севкупно има 19 членови он-лајн :: 0 Регистрирани, 0 Скриени и 19 Гости

Никој

Најмногу членови кои го посетиле форумот воеднаш се 421 во Сре 30 Окт 2024, 3:09 am
Барај
 
 

Display results as :
 


Rechercher Advanced Search

Top posters
Muaz al Islam (1691)
Најдобри луѓе Vote_lcapНајдобри луѓе Voting_barНајдобри луѓе Vote_rcap 
LAUTKA (1011)
Најдобри луѓе Vote_lcapНајдобри луѓе Voting_barНајдобри луѓе Vote_rcap 
Muwehhid (937)
Најдобри луѓе Vote_lcapНајдобри луѓе Voting_barНајдобри луѓе Vote_rcap 
Келиметул-Хакк (594)
Најдобри луѓе Vote_lcapНајдобри луѓе Voting_barНајдобри луѓе Vote_rcap 
Muslima4Islam (589)
Најдобри луѓе Vote_lcapНајдобри луѓе Voting_barНајдобри луѓе Vote_rcap 
Abu Al-Amin (479)
Најдобри луѓе Vote_lcapНајдобри луѓе Voting_barНајдобри луѓе Vote_rcap 
Al-Ghuraba (360)
Најдобри луѓе Vote_lcapНајдобри луѓе Voting_barНајдобри луѓе Vote_rcap 
Monoteizam (343)
Најдобри луѓе Vote_lcapНајдобри луѓе Voting_barНајдобри луѓе Vote_rcap 
muharem fazli (323)
Најдобри луѓе Vote_lcapНајдобри луѓе Voting_barНајдобри луѓе Vote_rcap 
Haqq (253)
Најдобри луѓе Vote_lcapНајдобри луѓе Voting_barНајдобри луѓе Vote_rcap 

Statistics
Постојат b>1268 регистрирани членови
Најновиот регистриран член е igoralfiosebastian@gmail.

Нашите членови се испратиле точно 8262 мислења in 2387 subjects

You are not connected. Please login or register

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down  Порака [Страна 1 of 1]

1Најдобри луѓе Empty Најдобри луѓе Сре 20 Апр 2011, 9:14 pm

Muaz al Islam

Muaz al Islam
Модератор
Модератор
Најдобри луѓе


Тука во оваа мала брошура ке се сретниме и ке ги презентираме „ НАЈДОБРИТЕ ЛУЃЕ “ кои возвишениот Аллах ги опишал во Благородниот Куран , ја пофалил нивната вредност и место, а од друга страна ги наброил и прецизирал Аллаховиот Пратеник Мухаммед с.а.в.с во неговите чесни Изреки.
Меѓу оние кои ги напоменал пратеникот Мухаммед с.а.в.с :

1. Најдобар меѓу луѓето е богобојазливиот (побожниот) верник.
2. Најдобар меѓу луѓето е тој што го чита Куранот и другите ги подучува од него
3. Најдобар меѓу луѓето е оној со добро однесување и карактер.
4. Најдобар меѓу луѓето е оној кој најдобро се однесува со своето семејство.
5. Најдобар меѓу луѓето е оној кој е со чисто срце и искрен јазик.
6. Најдобар меѓу луѓето е оној кој најповеќе им користи на другите луѓе.
7. Најдобар меѓу луѓето е оној од кого се очекува добро и се сигурни другите од неговото зло.
8. Најдобар меѓу луѓето е оној кој најдобро го исполнува ветувањето.
9. Најдобар меѓу луѓето е оној кој се совладува себеси при лутина, простува и толерира.
10. Најдобар меѓу луѓето е оној кој најчесто ја спомнува смрта.

