Ес селаму алејкум ве рахметуАллах ве Берекетуху и добре дојдовте на www.ahlu-sunnah.org.

За да се окористите од сите функции на форум, ве молиме да се регистрирате или со вашето корисничко име логирате.


Join the forum, it's quick and easy

Ес селаму алејкум ве рахметуАллах ве Берекетуху и добре дојдовте на www.ahlu-sunnah.org.

За да се окористите од сите функции на форум, ве молиме да се регистрирате или со вашето корисничко име логирате.
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Latest topics
» Alisan
Влегување во Ислам EmptyПет 24 Апр 2020, 2:43 am by Muaz al Islam

» Намазот не е исправен (валиден) зад оној кој што ги оправдува..
Влегување во Ислам EmptyСаб 18 Јун 2016, 4:40 am by muwehid

» Салават на Пратеникот Мухаммед (а.с.)
Влегување во Ислам EmptyСаб 18 Јун 2016, 4:18 am by muwehid

» Менсур ал-Салими- "Спомнувајте Ме а и Јас ќе ве спомнувам (Ел-Бекара, 152)"
Влегување во Ислам EmptyПон 13 Јун 2016, 9:32 pm by Muwehhid

» Кога ќе сватеме???
Влегување во Ислам EmptyНед 12 Јун 2016, 9:34 pm by Muwehhid

» Ја сменија верата, но ја нарекуваат "ислам"
Влегување во Ислам EmptyСаб 11 Јун 2016, 8:51 pm by Muwehhid

» Дали е дозволено мевлуд?
Влегување во Ислам EmptyСре 27 Апр 2016, 11:09 am by Abu Al-Amin

» Шејх Сулејман ибн Насир ел-Улван за техакум
Влегување во Ислам EmptyВто 08 Мар 2016, 12:26 am by Haqq

» Бајрам
Влегување во Ислам EmptyНед 06 Мар 2016, 2:36 pm by Haqq

» Реката на трпението и нејзините притоки
Влегување во Ислам EmptyПет 04 Мар 2016, 7:48 pm by hidzab

» Pozdrav
Влегување во Ислам EmptyПон 15 Фед 2016, 11:52 pm by Abu Al-Amin

»  шейха доктора / Тарик гураб: Вопросы и ответы о колдовстве и лечения
Влегување во Ислам EmptyНед 14 Фед 2016, 7:30 pm by nourna

» abdul fetah
Влегување во Ислам EmptyСре 03 Фед 2016, 12:02 am by Abu Al-Amin

» Хадиси на Мухаммед а.с
Влегување во Ислам EmptyСре 06 Јан 2016, 7:16 pm by medi

» Аллах нас ни е потребен
Влегување во Ислам EmptyСре 02 Дек 2015, 7:26 pm by Muwehhid

Similar topics
Кој е он-лајн?
Севкупно има 152 членови он-лајн :: 0 Регистрирани, 0 Скриени и 152 Гости

Никој

Најмногу членови кои го посетиле форумот воеднаш се 547 во Пет 15 Ное 2024, 12:40 am
Барај
 
 

Display results as :
 


Rechercher Advanced Search

Top posters
Muaz al Islam (1691)
Влегување во Ислам Vote_lcapВлегување во Ислам Voting_barВлегување во Ислам Vote_rcap 
LAUTKA (1011)
Влегување во Ислам Vote_lcapВлегување во Ислам Voting_barВлегување во Ислам Vote_rcap 
Muwehhid (937)
Влегување во Ислам Vote_lcapВлегување во Ислам Voting_barВлегување во Ислам Vote_rcap 
Келиметул-Хакк (594)
Влегување во Ислам Vote_lcapВлегување во Ислам Voting_barВлегување во Ислам Vote_rcap 
Muslima4Islam (589)
Влегување во Ислам Vote_lcapВлегување во Ислам Voting_barВлегување во Ислам Vote_rcap 
Abu Al-Amin (479)
Влегување во Ислам Vote_lcapВлегување во Ислам Voting_barВлегување во Ислам Vote_rcap 
Al-Ghuraba (360)
Влегување во Ислам Vote_lcapВлегување во Ислам Voting_barВлегување во Ислам Vote_rcap 
Monoteizam (343)
Влегување во Ислам Vote_lcapВлегување во Ислам Voting_barВлегување во Ислам Vote_rcap 
muharem fazli (323)
Влегување во Ислам Vote_lcapВлегување во Ислам Voting_barВлегување во Ислам Vote_rcap 
Haqq (253)
Влегување во Ислам Vote_lcapВлегување во Ислам Voting_barВлегување во Ислам Vote_rcap 

Statistics
Постојат b>1268 регистрирани членови
Најновиот регистриран член е igoralfiosebastian@gmail.

Нашите членови се испратиле точно 8262 мислења in 2387 subjects

You are not connected. Please login or register

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down  Порака [Страна 1 of 1]

1Влегување во Ислам Empty Влегување во Ислам Вто 25 Јан 2011, 4:16 pm

Muaz al Islam

Muaz al Islam
Модератор
Модератор



Последната промена е направена од Muaz ibn Abdurahman на Чет 27 Јан 2011, 11:24 pm. Мислењето е променето 1 пати

http://www.ahlu-sunnah.org

2Влегување во Ислам Empty Re: Влегување во Ислам Вто 25 Јан 2011, 4:23 pm

Muaz al Islam

Muaz al Islam
Модератор
Модератор

http://www.ahlu-sunnah.org

3Влегување во Ислам Empty Re: Влегување во Ислам Вто 25 Јан 2011, 4:24 pm

Muaz al Islam

Muaz al Islam
Модератор
Модератор

http://www.ahlu-sunnah.org

4Влегување во Ислам Empty Re: Влегување во Ислам Вто 25 Јан 2011, 5:01 pm

Muaz al Islam

Muaz al Islam
Модератор
Модератор
Во името на Аллах, Милостивиот, Сомилосен


ЏЕНИФЕР - ИЗГОВОРИЛА ШЕХАДЕТ ПЛАЧЕЈЌИ

Ми напиша пред неколку седмици (на интернет палк-талк) ... Сакаше да се запознае со исламот... Ја бараше вистината... Џенифер, осумнаесет годишна кандаска девојка; меѓутоа, таа не е како останатите девојки од нејзината генерација.. дури и не е слична ниту како многу арапски девојки кои се прозападно ориентирани. Таа чувствувала дека животот има цел и смисла, и дека вистината мора да биде аспирација и стремеж на секој човек.

