1 Како да се научат децата да го сакаат Пратеникот, а.с.? Саб 04 Дек 2010, 1:10 pm
Muaz al Islam
Модератор
Како да се научат децата да го сакаат Пратеникот, а.с.?
Еве неколку интересни активности кој можете да ги работите со своите деца.
Сите го сакаме нашиот Пратеник (нека е мир и салават на него). Едноставно затоа што тој ни го доставил Божјето упатство и ни помогнал да го пронајдеме патот до Вистината. Тој е наречен „светло“, како што Семоќниот Аллах вели: „А од Аллах ви доаѓа светлост и Книга јасна.(Ел Маида, 15)
Поради тоа природно е на нашите деца да им всадиме љубов спрема Пратеникот, а.с., исто така треба да настојуваме и нашата љубов кон Пратеникот, а.с., да расте од ден на ден.
Сакам да нагласам дека љубовта кон Пратеникот, а.с., треба да ни биде мотивација во следењето на благородните принципи кој тој ни ги поставил да управуваат со нашите животи. Незамисливо е да тврдиме дека го сакаме Пратеникот, а.с., а во исто време да го правиме сето она што се спротиставува со неговото учење. Тоа не е љубов. Тоа е самозалажување!
Муслиманите широм светот никогаш не престануваат да го спомнуваат Пратеникот, а.с., и да му носат салавати нему.
Па зошто да не организираме седмнодневна фамилијарна активност за животот на Пратеникот, а.с.?
Или можеме секој дена да вклучуваме различни аспекти од сите активности.
Која и да метода ја одбереме, со ова одаваме признание на големата улога која Пратеникот(нека е мир и салават на него) ја има во нашите животи.
За да предизвикаме такви благородни емоции во фамилијата, секој нека седне со молив и хартија, и нека размисли за идеите, за активностите во врска со Пратениковиот, а.с., живот, па заедно решете за нив.
Некои совети за тие активности:
1. Патувај со Пратеникот, а.с
Набавете карта од Арабија, или уште подобро децата нека ја прецртаат од атласот. Потоа означете ги различните места по кои тој патувал од Мека во Медина. Секој би требал да истражи некое од патувањата и да го презентира на целата фамилија за време на фамилијарниот разговор или состанок.
2. Будете се со Пратеникот, а.с
Пратеникот, а.с секој ден се будел пред зората (феџр) да го обожува Аллах и да му прави зикр (сеќавање на Аллах). Додека гледал во небото, би го читал последниот дел од сурата Ел-Имран и размислувал за вселената и неговиот Создател. Ова е одличен начин да се приближите кон Аллах додека имате најдобра концентрација, затоа што тогаш умот е безгрижен од секојдневните грижи, а Аллах ни е многу блиску. Откако би настапила зората, Пратеникот (нека е мир и салават на него) клањал, а потоа би разговарал со луѓето кои останувале после намазот. Целата фамилија нека се буди на овој намаз. Потикнувај ги на најубав начин да се будат поради обожување на Аллах така како што Пратеникот а.с работел.
3. Организирајте вечерни приказни
Ова може да се работи пред спиење одкако децата ќе се вратат од училиште, или било кое друго време погодно за учење. Прв чекор кон љубовта спрема Пратеникот а.с и учење од него, е познавањето на неговиот живот и она поради што тој бил голем човек. Можете да купите детски книги за неговиот живот, или да ги слушате на ЦД додека се возите во автомобил на патот до или од училиштето. Може секој од фамилијата да одбере една приказна која ќе им ја раскаже на другите. Ова ќе вклучи истражување и читање.
4. Спијте како тој
Пратеникот а.с спиел на посебен начин. Пред спиење правел дова. Како израз на вашата љубов би можеле една вечер да спиете како што Пратеникот а.с спиел. Некои муслимани секогаш така спиат, иако верата на тоа не не обврзува. Пратеникот а.с спиел на десната страна со десната рака под десниот образ. Пред заминување во кревет земал абдест. Учел една или две и неколку кратки делови од Куранот. Можете да ги научите на памет и неговите дови со разбирање на значењето и да ги копирате и за останатите во фамилијата.
5. Јадете како тој
Постојат преданија за видот на храната која Пратеникот а.с ја јадел и најмногу ја сакал. Направете список за таа храна. Кога целата фамилија е собрана, една личност нека раскажи за однесувањето на Пратеникот а.с за време на јадењето. Најдобар за тоа е некој помлад член од фамилијата. На пример, Пратеникот, а.с ги советувал муслиманите како да јадат, при што да им биде полна само една третина од стомакот. Пред јадење исто така треба да се измијат рацете, да се рече “бисмиллах“ (во името на Аллах) и други дови пред почетокот на јадењето. Треба да се јаде со десната рака.
6. Клањајте како Пратеникот а.с
Во времето на Пратеникот а.с кога имамот за време на намазот би погрешил во учењето на Куранот, другите го исправувале. Во седмицата на учењето на вашите деца да живеат како Пратеникот а.с секој ден некој друг нека го предводи намазот, а останатите нека ги исправуваат грешките ако ги има. Тоа нема да биде само навикнување на суннет, туку ќе се подучат и на понизност.
7. Играјте се како Пратеникот а.с
Пратеникот а.с ја сватил важноста на забавата и играта. Тој се тркал со својата жена Аиша р.а., а таа во главно би го победувала. Со асхабите пливал и се борел, со нив исто така и се шегувал. Ги сакал децата и се играл со нив. Муслиманите не смеат да го заборават овај дел од неговиот живот. Тркајте се со сопружникот во дворот, наместете базен за децата, вклучете ги децата во некоја спортска активност.