За овие 10 напоменети горе наведени НАЈДОБРИ ЛУЃЕ иншАллах ке наведеме по неколку Курански Ајети и Хадиси даде се сретнуваат во Исламската литература.
„ Го молам на Аллах џ.ш да ни подарит побожност, Аллаху мој очистинија душата од нашите гревови, Ти си најдобријот кој очистуваш, Навистина само Ти си наш Заштитник и Управувач. Аллаху мој барам заштита од знаење кое не користи, од срце кое не се потчинува, од душа која не се заситува и од молба која не се прима! Аллаху мој те молам заштитине од Огнот Џехеннемски! Аллаху мој те молам подарини го Џеннетот Твој. “

http://www.ahlu-sunnah.org

2Најдобри луѓе Empty Re: Најдобри луѓе Сре 20 Апр 2011, 9:18 pm

Muaz al Islam

Muaz al Islam
Модератор
Модератор
Еyзy булЛахи минашшејтанираџим, бисмилЛахирРахманирРахим

Најдобар меѓу луѓето е богобојазливиот (побожниот) верник

Успешен човек е верникот кој со својата побожност, умешност и чиста работи за двата света, за овој и идниот свет. Неговата најголема преокупација и грижа, дострел на неговото знаење и труд се насочени кон правење на дела со кои ќе биде задоволен.
Свевишниот Аллах џ.ш вели:
„ На оној кој го посакува овој свет Ние му го даваме она што го сакаме, и на оној кому сакаме, потоа, ќе му одредиме Џехеннем во кој ќе биде пржен, потценет и напуштен! А на оној кој го посакува Ахирет и кој тежнее кон него, кој е верник... е, па, на онаквите тежнеењето нивно е благодарно! Ние им даваме на сите, било на овие било на оние, од подароците на Господарот твој. А подарокот на Господарот твој не е невреден! Погледни како Ние им даваме предност еднинадруги. А на Ахирет, секако, се најголемите степени и најголемите предности! “ (Ел-Исра 18-21 ајет)
Овие луѓе ги споиле во една целина иманот како внатрешно верување и добрите дела како надворешно практикување.
Ке видеме во следниот хадис како Мухаммед с.а.в.с бил прашан за овие луѓе.
Се пренесува дека Аллаховиот посланик Мухаммед с.а.в.с бил прашан: „ Кој луѓе се највредни (најдобри)? Посланикот Мухаммед с.а.в.с одговорил: „Верникот кој се бори на Аллаховиот пат со своето тело и богатство!“ Рекоа: „Потоа кој?“ Рече: „Верникот кој во одредено место се плаши од Аллах и ги остава луѓето на мира од неговото зло “ (Бухари, Муслим)
Од совршенството и потполноста на богобојазливоста е сакањето добро за луѓето.

Возвишениот Аллах вели:
„А кога би верувале и би се плашеле, наградата Аллахова многу подобра ќе им беше, навистина! Е, само кога би го знаеле тоа!“ (Ел-Бекаре, 103 ајет)
И исто така вели:
„ Навистина оние кои веруваат и прават добри дела, тие се најдобрите створенија. “ (Ел-бејјине, 7ајет)
Тука ке спомнеме уште еден Хадис од мухаммед а.с каде вели:
Се пренесува од Ебу Хурејре р.а дека Аллаховиот Пејгамбер рекол:
[size=12]„ Не бидете завидливи едни кон други, не преценувајте ја работата, не мразете се меѓусебно, не вртетеги плеќите еден кон друг, не карајте се при купување на роба, туку бидете браќа-Аллахови робови. Муслиманот е бтат на муслиманот. Не му прави зло, не го остава на цедило и не го понижува. Богобојазливоста е овде-покажувајќи на градите три пати и доста му е на човекот од злото, да го потценуваа својот брат муслиман. Крвта, имотот и честа на муслиманот се харам за еден муслиман. Доволен грев за човекот е да го понижи братот муслиман “ (Ахмед, Муслим)

http://www.ahlu-sunnah.org

3Најдобри луѓе Empty Re: Најдобри луѓе Сре 20 Апр 2011, 9:22 pm

Muaz al Islam

Muaz al Islam
Модератор
Модератор
Најдобар меѓу луѓето е тој што го чита Куранот и другите ги подучува од него