Се обидовме да ја запознаеме со некои сегменти на исламот. Постоеше една личност која и помогаше да се запознае со исламот, таа ја упатила на нашата страница.. Разговарав со неа за Кур’анот и за тоа дека е натприродна книга која му потврдува на целиот свет дека исламот е вистинска Аллахова вера.

Поминале повеќе од 1400 години, а Кур’анот не доживеал никакви промени ниту е искривен. Копија на Кур’анот е присутна во Египет ништо не се разликува од онаа во Америка, Кина, Јапонија. И зборував за научните факти до кои достигнал светот по остварување на револуционерниот напредок на полето на технологијата и науката и користење на компликувани средства за научни истражувања, додека овие факти биле присутни во Аллаховата книга од времето кога е испратен Мухаммед, а.с., во мекканската пустина. Ја известив за тоа како Возвишениот Аллах ги предизвикал жителите на Арапскиот полуостров да создадат книга слична на Кур’анот и дека тоа не им пошло од рака иако биле извонредни реторичари и витези во говорот. Деновите поминувале, а таа непрекинато се распрашувала за исламот, запознавајќи се со неговите убавини. Еден ден праша за исламските празници, тоа јас и го појаснив како муслиманите прославуваат само два бајрама. Потоа за момент застанав и ја прашав: “Зар не дојде време?” Одговорила: “Да”. Нејзиниот одговор многу ме израдува.. Но сакав да бидам сигурен. Ја прашав: “Мислам дали дојде време да прифатиш ислам?” Рече: “Да, знам.” И реков дека моето срце го обзема радост и благодарност на Аллах: “Сега” Рече: “Да”. Ја прашав: “Смеам ли да го знам твојот телефонски број?” Ми го даде бројот. Побрзав да ја повикам. И реков: “Ти објаснив како се влегува во Ислам. А сега на тебе е практично да го примениш.” И го објаснив значењето на шехадет на англиски јазик, потоа ја повикав по мене да повторува: “Ешхеду ен ла илахе иллаллах”.

Ги повторуваше зборовите малку по малку криејќи во него плач. Продолжив: Ве ешхеду енне Мухаммеден абдуху ве ресулуху.” Ги повтори моите зборови со тон близок на плач. Потоа почна наглас да плаче. Ја прашав зошто плаче. Дали е тажна. Рече: “Овие не се солзи жалосници”. Ја прашав: Зошто плачеш? Жими Аллах ти си на патот на големото добро. Аллах те избрал да прифатиш ислам покрај милиони луѓе кои го оставиле исламот. И покрај толку муслимани кои не се придржуваат за својата вера. Зошто плачеш?” Плачејќи одговори: “Не знам!”

И објаснив како Аллах ја почестил со големи благодети. И дека Аллах го простува сето она што го правела пред исламот. Побарав од неа да го замоли Алллах за мене да ми ги прости гревовите.. Ја спуштив слушалката, со ветување дека по пат на интернет ќе почне да учи како да клања намаз се додека не биде во состојба да сретне муслиман во нејзиниот град. По некое време дојде да разговараме, па ја прашав:” Зошто плачеше?” Рече: “Навистина, не знаев зошто плачев. Чудно се чувствував. Во срце почувствував среќа. Осетив сигурност и љубов. Осетив дека исламот е вистина.

Жими Аллах, осетив тага, бидејќи многу од нас никогаш не почувствувале такво нешто.

Возвишениот Аллах го направил Кур’анот лек за срцата од секоја болест. И го направил Кур’анот лек за проблемите на човештвото. Колку се само прекрасни овие искрени чувства кога ќе се појават од градите на новите муслимани. Го молиме Аллах да и прости и да ја зацврсти на нејзиниот пат во Исламот.. и немојте да заборавите да ја спомнете во вашите дови.

http://www.ahlu-sunnah.org

5Влегување во Ислам Empty Re: Влегување во Ислам Сре 26 Јан 2011, 9:10 pm

Muaz al Islam

Muaz al Islam
Модератор
Модератор

http://www.ahlu-sunnah.org

6Влегување во Ислам Empty Re: Влегување во Ислам Чет 27 Јан 2011, 5:57 pm

Talib-Ul-Haqq

Talib-Ul-Haqq
Брат
Брат
Ес селамун алејкум
Би напоменал само да никако не се користи зборот Конвертит за некој кој ПРИФАТИЛ ИСЛАМ зтоа што тоа сме сите ние нели никако да игнорираме некого. Тоа е погрешен термин затоа што има МУСЛИМАН И НЕМУСЛИМАН а никако на средина.
Барак Аллаху фикум

7Влегување во Ислам Empty Re: Влегување во Ислам Чет 27 Јан 2011, 8:43 pm

Muaz al Islam

Muaz al Islam
Модератор
Модератор
Talib-Ul-Haqq напиша:Ес селамун алејкум
Би напоменал само да никако не се користи зборот Конвертит за некој кој ПРИФАТИЛ ИСЛАМ зтоа што тоа сме сите ние нели никако да игнорираме некого. Тоа е погрешен термин затоа што има МУСЛИМАН И НЕМУСЛИМАН а никако на средина.
Барак Аллаху фикум
Аллах да те Награди брате.
па Сите заедно да Го Заклуцеме како е најубаво да го Наречеме Насловот на Оваа Тема.

http://www.ahlu-sunnah.org

8Влегување во Ислам Empty Re: Влегување во Ислам Нед 30 Јан 2011, 11:55 am

Amina


Сестра
Сестра
mashaAllah Allahu Akbar.

9Влегување во Ислам Empty Re: Влегување во Ислам Чет 31 Мар 2011, 6:43 pm

Muaz al Islam

Muaz al Islam
Модератор
Модератор
[You must be registered and logged in to see this link.]

http://www.ahlu-sunnah.org

10Влегување во Ислам Empty Re: Влегување во Ислам Чет 12 Мај 2011, 12:51 am

Muaz al Islam

Muaz al Islam
Модератор
Модератор

http://www.ahlu-sunnah.org

11Влегување во Ислам Empty Re: Влегување во Ислам Чет 12 Мај 2011, 6:25 pm

Muslima4Islam

Muslima4Islam
Модераторка
Модераторка
Allahu Akbar

12Влегување во Ислам Empty citat Нед 03 Jул 2011, 3:18 pm

sulejman


Баниран член
Баниран член
Muslima4Islam напиша:Allahu Akbar
kade dase najde knigi od vogel?ima na albanski?

13Влегување во Ислам Empty Re: Влегување во Ислам Нед 03 Jул 2011, 11:41 pm

Muslima4Islam

Muslima4Islam
Модераторка
Модераторка
sulejman напиша:kade dase najde knigi od vogel?ima na albanski?

Влегување во Ислам 698808

na koj vogel mislish? pierre vogel? (abu hamza)??? nemie poznatao da ima svoj knigi- toj e dajja i odarzhuva darsovi. na youtube mislam ima nekolku videa i na albanski. kazhi ako ti treba pomosh.

wa alaykum salam wr wb

14Влегување во Ислам Empty Re: Влегување во Ислам Чет 27 Окт 2011, 5:12 pm

Muaz al Islam

Muaz al Islam
Модератор
Модератор
Влегување во Ислам Muslimwomen

Нека се срамат, оние кои се родени како муслиманки – Аница го прифати Исламот и НОСИ ХИЏАБ, Аллаху Екбер!


Мудеррисот Халиловоќ ми објасни како да преминам на Ислам

Разговара м-р. Семир Имамовиќ

На самиот почеток, ќе можете ли да ни кажете нешто повеќе за себе?
Аница: Се викам Карас Аница, родена сум 1951 година, од мајка Милица (Зеница) и татко Иван (Бачка Паланка). Моите родители во Сараево се доселија кога имав осум години. Тука, во муслиманско маало, израснав заедно со своите две сестри и една полусестра, и тука го завршив средното училиште. Во 1980 година, се омажив за човек кој по вера беше католик. После седум години брак, добивме син по име Марио. Мажот, 31,12, 1999 година ненадејно умре. Од него ја наследив пензијата. Мојата мајка и баба загинаа во собраќајна несреќа, на раскрсница во близина на Алипашиното Поле..

Како течеше твојата средба со Исламот и како, кога и зошто го прифати Исламот?
Аница: Во август 2008 година по повод смртта на нејзиниот маж, ја посетив својата сестра. Додека одев по тротоарот, замислена и тажна заради непогодата што ја снајде мојата сестра, ненадејно почувствував силен удар кој ме фрли на асфалтот. Бидејќи неколку моменти не знаев за себе, бидејќи паднав директно на главата и со челото удрив по земја. Во тие моменти го молев милиот Бога да ме спаси, зборувајќи во себе: “Боже мој, помогни ми и дај ми прилика да Ти бидам покорна и послушна“ И кога после неколку минути дојдов при себе, погледнав, и видов некои луѓе околу себе. Набрзо после тоа, со мали напори, успеав да станам. Приметив дека немам скршеници и оштетувања по телото.
Без никакво двоумење, почнав да прашувам: “Каде има џамија, сакам да станам муслиманка“, Свесна дека самиот Аллах, џ.ш., ме спаси, ми даде шанса и ја услиши мојата дова која беше искрена, ’од дното на душата’. После одредено време, не се сеќавам колку точно помина од собраќајката која ја преживеав, отидов цо харемот на Фахдовата џамија и барав некој од имамите да ми објасни како можам да примам ислам и што треба да правам како би станала муслиманка. Имамот на Фахдовата џамија Незим еф. Халиловиќ ми објасни дека треба да се избањам и јавно да го изговорам шехадетот.
После само неколку дена од тоа, примив Ислам и станав најсреќната жена на светот. Почнав да ја учам својата вера и ставив хиџаб. Треба да го напоменам и тоа дека, додека го минував детството во муслиманското маало, потајно сакав еден ден и јас да бидам муслиманка. Се сеќавам, на сликата која ја исеков од еден весник, на која беше жена покриена со зар, што и денес ја чувам. Едноставно, им се восхитував на жените кои носеа зар (хиџаб), без оглед на навредите кои ги добиваа од јавноста. Му благодарам на Возвишениот Аллах кој ми ја даде шансата да станам муслиманка, која само Нему му робува и бара Негова прошка и милост. Како да сум била слепа целиот свој живот, и сега сум прогледала и ја гледам вистината која е јасна како ден. Често си зборувам себеси: “Мојот живот, пред Исламот беше лага, а после примањето на Исламот, стана среќа и вистина.“

Каква беше реакцијата на твоето семејство и пријателите кога слушнаа дека си станала муслиманка?
Аница:
После примањето на Исламот, моите сестри го прекинаа секој вид на комуникација со мене. Слично направија и моите довчерашни соседи, кои пред тоа исклучително ме почитуваа и ценеа. Ми зборуваа: “Ти си предавник. Си ја издаде својата вера, па како ќе сакаш тогаш некоја друга вера.“ Јас трпеливо и благ глас им одговарав: “Мојата вера е Исламот, мојот поздрав е селам и јас се гордеам со тоа што станав муслиманка.“ Претрпував многу навредувања, а и ден денес ги трпам, иако има некои луѓе, што го сменија мислењето за мене, откако ме напаѓаа и навредуваа, сега ме поздравуваат и почитуваат. Ме прашуваат зошто носам хиџаб, јас им одговарам: “Ја нема таа сила која може да ме натера да го симнам својот хиџаб, бидејќи јас сум муслимака која е послушна на својот Господар Аллах, џ.ш.,“ Некои заради тоа што ја носам марамата ми зборуваат, вехабија и платеник, а јас им велам: „Нам Аллах ни плаќа за она што го работиме, бидете и вие со нас, и вам ќе ви плати Аллах.“

Многумина муслимани денес, заради изразената исламофобија се срамат и се плашат од својата вера, што би им порачала?
Аница:
Муслиманите треба да бидат горди заради вистината и упатството кое Аллах, џ.ш., им го подарил и тоа требаат јасно да им го презентираат на другите луѓе. На луѓето треба што повеќе да им се зборува за Куранот како најдобар водич до среќниот крај, за Мухаммед, а.с., како најдобриот човек, кој Аллах го испратил како милост за световите. Со луѓето треба да се дружи и да им се кажува за Аллах, џ.ш., за полагањето на сметката на Судниот ден, за Џеннетот, Џехеннемот итн.

Како сега живееш и како обезбедуваш егзистенција?
Аница:
Живеам во гарсониера од 25 квадрати со својот син Марио кој има 24 години. Се надевам дека наскоро ќе прими Ислам и ќе стане добар муслиман. Се финансирам од пензијата, а значителна помош и поддршка ми пружаат моите муслимански браќа и сестри, кои секогаш се тука кога нешто ми затреба. Ме сакаат и ценат. Не можев да верувам дека некој може нешто да ти подари, бидејќи додека бев католичка, мојот народ никогаш не ми помагаше, ниту ме прашуваше дали ми е потребна некаква помош.

Каква порака би им упатила на луѓето, без оглед на нивната вера и нација?
Аница:
Мојата порака до луѓето би била да примат Ислам, да бидат покорни на Аллах, џ.ш., и да ја остават заблудата. Јас себеси се прашувам: “Како си можела така долго да бидеш слепа, а вистината е така блиску.“

Ти, сега си муслиманка, како сега од оваа дистанца гледаш, како муслиманите би требало да се однесуваат кога е во прашање претставувањето на исламот на другите луѓе кои не се муслимани, односно на кој начин е најдобро на муслиманите да им се претстави исламот, за тие да почнат сериозно да размислуваат за него, а не однапред да го отфрлаат?
Аница:
Како би ги разбиле предрасудите за Исламот и исламофобијата која во последно време во значителна мера е присутна, муслиманите требаат секогаш да бидат весели, насмеани, убаво облечени, да им помагаат на луѓето онака како нè подучил нашиот Пратеник, а.с. Мораат да знаат дека тие се најдобрите луѓе кои чекорат по дуњалукот, и во склад со тоа да се однесуваат, треба да одат со кренати глави. Јас пред тоа одев со наведната глава, зошто имав празнина во срцето, а сега фала на Аллах, џ.ш., кој ме упати, одам со исправена глава, среќна и горда заради тоа што сум муслиманка. Сега сум силна и имам своја цел, а тоа е Аллаховото задоволство. Муслиманите требаат да се натпреваруваат со другите, во знаењето, покорноста кон Аллах, џ.ш., доброчинството кон луѓето и спречувањето на зулумот и неморалот, доколку сакаат да го вратат достоинството кое го имале пред неколку стотини години.

Магазин САФФ

http://www.ahlu-sunnah.org

15Влегување во Ислам Empty Re: Влегување во Ислам Пет 11 Ное 2011, 1:58 am

Muaz al Islam

Muaz al Islam
Модератор
Модератор


17 Германци прифаќаат Ислам!



Аллах Екбер!!! Аллах Екбер!!! Аллах Екбер!!!

Елхамдулиллах!!! Елхамдулиллах!!! Елхамдулиллах!!!

http://www.ahlu-sunnah.org

16Влегување во Ислам Empty Re: Влегување во Ислам Вто 13 Дек 2011, 2:01 am

Muaz al Islam

Muaz al Islam
Модератор
Модератор

http://www.ahlu-sunnah.org

17Влегување во Ислам Empty Re: Влегување во Ислам Вто 13 Дек 2011, 2:10 am

Muaz al Islam

Muaz al Islam
Модератор
Модератор

http://www.ahlu-sunnah.org

18Влегување во Ислам Empty Re: Влегување во Ислам Вто 13 Мар 2012, 2:05 am

Muaz al Islam

Muaz al Islam
Модератор
Модератор

Пред вас ја имате вистинската приказна од нашата сестра Еми од Источна Македонија и нејзиното прифаќање на Ислам.




Аллах да ја награди за доприносот и желбата да ја помогне вистината и да и помогне да во иднината и се исполнат сите желби. Амин!

РАЗДОРОТ ПОМЕЃУ МЕНЕ И ШЕЈТАНОТ
Пред повеќе од една година, јас го прифатив Исламот како моја единствена вера, Аллах џ.ш. како мој единствен Бог. Се започна уште кога бев многу мала. Нормално, родена сум во типично македонско традиционално христијанско семејство од Источна Македонија, каде што сите тие обичаи ги прават махинално, пренесувани од колено на колено без да знаат зошто ги прават. Секогаш сите објаснувања ги имаа сервирано на готово, а никој не знаеше зошто се прават сите тие пагански обреди и обичаи. Се сеќавам имав некаде 5-6 години кога со баба ми отидовме во еден манастир, не знам точно каде и за каков нивни празник стануваше збор ама имаше голема врева. Гајди, тапани, музика...

Кога почнав да одам во училиште,кога ги научив буквите, во една фиока каде што мајка ми ги чуваше сите стари работи најдов една мала книга без насловна страна и без некоја позначителна корица. Почнав да ја прашувам каква е таа книга? Зошто е скриена? Зошто е ставена во сите стари работи, а не на рафтот кај сите други останати книги? Ме погледна со остар поглед ми ја зеде книгата од раце и си замина.Од почетоко бев збунета за нејзината постапка не разбрав што беше тоа што мене не ми беше дадено да го прочитам. Бидејќи бев многу љубопитна ја пронајдов книгата и секогаш кога ке имав слободно време ја читав кришум и пак ја враќав на местот кај што беше ,,скриена,, .Не можев да ја разберам книгата, но разбрав дека додека ја читав стануваше збор за Бог, но се ми изгледаше комплицирано стар завет, нов завет. Еден ден после училиште отидов кај баба ми и почнав да ја прашувам за Господ како настанал кој не создал нас, како ние сме настанати, кои биле Адам и Ева, ги редев сите тие прашања едно по друго, а таа незнаејќи да ми одговори ми рече:,,Земи ја Библијата од под мојот кревет и донеси ми ја”. Ја најдов Библијата и ја однесов и таа бидејќи не знаеше многу добро да чита ме натера мене да и читам. И така речиси секој пат кога ке отидев кај неа ме чекаше Библијата. Кога почнав да ја разбирам почнав да ја прашувам уште повеќе. Кој е Отецот? Кој е светиот дух? Кој е синот. Зошто еднаш викате дека има еден Бог, а веке наредниот момент го спомнуват Господ Исус Хистос ( Иса а.с)? Навистина не знаеше како да ми одговори и баба ми,ми призна дека и нејзе не и било тоа јасно.Како поминуваше времето а јас се губев во лавиринтите на книгата престанав да ја читам, не сакав, ниту чувствував обрвска. Бидејќи има турско населени во наша близина – муслимани,јас почнав да ги прашувам за нивната вера, каква е таа книга Куран? Што пишува во неа? Сакав да дојдам до македонски превод без никој да знае и никако не успеав. Кога завршив средно образование настанаа многу промени во мојот живот. Млада се омажив, родив прекрасна ќерка и за кратко време се разведов. Во периодот додека мојата ќеркичка беше многу мала почнав да чувствувам нешто, некое невидливо присуство околу мене цело време. Сопругот ми се промени настана многу кавги. Многу насилства. Мислам дека некое од тие лоши суштества или битија не знам како да ги наречам го имаа и се уште го имат опседнато мојот веќе поранешен сопруг. Во времето кога почна мојата бракоразводна парница јас почнав да се интерсирам за исламот повеќе отколку порано.Сакав да знам што е тоа што им дава на муслиманите сигурност, сплотеност, бискост, штое тоа што ги прави едно тело. Почнав да пребарувам на интернет сајтовите се за исламот и барав ама немаше, т.е јас не можев да најдам на македонски јазик.Еден ден најдов еден Исламски Форум каде што се зачленив со надеж дека ке запознаам луќе од мојот крај или луѓе што ке ми помогнат да дојдам до материјали за да читам што повеќе. Елхамдуллиллах,(Фала Му на Аллах) потоа запознав многу браќа и сестри. Една од тие сестри која е исто така од мојот крај ми се понуди да ми донесе материјали од кои ке можам да најдам се за Исламот. Еден пријател ми го набави и Куранот на македонски јазик и бев многу среќна. Почнав да присуствувам на Палталк разговори, предавања каде воглавном бев слушател. Иако се уште не го имав прифатено Исламот се чувствував како муслиманка. Почнав да се менувам. Почнааа да го забележуваат тоа и мојата сестра и мајка ми. Го сменив целиот мој начин на живот. Една вечер на 28 Август 2010 година Аллах ми ги отвори неговите порти. Ме прими во негови закрила. Па луѓе јас го изговорив Шехадетот, ЈАС СУМ МУСЛИМАНКА, ми потекоа солзи радосници како што ми течат и во овој мојмент. Се родив по втор пат. Чувство на слобода, на радост, на спокој и мир во душата, го имав тоа во тој миг. Го имам тоа и во овој момент. Ова ми е прв Рамазан како целосно го испостев. Се уште не носам шамија,но иншаАллах, пак со Аллахова воља сакам да го дочекам и тој ден кога конечно ќе се чувтвувам слободна и телесно.

А В Т О Р:
-Еми -

ПОВИК КОН ВИСТИНАТА

http://www.ahlu-sunnah.org

19Влегување во Ислам Empty Re: Влегување во Ислам Вто 13 Мар 2012, 2:34 am

Muaz al Islam

Muaz al Islam
Модератор
Модератор


како православката Лидија го прифати Исламот

Мојот пат во Исламот.



السلام عليكم



Во оваа време ,во кое ние живееме, на ТВ, во списанија, на интернет, многу гледаме и читаме , како западњаците преоѓаат во исламската вера, не само обичните луѓе ,туку и познати личности. Зошто?

Секоја особа се раѓа во околина за која таа особа не одлучува. Од самото негово раѓање, му се наметнува верата на неговите родители или метода на државата во која живее..

Додека човекот не влезе во години на својата младост, нормално е дека мозокот во потполност не реагира, така што верува дека е исправно се она што во неговата држава се верува, и дека во тоа треба да верува секој..

Меѓутоа, кога некои луѓе ке пораснат, и кога ке дојдат во средба со другите системски верувања, почнуваат сопственото верување да го ставаат во знак прашалник ?

Тој кој ќе ја бара вистината, обично доаѓа до моментот на збунетост, затоа што увидел дека секоја вера, идеологија и филозофија, потврдува дека токму она е вистинската за човекот..

И понатаму??

Која е исправната вера? Сите не можат да бидат исправни, затоа што секоја од нив тврди дека другите се погрешни..

Како тогаш тој кој ја бара вистината ќе го одбере вистинскиот пат ??

Бог на сите ни дал памет и како можеме да ја донесеме оваа важна одлука..

Оваа одлука е најважната одлука на еден човек..

Од оваа одлука зависи неговата иднина.

Според тоа, секој немуслиман, би требало да ги изучува доказите кои му се приложуваат, потоа да го избере тоа што мисли дека е вистинито..

Меѓутоа ,секогаш предвид треба да го имаме фактот, дека поединецот може да го избере вистинскиот пат, само ако ги остави своите емоции и предрасуди, кои обично не опкружуваат. Тогаш , и само тогаш можете да го користите од Бога дадениот ум , и да донесете исправно решение..

Како и секоја друга религија и Исламот потврдува дека тој е единствен пат кон Бога.. Има многу аргументи кои го подржуваат Исламот , дека он е вистинската вера од Бога..

Првата работа која треба да ја знаете и сфатите, а која се однесува на Исламот е дека зборот ,,Ислам'' е арапски збор, што значи покорување на единствениот Бог, кој во арапскиот јазик се вика Аллах.''



Тој кој својата воља ја потчинува на Аллах, во арапскиот јазик се вика Муслим.''.

Верата Ислам не го добила име по некоја особа или некоја група, како што е на пример : случајот со Христијанството кое го добило името по Исус Христос, Будизам по Буда, Марксизам по Карл Маркс, Јудизам по Јуда....

Ислам (покорување на Божјата волја) е вера објавена на Адам а.с. првиот човек и првиот Божји Пратеник, и тоа е вера на сите Божји Пратеници.

Во книгата , која на арапски се вика Куран', Аллах с.т. вели:



„ Сега верата ваша ја усовршив, и благословот свој спрема вас го исполнив и задоволен сум Исламот да ви биде вера. А кој сака некоја друга вера, освен Исламот, нема да му биде примена, и тој на оној свет ќе страда.“



Исламот не потврдува дека е нова вера која ја донесол Мухаммед с.а.в.с.

Исламот за себе кажува дека е нов израз на Аллаховата вера , овој пат во целиот свој облик, како што му бил објавен на Адам и Пратениците после него..

Никаде во Библија не се зборува за тоа дека Бог му кажува на народот на Мојсије (Муса) дека негова вера се вика Јудизам, или на Исус , дека негова вера се вика Христијанство, кои немаат божанско потекло, ниту одобрување од Бога.



Многу после по заминување на Исус, неговата вера го добила името Христијанство. Што вистина била Исусова вера?

Иса а.с. (Исус) како и сите Пратеници пред него ја проширувал верата Ислам.



Би сакала да ви ја раскажам мојата приказна за моето преминување во Ислам.



Мојот пат во Исламот

Шук'р Ја Рабби , Кој со светлото на Твојата книга , си ја осветлил овосветската темница , со неа Си ги упатил залутаните срца , па Си ги направил спокојни и смирени во душите вистинските верници

Нека е најголем саловат и селлам на Мухаммед , кој е пратен како милост на сите светови

Нека е мир и спас на неговото чесно семејство , и асхаби , и на сите оние кои одат по нивниот пат , го живеат Исламот , и ги упатуваат другите на дин , се до Судниот ден.

Ес- селлам алејкум ве рахметуллахи ве берекатуху



Родена сум во Христијанско семејство, од татко Србин и мајка Македонка и ние три деца, јас најстарата, една сестра и помал брат. Сите знаеме дека верата доаѓа од потеклото на семејство, така и јас пораснав во верата на моите родители.



Моето детство го поминав безгрижно и радосно, се до моите 15-ет години, кога останав сирак без татко. Од тогаш моето безгрижно радосно детство завршува , станав озбилна девојка и бев вработена како одговорна за семејството,а и во исто време бев ученичка. Додека другите деца си играа на улица, моите другарки излегуваа со друштво, јас работев и учев. Имав прилики да излегувам со нив, но секогаш се сеќавав на мојот татко, кој многу го сакав, кој, кога гледаше некои девојки на моја возраст на улица како одеа со момчиња и се бакнуваа, девојки на моја возраст кои пушеа цигари и пиеја алкохол, ме прашуваше: ,, Дали би сакала да живееш како нив? – секако мојот одговор беше негативен.

Од сето тоа, се плашев да излегувам со другарките, се плашев од лошото друштво, што можеби подоцна би имало последици врз мене и моето семејство. Знаев дека животот ме подготвува за голема војна.

Така загрижена за моето семејство, често пати размислував што значи живот, зошто сме родени, зошто постоиме?. Како растев така и моето интересирање за верата растеше. Скоро секоја вечер го молев Бога да ми го олесни животот, плачев и ја читав Библија, одев во црква, се молев...Но, така еднаш, додека ја читав Библија, ми застана погледот на цитат во Псалми 115:4:8 кој гласи:

,, Нивните идоли се сребро и злато, дело на човечки раце, уста имаат, а не говорат, очи имаат а не гледаат, уши имаат а не слушаат, ноздри имаат а не мирисат, раце имаат а не фаќаат, нозе имаат а не одат, глас не излегува од нивното грло. Такви се оние што ги направија и сите кои се надеваат на нив.''

Овој цитат го читав многупати и размислував за него. Потоа си реков: ,, Зарем овие идоли не се икони, навистина тие ни зборуваат, ниту слушаат ниту одат...

Од тогаш, барав, зошто да верувам во црквата, зошто да бакнувам икони, кои се лажен мир за срцето и душата, си реков да се молам на нешто што е уметничко дело ? Не ми беше јасно како христијанските свештеници кои многу ја читаат Библија не ги прочитале деловите кај Мојсиевите списи во кои Бог го забранува алкохол и свинското месо? Каде им се очите кога ги читаат строгите прописи во кои се забрануваат иконите, киповите или било какви облици на прикажување на небеските суштества?

Се прашував: ,, Дали е можно јас да сум во право, а другите да не се ? Не сакав да робувам на лажните идеи и лажните верувања. Ја имав својата теорија за Бог и тоа за мене беше доволно, но уште неизјаснето во мојата глава. Се пршував ако Исус е Бог, зошто да е распнат на крст, зошто е убиен, па тој е Бог, како може Бог во кој веруваме, кој не створил да е убиен? И низ други прашања... Сето оваа го размислував, ја барав суштината на животот, но не ја најдов, сакав да имам контакт со некое верско лице, со учени луѓе во кои можам да го најдам одговорот за суштината на вистинскиот живот, за душата, но немав никој и не знаев никој со кој можев да разговарам. Тогаш многу ми беше тешко. Бев немоќна. Сакав да откријам нешто вистинско што ќе ја смири мојата душа, но не знаев поточно што барав.

Бев немоќна !? Но Аллах е Моќен, ми испрати човек преку кој ја дознав вистината ! Муслиман., студент на медицински факултет од Јордан, Аллах да му подари Џеннет, за кој покасно се омажив и дојдов во Јордан.

Во Јордан запознав жени муслиманки, кои имаа многу убаво однесување и кои бескрајно ми помогнаа. Знам дека е многу ретко да се најде вистински пријател, но вистинскиот пријател го наоѓаш тогаш кога ти е најтешко- така кажуваат...

Читав Куран... се се променило со читањето на Куранот , тоа што го барав со години и што мислев дека нема да се помирам ниту со никаков верски систем- се беше тука, раскажено со најубав и највеличенствен стил и глас. Одев на предавања за Исламот, го запознав Исламот, ја открив вистината, суштината на животот, се што порано барав го најдов во Исламот. Секој ден откривав нешто ново. Го засакав хиџабот, почнав да клањам. На мојот прв намаз, на сеџде, почувствував како некој терет да ми падна од градите, се чувствував така чисто што реков сама на себеси дека ова чувство нема да дозволам да го напуштам.

Исламот е дисциплина која го регулира секојдневниот живот на човекот, и подарува духовно морална стабилност. Во секој намаз го молев Аллах на моите да им ја подари Неговата Милост и Рахмет, да бидат муслимани, да ја сфатат суштината на животот. Плачев во ноќниот намаз на глас, не можев да го поднесам тоа моите да не одат по вистинскиот пат, се гушев...

Од мојата голема верба во Аллах, се одлучив да одам во Скопје кај мајка ми, сестра ми и помалиот брат, да одам кај нив и да им ја пренесам пораката на Исламот. Молев со дова од срце, од внатрешноста на душата, ги оставив сите материјални работи кои не опкружуваат, како да бев сама на земјината површина, молев со дова:

Ја Рабби, Ја Рахман Ја Рахим, дај ми сила да бидам храбра, да го променам тоа што сакам со твојата волја, Ја Рабби Ти си Милостив и всади ја Твојата Милост во срцата на моите најсакани.

Отидов со голема надеж, знаев дека Аллах е со мене, отидов со милоста на Рахман, отидов со мажот ми.

Моите кога ме видоа со хиџаб, многу беа изненадени и налутени, бев смирена, плачев пред нив, многу плачев се гушев во моментот не можев да кажам ништо, ниту еден збор....

Бев кај нив скоро два месеци. Во рок на ова време им кажував за Исламот, за Мухаммед, за Иса, им кажував за Аллаховата милост, за Џеннетот и Џехеннемот... со ноќи не спиевме...

УСПЕАВ !

Успеав со Неговата милост, со Неговото Рахме...

Ја Рабби како да ти се заблагодарам ?

Чувствував дека намазот не ми беше доволен за да ја исакажам мојата покорност на Аллах. Од тогаш носам никаб, си го покрив лицето. Си го сменив името, од Лидија во Ајша, и ќе умрам како Ајша иншаАллах.

Сега моите се муслимани, сестра ми е омажена за муслиман, брат ми се оженил со муслиманка, мојата мила мајка носи хиџаб, оди на хаџ, на умра, секогаш прави тесбих на Аллах... живеат во Емират. Еллхамдуллилах, Елхамдиллилах на Неговата Милост над луѓето. Се смирив.

Со Неговата помош го направив тоа што го сакав. Навистина ми беше животот тежок, со многу искушениа, но ја пронајдовме смиреноста на душата, ја пронајдовме вистината. Само жалам за поминатите години во непокорност на Аллах, и се надевам дека Возвишениот ќе ми се смилува за тие години и ќе ми опрости. Имам голема надеж.

Кога гледам назад знам дека во тие моменти Аллах не ме напуштал, туку ми кажувал дека е време да се преиспитам и размислувам за суштината на животот, ми кажувал како да го засакам и преку се што треба да поминам, за да би ја разбрала својата вера. Всушност, ние не го прифативме Исламот, ние се вративме на нашата најубава, најискрена, највеличенствена вера. Вера со која иншааллах ќе одиме во вечниот живот, каде што нема умирање, болка, тага. Да се запознае Исламот, да го запознаеш Аллах, Тој кој не створил, е многу повеќе од се друго материјално.



Никогаш не сум помислила дека ќе бидам Муслиманка, и дека ќе живеам во Јордан. Ја засакав оваа вера, навистина ја засакав. Ги воспитувам моите деца во исламски дух и им помагам во примена на исламските императиви. Клањаат пет намази дневно, постат, и се трудат да ме следат во секој поглед. Задоволна сум дека сум мајка на шест деца. Родив шест деца за да го зголемам умметот на Мухаммед, да му бидат корисни на Исламот, задоволна сум од нив, навистина, и иншаллах Аллах да биде задоволен. Моите три ќерки уште од мали ги научив дека треба да носат хиџаб, зошто кога ќе пораснат да не им биде тешко. Сега се големи, девојки, машааллах, и најголемата носи никаб. Елхамдуллилах .



Многу сум среќна со Исламот и сакам сите така да се чувствуваат.

Кога ќе бараш од срце, Аллах самиот ќе ти ја покаже вистината и ќе те приближи до Него...

Јас ја најдов вистината, нема потреба повеќе да барам. Ја најдов....



’’Животот на овој свет не е ништо друго освен забава и игра, а само оној свет е живот, кога само би знаеле.''

( Ел-Анкапут 64)

Вистинска приказна на сестрата Ајша



Превземено: Повик кон Вистината

http://www.ahlu-sunnah.org

Al-Ghuraba

Al-Ghuraba
Модератор
Модератор
[You must be registered and logged in to see this link.]

https://www.facebook.com/pages/Ahlu-Sunnah-Media/161598790616171

Al-Ghuraba

Al-Ghuraba
Модератор
Модератор
Влегување во Ислам 820124 Во Името на Аллах Милостивиот и Сомилосен! Во австријскиот олимписки град Инсбрук, еден Австриец пред некој ден премина во Ислам. Тој чин е направен во Босанскиот верски и културен центар, кој постои веќе 20 години и ова е прв пат вакво нешто забележано од кога е основан џематот – Инсбрук.

Патрик, кој го земал името Елдин, веќе подолго време се подготвува а овој чин, кој, како што самиот вели, го избрал затоа што сакал да најде мир во својата душа. Патрик открива дека е во врска со една босанка, која имала влијание на неговата животна одлука.

Имамот еф. Самир Реџеповиќ, кој го предводел овој свечен чин, истакнал дека му е многу мило, што токму тој има прилика да го изврши овој дел од работата. Рекол дека ова е прв пат вакво нешто да се случи, откако е тој имам.

Треба да се напомене дека Осман Мешкиќ и Меџид Мехаџиќ доста помогнале ова случување убаво да се заврши. Тие го запознале и го донеле Елдин во просториите на џематот – Инбрук. На церемонијата биле присутни и џематлиите, кои се гордеат со младиот Ползингер (Елдин)

https://www.facebook.com/pages/Ahlu-Sunnah-Media/161598790616171

22Влегување во Ислам Empty Re: Влегување во Ислам Нед 08 Апр 2012, 1:29 am

Al-Ghuraba

Al-Ghuraba
Модератор
Модератор
[You must be registered and logged in to see this link.]

https://www.facebook.com/pages/Ahlu-Sunnah-Media/161598790616171

23Влегување во Ислам Empty Prešao na Islam za 12 MINUTA! [NEVJEROVATNO] Саб 28 Апр 2012, 2:41 pm

Al-Ghuraba

Al-Ghuraba
Модератор
Модератор
Во Името на Аллах Милостивиот и Сомилосен!



https://www.facebook.com/pages/Ahlu-Sunnah-Media/161598790616171

24Влегување во Ислам Empty U Kelnu sedmero Nijemaca prešlo na islam Вто 08 Мај 2012, 1:07 am

Al-Ghuraba

Al-Ghuraba
Модератор
Модератор
Влегување во Ислам 820124


U Ime Allaha Milostivog i Samilosnog!


Влегување во Ислам Kelnmuslimani


U nedjelju 24. aprila 2012. godine u prostorijama Bosanske islamske kulturne zajednice „Gazi Husrev beg“ u Kelnu je bilo posebno svečano. Poslije obavljenog podne namaza naša muslimanska zajednica je postala bogatija za sedam novih članova: Sakina, Zeyneb, Aslan, Safiya, Anida, Murad i Nura. U jednosatnoj ceremoniji u povodu prelaska na islam svojim dirljivim i krajnje emotivnim nastupom su novi muslimani izazvali suze radosnice svih prisutnih vjernika. Poslije pojedinačnog očitovanja Kelime i šehadeta i učenja tekbira imam Mustafa ef. Hadžić je održao uvodno izlaganje u kome je istakao važnost ovoga čina citirajući Kur'anske riječi sure Al-Furqan:

„A onima koji se pokaju i uzvjeruju i dobra djela čine, Allah će njihova hrđava djela u dobra promijeniti, a Allah prašta i samilostan je.“


Prvi koraci na putu spoznaje istine za Ramonu sada Safiju Halser su bili kada je kao učenica 11 razreda srednje škole u predmetu kršćanska vjeronauka trebala napisati referat o islamu. Iščitavanje prijevoda pojedinih djelova Kur'ana i hadisa su otvarali horizonte spoznaje o Jednom Jedinom Gospodaru svjetova koji zaslužuje da se samo Njemu robuje. Put je trajao pune četiri godine.


Posebno ushićena i presretna je bila Britta – Sakina Willms jer su skupa sa njom svjetlo islama u svojim dušama osjetili i njena kćerka Joy – sada Zejneb i sin Nico sada Aslan. Razlog da se oni počnu interesirati za islam su bili školski prijatelji i prijateljice njene djece koji su dolazili njima u posjetu. Muslimanska djeca su svojim ponašanjem, iskazivanjem respekta i poštovanja prema roditeljima i starijim i uvažanja njihova mišljenja kod Sakine izazvali znatiželju kakva je to vjera koja na takav način pruža djeci samopouzdanje i odgoj koji je davno nestao u njemačkom društvu. Samohranoj majci Sakini, Zejnebi i Aslanu je trebalo tri godine da se odluče za ovaj kako oni kažu najvažniji korak u njihovom životu.


Anida Elbert je družeći se sa Kerimom, muslimankom njemačkog porijekla, shvatila i spoznala pravu vrijednost i sreću koju pruža Islam.


Murad Joachim Jung je družeći se sa muslimanima Bošnjacima u našem Centru shvatio da je nepravedna medijska kampanja koja se vodi protiv islama i muslimana u Njemačkoj posljednjih godina. Sve što je nepoznato čovjek se toga plaši. Ja sam, kako veli Murad, želio upoznati islam i muslimane da ih se ne plašim pa sam umjesto da ih se plašim zavolio ih i danas posat jedan od njih. Muslimani Bošnjaci su najbolji primjer da je Njemačka, Evropa i cijeli svijet sa muslimanima samo kulturno bogatija i moralno snažnija. Njega su posebno zadivili stavovi i način razmišljana dr. Murada Hofmana u njegovim knjigama i javnim nastupima.


Nuru je posebno impresioniralo slušanje učenja Kur'an i Kerima i ezana koje je čula prilikom posjete Sarajevu. Ona je u svojim snovima nekoliko mjeseci doživljavala ljepotu slušanja Allahovih riječi. Ona već posjećuje kurs islama za odrasle koji se održava svakog petka u našem Centru, jer kako kaže, želi sama vlastitim učenjem da uživa u ljepotama Kur'ana.


Na kraju je naš imam novim članovima muslimanskog ummeta uručio kao poklon prigodne knjige na njemačkom jeziku, te u svoje lično ime, ime odbora našeg džemata čestitao njima uz dovu Milostivom Gospodaru da ih pomogne da budu aktivni korisni članovi ummeta i njemačkog društva i da ustraju na putu istine.


Ovaj skup je najljepša potvrda kur'anskih riječi:
A ko govori ljepše od onoga koji poziva Allahu, koji dobra djela čini i koji govori:

"Ja sam doista musliman!" Dobro i zlo nisu isto! Zlo dobrim uzvrati, pa će ti dušmanin tvoj odjednom prisni prijatelj postati. To mogu postići samo strpljivi; to mogu postići samo vrlo sretni. (Sura Fussilet: 33-35 )


Preuzmeno iz: Pozivuraj


[You must be registered and logged in to see this link.]

https://www.facebook.com/pages/Ahlu-Sunnah-Media/161598790616171

25Влегување во Ислам Empty Re: Влегување во Ислам Пон 14 Мај 2012, 4:33 pm

Muaz al Islam

Muaz al Islam
Модератор
Модератор

http://www.ahlu-sunnah.org

Sponsored content


Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот  Порака [Страна 1 of 1]

Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот