Ес селаму алејкум ве рахметуАллах ве Берекетуху и добре дојдовте на www.ahlu-sunnah.org.

За да се окористите од сите функции на форум, ве молиме да се регистрирате или со вашето корисничко име логирате.


Join the forum, it's quick and easy

Ес селаму алејкум ве рахметуАллах ве Берекетуху и добре дојдовте на www.ahlu-sunnah.org.

За да се окористите од сите функции на форум, ве молиме да се регистрирате или со вашето корисничко име логирате.
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Latest topics
» Alisan
АХЛАХ-КАРАКТЕР........ EmptyПет 24 Апр 2020, 2:43 am by Muaz al Islam

» Намазот не е исправен (валиден) зад оној кој што ги оправдува..
АХЛАХ-КАРАКТЕР........ EmptyСаб 18 Јун 2016, 4:40 am by muwehid

» Салават на Пратеникот Мухаммед (а.с.)
АХЛАХ-КАРАКТЕР........ EmptyСаб 18 Јун 2016, 4:18 am by muwehid

» Менсур ал-Салими- "Спомнувајте Ме а и Јас ќе ве спомнувам (Ел-Бекара, 152)"
АХЛАХ-КАРАКТЕР........ EmptyПон 13 Јун 2016, 9:32 pm by Muwehhid

» Кога ќе сватеме???
АХЛАХ-КАРАКТЕР........ EmptyНед 12 Јун 2016, 9:34 pm by Muwehhid

» Ја сменија верата, но ја нарекуваат "ислам"
АХЛАХ-КАРАКТЕР........ EmptyСаб 11 Јун 2016, 8:51 pm by Muwehhid

» Дали е дозволено мевлуд?
АХЛАХ-КАРАКТЕР........ EmptyСре 27 Апр 2016, 11:09 am by Abu Al-Amin

» Шејх Сулејман ибн Насир ел-Улван за техакум
АХЛАХ-КАРАКТЕР........ EmptyВто 08 Мар 2016, 12:26 am by Haqq

» Бајрам
АХЛАХ-КАРАКТЕР........ EmptyНед 06 Мар 2016, 2:36 pm by Haqq

» Реката на трпението и нејзините притоки
АХЛАХ-КАРАКТЕР........ EmptyПет 04 Мар 2016, 7:48 pm by hidzab

» Pozdrav
АХЛАХ-КАРАКТЕР........ EmptyПон 15 Фед 2016, 11:52 pm by Abu Al-Amin

»  шейха доктора / Тарик гураб: Вопросы и ответы о колдовстве и лечения
АХЛАХ-КАРАКТЕР........ EmptyНед 14 Фед 2016, 7:30 pm by nourna

» abdul fetah
АХЛАХ-КАРАКТЕР........ EmptyСре 03 Фед 2016, 12:02 am by Abu Al-Amin

» Хадиси на Мухаммед а.с
АХЛАХ-КАРАКТЕР........ EmptyСре 06 Јан 2016, 7:16 pm by medi

» Аллах нас ни е потребен
АХЛАХ-КАРАКТЕР........ EmptyСре 02 Дек 2015, 7:26 pm by Muwehhid

Кој е он-лајн?
Севкупно има 171 членови он-лајн :: 0 Регистрирани, 0 Скриени и 171 Гости

Никој

Најмногу членови кои го посетиле форумот воеднаш се 547 во Пет 15 Ное 2024, 12:40 am
Барај
 
 

Display results as :
 


Rechercher Advanced Search

Top posters
Muaz al Islam (1691)
АХЛАХ-КАРАКТЕР........ Vote_lcapАХЛАХ-КАРАКТЕР........ Voting_barАХЛАХ-КАРАКТЕР........ Vote_rcap 
LAUTKA (1011)
АХЛАХ-КАРАКТЕР........ Vote_lcapАХЛАХ-КАРАКТЕР........ Voting_barАХЛАХ-КАРАКТЕР........ Vote_rcap 
Muwehhid (937)
АХЛАХ-КАРАКТЕР........ Vote_lcapАХЛАХ-КАРАКТЕР........ Voting_barАХЛАХ-КАРАКТЕР........ Vote_rcap 
Келиметул-Хакк (594)
АХЛАХ-КАРАКТЕР........ Vote_lcapАХЛАХ-КАРАКТЕР........ Voting_barАХЛАХ-КАРАКТЕР........ Vote_rcap 
Muslima4Islam (589)
АХЛАХ-КАРАКТЕР........ Vote_lcapАХЛАХ-КАРАКТЕР........ Voting_barАХЛАХ-КАРАКТЕР........ Vote_rcap 
Abu Al-Amin (479)
АХЛАХ-КАРАКТЕР........ Vote_lcapАХЛАХ-КАРАКТЕР........ Voting_barАХЛАХ-КАРАКТЕР........ Vote_rcap 
Al-Ghuraba (360)
АХЛАХ-КАРАКТЕР........ Vote_lcapАХЛАХ-КАРАКТЕР........ Voting_barАХЛАХ-КАРАКТЕР........ Vote_rcap 
Monoteizam (343)
АХЛАХ-КАРАКТЕР........ Vote_lcapАХЛАХ-КАРАКТЕР........ Voting_barАХЛАХ-КАРАКТЕР........ Vote_rcap 
muharem fazli (323)
АХЛАХ-КАРАКТЕР........ Vote_lcapАХЛАХ-КАРАКТЕР........ Voting_barАХЛАХ-КАРАКТЕР........ Vote_rcap 
Haqq (253)
АХЛАХ-КАРАКТЕР........ Vote_lcapАХЛАХ-КАРАКТЕР........ Voting_barАХЛАХ-КАРАКТЕР........ Vote_rcap 

Statistics
Постојат b>1268 регистрирани членови
Најновиот регистриран член е igoralfiosebastian@gmail.