Возвишениот Аллах џ.ш ги опишал следбениците на Куранот како приврзаници на протифитабилна трговија која никогаш нема да пропадне .
Возвишениот Аллах џ.ш вели:
„Оние кои ја кажуваат Книгата Аллахова и кои намаз извршуваат и кои делат од ‘рскот што Ние им го дадовме, тајно и јавно, се надеваат на надополнување кое нема да исчезне, или Он да им ги даде наградите нивни и да им зголеми од добрината Своја. Он, навистина, е Простувач и Благодарен!“
(Ел-Фатир 29-30ајет)
И Аллаховиот Пратеник Мухаммед с.а.в.с ги спомнал оние кои го учат Куранот и со него ги поучуваат другите како најдобри луѓе и со највисока позиција и углед т.е Аллахови блиски и избрани луѓе.
Пренесува Осман р.а дека Аллаховиот Пратеник Мухаммед с.а.в.с рекол:
„ Најдобар од вас е оној кој го учи куранот и ги поучува другите со него. “ (Ахмед, Бухари)
Кога Аллаховиот пратеник Мухаммед с.а.в.с, го прими рецитирањето на куранот од Џибрил а.с и го достави до луѓето како што му е објавено од Неговиот Господар, тој им го цитира и достави на своите асхаби, исто така и ги поттикна на неговото учење и помнење.Патем голем број од нив се ангажираа во негово учење и помнење. На прво место од нив се истакнаа: Убејј ибн Ка’б, Абдуллах ибн мес’уд, зејд ибн Сабит, Муаз ибн Џебел. Со нив мухаммед с.а.в.с се радувал и за нив рекол: „ Барајте Куран да ви учат четворица: : Убејј ибн Ка’б, Абдуллах ибн мес’уд, зејд ибн Сабит и Муаз ибн Џебел. “ (Ахмед, Бухари, Муслим)
Одушувувањето на Пратеникот Мухаммед а.с со Абдуллах ибн Мес’уд р.а достигна до тој степен што рекол за него: „ Кој сака од вас да го учи Куранот како што е објавен, нека го учи според читањето (стилот на учење) на Ибн Умму Абд. “ (Ахмед, Ибн Маџе)
Дури и самиот Аллахов пратеник Мухаммед с.а.в.с побарал од него да му го рецитира Куранот. Абдуллах ибн Мес’уд раскажува дека Мухаммед с.а.в.с им рече: „ „Читај ми го Куранот“. Реков: Аллахов пратениче , зарем тебе да ти го читам кога тебе ти е објавен? Рече: „Јас сакам да го слушам од друг!“ Па му го цитирав сурето Ен-Ниса се додека стигнав кај зборовите: „ Како че биде кога ќе дојдеме за секој уммет со сведок а тебе ќе те доведеме како сведок против нив. “ Ја подигнав главата и погледнав во него а нему солзите му се тркалаа.“ (Ахмед, Бухари, Муслим)
Како што Свевишниот Аллах џ.ш не поттикне на читање на Благородниот куран исто така не поттикнал и на негово внимателно слушање и молчење.
Возвишениот Аллах вели:
„И кога Куранот ќе се чита гласно, слушајтего и не зборувајте за да ви се смилова!“ (Ел-А’раф 204 ајет)
Како што асхабите на Аллаховиот пратеник Мухаммед с.а.в.с го научиле Куранот од Аллаховиот Пратеник Мухаммед с.а.в.с исто така тие продолжиле да ги поучуваат и другите со него. Така пред Убејј ибн Ка’б научиле многу асхаби да читаат Куран како Ебу хурејре, ибн Аббас, Абдуллах ибн Саиб, додека од табиините Абдуллах ибн Ајјаш, ибн Ебу Рабиа, Ебул-Алије и така со изучување на Куранот следуваа генерации од поколение на поколение се до денешно време каде и ние во континуитет го учиме Куранот и го примаме од устите на шејховите и учените.
Потоа рекол:
Блазе на оној кој го запомни Куранот во cвоите гради
Па стана светилка како ѕвесдите светилки
Аллах е најголем! Колку е тоа благодет
Кога ке се рече „Учи“ па учи и се подига во степени
И Куранот се олицетвори во неговиот морал
Во неговите дела и срцето се поврза
И го чита во ноќите со размислување
Солзите се тркалаат по образите
Тоа се својства на чуварите на Неговата книга
Навистина, биди окитен како нивните својства
О чувару на Куранот не си чувар се додека она што го чуствуваш не го применуваш
Што ке ти користи титулата „чувар“
А книгата на Твојот Господар го парчи срцето
О мој , Куранот ни е јажето на успехот
Затоа држете се за неговото јаже за да не се потопите.

