Исто така потвредено е дека Деџџал нема да има пристап во четири џамии: Месџидул-Харам (Мекка), Месџидул-Медиине (Медина), Месџиду-Тур и Месџидул-Акса (Ерусалим).
Се пренесува дека Аллаховиот Пејгамбер рекол: “Тој ќе се задржи на земја четириесет сабахи, ќе дојде на секој извор, а нема да се приближи кај четири џамии: Месџуд-ел-Харам, Месџид ел-Медиине, Месџид ет-Тур и Месџид-ел- Акса.” (Ахмед)
Најбројни следбеници на Деџџал ќе бидат: евр- еите, неарапите, татарите, жените, бедуините и неучените т.е. простата маса на луѓе.
Деџџаловото искушение се смета за најголемо искушение
Искушението на Деџџал се смета за најголемо искушение откако го создал Аллах џ. ш. Адема а.с. па се до судниот ден, поради тоа што Аллах џ.ш. ќе му даде натприродна моќ со која ќе прави чуда од кои разумот ќе остане вџашен.
Се наведува дека со него ќе биде џеннет и џехенем, но неговиот џеннет ќе биде џехенем а неговиот џехенем ќе биде џеннет, со него ќе бидат големи реки, брда со леб, ќе му нареди на небото да врне дожд и тоа ќе заврне, на земјата да никне и таа ќе никне, ќе го следат богатс- твата на земјата, ќе ја поминува земјата со голема брзина; како облак кој го тера ветрот.. и други необични нешта.
Аллаховиот Пејгамбер а.с. рекол: “Од неговото искушение - (на Деџџал) - ќе му рече на некој бедуин:што мислиш ако ти ги проживеам твоите родители, дали ќе посведочиш дека сум твој господар? Бедуинот ќе рече: Да. Тогаш, двајца шејтани ќе се претворат во неговите родители и ќе му речат: О синко! Следи го него,бидејќи тој е твојот господар.” (Ибн Маџџе)
Исто така рекол: “Деџџал е ќор со левото око, со разбушавена коса, со него ќе бидат џеннет и џехенем, но неговиот џеннет е џехенем а неговиот џехенем е џеннет.” (Муслим)
Во хадисот на Наввас ибн Сем‘аан р.а. се наведува дека асхабите го прашале Пејгамбе- рот: О Аллахов пратенику! Колку ќе се задржи (Деџџал) на земјата? Рекол: Четириесет дена: ден како година, ден како месец, ден како недела, и преостанатите дена како вашите ден- ови. Прашале: Со каква брзина ќе се движи на земјата? Рекол: ‘Како облак кога ветер го тера.’ Потоа ќе дојде кај луѓето и ќе ги повика, и тие ќе поверуваат во него, и ќе се одзвијат на негов- иот повик, ќе му нареди на небото да врне и ќе врне, на земјата да никне и таа ќе никне, стоката ќе им се врати на крајот на ден сита и со полно млеко.
Потоа ќе дојде кај луѓето и ќе ги повика, а тие ќе го одбијат неговиот повик,па ќе ги напушти нив. ќе останат сиромашни без да имат нешто, ќе помине покрај урнатини па ќе и рече: ‘Исфрли ги ризниците на твоите богатст- тва’, па богатството ќе го следи како рој од пчели (машки). Потоа ќе го повика еден крупен младич, ќе го удри со сабја и ќе го преполови на два дела. Тогаш, повторно ќе го повика, а тој ќе дојде со ведро и насмеано лице.” (Муслим)
Во преданието на Имам Бухари се наведува дека човекот кој Деџџал ќе го убие е еден од најдобрите луѓе., ќе дојде пред Деџџал од Медина (градот на Пејгамберот) и ќе му рече на Деџџал: “Сведочам дека ти си Деџџал за кого ни раскажувал Аллаховиот Пејгамбер . Деџџал ќе рече: што мислите ако го убијам, и потоа го проживеам, дали ќе се посомневате во мене? Тие ќе речат: Не.
Па ќе го убие, потоа ќе го проживее. Тогаш, човекот ќе рече: ‘Се колнам во Аллах, сега ми е појасно кој си ти. Деџџал ќе посака да го убие, но не ќе може тоа да го стори.”
Ибн Ареби рекол: “Сето она што ќе го прави Деџџал од разни чуда и необичности: од спушт- ање на дожд, благосостојба за оној кој поверува во него, мака за оној кој ќе го одбие, следење на земјините богатаства, џеннет, џехенем, реки, кои ќе бидат со него; сето тоа е искушение и испит од страна на Аллах џ.ш. да го уништи лицемерот и слабиот, а да го спаси цврстиот верник.
Сето тоа е страшно, затоа Аллаховиот Пејгамбер рекол: “Нема поголемо искушение од искушението на Деџџал.” (Фетхул-Бари)
Како да се заштитиме од Деџџал?
Како што секој божји пратеник го предупредил и известил својот народ од искушението на Деџџал, така и Мухаммед а.с. го предупредил својот уммет од тоа страшно искушение, бидејќи Деџџал ќе се појави во овој уммет со сигурност, зошто овој уммет е последен од сите народи и нашиот Пејгамбер е печат на сите пејгамбери.
А сега да укажеме на некои начини со кои ќе се заштитиме со помош на Аллах џ.ш.од сплетките на Деџџал:
Прво: Цврсто придржување за Аллаховата вера, продлабочување на нашето верување, спознавање на божјите добри имиња и убави својства, и да знаеме дека: “Ништо не му е слично нему” додека Деџџал е ќор, а Аллах џ.ш. не е , и дека ние нема да го видиме Аллаха освен после смртта, додека Деџџал ќе го видат сите луѓе кога ќе се појави; верник и неверник.
Второ: Барање на заштита и прибежиште од сплетките на Месих Деџџал, а посебно во намаз после тешехуд пред селам.
Аиша р.а. жената на Мухаммед а.с.вели дека Аллаховиот Пејгамбер се молел во намаз со зборовите: “О боже, барам заштита кај тебе од казната во гробот, и барам заштита од фитнето на месих Деџџал..” (Бухари, Муслим)
Трето: Учење напамет првите и последни ајети од суретул-Кехф. Аллаховиот Пејгамбер а.с. наредил да се учат првите ајети од суретул-Кехф поради заштита од сплетките на Деџџал, додока во некои други преданија последните ајети, и тоа десетте нејзини први или последни ајети. Аллаховиот Пејгамбер а.с. рекол: “Кој ќе ги научи напамет десетте први ајети од суретул-Кехф ќе биде заштитен од Деџџал.” (Муслим)
Исто така рекол: “Кој од вас ќе го доживее Деџџал, нека ги учи првите ајети од суретул-Кехф.” (Муслим)
Четврто: Оддалечување и бегање од Деџџал; а најдобар спас од него е населување во градо- вите Мекка и Медина.
Порано споменавме дека Деџџал нема да влезе во овие два града, затоа треба муслиманот кога ќе се појави Деџџал да се оддалечи од него, поради неговите големи спле- тки и необични чуда кои ќе им ги нанесува на луѓето. ќе дојде кај човек кој мисли дека е верник, па ќе го натера да го следи и ќе го следи. Аллаховиот Пејгамбер а.с. рекол: “Кој ќе слушне за Деџџал нека бега од него. Се колнам во Аллах, човекот ќе мисли за себе дека е верник, а ќе почне да го следи Деџџала, поради сплетк- ите кои тој ќе ги нафрлува.” (Ахмед, Ебу Давуд)
Зошто името на Деџџал не се спомнува
во Ку’ ран
Многу исламски научници се прашуваат, дури и обичните луѓе за мудроста во не спомнувањето на Деџџал на прецизен начин во Кур’ан, иако неговата појава се смета за најголемо искуше- ние на целото човештво.
Некои научници дале одговор на ова прашање:
Тој е спомнат во контекст на следниве ајети каде Аллах џ.ш. вели: “
Тој ден кога некои предзнаци од Господарот твој ќе дојдат, тог- аш нема да користи верувањето на човекот, ако пред тоа не верувал, или пак како верник не направил добро.” (Ел-Ен’ам, 158)
Тие предзнаци се: Деџџал, изгревање на сонце од запад и животно. Аллаховиот Пејга- мбер а.с. рекол: “Три нешта кога ќе се појават нема да му користи верувањето на човекот кој не верувал порано или не направил добро: изгревање на сонце од Запад, Деџџал и животно од земја.” (Муслим)
Ку’ран го споменува спуштањето на Иса а.с.. додека Иса а.с. е тој кој ќе го убие Деџџала, Затоа Кур’ан се ограничил во спомнувањето на Месих на упаството над Месихот на заблу- дата а по обичај арапите е да спомнат една од спротивностите а да испушти друга.
Тој е спомнат во Аллаховите зборови: “Созд- вањето на небињата и земјата е сигурно поголемо отколку создавањето на човеч- киот род.” (Гафир, 57), Под поимот човечки род се мисли на Деџџал, а тоа е од спомнување на целовитост за означување на поединеч- ност. и
Ку’ран не го спомнува Деџџал за да го понижи и потцени, бидејќи тој ќе тврди свое боженство а не е ништо друго освен човек.
Уништување на Деџџал
Иса а.с. ќе биде оној кој ќе го убие Деџџал, на тоа упатуваат многу вердостојни хадиси. Деџџал како што споменавме ќе завладее со целата земја освен тоа нема да влезе во Мекка и Медина. Голема маса на луѓе ќе бидат негови следбеници, и ќе биде сеопфатно неговото искушение, од него нема да се сочуват освен мал број на верници. Тогаш ќе се појави Иса а.с. кај источната минара во Дамаск, ќе го следат Аллаховите робови, кои ќе ги води кон лажлив- иот Деџџал, тој ќе се упати кон Бејтул-Макдис, Иса а.с. ќе го сретне на влезот кај местото наречено ‘Лудд’. Кога ќе го види Деџџал ќе се стопи како што се топи сол. Тогаш, Иса а.с. ќе му рече: “За тебе имам еден удар кој нема да го препуштиш.”
Потоа ќе го стигне и ќе го убие со копје и побие неговите следбеници, ќе му се придрушат и верниците во борба против неверн- иците дури дрво и камен ќе прозборат: Муслим- амну, Аллахов робу, еве зад мене евреин дојди и убиј го; освен дрвото ‘Гаркад’, зошто тоа е еверејско дрво. (Ешрату-Саат)
Со неговото убиство ќе престане најголемото фитне кое ќе се најде на земјиното лице откако го создал Аллах џ.ш. Адема па с# додека ја наследи Аллах земјата и с# што е на неа.
СЛЕГУВАЊЕ НА ИСА А.С.