1 Награда за учење на куран за оној кој што не го разбира она што го учи? Сре 22 Мај 2013, 1:18 pm
Muwehhid
Модератор
Прашање: Јас го учам Куранот но не го разбирам неговото значење, затоа ме интересира да ли ќе бидам награден за своето учење?
Одговор: Чесниот Куран е благословен, како што тоа ни го кажуваат зборовите на Возвишениот Аллах: ] Книга што Ние ти ја објавивме е-благословена, за да размислуваат за ајетите нејзини и за да се сеќаваат оние со дадениот им разбир. (Сад 29)
Човекот ќе биде награден поради учењето на Куранот без разлика на неговото значење или не.
Човекот не би требало да го учи Куранот а да не го разбира неговото значење.
Човекот кој сака да студира медицина и ќе поќне да чита книги кои зборуваат за медицината, не би имале корист од нив освен ако го разбира неговото значење. Згора на тоа, тој би се трудел добро да го разбира она што го чита како потоа би можел да го прави тоа во пракса.
Па што мислиш тогаш ако требаше да се трудиме да го разбираме Куранот кој што е лек за она што е во градите и опоменувач за луѓето, бидејќи што ќе постигне човекот ако го учи без разбирање?!
Поради тоа, асхабите на Аллаховиот Пратеник, саллаллаху алјхи ве селлем не ги надминуваа десет ајети се додека не го разбрале нивното значење кое е што е во нив и практиќно го применувале(практикувале) она што се наоѓа во тие ајети.
Човекот ќе биде награден за учењето на Куранот без разлика да ли го разбрал неговото значење или не, но би требало максмиално да се потруди да го разбере она што го учи, значењето на Куранот да го зема- да го учи од доверливи научници(Алими). Ако човекот не поседува можност да учи од научниците(алимите)- во живо(со нив), тоа може да го направи со читање на киниги тесфир(толкување на Куранот), како што се: тесфир од Ибн Џерир, Ибн Кесир и др.
Одговор: Шејх Мухаммед Салих ел-Усејмин
Извор:islam-qa
Обработка: Ahlu-sunnah