http://www.ahlu-sunnah.org

4Најдобри луѓе Empty Re: Најдобри луѓе Вто 26 Апр 2011, 6:45 pm

Muaz al Islam

Muaz al Islam
Модератор
Модератор
Најдобар меѓу луѓето е оној со добро однесување и карактер (најдобар морал)


Оние луѓе кои се окитени со добри морални својства спаѓаат во најпочестените и најдобрите кај Возвишениот Аллах џ.ш. Нив Аллах џ.ш посебно ги пофалил во својата Благородна Книга.
„ И кој зборува подобро од оној кој повикува кон Аллах и кој добро работи, и кој вели: “Јас сум, навистина, меѓу Послушните! Не се изедначуваат доброто и злото! Возврати му со она што е најдобро, па ако меѓу него и меѓу тебе има непријателство, потоа може да стане пријател близок. Ова ќе го постигнат само оние кои се трпеливи и ова ќе го постигнат само оние кои поседуваат еден голем дел од тоа “ (Фуссилет, 33-35 ајет)
Пренесува Џабир р.а, дека Аллаховиот Пратеник Мухаммед с.а.в.с рекол: „ Најсакан кај мене меѓу вас и најблиску до мене на Судниот ден ќе биде оној со најдобар морал, а најомразени до мене и најдалечни од мене на Судниот ден ќе бидат оние кои дордорат, оние кои зборуваат со силен глас и оние кои се фалат (надуваат) “ (Тирмизи, Албани-сахих)
Аллаховиот Посланик Мухаммед с.а.в.с во разни прилики ги насочувал своите другари кон добро однесување и им наредувал на примерен карактер. Ебу Зерр р.а раскажува дека: Аллаховиот Посланик с.а.в.с му рече: „О ебу Зерре, плаши се од Аллах каде и да си, лошото дело проследи го со добро ќе го избрие и со луѓето однесувај се со добар морал“ (Тирмизи, хасен)
Притоа Возвишениот Аллах џ.ш му се обраќа на Неговиот Пратеник Мухаммед с.а.в.с:
„ Само со милоста Аллахова ти си благ кон нив. А да си груб и со тврдо срце ќе побегнат од тебе, далеку. Прости им, тогаш, и барај прошка за нив, и договарај се со нив во наредбата. А кога ќе решиш - потпри се врз Аллах! Аллах, навистина, ги љуби оние кои се потпираат врз Него! “ (Али Имран 159 ајет)
Еднаш Ебу Зерр р.а го прашал на Аллаховиот Пратеник Мухаммед с.а.в.с „ Кои верници се со најсовршено верување? Рече: Оние со најдобар морал. “ (Теберани)
Треба да се има предвид дека добриод однос со луѓето, примерното однесување воопшто, моралниот карактер се дела кои оживуваат висока позиција во исламот и посебни степени кај Свевишниот Аллах џ.ш Ебу дерда раскажува дека го слушнал Аллаховиот Пратеник с.а.в.с како вели: „ Нема нешто да се стави на вагата потешко од добриот морал. Оној со добар морал ќе го постигне степенот на оној што пости и клања. “ (Тирмизи)
Многу често Аллаховиот Посланик Мухаммед с.а.в.с ја правеше следнава дова: „ Аллаху мој, Те молам да ми подариш здравје, прошка од гревовите и добар морал. “ (Баззер)
Исто така, Аллаховиот Посланик Мухаммед с.а.в.с навел најпрекрасни примери примери на добро однесување, затоа Неговиот и нашиот Господар ги пофалил со зборовите:
„ Навистина, ти си со најсовршен морал. “ (Ел-Калем, 4 ајет)
Пренесува Ебу Хурејре р.а дека Аллаховиот Пратеник Мухаммед с.а.в.с рекол: „ Навистина јас сум испратен да го усовршам добриот морал кај луѓето. “ (Ахмед)
Абдуллах ибн Селам раскажува: „ Кога дојде Аллаховиот Пратеник Мухаммед с.а.в.с, во Медина луѓето побрзаа кон него да го Сретнат и велеа стигнал Аллаховиот Пратеник Мухаммед с.а.в.с , стигнал Аллаховиот Пратеник Мухаммед с.а.в.с , стигнал Аллаховиот Пратеник Мухаммед с.а.в.с , (три пати) Меѓу тие луѓе отидов и јас да го видам. Кога погледнав во неговото лице се уверив дека тоа лице не личи на лажливец. Прво нешшто го слушнав пд него е ова што го рече: ,О луѓе, ширете селам, нахранете сиромашни, одржувајте ги роднинските односи и клањајте ноќе додека луѓето спијат-ќе влезете во џеннет со сигурност “ (Ахмед, дареми, тирмизи, Албани-сахих)
Џабир р.а раскажува: „ Кога Пратеникот Мухаммед а.с започнуваше со намаз донесуваше текбир (Аллах екбер) потоа велеше: Инне салати ве нусуки ве мехјаје ве мемати лиллахи раббил-алемиин, ла шерике лех ве би залике умирту ве ене мине-муслимин. Аллаху мој упатиме во чинење на најдобрите дела и најдобриот морал, не може никој да упати кон подобри од Тебе. Сачувај ме од лошите дела и лошите однесувања , не може никој да сачува од лошите дела освен Ти! “ (Несаи)

