1 Што е ислам? Чет 22 Дек 2011, 12:27 am
Muaz al Islam
Модератор
Што е ислам?
Кога се вели дека Исламот е “најмладата од сите монотеистички вери”, тогаш тоа е само делимично точно. Куранот тврди дека првиот човек на Земјата кој воедно е и првиот пејгамбер Адем а.с. бил муслиман и дека тоа биле сите Аллахови Пратеници, од што произлегува заклучокот дека Исламот е најстарата и према верувањето на муслиманите, единствената вера која Аллах џ.ш. му ја објавил на човештвото и која Тој ја признава и прифаќа:
"Единствено призната вера кај Аллах е Исламот" (Али Имран,19).
"А оној кој што сака некоја друга вера сем Исламот, нема да му биде примена, и тој на другиот свет ќе настрада." (Али Имран,85).
Меѓутоа, конечната верзија на Исламот дошла со пратеништвото на Мухаммед а.с., и во тој смисол, историски, потполниот Ислам дошол после Христијанството и Еврејството. Како што се гледа, оваа вера не го носи своето име по Мухаммед а.с. (за муслиманите е навредливо кога Исламот ќе се нарече Мухаммеданство) ниту по некој народ.
Исламот значи доброволна и потполна предаденост на Возвишениот Аллах џ.ш., Создателот на луѓето и световите. Етимолошки, зборот Ислам е изведен од глаголот еслеме, кој пред се го означува човековото доброволно предавање на Аллаховата Воља на тој начин во него да се положат сите надежи и при тоа да се напушти секој вид на себичност и горделивост. Попратните значења на овој збор се: склад, хармонија, мир, вроденост.
Куранот го открива Исламот во целиот видлив свет:
"Зарем не знаеш дека и оние на Небесата и оние на Земјата му се клањаат на Аллах, а и Сонцето, и Месечината, и sвездите, и планините, и дрвјата, и животните, и многу луѓе - а многумина заслужуваат и казна...." (Ел-Хаџџ,18).
Како верско искуство, Исламот е еден важен момент која ја означува почетната точка од која почнува човековата вистинска понизност, скрушеност и предаденост. Човекот во Исламот е Абдуллах, роб, понизна личност, и , во исто време и само поради тоа - горд пред Бога кој е неговиот Рабб, Господар, Створител, Одржувач, Одгојувач.
Суштината на Исламското учење е содржана во Шехадетот, Очитувањето кое гласи: Ешхеду ен ла илахе иллеллах Ве ешхеду енне Мухаммеден абдуху ве ресулуху (Јас со срцето верувам,а со јазикот потврдувам дека нема друг бог освен Аллах,и дека Мухаммед е Аллахов роб и Аллахов Пратеник). После ова јазично и срцево очитување следува дело на екстремитетите со кое се потврдува сеопфатното верување на еден човек без кое нема да биде прифатен овој чин на верување.
На овие темели од јасниот и најстрогиот монотеизам е изградена комплетната зграда на Исламот како вера,верозакон,култура и цивилизација,со еден збор: на едно сеопфатно учење.
Превземено:
Повик кон Вистината