1 Дова во петок пред акшам намаз Пон 06 Окт 2014, 12:25 pm
Muwehhid
Модератор
Од Ебу Хурејре, радијаллаху анху, пренесува дека Аллаховиот Пратеник, саллаллаху алјхи ве селлем рекол: Навистина, во денот на џумаа има еден саат (дел од времето), ниту еден роб муслиман нема во него да клања ( односно да дови, и ибадет и слично) и да го моли на Аллах за своите потреби а да не му биде удоволено. Потоа ги покажа со својата рака дека тој саат е краток. (Муттефекун алејх)
Кога е тој саат (време), за тоа исламските научници имаат повеќе од 40 мислења, како што тоа го наведува Хафизот Ибн Хаџер во Фетхул-Бариј (2/416), а најблиску до вистината и наисправниот став е оние кои што тврдаат дека тоа е последниот саат во џумаа намаз, односно. непосредно пред настапувањето на ахшам намаз.
Тој став го застапуваат многу од асхабите, од нив се Абдуллах б. Селам и Ебу Хурејре, радијаллаху анхума. После нив го прифатиле Сеид б Џубејр, Тавус, Муџахид и мнозинството од научниците на селефиите, како што тоа го наведува Имам Тирмизи, и тој став го избрал Имам Ахмед б. Ханбел, Исхак б. Рухује, Ибнул-Кајјим, Еш-Шевкани и др.
Хафиз. Амир Самјич
Обработка: ahlu-sunnah