Џњрир ибн Абдуллах вели: „ Ме повика Аллаховиот Пратеник Мухаммед с.а.в.с и ми рече: О Џерире, зошто дојде? Реков: Дојдов да примам Ислам пред тебе, Аллахов пратениче! Неговата наметка ми ја фрли на мене и потоа се сврти кон асхабите и рече: Кога ќе ви дојде благороден човек, искажетему почит. Потоа Мухаммед а.с му рече: О Џерире те повикувам во сведочењето (шехадетот) дека нема друг бог освен Еден Аллах, во Судниот ден, во Одредбата добра или лоша, да клањаш пропишани намази, да даваш задолжителен зекат. И јас прифтив и оттогаш кога и да ме видеше ми се насмевнуваше во лице. “ (Делаилун-нубвве, од Бејхаки 5/347 )
Ибн Бирејде Ел-Еслеми пренесува дека некој човек го укорил и навредил на ибн Аббас р.а. на тие зборови Ибн Аббас му рече: „ Ти ме навредуваш а во мене носам три особини: кога ќе научам некој нов курански ајет, посакувам сите муслимани да го научат она што сум го научил јас, кога ќе слушнам за некој судија дека праведно суди меѓу лиѓето,јас толку многу ме радува, а можеби тој мене никогаш нема да ми суди, кога ќе слушнам дека дожд падналво некое место на муслимани, јас се радувам иако нема овци кој ке пасат во тоа место. “ ( Бејхаки, Теберани, Ебу Нуајм )
Ебу Убејде ет-Таџи раскажува: „ Бевме во кругот на Хасан ел Басри кога еден човек стана и му рече: Ебу Саиде, тука во овие твои седенки има луѓе кои присуствуваат само да ги следат твоите говорни грешки. Тогаш Хасан рече: О ти, јас ја натерав мојата душа да тежнее кон близината на Аллах и таа тежнее, потоа ја натерав да тежнее кон џеннетските хурии и таа тежнее, потоа ја натерав да тежнее во сигурност од луѓето но душата не тежнее. Па кога видов дека луѓето не се задоволуваат од својот господар, научив дека нема да се задоволат ниту со створение слично на нив! “ (Мекарумул-ахлак, 17)
Се пренесува дека Ебу Ханифе р.а имал дадено пари кај некој меџусија (оганопоклоник) па заминал кај него дома да му го побара. Па кога стигнал пред вратата на неговата куќа забележал дека на неговите чевли има некаква нечистотија, па замавал со чевелот со цел да ја острани нечистотијата, но таа се залепила за ѕидот од куќата на Муѓусијата, и веднаш Ебу Ханифе се застрамил и рече во себе. Ако ја оставам вака ќе бидам причинител за извалканоста на ѕидот на овој оганопоклоник, а ако се обидам да ја остранам ќе се изрони земјата од ѕидот. Тропнал на вратата, излезе една слугинка и и рече нејзе: Кажи му на твојот стопан дека пред врата е Ебу Ханифе. Излегол муџусијата на врата и веднаш помислил дека сега ќе му ги бара парите па почнал да се извинува. Тогаш Ебу Ханифе му рече: Остави ги сега парите, туку имам нешто поважно да ти кажам, и му ја спомна случката сп ѕидот и на кој начин да ја очисти нечистотиата. Огнопоклоникот се зачудил и одговорил: Јас прво започнувам да ја очистам мојата душа, и веднаш примал ислам.
Се пренесува дека некој човек решил да оди во џамија да клања намаз во џемаат, а неговиот пријател останал дома му. Откако заминал стопанот овој веднаш се нафарлил на неговата жена. Тогаш домашното куче се нафрлило врз нив двајца и ги задавило. Кога се вратил стопанот на куќата и ги нашол задавени и РЕкол:
Постојано ја чува мојата чест и опкружува
Внимава на мојот углед а пријателот изневерува
Колку е чудно пријателот да ја валка честа
А уште почудно како ја чува.