Нашите членови се испратиле точно 8262 мислења in 2387 subjects

You are not connected. Please login or register

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down  Порака [Страна 1 of 1]

1АХЛАХ-КАРАКТЕР........ Empty АХЛАХ-КАРАКТЕР........ Сре 13 Окт 2010, 5:06 pm

LAUTKA

LAUTKA
Модератор
Модератор
ДОБРАТА НА УБАВИОТ АХЛАК



Убавиот ахлак и убавото однесување е многу вредно и ефективно дело, кое повеќекратно е корисно и од кое произлегуваат добри зборови и добри постапки како и останатите убави и вкусни плодови, од кои, некои од нив се берат на дуњалукот а некои на ахирет, но без сомнение дека ахиретските плодови на убавиот ахлак се повкусни, повредни и поголеми.
Добрато на овој и идниот свет се стекнува само со добар ахлак, а злото на овој и идниот свет се стекнува со расипан, зол и лош ахлак!


1.Прва корист на убавиот ахлак е тоа што таа е одлика на покорувањето на наредбата на Аллах, џ.ш.,кој вика: „Простувај им на другите, наредувај им добро и чувај се од незнајковците! “ (Ел-Е’араф, 199), како и, од покорноста кон Аллаховиот Пратеник, с.а.в.с., кој вели: „Со убав ахлак однесувај се спрема луѓето!“ (Тирмизи, бр. 1987)


2.Придобивање на срцата. Ако однесувањето и ахлакот на некој човек биде добар и убав, тој човек ги има мнозина од оние кои едвај чекаат со него да се најдат во друштво, со него да се дружат и другаруваат, и таквиот би имал малку непријатели. На таквата личност работите ќе и постанат лесни, тврдите и нечувствителни туѓи срца пред него ќе омекнат, а острите критичарските јазици како сабји ќе отупат над него.


Закити се со убав ахлак и однесување
Па мискот на твоите фалења ќе ги надвладее сите мириси.


Кажува Ибну Абас, р.а.: „Аллаховиот Пратеник, с.а.в.с., рекол: „Џеннетлија е оној, кому Аллах, џ.ш., уште при неговиот живот, ги исполнил ушите со пофалби од луѓето, а Џехеннемлија е оној кому Аллах, џ.ш., при неговиот живот, ушите му ги исполнил со грдења од луѓето!“ (Ибну Маџе, бр. 4224). Врз основа на тоа, блазе си му на оној кој ќе се наслушува пофалби од другите луѓе, а за жалење се оние кои слушаат кудења и грдотии од останатите луѓе на нивна сметка, а оние кои одамна не слушнале пофалби од луѓето на своја сметка, па добро нека се преиспитаат!


Меканските идолопоклоници не го сакале Мухаммеда, а.с., не сакале да го следат и тогаш не биле муслимани, но, секогаш го спомнувале по убавиот ахлак, доверба и добро, и помеѓу нив бил познат како ’Ел-Емин’ што во превод означува ’доверлив’, врз основа на тоа и ние неважно дали се наоѓаме во круг на муслимани или немуслимани, ако не слушаме благодарност и пофалби од луѓето на наша сметка – тогаш да се приспитаме колку сме на патот од Мухаммед, с.а.в.с. о колку добри дела ни недостасуваат!


Пратеникот, с.а.в.с., рекол: „Најдраг од вас ми е оној кој е со најубав ахлак и однесување, кој на другите секогаш им е на услуга, на кои луѓето му се драги и тој на луѓето им е драг!“ (Теберани, ел-Му’уџем ел-Сагир, бр. 835)


2.Со убавиот ахлак се чуваме од злото на луѓето! Личноста со добар ахлак на зло не возвраќа со зло; тој е оној кој простува и прави место за друг, и нејзнајковците ги избегнува и се чува. Особата со добар ахлак некогаш ќе возврати со добро. Тоа што личноста е добра и заради тоа не треба да се спушта на степен на незнајковците кои прават зло, да би се сочувала од нивниот шерр! Кога од убавиот ахлак не би постоеле други користи освен оваа би им било доволно на луѓето што побрзо да се закитат со својството на убав ахлак!


Немој да се каеш заради убавиот ахлак
Макар луѓето и лошо да се понесат према тебе
Ти да бидиш добар, а оние лоши – подобро е
Отколку да бидиш лош, а и оние лоши!



Џабир б. Сулејм, р.а., пренесува дека Аллаховиот Пратеник, с.а.в.с., рекол: „Ако некој човек те брука заради нешто што ти го знае, ти немој него да го брукаш во она што му го знаеш; зошто ти тогаш ќе имаш награда, а тој грев, и немој никого да пцуеш! “ (Сахих Ахмед, 5/63, Ебу Давуд, бр. 4084)


3.Убавиот ахлак и убавото однесување ги покрива останатите маани – а и самите сме сведоци за тоа дека на повеќето мажи и жени им е прогледано низ прсти по прашањето на телесните маани, заради тоа што биле познати по добрината и убавиот ахлак.

Луѓето ќе се разидуваат околу некои работи дали се добри или не, но нема да најдеш двајца луѓе да се разидуваат во тоа дали убавиот ахлак е добар или не!


