1 Состојбата на жената на Судниот Ден во врска со ма Саб 26 Мар 2011, 6:26 pm
ibret
Активен член
СОСТОЈБИ НА ЖЕНАТА НА СУДНИОТ ДЕН ВО ВРСКА СО МАЖИТЕ
Жената не излегува надвор од следниве ситуации на овој и на оној свет. Тие се:
1- Или да умре пред да се омажи
Што се однесува до оваа жена која ќе умре пред да се омажи, неа Возвишениот Аллах ќе ја омажи во џеннет на судниот ден за човек од жителите на џеннет за некој од овој свет поради зборовите на пејгамберот а.с Во џеннет нема неженети Муслим Шејх Ибн Усејмин вели Ако не се омажи жената на овој свет тогаш совишениот Аллах ќе ја омажи за оној што ќе посака во џеннет… благодетот и уживањето во џеннетот не се одредени само за мажите туку тие се и за мажите и за жените, а еден од џеннетските благодети е и женидбата.
2- Или жената да умре по разведување но пред да се омажи за друг.
Случајот на оваа жена е иста како предходната жена.
3- Или жената да биде мажена но мажот нема да влезе во џеннет со неа- Аллах да чува!
И во овој случај ваквата жена Аллах џ.ш ќе ја омажи, ако нејзиниот маж не влезе во џеннет. Шејх Ибн Усејмин вели:
“Ако жената биде од жителите на џеннет и не се омажила или нејзиниот маж не биде од жителите на џеннет, па таа кога ќе влезе во џеннет ќе се омажи за некој неженет од џеннетските мажи.”
4- Или жената да умре по мажење:
Оваа жена која ќе умре по мажење и биде жител на џеннет ќе се омажи за истиот маж за кого била мажена на овој свет.
5- Или жената која ќе и умре мажот па таа остане после него без да се омажи за друг.
Исто така, оваа жена ќе му биде жена во џеннет на незиниот маж.
6- жена на која ќе и умре маж и таа се омажи за друг после него:
Оваа жена ќе биде жена на последниот нејзин маж, без огледза колку мажи била мажена на овој свет поради зборовите на Пејгамберот а.с.:” Жената ќе припадне на последниот нејзин маж.”