Од знаците на добар морал е благо постапување со болните и сиромашните, помогнување на потребите. Пренесува Ебу Хурејре р.а дека Аллаховиот пратеник Мухаммед с.а.в.с рекол: „ Свеможниот и Возвишениот Аллах на судниот ден навистина ќе рече: О синко Адемов, се разболев а не ме посети. Ќе рече: Господаре како да те посетам кога си Ти Господар на световите? Ќе рече: Знаеш дека Мојот роб е болен и не го посети. Знаеше дека ако го посетиш ќе ме најдеше кај него. Аллах ќе рече: о синко Адемов, барав да Ме нахраниш а ти не Ме нахрани. Ќе рече:Господаре како да те нахранам кога Ти си Господарот на световите? Ќе рече: Знаеш дека мојот роб бараше од тебе да го нахраниш и ти не го нахрани. Знаеше дека ако го нахраниш, дека тоа ќе го најдеше кај мене. О синко Адемов, барав да ме напоиш а не ме напои. Ќе рече: Господаре како да те напојам кога Ти си Господар на световите? Ќе рече: Мојот роб бараше да го напоиш а ти не го напои. Знаеш дека ако го напоеше, тоа ќе го најдеш кај мене. “ (Бухари во Едабул-муфред, Муслим)
Свекое нешто има свој украс
А Украсот на човекот е неговиот едаб
Па иако потекнува од лошо потекло
Биди чиј било син но стекни едаб
Доволна пофалба ти е од потекло
Младич е оној кој вели јас сум јас
Не е младич оној кој вели оној ми беше Татко!

http://www.ahlu-sunnah.org

5Најдобри луѓе Empty Re: Најдобри луѓе Вто 26 Апр 2011, 7:44 pm

Muaz al Islam

Muaz al Islam
Модератор
Модератор
Најдобар меѓу луѓето е оној кој најдобро се однесува со семејството


Создавање на брачна заедница е Аллахова наредба, како што е наредбата таа да биде заснована врз љубов, милост, сочуствително и блискост. Возвишениот вели:
"А од знаменијата Негови е и тоа што од вас Он создаде жени за да најдете смирна во нив. И меѓу вас определи и љубов и милост. Ете, во тоа, навистина, има знаменија за луѓето кои размислуваат!" (Ер-Руум, 21)
Исто така Аллаховиот Пратеник Мухаммед с.а.в.с го вброил оној човек кој најдобро се однесува со семејството како најдобар и најизбран меѓу луѓето. Пренесува Ата и Ибн Аббас р.а дека Аллаховиот Посланик Мухаммед с.а.в.с рекол: „ Најдобар од вас е оној кој најдобро се однесува со своето семејство. “ (Ибн Меџе)
Човекот да ја постигне оваа позиција и степен потребно е да ги изврши зацртаните права и обврски кон својата споруга од исхрана, венчен дар, и добро однесување. Се пренесува дека некој човек го прашал на Мухаммед с.а.в.с.: „ што е должен мажот кон жената? Рекол: Да ја храни кога ќе се храни, да ја облекува кога ќе се облекува, да не ја одира по лице, да не ја навредува и да не ја напушта осведома. “ (Ахмед, Ебу Давуд, сахих)
Доброто однесување со сопругата е Аллахов императив:
"И учтиво однесувајте се кон нив. А ако, пак, имате некаков презир кон нив можеби во она што ги презирате Аллах ќе ви даде добро големо." ( Ен-Ниса 19 )
Коментарот на Куранот Ибн Кесир Аллах да му се смилова рекол: Зборовите (И учтиво однесувајте се кон нив) значи: Обраќајте им се со благи зборови, бидете доброи во делата и гормата кон нив според можноста како што посакувате тие да бидат кон вас. Ти однесувај се кон неа како што сакаш таа да се однесува кон тебе. Како што вели Аллах: „ Покрај должностите кон сопрузите жените имаат и права. Но, сопрузите во однос на сопругите имаат предност за еден степен. Аллах е Силен и Мудар! “ (Ел-Бекаре,277)
Човекот неможе да ј а остави вистинската среќа освен во кругот на својот дом исто така и паметната жена верничка. Укбе ибн Амир р.а вели: „Реков, Аллахов Пратениче во што е спасот? Рече: Внимавај (владеј) со јазикот куќата нека ти биде пострана и плачи врз својот грев!“ (Ахмед, Тирмизи)
Излегол Сулејман ибн Абдулмелик и Језид ибн Михлеб по гробиштата низ Шам. Виделе една жена седната покрај гроб и плаче. Сулејман вели: жената го крена превезот од лицето, а таа беше како сонце сокриено зад облаците. Останавме вџашени гледајчи во неа. Језид и рече: „ О Аллахова слугинке дали би си посакала Владарот на Верниците да ти биде твој сопруг? “ Таа погледна кон нас и почна да рецитира:
Ако прашувате за мојата страст
Таа е покриена со овој гроб, о младичи
Јас се страмам а земјата е меѓу нас
Како што се срамам додека тој ме гледаше.

http://www.ahlu-sunnah.org

6Најдобри луѓе Empty Re: Најдобри луѓе Чет 05 Мај 2011, 6:03 am

merjem


Нови член
Нови член
Брате Муаз, од каде овие текстови?

7Најдобри луѓе Empty Re: Најдобри луѓе Чет 05 Мај 2011, 4:13 pm

Muaz al Islam

Muaz al Islam
Модератор
Модератор
merjem напиша:Брате Муаз, од каде овие текстови?

Сестро "merjem" Оваа е извадоците од книгата Најдобри Луѓе од шејх Др. Бедр Абдул Хамид Хумејсе преведена на Македонски јазик. ИншАллах сум јасен.
Повели прашај доколку имаш нешто друго.
Халали со малку задоцнување.
Еселаму Алејкум ве рахметуАллах ве Баракатух

http://www.ahlu-sunnah.org

Sponsored content


Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот  Порака [Страна 1 of 1]

Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот