1 ЉУБОВТА Е МЕЃУСЕБНО СОЕДИНУВАЊЕ НА ДУШИТЕ?! Сре 18 Jул 2012, 6:43 pm
Al-Ghuraba
Модератор
Во Името на Аллах, Милостивиот и Сомилосен!
Некои мудреци рекле: “Љубовта е меѓусебно соединување на душите поради истите особини кои ги поседуваат или поради наклонетоста која ја чуствуваат една кон друга. Кога водата ќе се помеша и соедини со друга вода, невозможно е покасно да се раздвои. Поради тоа љубовта може да го достигне тој степен, па оној кој сака, да ја чуствува болката на личноста која ја сака, се разболува кога и таа се разболува, иако незнае дека личноста која ја сака се разболела.
Се раскажува дека некој човек многу го сакал својот пријател. Еден ден тој се разболел, и неговите пријатели му дошле во посета.
Кога поминале малку време кај него, тој почуствувал олеснување и оздравел. Тој ги прашал: “Од каде ми доаѓате?“ Тие му одговориле: “Од тој и тој човек, кај кого бевме на посета!“ Тој прашал: “Зарем и тој е болен?“ Тие му одговориле: “Да, но сега оздраве?“
Тој рекол:“Се колнам во Аллах, никако не можев да разберам од каде ми дојде оваа болест и која е нејзината вистинска причина, па си помислив дека е поради болеста која ја задесила некоја, за мене драга личност. Денес болките престанаа, па се израдував на надежта дека и него Аллах, џ.ш., го излекувал. Потоа наредил да му донесат прибор за пишување па на својот сакан пријател во стихови му напишал:
„Се разболев, но незнаев дека и ти си болен
Додека посетителите за твојата болест не ми кажаа,
Па реков: Треската која ја чуствувам
Без причина не ми дојде, и ти сугурно си болен.
Незнаев што е причината за болеста поради која така се чуствував
Аллах од неа ме излечи во моментот кога ти оздраве.’
Нашите души се соединуваат во здравје и веселба
И тогаш кога се жалосни и болни.“
Исто така се раскажува дека се разболел миленикот на некој човек. Тој го посетил, па кога го видел така болен, и самиот се разболел. Кога неговиот омилен оздравел и му дошол во посета, тој истиот момент оздравел. Својата состојба ја опишал со следните стихови:
“Саканиот пријател ми се разболе, па го посетив
И од грижа за него и сам се разболев.
Кога пријателот еден ден ме посети,
Погледот на него дека е здрав и весел беше причина, па и јас оздравев.“
Кога малку добро ќе размислиш, ќе видеш дека не постојат две личности кои се сакаат, а да немаат слични особини, исто постапуваат, имаат исти цели и желби. Доколку нивните желби, особини и постапки се различни, меѓу ќе се јави само одалечување и одбивност. Како потврда на ова доволен ни е хадисот кој веродостојно се пренесува, и во кој Аллаховиот Пратеник, с.а.в.с., вели:
„Примерот на верниците во нивната љубов, нежност и сомилост е како примерот на телото. Кога еден орган од телото ќе се разболи, целото тело пати од грозница и несоница. “(Бухари)
Знаеме дека тајната на соединувањето и препознавањето меѓу созданијата се крие во причините на тоа соединување или евентуално разединување. Секој за себе си го бара она што му е слично и што има лични особини како неговите и во чие што друштво се чуствува мирно и спокојно. Тоа најдобро се забележува во фактот дека секој животински вид бара и живее во заедницата од својот вид и секоја птица кон своето јато лета.
Резултатот на спротивноста е меѓусебното избегнување, а резултат на истоверноста е зближување и спојување.
Сведоци сме на меѓусебна привлечност и љубов помеѓу луѓето кои имаат слични морални особини. А што е пак со душата која доаѓа од чист и префинет свет чија што суштина тежи кон воздигнување и умереност. Нејзината суштина е подготвена за злижување со слични, за тежнеење и наклонетот, копнеж и одкажување, за страст и антипатија.
Возвишениот Аллах вели: „Тој е Оној кој од еден човек ве создава, а од него сопругата негова ја создаде за покрај неа да се смири...“(Ел Араф, 189)
Причина за тоа што покрај неа е смирен е фактот што е како него и од него. Ако причината за оваа љубов е телесната убавина, тогаш никој не би ги сакал помалку убавите призори и изгледи. Гледаме дека многумина и даваат предност и повеќе го сакаат она што е помалку убаво иако знаат дека има поубаво од тоа, но тоа едноставно не им е мило на срцето.
Ако љубовта се случува само поради моралните особини, човекот не би го сакал оној кој не му помага и не се сложува со него во мислењето. Од тука гледаме дека љубовта е нешто што едноставно се јавува во нечија душа. Љубовта може да се јави и поради некоја одредена причина, но ќе престане оној момент кога таа причина ќе ја снема.
Превземено: Исламски Центар
Извор:“Воведување на заљубените во градината на љубовта“ – Ибн Кајјим Ел - Џевзије
[You must be registered and logged in to see this link.]