1 Акаида (исламско верување) на Асхабите, радиалаху анхум Пет 12 Окт 2012, 4:06 pm
Muwehhid
Модератор
Бисмиллах ал рахман ал рахим
Асхабите на Аллаховиот Пратеник,саллаллаху алејхи ве селлем, следеле единсвен пат во обожавње само на Аллах, с.в.т. онака како што им наредил Веровесникот, саллаллаху алјхи ве селллем.
Така да за нив било дозволено она што им е дозволено, а забрането им било она што им било забрането, а верата им била она што им било пропишано.
Објавени се пет дневни намази во нивното време, како што Аллах наредил- во џемаатот во џамиите: постеле месец рамазан; извршувале хаџџ; давале зекат; наредувале добро а спречувале зло, се бореле на Аллаховиот пат;го обожавале на Аллах на сите начини кои што им ги наредил нивниот Веровесник, салллаллаху алјхи ве селем, не обожавале никој груг освен Аллах, ниту пак повикувале некој друг освен Аллах- ни оние кои што се на небесата ниту пак оние кои што се на Земјата; ниту мелеките,ниту звездите, ниту веровесниците(пратениците), ниту киповите, туку знаеле дека сето ова е ширк кој што го забранил Аллах
с.в.т и Неговиот Пратеник,саллаллаху алјхи ве селлем.
Не ги повикувале на створенијата-ниту мелеките, ниту џиновите, ниту луѓето и вервесниците(пратениците) ниту некои други кои што не се веровесници, ниту кај неговиот гроб ниту во негово отсуство; не барале помош од некој друг освен од Аллах, ниту се потпирале на некој друг освен на Аллах; на соренијата не ги повикувале ни отсутниот ни мртвиот, ниту од него барале помош ниту му се пожалувале, ниту од него барале опрост ниту упатсво, а ни подршка, туку за сето тоа му се обрачале само на Аллах с.в.т.
Ниту правеле како што прават христијаните барајчи од мелеките да се завземаат за нив(Тевессул), или од мртвите веровесници(пратеници) и добри луѓе, кај нивните гробови или на други места. И ниту еден од нив не кажувал; Џебраиле, Микаиле, завземај се за мене кај Аллах( забранет Тевессул) Ниту кажувале: Ибрахиме, Муса, Иса, завземај се за мене кај Аллах- како што тоа го прават христијаните.Знаеле дека од отсудниот ништо не може да се бара, ниту да се завзема од мртвиот и дека мелеките не работат ништо освен она што им наредил нивниот Господар и не завземаат освен со она што Тој е задоволен; исто така и веровесниците(пратениците) и добрите луѓе. Но, од нив може да се бара дова и завземање додека се живи (Дозволен Тевессул), како што тоа асхабите го барале од Веровесниот, саллаллаху алјхи ве селлем, и како што створенијата че бараат шефаат од него на Судниот ден, нека е неизмерен Аллахов благодет и мир на него.
Извор: „Величествено правило„ Ибан Тејјмије рхм
Обрабока: Ahlu-sunnah