Убавината не е во убавите одела кои нè красат
Туку убавината е – убавината на однесувањето и нашиот ахлак.

Сè има своја убавина и украс
А, украс на човекот е убавиот ахлак!



Убавиот ахлак и убавото однесување се како бисер скриен во школката, па така и нашите тела и одела кои се самата школка не значат ништо ако во нив нема убав бисер! Убав ахлак е како бисер убав каде и да се најде, а истотака и со лошото однесување и неморал – грд е и одвратен каде и да се најде!


Што им користи убавото лице на младината
Ако немаат убав ахлак и однесување.



Од каква корист е убавината на лицето кај младичот – ако зад тоа убаво лице се крие криминал, блуд, дрога, алкохол, убиства, тепачки, непослушност према родителите, браќата, сестрите, итн. И од какова корист е убавото лице и убавото тело кај девојката ако зад тоа се крие изгубена невиност, блуд, абортуси, алкохол, тутун, долг јазик, сплекарење, оговарање, крадење, итн....

2АХЛАХ-КАРАКТЕР........ Empty Re: АХЛАХ-КАРАКТЕР........ Сре 13 Окт 2010, 5:07 pm

LAUTKA

LAUTKA
Модератор
Модератор
4.Особата со убав ахлак е особа која е клуч на секое добро и која е катанец на секое зло; Тоа е особа која настојува да го оствари секој вид на хајр и добро онолку колку е во можност, а толку и Аллах, џ.ш., нè задолжува. Личноста со убав ахлак поттикнува на дарежливост, племенитост и љубезност спрема другите. Личноста со убав ахлак чини разноразни добри дела према себеси и другите со својот иметок, со своите зборови, со своето тело и со сето битие. Личноста со убав ахлак помага себеси и на другите во преданоста и покорноста према Аллах, џ.ш., и Неговиот Пратеник, с.а.в.с.

Енес б. Малик, р.а., пренесува дека Аллаховиот Пратеник, с.а.в.с., рекол: „Има луѓе кои се клучеви на хајрот и доброто, и кои се катанци за шеррот и злото, а има луѓе кои се клучеви на шеррот и злото, а катанци за хајрот и доброто; секоа чест на оној кому Аллах . џ.ш., во рацете му ги дал клучевите на добро, а тешко на оној кому Аллах, џ.ш., во рацете му давал клучеви од злото!“ (Ибнул Маџе, бр. 237)

Енес б. Малик, р.а., вели: „Дојде Аллаховиот пратеник, додека си играв со децата. Нè поселами, па ме испрати да му завршам нешто. Отидов да го завршам тоа, но после, заради тоа, задоцнив кај својата мајка. Кога дојдов кај својта мајка, ми рече: Зошто задоцни? Реков: Аллаховиот Пратеник, с.а.в.с., ме испрати да му завршам нешто. Она рече: Што да му завршиш? Одговорив: Тоа е тајна. Мајка ми, ми рече: „Никогаш немој да ја одаваш тајната на Аллаховиот Пратеник, с.а.в.с.!“ (Муслим, 2482)

Погледнете само како првите муслиманки како мајки ги воспитувале своите деца. Ги воспитувале на таквалук, почитување на Пратеникот, с.а.в.с., и учените луѓе и ги воспитувале на тоа да ги чуваат тајните кои на доверба им се дадат. Таа му рекла: „Никогаш немој да ја одаваш тајната на Аллаховиот Пратеник, с.а.в.с.!“

Кога би погледнале во состојбата на нашите луѓе и жени и деца и нивниот однос спрема чувањето тајни – би можеле слободно да заплачиме! Колку тајни на доверени станале во јавност познати! Од колку доверени тајни се исплетиле разноразни приказни и романи! Затоа, да се воспитаме себеси и нашите деца врз принципот на чување на доверените тајни!

5.Личноста со убав ахлак е забранета на Џехеннемскиот оган! Абдуллах б. Месуд, р.а., пренесува дека Аллаховиот Пратеник, с.а.в.с., рекол: „ Кој ќе биде лесен, благ и близок – Аллах, џ.ш., го забранил на Џехеннемскиот оган! (Ебу Ја’ла, бр. 5060)

6.Убавиот ахлак претставува убавина на дуњалукот, а достоинство на Ахирет. Човекот вреди онолку колку поседува убав ахлак и пофални својства при себе! Убавиот ахлак е гордост и чест за оној кој се закитил со него. Многумина луѓе кои немаат голем иметок или големо знаење или голем углед или позиција, но во градот се познати и ценети заради човечко држење и убав ахлак! Многумина има ’големи’ кои лошиот ахлак и лошото однесување ги направило ’мали’, а и многумина има ’мали’ кои убавиот и добар ахлак ги направил ’големи’! Убавиот ахлак и морал се среќа, а лошиот ахлак и неморал се насреќа!

7.Личноста со убав ахлак е лице со мирно срце и смирена душа. Таквата личност навикнала на тоа да го поднесува езијјетот и навредувањето од страна на луѓето и тоа да прави сабр (трпение) на сето тоа надевајќи се на наградите кои Аллах, џ.ш., и Неговиот Пратеник, с.а.в.с., ги ветиле! Таквата личност навикнала на тоа дека од користа на луѓето е онолку колку се може, а ако не може многу да им користи на луѓето тогаш таквата личност настојува макар да не им нанесува штета, што истотака претставува добро дело. Личноста со убав ахлак е онаа која настојува да ги задоволи и постариот и помладиот и себеси рамниот. Личноста со убав ахлак е онаа личност која го понесува она што планините не можат да го понесат, тоа е личност на која и непријателот и станува пријател; тоа е личност која и нејзнајкото се чува заради што ги одбегнува, тоа е личност која најлесно допира до нотрината на туѓите срца и скриеноста на срцата отворајќи ги луѓето спрема убавиот однос према Нивниот Господар и Неговите створенија!

На секој од нас ОБВРСКА е да се преиспитаме дали сме со убав или грд ахлак, спрема Аллах, џ.ш., спрема Неговите створенија, а и према себеси? Мораме да се преиспитаме сега овде, во џамија, дома, и преку ден во чаршија, на работа, на нива, ливада или шума: Дали сме и колку сме АХЛАКНИ и МОРАЛНИ?
Го молиме Аллаха, џ.ш., да не упати на прав пат, и да не воведе во Џеннет. Амин ја Раббел – ’Алемин.

3АХЛАХ-КАРАКТЕР........ Empty Re: АХЛАХ-КАРАКТЕР........ Сре 13 Окт 2010, 5:07 pm

LAUTKA

LAUTKA
Модератор
Модератор
МОРАЛОТ ВО ИСЛАМ – (АХЛАК)

Моралот во Ислам зазема голема позиција и почесно место. Моралот е составен дел од оваа возвишена вера. Тој е основна и фундаментална цел од испраќање на Пејгамберот Мухаммед а.с.. Тој е сегмент кој е присутен кој секој ибадет и особина што треба да најде место кај секој муслиман. Тој е средство преку кое човекот се доближува до својот Господар и го резервира своето место во Џеннет. Дури и најголемата пофалба на Пејгамберот а.с. е онаа што Возвишениот Аллах џ.ш. ја потенцирал во куранскиот ајет: "Ти си навистина, со најсовршен морал." (Ел-Калем, 4)

Исто така Пејгамберот а.с. ни ја нагласил неговата основна задача од пратеничката мисија кога рекол: "Навистина сум испратен да ги усовршам моралните особини кај луѓето." (Малик)

Намазот кој е првиот практичен основ и темел на оваа вера, во себе го содржи моралот како еден од целите преку кои клањачот треба да ги оствари. Севишниот Аллах џ.ш. вели: "И клањај, навистина, намазот одвраќа од лоши и нечесни работи." (Ел-Анкебут, 45)

Исто така и зекатот, неговата функција на извршување е прочистување на душата и нејзино воздигнување. Севишниот Аллах џ.ш. вели: "Земи им од нивните имоти садака за да ги очистиш и со тоа да ги облагородиш." (Ет-Тевбе, 103)

И постот ја носи таа порака со цел душата да ја навикне на одрекнување од нејзините страсти и сите негативни пороци кои можат да произлезат со збор или дело. Во веродостоен хадис Мухаммед а.с. рекол: "Кој не ги остава лошите зборови и постапувања според нив, тогаш Аллах нема потреба од оставање на неговото јадење и пиење." (Бухари) Исто така рекол: "Кога некој од вас ќе пости, нека не навредува и нека не се кара. А ако некој го опцуе или навреди нека рече "Јас сум постач"." (Бухари)

И хаџот не е едноставно само формално патување до светите места, и не е само облекување на ихрам, правење тафав или сај. Тој исто така е средство за морално воздигнување. Возвишениот Аллах џ.ш. вели: "Хаџот е во одредени месеци, па кој од вас ќе одлучи за хаџџ, тогаш нема пцуење, нанесување штета ниту расправање со луѓето." (Ел-Бекаре, 197)

На ваков начин гледаме како ибадетите се разликуваат по својата форма, време, место но се соединуваат и спојуваат околу нивната суштина и улога: Обожавање, служење на Аллах џ.ш. и постигнување на висок морал и добар карактер на однесување.

Иманот (верувањето) моралот и доброто однесување се тесно поврзани и имаат неколку заеднички споиви точки:


 Спомнато е пред Пејгамберот а.с. дека има некоја жена која многу пости, клања и дели садака освен што има една мана а тоа е што ги вознемирува и им нанесува зло на своите комшии со јазик. Пејгамберот а.с. рече: "Таа ќе биде жител на Џехеннем (оган)." Исто така е спомнато дека има некоја жена која не клања многу, ниту пости многу ниту дели многу садака (значи од нестрогите должности) меѓутоа не ги вознемирува комшиите. Пејгамберот а.с. рече: "Таа ќе биде жител на Џеннет." (Ахмед)


 Пејгамберот а.с. објаснил дека добрите дела, доброчинството, моралот, сите спаѓаат во областа на садака (пофални дела со кои човекот се доближува до Аллах џ.ш.) Мухаммед а.с. рекол: "Секој поздрав на луѓето е садака во кој изгрева сонцето: да помириш двајца е садака, да му помогнеш на некој човек да се качи на добитокот или да му ги подигнеш багажите е садака, убава збор е садака, за секој чекор што го одиш за намаз е садака, да отстраниш пречка од пат е садака." (Бухари)

 Во друг хадис кој го пренесува Бухари стои: "Твојата насмевка во лицето на твојот брат е садака, твоето наредување на добро е садака, твоето забранување на зло е садака, твоето упатување на човек кој заскитал е садака, твоето отстранување на пречка, трње и коски од патот е садака, и посипување на твојата кофа во кофата на твојот брат е садака, твоето гледање на човек со деформиран вид е садака."

