1 Чудно време... Нед 09 Мар 2014, 1:21 pm
Al-Ghuraba
Модератор
Во името на Аллах, Моилостивиот, Сомилосниот!
Енес б. Малик радијАллаху анху, пренесува дека Пратеникот саллАллаху алејхи ве селлем, рекол: „Ќе дојде чудно време кога луѓето ќе бидат слични на волци - па кој тогаш нема да наликува на волците ќе го изедат волците!“ (ел-Му'уџем ел-Евсат, бр.736.)
Омер радијАллаху анху, пренесува дека Аллаховиот Пратеник саллАллаху алејхи ве селлем, рекол: „Ќе дојде време кога светот ќе има човечки облици но срцата ќе им бидат слични на срцата на пустинските волци. Ќе пролеваат крв, а нема да бегаат од злото кое го прават! Ако им дадеш заклетва на верност - Ќе те измамат, а ако ти се обратат - ќе те лажат, ако им се довериш - ќе те изневерат, а кога нема да бидеш со нив - ќе те озборуваат. Децата ќе им бидат безобразни, младината девијантна, а нивните старци ќе бидат маѓепсани - нема да наредуваат добро ниту ќе одвраќаат од зло. Да се биде со нив е понижување, а барање на она што е нивно е вистинско сиромашство! Добрите меѓу нив залутале, додека залутаните меѓу нив добри! Суннет за нив е бид'ат, додека бид'ат за нив е суннет. Оној кој добро меѓу нив наредува е со сомнежи, фасик меѓу нив е чесен човек, додека верникот кај нив е угнетен! Кога луѓето ќе почнат да се однесуваат така Аллах ќе даде со нибв да владеат луѓе кои ќе ги убиваат ако нешто прозборат, кои ќе ги експлотираат ако замолчат, кои ќе им го одземаат она што ќе го заработаат, и кои неправедно спрема нив ќе се однесуваат додека ќе владеат со нивЍ“ (Џами' ул-Ехадис, Сујути, бр.31621.)
Од Енес радијАллаху анху, се пренесува дека Пратеникот саллАллаху алејхи ве селлем, рекол: „Ќе дојде време кога оној кој е трпелив на верата ќе биде сличен на оној кој држи жар во своите раце!“ (Тирмизи)
Абдуллах . Аббас радијАллаху анху, пренесува дека Пратеникот саллАллаху алејхи ве селлем, рекол: „Ќе дојде време кога срцата на верниците ќе се топат исто така како што се топи солта во водата! Беше речено: Поради зошто тоа о Аллахов Пратенику? Рече: Поради тоа што верникот со своите очи ќе гледа зло но нема да биде во состојба да го промени!“ (ел-Емру бил-Ма’аруф, Ибну Ебил-Дунја, бр.26.)
Ебу Хурејре радијАллаху анху, пренесува дека Аллаховиот Пратеник саллАллаху алејхи ве селлем, рекол: „Вие живеете во време во кое ако дессетиот дел од верата го оставите – би пропаднале, а ќе дојде време во кое ако дессетиот дел од верата би се спровел – ќе биде се спасено!“ (Сунен Тирмизи, бр.2436.)
Абдуллах б. Мес’уд радијАллаху анху, пренесува дека Аллаховиот Пратеник саллАллаху алејхи ве селлем, рекол: „Ќе дојде време на трпение и сабр, кога оној кој се се држи за верата ќе има награда 50 шехиди. Омер радијАллаху анху, рече: Од нив или од нас? Рече: Од вас!“ (ел-Му’уџем ел-Кабир, Таберани, бр.10240.)
Џабир б. Абдуллах радијАллаху анху, пренесува дека слушнал од Пратеникот саллАллаху алејхи ве селлем, како вели: „Ќе дојде време кога му’мин ќе се плаши исто како што мунафикот денес се плаши меѓу вас!“ (Муснедул-Шамијјин, бр.238.)
Сехл б. Са’ад радијАллаху анху, пренесува дека Пратеникот саллАллаху алејхи ве селлем, рекол: „Ќе дојде време кога ‘алим нема да се следи, кога лиѓето од добриот човек нема да се срамат, кога старите нема да се почитуваат, кога, спрема младиот, нема да има милостина, кога луѓето поради дуњалукот ќе се убиваат; срцата ќе им бидат диви а ќе зборуваат како Арапи! За добро нема да знаат, против злото нема да се борат, а добрите меѓу нив ќе се кријат. Тоа се најлошите Аллахови созданија, во кои Тој нема да гледа на Судниот Ден!“ (Џами’ул-Ехадис, Сујути, бр.26415.)
Ибну Аббас радијАллаху анху , рекол: „Ќе дојде време кога улемата (научниците) ќе се убиваат исто како што се убиваат кучињата! Камо среќа улемата од тој вакат да се направи глупа (ја лејтел-‘улема фи заликез-земан техамеку)!“ (Џами’ул-Ехадис, бр.26438.)
Последната промена е направена од Ibn Kaab на Нед 09 Мар 2014, 11:01 pm. Мислењето е променето 1 пати