1 Не дозволување влегување во куќата на мажот Саб 10 Дек 2011, 1:51 pm
Muwehhid
Модератор
Во Името на Аллах, Милостивиот, Самилосен!
Не дозволување влегување во куќата на никого, без дозвола од мажот.
Жента нема да му дозволи влегување во куќа на некого без дозвола на мажот, а посебно тоа важи за оние што не се во крвно сротсво со нејзе. Мухаммед а.с тоа јасно го нагласува и вели:
Забранрто и е да дозволи влеза на било кого во куќата без дозвола на својот маж.(Бухари, Муслим)
Секако со ова исламот го пресекува злото во самиот корен. До колку маж влезе во куќата на жената со кој не е во роднинска врска , тогаш може да дојде до несакани последици, до неморал или во најмала мера до сомнеж. Има многу хадиси во кои Мухаммед а.с ова строго го забранува .
Џабир р.а пренесува дека Аллаховиот Пратеник, с.а.в.с нагласил:- Не влегувајте во куќите на жените на кои мажите им се отсутни, затоа што шејтанот шета низ вас како што крвта циркулира по вашите вени!
(Тирмизи)
Ибн Аббас , р.а пренесува дека го слушнал Пејгамберот с.а.в.с како рекол: -Маж нека не останува сам со друга жена без присуство на нејзин мархем (близок роднина).
(Бухари, Муслим)
Посебно Мухаммед с.а.в.с има предупредено на осамување на жена со роднина од мажот , што може многу лесно да предизвика големи последици.
Укабе б. Амир р.а пренесува дека Пратеникот с.а.в.с рекол: - Чувајте се од осамување со жени кои не Ви се махрем На тоа еден Енсарија прашал: - А со хамв(братот на мажот)? Мухаммед с.а.в.с одговорил: Toj e како Смртта.
(Бухари, Муслим,Тирмизи)
Ел-Хамв, според некои учења , означува брат од мажот, а според лингвистичарите, како што напоменува Имам Невеви, означува поблиска роднина од мажот: таткото, братот, стрико, братучет и сл.
(Фетхул-Бари, 9/242-243)
Мухаммед Фуад Абдул-л-Баки, во тефсирот на хадисот вели дека нема опасност од роднината на мажот, како што се , таткото на мажот или синовите на мажот кои и стануваат махреми, и на тие им е дозволено да бидат со нејзе, доколку пак братот на мажот, (Деверот) веќе преставува вистинска опаснот, потоа братучедот и сл. Најголема опасност е во тоа што тие му се блиски роднини на мажот па заради тоа имаат поголема можност да се најдат во ситуација на осамување со жената на својот брат или роднина и таквата ситуација наведува на сомнеж кај другите како што тоа може да се случи таа да се осами со некој непознат кој воопшто не во роднинска врска со мажот и да доведе до голем сомнеж. (Гледај: Коментарот на Мухаммед Фуат Абдул Баки на Сахиху Муслим 4/171)
За жал оваа практика на осамување кај нас е вообичајна по според тоа би требала според суннетот на Мухаммед с.а.в.с веднаш да престане. Поедници кои со познавање на исламските прописи се придружувале на оваа пракса на Мухаммед с.а.в.с биле исмејувани од другите и сметани како екстремни муслимани. Меќутоа само доследното и прецизното следење на суннетот на Мухаммед с.а.в.с може да доведе до харминија во бракот и превентива од неморални – блудни ситуации.
[You must be registered and logged in to see this link.]