1 12 совети за потполен и покорен намаз Пон 13 Дек 2010, 3:23 pm
Muaz al Islam
Модератор
12 совети за потполен и покорен намаз
1. Кога ќе стапиш во намаз , сети се дека стоиш пред Господарот , Моќниот и Силниот , Кој го створил огромниот космос , Сонцето и милијарди други звезди, потоа Земјата и тебе како еден од жителите на неа , тебе кој сега се обраќаш на Тој Моќен Створител . Ако стигнеш пред намаз прочитај нешто од Куран или некој хадис кој ти укажува на Аллаховите возвишени својства , Неговата милост , племенитост , величина и слично . – тоа ќе те подсети пред кого стоиш во тие моменти .
2. Обавезно научи го преводот на значење на она што го учиш во намазот , од почетните дови до крајот , и размислувај за тоа што моментално го учиш во намазот – верувај дека ова ќе ти биде од огромна корист за подобро да се соживееш во намазот .
3. Не брзај кога ќе стапиш во намаз , туку секое движење прави го полека и со покорност , затоа што ако брзаш нема да добиеш многу од тој намаз .
4 . Кога учиш Куран во намаз ( Фатиха , па потоа некое друго Суре ) учи ги полека и разубавувај го својот глас колку можеш подобро ( тоа важи и кога учиш во себе-дневните намази , и кога учиш на глас – ноќните намази ) тогаш ќе почувствуваш посебна сласт – повторно те подсетувам да размислуваш за преводот на значењето на ајетите кои ги учиш во тие моменти .
5. Научи некое подолго Суре од Куран , а потоа учи го како што е опишано во точка 4. и ќе почувствуваш во намазот нешто толку убаво што никаде на друго место на дуњалуков не можеш да го почувствуваш .
6. Остани на руку подолго време , размисли за тоа што го изговараш и сети се дека си се поклонил на Возвишениот Господар , субханАллах , ќе почувствуваш нешто посебно ако останеш подолго во таа положба размислувајќи дека свесно си се поклонил/ла пред Аллах џ.ш.
7. Сеџда , тоа е навистина нешто посебно , остани во таа положба колку што можеш подолго (ако имаш време за тоа) затоа што знај дека тогаш си најблиску до Својот Господар . Ако брзаш и само механички паѓаш на Сеџда , тогаш сигурно си од оние кои ретко ја осетуваат сласта на намазот . Значи , остани подолго на Сеџда и тогаш е скоро невозможно а да не почувствуваш среќа ,смиреност и задоволство , поточно , тогаш ќе ја почувствуваш силната врска со Господарот на сите светови .
8. Бори се со шејтанот цело време , и обидувај се да се сконцентрираш на тоа што го учиш и на преводот на истото , затоа што шејтанот секојпат ти доаѓа со други мисли со кои сака да те одврати од концентрацијата во намазот , но штом ќе забележиш дека мислите ти се насочиле кон некои дуњалучки работи тогаш обиди се да размислиш повторно за тоа што го учиш и за преводот на твојот разбирлив јазик , и тоа повторно ќе те врати со мислите во намазот .
9. Запамети , како што сега стоиш пред Аллах џ.ш. во намаз , дека исто така ќе стоиш пред Него , во голем страв , на Судниот ден , и дека тогаш нема да можеш да сториш ништо со кое ќе се спасиш , па затоа направи го својот намаз исправен и своите дови искрени и со покорност , па стоењето пред Аллах џ.ш. на денот на конечното полагање ќе ти биде многу полесно .
10. Избегнувај , ако си во можност, да клањаш кога си уморен , затоа што во таква состојба шејтанот лесно те одведува со мислите на нешто друго .
11. Клањај ги намазите што почесто во џемаат ( џамија) , или ако си дома тогаш клањај заедно со членовите на своето семејство , затоа што тогаш имаш поголем бериќет и поголема награда , иншАллах .
12. Не биди тажен и не губи воља ако не можеш во секој намаз да осетиш голема сласт , затоа што тоа , навистина е многу тешко , но труди се што почесто да уживаш во намазот , тогаш ќе спознаеш зошто Мухаммед с.а.в.с. рекол дека најголемата среќа на дуњалуков му била намазот .
ИншАллах овие совети ќе ни помогнат за подобра концентрација , потполен и покорен намаз . АМИН !!!