 Наспроти тоа, лошиот морал и расипан карактер ги пропаѓа добрите дела. Пејгамберот а.с. вели: "Губитник од мојот уммет е оној кој ќе дојде на Судниот ден со намаз, зекат, пост, а во меѓувреме го опцул овој, го оклеветил овој, му одзел имот на овој, му узурпирал имот на овој, го удрил овој.. Па ќе му се даде на овој од неговите добри дела, и на овој од неговите добри дела; па ако му завршат добрите дела пред да исплати што е должен, се земаат нивните
гревови и му се товарат нему, потоа ќе биде фрлен во Оган." (Муслим)

 "Срамот и иманот се нераздвојни дела ако едниот се раздели, другиот ќе исчезне." (Хаким, Таберани)


Пренесува Абдуллах б. Амр б. ел-Ас вели: Аллаховиот Пејгамбер а.с. не бил груб ниту одвратен. Туку велел: "Најдобар од вас е оној со најдобар морал."

Пренесува Муслим од хадисот на Нуввас б. Сем'ан дека Аллаховиот Пејгамбер а.с. рекол: "Доброчинство е добар морал."
Пренесува Ебу Давуд и Тирмизи од хадисот на Џабир р.а. дека Мухаммед а.с. рекол: "Најсакан од вас кај мене и најблиско место до мене на Судниот ден ќе имаат оние со најдобар морал."

Пренесува Тирмизи и Хаким и рекол – хадис сахих – од хадисот на Ебу Хурејре р.а. дека Аллаховиот Пратеник а.с. рекол: "Најсовршени верници се оние со најдобар морал."

Пренесува Тирмизи и вели – хадис добар сахих – од хадисот на Еби Дерда р.а. дека Муха-ммед а.с. рекол: "Нема потешко нешто (од добрите дела) во терезијата на човекот верник на Судниот ден од добар морал."

Пренесува Тирмизи и вели – хадис хасен сахих – од хадисот на Ебу Хурејре р.а. кој вели: Прашан е Аллаховиот Пратеник а.с. што е она што најповеќе луѓето ќе ги воведе во Џеннет. Рекол: "Побожност во Аллах и добар морал."

Пренесува Тирмизи од Ибн Мубарек во дефинирање на добар морал (ахлак) рекол: "Тоа е ведрина во лице, правење на добро и спречување на зло."

4АХЛАХ-КАРАКТЕР........ Empty Re: АХЛАХ-КАРАКТЕР........ Сре 13 Окт 2010, 5:08 pm

LAUTKA

LAUTKA
Модератор
Модератор
ВИСТИНСКИОТ ИСЛАМСКИ МОРАЛ


Има луѓе кои тврдат дека тие соодветно се држат за својата религија, додека истите тие својата религија погрешно ја разбираат или погрешно ја исповедаат. Поради оваа причина се добива погрешна слика за религијата ако се следат овие луѓе. Најдобриот пат за да се разбере Исламот е преку својот возвишен извор.

Светиот извор на Исламот е Ку'ран а.ш.. Моделот за моралот во Кур'анот а.ш. е многу различен од претпоставките што некои луѓе на запад ги имаат претпоставени со своите очи.

Кур'анот се базира врз особините на добротиите како: љубов, милост, опростување, скромност, пожртвованост, толеранција и мир. Еден муслиман што навистина ги присвоил овие особини и живее според нив, тој всушност е на висок степен култивиран, рационален, толерантен, доверлив, едноставен и пријатен во односот со другите и другите кон него. На оние кои се околу него во општеството им изразува љубов и респект и им дава мир на душите и животна радост.

Исламот е Религија на мир и спокојство. Самиот збор Ислам на арапски значи МИР. Исламот е религија која е објавена на луѓето да им понуди еден живот во смиреност и спокој, во која што Аллаховото вечно сочувство и опрост ќе се манифестира.

Аллах џ.ш. ги повикува сите луѓе моралното учење на Кур'анот а.ш. да го прифатат како модел, како опрост, сочувство, толеранција, а во светот да шират мир. Во 208.иот ајет од Суре Бекаре стои следново упатство: "О верници, живеејте сите во мир и не следете ги стапките на шејтанот; тој ви е вам, навистина, отворен непријател."

Како што гледаме во овој ајет, луѓето ќе остварат задоволство и среќа ако се покорат на моралните наредби и принципи на Кур'анот. Возвишениот Аллах го проколнува злото. Аллах џ.ш. му наредува на човештвото да го презира лошото и одвратното. Севишниот Аллах џ.ш. го забранил неморалот, непослушноста, агресијата убиството, крвопролевањето. Така оние кои не се покораваат на Аллах џ.ш. ги следат патиштата на Шејтанот, како што се наведува во горе наведениот ајет. И така заземааат став што Аллах џ.ш. без сомнение не го прифаќа.

Од многубројните ајети на оваа тема ќе наведеме само неколку.

"А оние кои не се придржуваат кон ветувањето по договорот склучен со Аллах, и кои се одвојуваат од она што го нареди Аллах да се почитува, и кои не се врз тоа, и кои прават безредие по земјата... врз нив е проклетството и за нив има лоша Куќа!" (Ер-Р'ад, 25)

"И посакувај го она што Аллах ќе ти го даде во Куќата ахиретска. Но, не заборавај го и уделот твој и на овој свет. И биди добар како што Аллах е добар кон тебе. И не посакувај безредие на земјава! Аллах, навистина, не ги љуби безредниците!" (Касас, 77)

Колку што можеме да разбереме, во овие ајети, Аллах џ.ш. ги забранува и ги обвинува сите оние кои во името на исламската вера прават лоши работи, недозволени работи, меѓу другото тероризам и насилство. Еден муслиман на светот му дарува убавина и начин за неговото афирмирање. Исламот е религија која слободата на живеење, идеите и размислувањето ги поддржува и унапредува. Исламот воедно ги забранува судирите и конфликтите меѓу луѓето, озборувањето, меѓусебното сомневање и други негативни мисли и дела кон другите. Исламот не само што го забранил тероризмот и насилството, туку забранил и секој најмал обид за наметнување идеи на другите луѓе.

"Во верата нема присилување зашто патот вистински јасно се одделува од заблудата. Оној кој ги отфрла другите богови и го прифаќа Аллах како апсолутно Боженство, тој се држи за вистинското Јаже кое нема искинатина. А Аллах е Оној кој сe слуша и сe знае." (Ел-Бекаре, 256)

"Па, опоменувај. Ти си, навистина, само опоменувач! Не е твое да владееш со нив!" (Гашија, 21:22)

Да присилуваш некого да ја прифати некоја вера е спротивно на духот и смислата на Исламот, туку морално е: Верувањето да биде самоволно и свесно. Секако дека е дозволено муслиманите некому да му го претстават Исламот и да го повикаат во Ислам (давет). Моралните наредби што се учат и се бара да се робота соодветно кон нив во Кур'анот, ниту најмалку нема присилување во нив.


На ова место дозволете да погледнеме еден друг модел на заедница/општество. На пр. Еден свет каде што луѓето ќе бидат принудени со закон да живеат по нормите на верата. Ваков еден модел на општество со Исламот е во потполна контрадикторност, затоа што верата и обожавањето имаат вредност тогаш само кога на Аллах ќе му се исповедат. Кога би имало еден систем што го присилува народот во верување и робување, тие тоа би го извршувале само поради страв од тој систем. Од верско гледиште се разбира дека верата се манифестира во една средина каде што се дозволува слободата и следењето на својот разум, и се живее само за Аллаховото задоволство.

Возвишениот Алах џ.ш. го забранил убис-твото на невини.

Врз куранската основа убивање на еден невин човек спаѓа меѓу најголемите харами - гревови:

"И заради тоа Ние им пропишавме на синовите Израилови дека, секако, оној кој ќе убие еден човек, кој не убил никого и кој не прави безредие по земјата... како да ги убил сите луѓе, а оној кој ќе спаси еден човек... како да ги спасил сите луѓе. Пејгамберите Наши им доаѓаа со јаснотии, и голем број од нив, по тоа, на земјата со испадите претеруваа." (Ел-Маиде, 32)

"И кои, освен на Аллах не се повикуваат на друг бог, и кои не убиваат никого за кого забрани Аллах, освен по правда... А оној кој ова го прави ќе вкуси грев." (Ел-Фуркан, 68)

Како што видовме во горе наведените ајети, оние кои ќе убијат невини лица без никаква причина ги очекува жестока казна. Возвишениот Аллах џ.ш. објавил дека убивањето на еден човек е толкав грев што се смета како убивање на целото човештво. Ниту еден муслиман кој ги почитува Аллаховите права, не би нанесол некакво зло кон некој друг човек. Оние кои сметаат дека ќе ја избегнат правдата и казната на овој свет, никогаш нема да ја избегнат одговорноста пред Аллах џ.ш. на Судниот ден. Затоа верниците се внимателни во секоја овосветска ситуација, затоа што знаат дека на Судниот ден ќе полагаат сметка пред Возвишениот Аллах џ.ш.

"Семоќниот Аллах им наредува на верниците доброчинство и сочувствителност."

Во овој ајет е објаснет исламскиот морал. Потребно е, верниците еднинадруги трпеливост да препорачуваат и еднисодруги милост да препорачуваат

Исламот како што е објаснет во Кур'анот е една модерна разјаснета и прогресивна религија. Еден муслиман најпрвин е човек на мир, тој е толерантен, цивилизиран, поседува демократска душа, култивиран, стабилен, смирен, чесен, поседува знаење за уметност и наука.

Еден муслиман кој во вистинска смисла според моралните курански принципи е воспитан, му се доближува на секого со потребна љубов што Исламот ја налага. Тој покажува почит кон секоја идеја и искажува големо значење на уметноста и естетиката. Тој во секоја ситуација е смирен. Општествата кои се изградени со вакви индивидуи и поседуваат исто такви индивидуи поседуваат висока цивилизација, со големо морално и социјално ниво. Во неа владеат многу радост и среќа, праведност и сигурност,

"Биди умерен! Наредувај добро и избегнувај ги незнајковците!" (Ал-'Араф, 199)

Наведената добра постапка во сурето Ал'Араф 199.ти ајет, ги покажува особините на толеранцијата и добрата постапка, а тие се од фундаменталните принципи на исламската вера.
Ако погледнеме во Историјата на исламот, можеме да го забележиме следново: Како муслиманите оваа важна наредба, моралното покорување на Кур'анот го гледаат во нивниот социјален живот.? Во секој аспект од нивниот развој разоруваа расипани средини, а изградуваа една слободна и толерантна средина. Во просторот на верата, јазикот и културата им докажаа на луѓето дека е можно сите да живееат под ист покрив слободно и мирно. Затоа им нудеа на оние, што од нив зависат предностите во науката, една социјална и општествена позиција. Една од најважните причини за постоењето и зајакнувањето на големата и раширена Османлиска Империја преку многу векови, беше нејзиниот животен начин на толеранција и разбирање, што нивните корени се почиват врз Исламот.

Низ векови муслиманите се очитуваа и одразуваа преку нивната толеранција и солидарност. Во секој период муслиманите беа најправедните и најдобродушните луѓе. Сите етнички групи во границите на мултикултурната заедница, ги извршуваа нивните верски прописи, и уживаа предност соодветно на нивните култури, да живеат и на нивниот Бог на својот начин да му робуваат.

Навистина исклучителната толеранција на муслиманите, што е наредена да се искажува според Кур'анот може на целиот свет да му донесе мир и благосостојба. Кур'анот посветува внимание на посебниот начин на толеранцијата:

"Не се изедначуваат доброто и злото! Возврати му со она што е најдобро, па ако меѓу него и меѓу тебе има непријателство, потоа може да стане пријател близок." (Фусилет, 34)


Заклучок:

Сето ова покажува дека моралното учење што му се нуди на човештвото од страна на исламот може да му донесе светски мир, среќа и правда. Барбаризмот што денеска е познат во светот под името на “исламски тероризам” потполно му се спротивставува на моралното учење на Кур'анот: тоа е дело на необразовани, нетолерантни луѓе, злосторници, што со верата немаат ништо заедничко. Решението против овие индивидуи и групи кои нивните грозни дела ги ставаат под покривот на исламот е: подучување на луѓето во вистинското морално учење на исламот. Верата на исламот и моралното учење на Кур'анот не се во ниедна смисла подржувачи на тероризмот и терористите, туку средство со кое светот ќе успее да се ослободи од ропството на тероризмот.

5АХЛАХ-КАРАКТЕР........ Empty Re: АХЛАХ-КАРАКТЕР........ Сре 13 Окт 2010, 5:09 pm

LAUTKA

LAUTKA
Модератор
Модератор
Моралот во Ислам зазема голема позиција и почесно место. Моралот е составен дел од оваа возвишена вера. Тој е основна и фундаментална цел од испраќање на Пејгамберот Мухаммед а.с.. Тој е сегмент кој е присутен кој секој ибадет и особина што треба да најде место кај секој муслиман. Тој е средство преку кое човекот се доближува до својот Господар и го резервира своето место во Џеннет.

Исто така Пејгамберот а.с. ни ја нагласил неговата основна задача од пратеничката мисија кога рекол:

إنّما بُعثت لأُتمم مكارم الأخلاق
"Навистина сум испратен да ги усовршам моралните особини кај луѓето." (Малик)

Пример за нашето однесување мора да биде Аллаховиот Пратеник с.а.в.с., бидејќи токму него Аллах џ.ш. го избрал да биде модел во кој треба му’минот да се угледа. Возвишениот Аллах вели:

لَّقَدْ كَانَ لَكُمْ فِي رَسُولِ ٱللَّهِ أُسْوَةٌ حَسَنَةٌ
“Вие е во Аллаховиот Пратеник имате прекрасен пример..” (Ел-Ахзаб, 21)

Намазот кој е првиот практичен основ и темел на оваа вера, во себе го содржи моралот како еден од целите преку кои клањачот треба да ги оствари. Севишниот Аллах џ.ш. вели: "И клањај, навистина, намазот одвраќа од лоши и нечесни работи." (Ел-Анкебут, 45)
Исто така и зекатот, неговата функција на извршување е прочистување на душата и нејзино воздигнување. Севишниот Аллах џ.ш. вели: "Земи им од нивните имоти садака за да ги очистиш и со тоа да ги облагородиш." (Ет-Тевбе, 103)

И постот ја носи таа порака со цел душата да ја навикне на одрекнување од нејзините страсти и сите негативни пороци кои можат да произлезат со збор или дело. Во веродостоен хадис Мухаммед а.с. рекол: "Кој не ги остава лошите зборови и постапувања според нив, тогаш Аллах нема потреба од оставање на неговото јадење и пиење." (Бухари) Исто така рекол: "Кога некој од вас ќе пости, нека не навредува и нека не се кара. А ако некој го опцуе или навреди нека рече: ‘Јас сум постач’.” (Бухари)

И хаџот не е едноставно само формално патување до светите места, и не е само облекување на ихрам, правење тафав или сај. Тој исто така е средство за морално воздигнување. Возвишениот Аллах џ.ш. вели: "Хаџот е во одредени месеци, па кој од вас ќе одлучи за хаџџ, тогаш нема пцуење, нанесување штета ниту расправање со луѓето." (Ел-Бекаре, 197)

На ваков начин гледаме како ибадетите се разликуваат по својата форма, време, место но се соединуваат и спојуваат околу нивната суштина и улога: Обожавање, служење на Аллах џ.ш. и постигнување на висок морал и добар карактер на однесување.
Иманот (верувањето) моралот и доброто однесување се тесно поврзани и имаат неколку заеднички споиви точки:

 Спомнато е пред Пејгамберот а.с. дека има некоја жена која многу пости, клања и дели садака освен што има една мана а тоа е што ги вознемирува и им нанесува зло на своите комшии со јазик. Пејгамберот а.с. рече: "Таа ќе биде жител на Џехеннем (оган)." Исто така е спомнато дека има некоја жена која не клања многу, ниту пости многу ниту дели многу садака (значи од нестрогите должности) меѓутоа не ги вознемирува комшиите. Пејгамберот а.с. рече: "Таа ќе биде жител на Џеннет." (Ахмед)

 Пејгамберот а.с. објаснил дека добрите дела, доброчинството, моралот, сите спаѓаат во областа на садака (пофални дела со кои човекот се доближува до Аллах џ.ш.) Мухаммед а.с. рекол: "Секој поздрав на луѓето е садака во кој изгрева сонцето: да помириш двајца е садака, да му помогнеш на некој човек да се качи на добитокот или да му ги подигнеш багажите е садака, убава збор е садака, за секој чекор што го одиш за намаз е садака, да отстраниш пречка од пат е садака." (Бухари)

 Во друг хадис кој го пренесува Бухари стои: "Твојата насмевка во лицето на твојот брат е садака, твоето наредување на добро е садака, твоето забранување на зло е садака, твоето упатување на човек кој заскитал е садака, твоето отстранување на пречка, трње и коски од патот е садака, и посипување на твојата кофа во кофата на твојот брат е садака, твоето гледање на човек со деформиран вид е садака."

 Наспроти тоа, лошиот морал и расипан карактер ги пропаѓа добрите дела. Пејгамберот а.с. вели: "Губитник од мојот уммет е оној кој ќе дојде на Судниот ден со намаз, зекат, пост, а во меѓувреме го опцул овој, го оклеветил овој, му одзел имот на овој, му узурпирал имот на овој, го удрил овој.. Па ќе му се даде на овој од неговите добри дела, и на овој од неговите добри дела; па ако му завршат добрите дела пред да исплати што е должен, се земаат нивните гревови и му се товарат нему, потоа ќе биде фрлен во Оган." (Муслим)

 "Срамот и иманот се нераздвојни дела ако едниот се раздели, другиот ќе исчезне." (Хаким, Таберани)
Пренесува Абдуллах б. Амр б. ел-Ас вели: “Аллаховиот Пејгамбер а.с. не бил груб ниту одвратен. Туку велел: "Најдобар од вас е оној со најдобар морал."

Пренесува Муслим од хадисот на Нуввас б. Сем'ан дека Аллаховиот Пејгамбер а.с. рекол: "Доброчинство е добар морал."

Пренесува Ебу Давуд и Тирмизи од хадисот на Џабир р.а. дека Мухаммед а.с. рекол: "Најсакан од вас кај мене и најблиско место до мене на Судниот ден ќе имаат оние со најдобар морал."

Пренесува Тирмизи и Хаким и рекол – хадис сахих – од хадисот на Ебу Хурејре р.а. дека Аллаховиот Пратеник а.с. рекол: "Најсовршени верници се оние со најдобар морал."

Пренесува Тирмизи и вели – хадис добар сахих – од хадисот на Еби Дерда р.а. дека Мухаммед а.с. рекол: "Нема потешко нешто (од добр-ите дела) во терезијата на човекот верник на Судниот ден од добар морал."

Пренесува Тирмизи и вели – хадис хасен сахих – од хадисот на Ебу Хурејре р.а. кој вели: “Прашан е Аллаховиот Пратеник а.с. што е она што најповеќе луѓето ќе ги воведе во Џеннет. Рекол: "Побожност во Аллах и добар морал."

Пренесува Тирмизи од Ибн Мубарек во дефинирање на добар морал (ахлак) рекол: "Тоа е ведрина во лице, правење на добро и спречување на зло."

Кога ќе ги погледнеме претходно изнесените хадиси, тогаш добиваме причина повеќе да се заложиме уште повеќе на усовршување на полето на нашиот убав ахлак, на полето на морално воздигнување, а за кои, како што гледаме постои огромна награда. Таа награда се добива само тогаш ако тоа го правиме со искрен нијет и за името на Аллах џ.ш. Аллах го молам да ни подари сила и волја да ги очистиме своите нијети од дволичност и лицемерство, своите срца да ги наполниме со искреност и нашите дела да бидат тие за кои Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. рекол: “Нема ништо потешко на вагата на му’минот на Судниот ден од убавиот ахлак...” Господару наш, направи нé од оние кои ќе се најдат во куќата за која Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. рекол: “...а куќа во највозви-шениот дел на Џеннетот е за оние со убав ахлак-морал.” Амин!!!

6АХЛАХ-КАРАКТЕР........ Empty АХЛАХ-КАРАКТЕР........ Вто 09 Ное 2010, 7:15 pm

LAUTKA

LAUTKA
Модератор
Модератор
Muslima4Islam напиша:bismillah

АХЛАХ-КАРАКТЕР........ 698808

Abdullah ibn Amr ibn AS prenesuva deka Allahoviot Pejgamber rekol:
"Najdobri pomedu vas se onie so najdobar Karakter."
(Buhari)


Najsovrshen e Imanot kaj onie stho najmoralno se odnesuvaat i koj imaat najdobar Karakter. Pomedu vas najdobar e onoj koj najdobro se odnesuva sprema svoeto Semejstvo. Abu Davud, Tirmidi)


Koj nema nezhnost i covecnost go promashilo dobro Goelmo. (Muslim)


Navistina Allah gi saka tie so toplina vo Dushata i za toa im dava Nagrada koja ne ja dawa nikomu za nistho drugo. (Muslim)


Allah ne gleda vo vashite Izgleda, nitu vo Imotite, tuku gleda vo vashite Srca i vo vashite Dela. (Muslim)


Na kogo mu e dadeno pa toj e so topol (Vedar) Karakter i toj e milosliv, dadeno mu e dobro golemo na dvata sveta. Vnimanjeto i Posetuvanjeto na Rodninite, dobriot Odnos so Sosedite i dobriot Karakter, nosat Sreka i Blagosostojba na Zemjata i vo Gradovite i go prodolzhuvaat Zhivotot na Covekot. (Ahmed)


Sponsored content


Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот  Порака [Страна 1 of 1]

Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот