1 Ибн Тејмијје за честитање на Бајрам Сре 24 Окт 2012, 11:24 pm
Al-Ghuraba
Модератор
Во името на Аллах Милостивиот и Сомилосен!
Прашање:
Дали постои некаква основа во Шеријатот за бајрамско честитање поред “Eид Мубарек“ (Благословен Бајрам) и слично? Што во тој случај треба да се каже?
Одговор:
Што се однесува за честитање Бајрам коешто човекот го кажува после Бајрам намазот, како што е “Аллах да прима од нас и од вас (Текаббел Аллаху минна ве минкум)“ и слично, се пренесува дека некои следбеници така правеа. Имами, како што е Ахмед и други, тоа го сметаат дозволено. Но, Ахмед меѓутоа рекол: “Затоа што честитката е задолжително да се врати. Меѓутоа, не е нареден суннет да се започне со честитање ниту пак е забрането. Оној кој тогаш ќе честита, има предходници, а оној кој нема да честита, исто така има предходници - а Аллах најдобро знае.
Автор: Шејх-ул-Ислам Ахмед бин Тејмијје (д. 728)
Извор: Меџму-ул-Фетва (24/253)
[You must be registered and logged in to see this link.]