1 Добар Карактер, Добар Однос Спрема Другите Луѓе Нед 09 Јан 2011, 2:08 pm
Muwehhid
Модератор
[You must be registered and logged in to see this link.]
Во името на Аллах џ.ш Милостивиот Самилосен
Во името на Аллах џ.ш Милостивиот Самилосен
И не врти го лицето од луѓето, и не оди по земјата горделиво: Аллах, навистина , не го љуби ни горделивиот ни надуениот. И биди умерен во одот твој а намали го и гласот твој. Од гласовите најлошиот, навистина, е гласот магарешки (Лукман 18-19)
О верници, кога ќе ви се рече: Направете места, таму каде што се држат состаноци, на другите... та, и вам Аллах ќе ви пушти место! (Ел-Муџаделе 11)
Испратен сум да ги усовршам етничките (благодарните особини кај Луѓето.
Абдуллах ибн Амр ибн Ац пренесува дека Аллаховиот пејгамбер рекол:
-Најдобри помеѓу вас се оние со најдобар карактер.
Усаме ибн Шерк пренесува дека еден ден асхабите седеле со Пејгамберот и почнаа да му поставуваат прашања:
-Кој човек му е најмил на Возвишениот Аллах?- Пејгамберот им одговорил:
-На Аллах му е најмил оној човек кој е најдобро воспитан
Најсоворшен е иманот кај оние верници што најнормално се однесуваат и кои имаат најдобар карактер. Помеѓу вас најодбран е оној кој најдобро се однесува спрема своето домашно семејство.
Најубаво добро дело е добриот карактер, а грев е она што ја буни и ја вознемирува душата и што не сакаш народот да дознае.
Навистина, мене ќе ми бидат најмили и најблиски до вас на идниот цвет оние што најдобро ќе се однесуваа и кои ќе имаат добар однос спрема другите луѓе , а од мене најдалеку ќе бидат оние што лошо и грубо ќе се однесуваат и кои зло им прават на другите.
Кој нама нежност и човечност го промашило добро големо
Нежноста и човечноста е накит на секоја работа, а да се острани грубоста и слично ја прави честа и големината.
Навистина Аллах ги сака тие со топлина во душата и за тоа дава награда каква што не дава за грубоста и никому за ништо друго.
Немојте да зборувате: Ако ни прават луѓето добро и ние ќе им правиме добро а ако ни направат зло и неправда и ние на нив ќе им возвратиме со зло и неправда. Бидете Трпеливи .Ако луѓето ви направат некое добро, и вие направите им добро а ако ви направат нешто зло, немојте да им возврачате со лошо нити да им направите некоја неправда.
Сакате ли да ви кажам зошто Аллах ја подига честа и угледот?
-Сакаме , Аллахов Пејгамберу- рекоа асхабите, а тој рече:
-Ако бидеш благ- срдечен па нема да се лутиш на оној што спрема тебе се однесуваа грубо и некултурно, ако му опростиш на оној што че ти направи некоја неправда, ако му направиш добро на оној кој тебе ти го скратил твоето добро и ако го посетиш оној кој на тебе заборавил.
-Кој ќе има три својства, со него Аллах џ.ш многу лесно ќе ги расчисти сметките, а покрај тоа со Својата Милост ќе го воведе во Џеннет.
Запрашаа:
-Кои се тие својства Аллахов Пејгамберу?- тој рече:
-Да му дадеш на оној кој тебе те одбил, да го видиш и да го посетиш оној што тебе не те посетува и не те гледа и да му опростиш на оној што ти направил неправда. Ако вака направиш Аллах ќе те воведе во Џеннет.
На кого му е дадено па е со топол (ведар) карактер и икој е милозлив, дадено му е добро големо на двата света. Вниманието и посетувањето на роднините , добриот одност со соседите и добриот карактер, носат среќа и благосостојба на земјата и градовите и го продолжуваат животот на човекот.
Ебу Џурејх ел -Џуени раскажува: Дојдов кај Аллаховиот Пејгамбер и му рекоф:
-Дај ми некој совет.- Аллаховиот Пејгамбер ми рече:
-Не навредувај и не пцуј никого. Да не ја пттценуваш ни најмалата услуга. Не давај му на твојот брат некое ветување а не го исполниш.
Аллах не гледа во вашите , изгледи ниту во имотите, туку гледа во вашите срца и во вашите дела.
Кој од вас ќе поќука на (Туѓа) врата три пати и ако не добие одговор или дозвола за да влезе нека се врати.
Аллах нема да ги повика на одговорност моите следбеници за мислите што ќе им останат во градите се додека надвор нама да ги манифестираат со говор или дело.
Некој од вас кога ќе оди пред туѓа врата нека не стои на средина туку десно или лево.
Џабир пренесува :
-Дојдов кај Пејгамберот, чукнаф на врата , па тој праша:
-Кој е? - одговорив: - Јас - тој , со негодување, пофтори:
-Јс , јас! - После ова асхабите кажуваа своите имиња.
Немојте да го станувате човекот од неговото место за вие тука да седните.