ЗА МОРАЛОТ
1. Искажувај ја почитта кон името на Аллах џ.ш. така што секогаш кога ке го споменеш додади Џеллешануху.
2.Секогаш кажи го салаватот за Аллаховиот Пејгамбер а.с.
3. Кога ке се спомене името на некој од асхабите или познатите алими(учењаци) и евлиите речи: Радиијаллаху анху..Меѓутоа дека не е секој што има турбе евлија. Не е евлија ни тој , чие името често му се споменува.
4. Биди страмежлив и избегувај ги непристојностите и дрскоста. Страмежливоста носи секое добро.
5.Обраќај им се на луѓето со зборови што ги разбираат.
6.Чувај се од непристојни и грди работи.
7.Биди културен и однесувај се убаво.Најдобриот меѓу луѓето е оној кој најдобро се однесува.
8. Контолирај ја лутината и запри ја во себе..
9.Биди едноставен и внимателен.Избегнувај ја грубоста, а и избрзувањата.
10. Имај ведрина насмевка и убави зборови . Внимавај да не си намуртен.
11.Не упаѓај во збор, со што ке го прекинеш соговорникот.Прво сослушај го и кога ќе заврши можеш и ти да зборуваш.
12. Не шепоти кога си во друштво.
13. Имај добро и убаво мислење за другите.Секое сомнебање е еден вид на грев.
14.Изговарај го селамот како што е пренесен во суннетот `Есселаму алејкум` . Не поздравувај се со знаци, рака или со глава, со исклучок ако тоа се прави како потврда на селамот.
15.Избегнувај однесување да очекуваш луѓето да ти стануваат.
16. Ракувај се со луѓето(машки) бидејки со ракувањето се простуваат гревовите.
17. Не загледувај преку ѕидот во ничии двор. Тоа можеш да го правис само доколку ти се допушти.
18. Не прислушкувај и не спионирај.
19.Ако се плашиш за својот иман подобро осами се!
20. Не дозволувај да не зборуваш со некој, освен доколку тоа е заради Аллах џ.ш.
21.Не зборувај лошо за никого.
22.За ништо и за никој не вели проклет да е.Тука спаѓаат и предметите и животните.
23.Строго внимавај да не наведеш некого во зина(блуд). Тоа е еден од најголемите гревови.
24.Не заплашувај го својот брат муслиман и не нанесувај му штета.
25.Настојувај да ги помириш скараните, дури и со помошта на дозволене лага.
26.Ако некој ти се извини, прими го неговото извинување и настојувај да го оправдаш пред тој да се извини.
27.Никому не му ставај погрдни додатоци на името и инкому не му се обраќај со погрдно име.
28.Не прекажувај со намера да скараш некого.
29.Чувај се од озборувања (гибет). За друг не зборувај така, што може тој да не го сака тоа.
30.Не исмејувај никого , и не валкај ничија чесност.
31.Не слушај го тоа што не е дозволено да се зборува.
32.Не пишувај го тоа што е забрането да се зборува или слуша.
33.Имај добро мислење за другите. бидејќи сомнежот е дел од гревот.
34.Зборувај само тоа што е врено или молчи.
35.Биди со чисто срце.На никој не му завидувај и никого не мрази.
36.Биди скромен. Не биди вообразен и горделив пред кого и да си.
37.Не восхитувај се од себеси и од своите остварувања.
38.Не фали се и не препишувај ги заслугите за свои и кога ги имаш, особено не кога тие не се твои.
39. Не обраќај м усе на блудникот , грешникот и неверникот со пофалини зборови.
40. Биди искрен и избегнувај лага.Лажењето е еден од поголемите гревови.
41.Не колни се во ништо ,освен во Аллах џ.ш. и не колни се често без оглед на тоа што можеби си искрен.
42.Никого не потценувај. Меѓу луѓето нема разлика, освен со изклучок на богобојазливоста и на вистинската состојба на работите и по она како тие ке завршат.
43.Остранувај ги работите што ти пречат.
44.Не седнувај на пат. ниту во кафеани или простории во кои има забранети забави (кина, клубови и сл.)
45.Исполнувај ги своите ветувања.Немој да се поигруваш и да лажеш.
46.Не оди кај гатари, и видовњаци. Не верувај во нивните кажувања за да не ти пропаднат сите направени добри дела.
47.Не цртај лик на човек или животно бидејки сликарите кои тоа го прават на судниот ден ке бидат казнети со најтежшка казна.
48.Не искажувај почит кон слики, така што ке ги закачуваш на ѕидот или ке ги чуваш со особено внимание.Со тоа ги попречуваш мелеките да ти влегуваат дома.
49.Не играј карти и останати игри од слична природа кои не се корисни.
50.Не пеј и не слушај песни (стихотворби) кои ги пеат грешниците и тие што не се придржуваат до верата.
51.Не слушај музика и не купувај било сто од музички инструменти , дури не и фрула.
52.Не забавувај се со голубарството.
53.Не држи птици во кавези.
54.Не спиј на балкон без ограда.
55.Не спиј на стомак.Така спие шејтано , а Аллах џ.ш. го лути таквото спиење.
56.Не седнувај на линијата меѓу Сонцето и сенката.
57.Кога се прозеваш , покриј ја устата со надланката на левата рака.Не прозевај се гласно.
58.Тој што ке кивне ако каже `Елхамдулилах` а ти речи` Јерхамукеллах`(Нека ти се смилува Аллах џ.ш.) а тој треба да рече: Јердикумуллах ве јуслиху белекум`. (Нека те упати Аллах џ.ш. и нека ти даде секое добро)
59.Не верувај дека може нешто да ти донесе несреќа и не припишувај ја никој вистинската моќ и причина , освен на Аллах џ.ш.
60.Не држи куче, со исклучок на лов и за да те чува.
61. Избегнувај од тоа да свиркаш да аплаудираш. Тоа се обичаи на немуслиманите.