1 ШИРК- ПРИПИШУВАЊЕ ЗДРУЖЕНИК РАМЕН НА АЛЛАХ Џ.Ш. Сре 23 Мар 2011, 3:43 pm
Muaz al Islam
Модератор
ШИРК- ПРИПИШУВАЊЕ ЗДРУЖЕНИК РАМЕН НА АЛЛАХ Џ.Ш.
Тој спаѓа во најголемите забранети работи, воопшто, поради хадисот на Ебу Бекрете дека Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. рекол:
“Дали да ве известам за најголемите гревови (три пати)!” Рекоа: “Секако, Аллахов Пратенику!” Рече: “Припишување здруженик рамен на Аллах џ.ш.” (Муттефекун алејхи)
Секој грев можно е Аллах џ.ш. да го прости освен ширкот за кого неминовно е посебно покајание. Возвишениот Аллах рекол:
“Аллах, навистина, нема да прости да Му се здружува здруженик, а сé, освен ова, простува кому сака..” (Ен-Ниса, 48)
Еден од видовите на ширкот е големиот ширк, поради кого човекот излегува од вера и неговиот сторителот ќе биде вечно во оган ако умре без покајание.
Еве неколку проширени форми на ширк во многу исламски средини:
- Обожавање на гробови и верување дека умрените евлии можат да помогнуваат при потреба, да отстрануваат маки, барање помош од нив. Возвишениот Аллах рекол:
“Аллах одредил само Него да го обожавате..” (Ел-Исра, 23)
Забрането е и молење на умрените пејгамбери, добри луѓе или други за заземање или ослободување од тешкотии. Возвишениот Аллах вели:
“Оној кој ќе му се оѕвие на искушаниот кога овој ќе го повика..” (Ен-Немл, 62)
Некои луѓе го земаат името на некој шејх или евлија како секојдневна навика и обичај кога ќе седнат и станат, па секогаш кога ќе падне во мака или несреќа овој го повикува: О Мухаммед, О Али, О Хасен, О Бедеви, О Џејлани, О Шазили, О Рифаи, О Идрис, О Зејнеб. А Возвишениот Аллах вели:
“Оние кон кои молба упатувате, а не кон Аллах, се робови сли-чни вам, навистина!” (Ел-‘Араф, 194)
Некои обожувачи на гробови кружат околу нив, се поклонуваат пред нив, ги допираат, ги бакнуваат, фрлаат прашина од земјата на гробот, им прават сеџде, стојат пред нив понизно барајќи помош за своите маки и потреби, како лекување на болни, или добивање на дете, олеснување на работи. Можеби, некој од нив го повикува закопаниот во гроб: О господине, дојдов кај тебе од далеку па немој да ме изневериш. А Возвишениот Аллах рекол:
“Кој повеќе скршнал од оној кој повикува друг бог освен Аллах, кој не може да му се оѕвие на Денот суден и тие, освен Аллах, рамнодушни се кон молбите нивни.” (Ел-Ахкаф, 5)
А Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. рекол:
“Кој ќе умре а тој се молел на друго божество освен Аллах, ќе влезе во Оган.” (Бухари)
Некои луѓе ги бричат своите глави покрај гробови, некој од нив напишал книга
“Прописи за хаџ кај гробовите”. Некои мислат дека некои побожни луѓе (евлии) имаат моќ да управуваат со вселената и дека имаа можност да донесат корист или штета.
Возвишениот Аллах рекол:
“Ако Аллах ти даде неволја некаква, па, оваа не може да ја отстрани никој друг освен Него, а ако, пак, ти посака од добрината Своја, тогаш, никој не може да и се справи.” (Јунус, 107)
Исто така, во категоријата на ширк спаѓа и давање завет на друг покрај Аллах, како што некои даваат завет дека ќе запалат свеќи или сијалици за закопаните во гробот.
- Од формите на голем ширк е принесување жртва за некој друг освен Аллах.
Возвишениот Аллах рекол:
“Затоа ти клањај му се на Твојот Господар и коли курбан.” (Ел-Кевсер, 2)
Значи, коли курбан за Аллах и во име на Аллах. Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. рекол:
“Проколнат да е оној кој коле курбан за друг освен Аллах.” (Муслим)
Можно е кај еден курбан (жртва) да се најдат две забранети работи; колење за друг покрај Аллах и колење во друго име не Аллахово, а двете работи се пречка за јадење на таквото месо. Од видовите на паганско принесување на жртва, денес е присутно “колење за џинни”. Арапите во паганско време кога сакале да купат куќа или да изградат или да ископаат бунар ќе принесле жртва кај нив или на прагот стравувајќи од злото на џинните.
- Од примерите на голем ширк е дозволување на работи кои Аллах џ.ш. ги забранил или забранување на работи кои Аллах ги дозволил или верување дека некој друг освен Аллах има такво право, или одење на суд пред паганските судови или прифаќање на нивните закони со задоволство. А
Севишниот Аллах спомнал дека тоа е големо неверство:
“Ги земаат нивните свештеници и нивните калуѓери за господари покрај Аллах.” (Ет-Тевбе, 31)
Кога Адиј ибн Хатим го слушнал Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. како ги цитира овие ајети му рече:
“Тие не ги сметале како божества нив.
” Пратеникот а.с. одговорил: “Да, меѓутоа, тие им дозволувале она што Аллах го забранил и тие го сметале за дозволено и им забранувале она што Аллах го дозволил и тие го сметале за забрането, па тоа е нивно обожавање кон нив.” (Тирмизи, Бејхеки-хасен)
Возвишениот Аллах ги опишал многубошците:
“И кои не го забрануваат она што го забранија Аллах и пејгамберот Негов, и кои не ја застапуваат вистинската вера.” (Ет-Тевбе, 29)
Исто така, Аллах рекол:
“Кажи: “Што мислите за она што ви го објави Аллах, за ‘рскот. А, вие од него направивте и халал и харам.” Кажи: “Аллах ви дозволи или, пак, врз Него лага фрлате?” (Јунус, 59)
- Од раширените видови на ширк спаѓа: магија, волшебство и гатање:
Што се однесува до магијата-сихрот тоа е невернички чин и спаѓа во седумте уништувачки гревови. Човекот со него носи само штета, а не корист.
Возвишениот Аллах вели:
“И поучуваа она што штета им донесува а корист не им донесува.” (Ел-Бекаре, 102)
Исто така, Аллах вели:
“А волшебникот не ќе успее и каде било да се најде!” (Таха, 69)
Оној што се занимава со магија тој е неверник:
“И го следеа она што го кажуваа шејтаните во време на владеењето на Сулејман, а Сулејман, пак, не беше неверник, туку шејтаните не веруваа, поучувајќи ги луѓето со волшебништво и со тоа што им беше објавено во Вавилон на двата мелека, Харут и Марут, кои никого не поучуваа сé додека не речеа: “Да, ние само безредие сееме! Па, немој да бидеш неверник!” (Ел-Бекаре, 102)
Казна за волшебникот е убиство, а неговата заработувачка е валкан харам. Незнајковците, зулумќарите и слабоверните одат кај волше-бниците да им се прави магија за да им нанесат неправда и да им се одмаздат на противниците. Некој паѓа во грев и забрана кога се приклонува кај сихирбазите за уништување на магија, иако нивна строга должност е да се приклонат на Аллах џ.ш. и да се лекуваат со Неговите зборови заштитни дови и сл.

Последната промена е направена од Muaz ibn Abdurahman на Сре 23 Мар 2011, 4:18 pm. Мислењето е променето 4 пати.