Ес селаму алејкум ве рахметуАллах ве Берекетуху и добре дојдовте на www.ahlu-sunnah.org.

За да се окористите од сите функции на форум, ве молиме да се регистрирате или со вашето корисничко име логирате.


Join the forum, it's quick and easy

Ес селаму алејкум ве рахметуАллах ве Берекетуху и добре дојдовте на www.ahlu-sunnah.org.

За да се окористите од сите функции на форум, ве молиме да се регистрирате или со вашето корисничко име логирате.
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Latest topics
» Alisan
Кој се вплеткува меѓу тебе и покајанието? EmptyПет 24 Апр 2020, 2:43 am by Muaz al Islam

» Намазот не е исправен (валиден) зад оној кој што ги оправдува..
Кој се вплеткува меѓу тебе и покајанието? EmptyСаб 18 Јун 2016, 4:40 am by muwehid

» Салават на Пратеникот Мухаммед (а.с.)
Кој се вплеткува меѓу тебе и покајанието? EmptyСаб 18 Јун 2016, 4:18 am by muwehid

» Менсур ал-Салими- "Спомнувајте Ме а и Јас ќе ве спомнувам (Ел-Бекара, 152)"
Кој се вплеткува меѓу тебе и покајанието? EmptyПон 13 Јун 2016, 9:32 pm by Muwehhid

» Кога ќе сватеме???
Кој се вплеткува меѓу тебе и покајанието? EmptyНед 12 Јун 2016, 9:34 pm by Muwehhid

» Ја сменија верата, но ја нарекуваат "ислам"
Кој се вплеткува меѓу тебе и покајанието? EmptyСаб 11 Јун 2016, 8:51 pm by Muwehhid

» Дали е дозволено мевлуд?
Кој се вплеткува меѓу тебе и покајанието? EmptyСре 27 Апр 2016, 11:09 am by Abu Al-Amin

» Шејх Сулејман ибн Насир ел-Улван за техакум
Кој се вплеткува меѓу тебе и покајанието? EmptyВто 08 Мар 2016, 12:26 am by Haqq

» Бајрам
Кој се вплеткува меѓу тебе и покајанието? EmptyНед 06 Мар 2016, 2:36 pm by Haqq

» Реката на трпението и нејзините притоки
Кој се вплеткува меѓу тебе и покајанието? EmptyПет 04 Мар 2016, 7:48 pm by hidzab

» Pozdrav
Кој се вплеткува меѓу тебе и покајанието? EmptyПон 15 Фед 2016, 11:52 pm by Abu Al-Amin

»  шейха доктора / Тарик гураб: Вопросы и ответы о колдовстве и лечения
Кој се вплеткува меѓу тебе и покајанието? EmptyНед 14 Фед 2016, 7:30 pm by nourna

» abdul fetah
Кој се вплеткува меѓу тебе и покајанието? EmptyСре 03 Фед 2016, 12:02 am by Abu Al-Amin

» Хадиси на Мухаммед а.с
Кој се вплеткува меѓу тебе и покајанието? EmptyСре 06 Јан 2016, 7:16 pm by medi

» Аллах нас ни е потребен
Кој се вплеткува меѓу тебе и покајанието? EmptyСре 02 Дек 2015, 7:26 pm by Muwehhid

Кој е он-лајн?
Севкупно има 340 членови он-лајн :: 0 Регистрирани, 0 Скриени и 340 Гости :: 2 Bots

Никој

Најмногу членови кои го посетиле форумот воеднаш се 547 во Пет 15 Ное 2024, 12:40 am
Барај
 
 

Display results as :
 


Rechercher Advanced Search

Top posters
Muaz al Islam (1691)
Кој се вплеткува меѓу тебе и покајанието? Vote_lcapКој се вплеткува меѓу тебе и покајанието? Voting_barКој се вплеткува меѓу тебе и покајанието? Vote_rcap 
LAUTKA (1011)
Кој се вплеткува меѓу тебе и покајанието? Vote_lcapКој се вплеткува меѓу тебе и покајанието? Voting_barКој се вплеткува меѓу тебе и покајанието? Vote_rcap 
Muwehhid (937)
Кој се вплеткува меѓу тебе и покајанието? Vote_lcapКој се вплеткува меѓу тебе и покајанието? Voting_barКој се вплеткува меѓу тебе и покајанието? Vote_rcap 
Келиметул-Хакк (594)
Кој се вплеткува меѓу тебе и покајанието? Vote_lcapКој се вплеткува меѓу тебе и покајанието? Voting_barКој се вплеткува меѓу тебе и покајанието? Vote_rcap 
Muslima4Islam (589)
Кој се вплеткува меѓу тебе и покајанието? Vote_lcapКој се вплеткува меѓу тебе и покајанието? Voting_barКој се вплеткува меѓу тебе и покајанието? Vote_rcap 
Abu Al-Amin (479)
Кој се вплеткува меѓу тебе и покајанието? Vote_lcapКој се вплеткува меѓу тебе и покајанието? Voting_barКој се вплеткува меѓу тебе и покајанието? Vote_rcap 
Al-Ghuraba (360)
Кој се вплеткува меѓу тебе и покајанието? Vote_lcapКој се вплеткува меѓу тебе и покајанието? Voting_barКој се вплеткува меѓу тебе и покајанието? Vote_rcap 
Monoteizam (343)
Кој се вплеткува меѓу тебе и покајанието? Vote_lcapКој се вплеткува меѓу тебе и покајанието? Voting_barКој се вплеткува меѓу тебе и покајанието? Vote_rcap 
muharem fazli (323)
Кој се вплеткува меѓу тебе и покајанието? Vote_lcapКој се вплеткува меѓу тебе и покајанието? Voting_barКој се вплеткува меѓу тебе и покајанието? Vote_rcap 
Haqq (253)
Кој се вплеткува меѓу тебе и покајанието? Vote_lcapКој се вплеткува меѓу тебе и покајанието? Voting_barКој се вплеткува меѓу тебе и покајанието? Vote_rcap 

Statistics
Постојат b>1268 регистрирани членови
Најновиот регистриран член е igoralfiosebastian@gmail.

Нашите членови се испратиле точно 8262 мислења in 2387 subjects

You are not connected. Please login or register

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down  Порака [Страна 1 of 1]

Al-Ghuraba

Al-Ghuraba
Модератор
Модератор
Кој се вплеткува меѓу тебе и покајанието? 579129_401605443190982_400982683253258_1472207_1251202411_n


Во Името на Аллах Милостивиот и Сомилосен!



Кој се Вплеткува меѓу тебе и покајанието?


Втората наша постојка е со ајетот заради кој Иблис, кога го чул, заплакал и се растажил.Ајет кој ги менува грешниците во покајници.Тој е повик кон оние кои претеруваат и оние кои ги запоставаат своите обврски.Дојди со мене да го читаме овој ајет.Возвишениот, рекол:

И за оние кои, кога ќе се сторат грев и кон себеси ќе згрешат, на Аллах ќе се сетат и прошка за своите гревови ќе побараат-а кој ќе ги прости гревовите ако не Аллах?- и кои свесно во гревот не истрајуваат! Нив ги чека награда: прошка од Господарот нивен и џеннетски градини низ кои реки ќе течат, во кои вечно ќе останат, а прекрасна ли е наградата за оние коишто така постапуваат!“ Сура-Али Имран,135-136,ајет.



Драги брате!Кој од нас не прави гревови?Кој од нас не греши во правото на својот Господар? Дали мислиш дека само нашите гревови се такви што само ние ги правиме и дека никој пред нас не ги направил? Не! Ние не сме мелеци, кои не им се спротивставуваат на Аллаховите наредби, туку сме само луѓе кои се подложни на грешки.Секој што го гледа од Аллаховите добри робови има престапи и грешки. Ибн Месуд, р.а., им кажувал на своите пријатели кои го следеле:„Да ги знаете моите гревови, ќе ме каменувавте.“

Аллаховиот Пратеник Мухаммед, с.а.в.с., рекол:

„Кога вие не би грешеле, Аллах би ве тргнал и би довел народ кој греши, а потоа ќе бара прошка, па Аллах ќе им простува.“
(Муслим)


Ние не сме сочувани од грев, ниту можеме да се сочуваме.
Од аудио касетата „Писмо до срцето“ од шејх Ет Тарири


Дојди до мене да го победиме шејтанот со истигфар(Барање опрост кај Аллах) од срце за претходните гревови.


Дојди со мене да го обновиме покајанието кон Аллах, џ.ш. Тоа нека биде искрено покајание од срце. Нека ни стане навика изговарањето на зборовите ма Тој што создава од ништо:

Господару наш, сами на себе неправда си направивме, и ако Ти не ни простиш и не ни се смилуваш, сигурно ќе бидеме изгубени.“ Сура-Ел Араф,23,ајет.


О Ти, кај Кого се засолнувам и надевам,
кај Кого барам заптита од тоа што се
плашам.
Коската која Ти ќе ја скршиш,други не
можат да се наместат
ниту можат да ја скршат коската која Ти ќе ја наместиш.


Знај, Аллах да те чува, дека Аллаовиот Пратеник Мухаммед, а.с., кој не грешел, во еден ден Му се каел на Аллах џ.ш., и повеќе од стотина пати барал прошка од Него.


Од ибн Омер, р.а., се пренесува дека рекол: „Му изброја на Аллаховиот Пратеник, а.с., не една седенка пред да стане од неа, дека сто пати кажал: „ГОСПОДАРУ ПРОСТИ МИ; ТИ НАВИСТИНА СИ ТОЈ ШТО ГИ ПРИМА ПОКАЈАНИАТА И КОЈ ШТО ПРОСТУВА.“ Бележи Тирмизи и вели „Овој хадис е сахих-хасен.“


Што се однесува до вас коишто кон себе сте си згрешиле со непослушност и гревови , се додека некои од вас не помислиле дека Аллах нема да ги прими нивните покајаниа кога се покајат, им велиме: „Полека, бидејќи вратата сеуште е отворена.“


На сите, од срце на пријател, вашите доброти и како пример за вас, ви велам:Послушајте го Аллаха, а Тој ве повикува говорејќи:

„Кажи: ,О, робови мои кои кон себе се огрешивте, не губете надеж Аллаховата Милост! Аллах, сигурно, сите гревови ќе ги прости; Тој, навистина е Милостив. Вратете Му се на Господарот ваш и покорете Му се.“ Сура-Ез Зумер,53-54,ајет.


Знај брате и сестро, дека Аллах се радува на твоето покајание: „Аллах повеќе се радува на покајанието на Својот роб, кој се кае, отколку што би се израдувал некој од вас кога би патувал со камила низ пустина и би ја загубил, а на неа му е сета храна и вода, па долго ја бара и на крај губејќи секаква надеж да ја најде, легнува под сенката од едно дрво да се одмори, и во таква состојба на очај, наеднаш, да ја најде, ја гледа камилата во своја близина како мирно стои, веднаш скока и ја фаќа за јаже, и од силна радос, извикува: ,Аллаху мој ти си мој роб, јас сум твој Господар'- изразувајќи се погрешно од преголемата радост.“ (Бухари и Муслим)


„Човек дошол кај Пратеникот, а,с., и го прашал: Што мислиш за оној кој прави секакви гревови не оставајќи ниту еден од нив? Има ли покајание за таквиот? Пратеникот го прашал: А дали си примил ислам?- Да, сведочам дека нема друг бог освен Аллах и дека ти си Аллахов Пратеник.- Пратеникот, а.с., рекол: Прави добри дела и остави ги лошите, па Аллах џ.ш., сите ќе ти ги направо добри. Прашал: И сите мои измами и разврат? -Да. - рекол Пратеникот, а.с. - Аллаху Екбер! - рекол човекот и не престанувал да донесува текбир се додека не се изгуби од видот!“ Хадисот го бележат Беззар и Таберани, и ова е негов ривајет. (Ел Мунзири, Ет-тергибу вет-терхиб“)


О ти сиромав човеку кој имаш потреба од својот Господар и ако си богат на овој свет, што ти треба повеќе после овие радосни вести? Врати се кај својот Господар, зошто со враќањето ќе заслужиш пофалба и на дуњалукот и на ахиретот.


На дуњалукот ќе стекнеш спокој во срцето, ширина во градите и обилно снабдување:

„А тој што се плаши од Аллах, Тој ќе му најде излез и ќе го снабди од каде што не се надева.“ Сура-Ет Талак,2-3,ајет.


А на ахиретот:

„Еденски градини, чии порти за нив ќе бидат отворени, во кои ќе одмараат, и во кои ќе имаат разновидно овошје и пијалоци, покрај нив ќе има Хурии со години исти, кои пред себе ќе гледаат. Тоа е она што ви се ветува на Денот кога сметка ќе се полага. Навистина, тоа ќе биде благодатта ваша,која никогаш нема да престанува.“ Сура- Сад,50-54,ајет.


Возвишениот Аллах во хадис-кудси, вели:

„О робови Мои секој кого Јас не сум го упатил во заблуда е, па барајте упатство од Мене, Јас ќе ве упатам!“ (Муслим)


Брате мој, Аллах да ни опрости и на мене и на тебе, размисли за оваа приказна и прими од неа предупредување и поука, и поврзија со зборовите на Господарот:


„Зарем не е време на верници да им смекнат срцата кога Аллах и Вистината која се објавува се спомнат и тие да не бидат како на оние на кои уште одамна им е дадена Книгата, па нивните срца, затоа што изминало многу време, немилосрдни станаа, и многу од нив се неверници.“ Сура-Ел Хадид,16,ајет


Оваа проказна, ми ја кажуваше еден исправен и искрен даија, кого јас го сметам за таков, а Аллах знае најдобро и Аллах не гарантира за никого.


Тој рече: „ Во нашето соседство живееше мало семејство.Еден од неговите членови беше млад човек кој имаше повеќе од дваесет години. Толку беше воодушевен од песните до тој степен што засака една пејачката. Не само што му се допаѓаше нејзиниот глас, туку ја сакаше и неа лично. Го советував секој пат кога имав можност, некогаш му ја разгорував желбата за џеннет, а некогаш му влевав страв со огнот џехеннемски. Додека го советував, неговите очи ќе се исполнеа со солзи, понекогаш со плач после секој совет ќе ветеше дека нема повеќе да се враќа на песните. Но, не се придржуваше долго до договорот и го кршеше ветувањето. Таа вечер го посетував на џеннетот и џехеннемот, почна жестоко да плаче, толку, што се сожалив на него.

Плачеа моите очи, а имаа право на тоа
над мојата душа што згрешила на својот Господар.
Кој од неа е поприоритетен да тагува долго?
Со гревови е прекинат нејзиниот успон.Нема богобојазливост да ја одврати од грешење,
ниту се плаши од Господарот, ниту отстапува.
Се покајува од гревот наутро,
а го прекршува пред да падне мрак.
Би го раскинувал договорот свој од време на време,
како Аллах да не ја гледа.


Сепак, знаев дека оваа жена ќе влијае на мојот совет, па му реков: ,Дај ми ја својата рака.' Му пружи рака, па продолжив:'Вети Му на Аллах, а потоа на мене, дека нема да го работиш тоа што претходно го работеше.' Рече: ,Му ветувам на Аллах, а потоа и на тебе дека тоа нема да го работам тоа повеќе.' Дојде следниот ден наутро носејќи ги касетите со песни, па ми рече: ,Брате мој! Земи ги овие ленти и искрши ги, прави со нив што сакаш! Само ослободиме од нив. Избави ме од болеста на моето срце што често ме одвраќаше од намазот и Господарот на Земјата и небесата.' Прашав: ,Славен нека е Аллах Кој срцата ги врати, што се случи? Ми рече: ,Откако заминав вечерва, отидов дома и заспав. Сонував како одам по брегот. Видов еден од своите пријатели, како со трчање ми се приближува. Кога стигна до мене, брзо ме праша: „Ја сакаш ли ти таа и таа жена(Пеачката)?-му одговорив: Да. Тој рече: Ете, таа пее таму. Заминав трчајќи. Трчав и трчав, сакајќи да ја видам, зошто многу ја сакав. Кога веќе се уморив, видов како пее, па застанав гледајќи и слушајќи го нејзиниот глас, восхитувајќи се од него и од неа. Додекабев во таква ситуација, почувствував како некој со рака ме допира по моето рамо. Се свртев и видов лице блескаво како Месецината во средина од месецот, кое го красеше убава брада, и каде што се гледаа знаци на добрината и богобојазливост, и ги поучи зборовите на Возвишениот:

„Дали на правилниот пат е оној кој одејќи се сопнува или оној кој исправено оди по Вистинскиот пат? Сура-Ел Мулк,22,ајет.


Почна да го повторува со тажен и пријатен глас. Толку плачеше што бев трогнат, па и јас почнав да плачам со него, и двајцата го повторувавме ајетот. Одеднаш се разбудив повторувајќи го ајетот:

„Дали на правилниот пат е оној кој одејќи се сопнува или оној кој исправно оди по Возвишениот пат?“ Сура-Ел Мулк,22,ајет.

..........................

Продолжува Халалите Браќа и Сестри Голем е текстот Иншх'Аллаху Те'ала ке се среди Wink

https://www.facebook.com/pages/Ahlu-Sunnah-Media/161598790616171

Al-Ghuraba

Al-Ghuraba
Модератор
Модератор
Кој се вплеткува меѓу тебе и покајанието? 820124

Продолжение на текстот...


Плачев. Тогаш, влезе мајка ми, па кога ме виде во таква состојба, и таа почна да плаче со мене. Потоа младиот човек почна да ги мрази песните, а да ужива во Кур'анот восхитувајќи се со задоволство. Го видов во солзи кои течеа по неговото лице додека го учеше.


„Еј, ти, напиши ја приказната за враќањето, со перото на копнежот и со многу солзи. Со понизни стапки упати се кон вратата на покајанието и замоли да се прими, бидејќи можеби токму таа молба ќе биде примена. Плачи поради многуте гревови или скржавата благодарност.“ Ибнул-Џевзи, Китабул-тебесире,1/362.


Знај, Аллах да ни се смилува на мене и на тебе, дека робот некогаш ќе направи грев, па заради него ќе влезе во Џеннет!?


Знаеш ли како?


Во случај кога тој ќе направи грев, и не престанувајќи да се сеќава на него, плачијќи, каејќи се и срамејќи се од Возвишениот Господар, со подигната глава пред Него и со скршено срце, па тој грев станува причина за среќа на робот и негов спас, тоа му станува дури и многу покорисно од многу ибадети, бидејќи тој грев предизвикал многу од овие работи со коишто е среќата на робот и неговиот спас, така што тој грев бива причина за неговото влегување во џеннет. О ти, кој го сакаш џеннетот! О ти, кој се плашиш од огнот! Ова се колони од покајници, па дали ги гледаме трагите на твоите чекори со нивните?


Ова се групи на покајници кои доаѓаат, па што мислиш и твоето срце да дојде со нив? Ова се солзи на оние кои бараат прошка, кои се леат по нивните срца. Зарем да пуштиш солзи од твоите очи кои ќе те придружат во нивната група?


Брате мој! Ова е искрен повик од Аллах, џ.ш., кога вели:

„И сите покајте Му се на Аллах, о верници, за да го постигнете тоа што го сакате.“ Сура-Ен Нур,31,ајет.


Ако има нешто на што сакам да ти обрнам внимание, тогаш ти укажувам на тоа дека ти си по вреден од тоа твоите грижи да се вратат околу лентите и песните, фудбалскиот тим кој победува или губи, патувањата во странство или на укажувањата во храмот.


Не брате мој! Ова не е твоја состојба. Ова е состојба на оние за кои Аллах рекол:

„А оние кои не веруваат- што се насладуваат и ждерат како добитокот што ждере-нивното живеалиште ќе биде Огнот!“ Сура-Мухаммед,12,ајет.


Брате, ти си по вреден од сето тоа. На овој свет си создаден заради величествени нешта и подготвен за значајна положба.


Мој скапоцен брате! Од тебе се очекува твоја грижа да биде задоволството само на Единиот и Семоќниот, па погледни во своите дела! Дали Го задоволуваат или не?


Од тебе се очекува твоја грижа да бидат џеннетските бавчи низ кои реки ќе течат. Па што си подготвил за да влезеш во нив?


Застани и искрено пресметај се со самиот себеси! Знај, дека можеби и повеќе нема да се разбудиш. Можеби ќе излезиш од својот дом и повеќе нема да се вратиш назад. Моќеби ќе ја облечеш својата облека, но нема да ја соблечеш ти, туку оној што ќе те гусули. Можеби ќе влезеш во својот автомобил, но нема од него да излезеш, туку од него ќе извадат мртво и безживотно тело.


Во каква состојба би сакал да умреш? Во каква состојба би сакал да се разделиш од дуњалукот?


Брате мој! На крајот на оваа постојка ти го кажувам она што го рекопл нашиот сакан Мухаммед, саллаллаху алејхи ве селлем:


„Навистина, Аллах ја чува испружена Својата рака во текот на целата ноќ, примајќи ги покајанијата на оние кои грешеле во текот на денот, а преку ден ја пружи Својата рака, примајќи го покајанието на оние кои грешеле преку ноќта.“ (Муслим)



Дело>> Ќе се сеќавате на она што ви го кажував<< - постојке за оној кој сака спас

Автор: Шејх Абдул-Мухсин ибн Абдуррахман ибн Абдул-Мухсин


Аллах да ве награди за вашата подршка со почит:

[You must be registered and logged in to see this link.]

https://www.facebook.com/pages/Ahlu-Sunnah-Media/161598790616171

Келиметул-Хакк

Келиметул-Хакк
Талиб
Талиб
МашаАллах многу убав текст, хамам све е иѕнесено околу каењето и повикување да се прави Тевба и да се врати инсанот кај Аллах субхане ве те ала!!!

Зато уште еден повик до сите кои залутале, скренале од правиот пат, прават големи или мали гревови да се покаеме и бараме опрост од Возвишениот и Нему да се вратиме во покорност само на Нему субхане ве те ала.

Келиметул-Хакк

Келиметул-Хакк
Талиб
Талиб

Во името од Аллах, Милостивиот, Семилосен.

Нека е Милоста Аллахова на Мухаммед саллалаху алејхи ве селлем, на
неговата чесна фамилија, на неговите асхаби и на сите оние кои го следат се до Судниот ден.


Аллах Возвишениот кажува во Куран во приближно значење:

“Повикувај кон патот од Господарот твој, и со мудрост и со поука добра. И расправај со нив на најдобар начин! Господарот твој, секако, најдобро го познава оној кој скршнал од патот негов. Он најдобро ги знае упатените!“ (Ен Нахл 125)

Најдобар говор е Келамуллах, а најдобра упата е упатата на Мухаммед салаллаху алејхи ве селлем, налоши работи се новововедени работи во Дин Ислам (бида'а-новотарија), секоја новотарија е заблуда, а заблудата носи во пропаст-Џехеннем!!!!

А потоа:







Исто така сакам да нагласам некои работи околу грешењето:

-Кога секој пат повикуваме до луѓето да се вратат во покорност на Аллах субхане ве те ала, и им укажуваме на грешките и заблудите кои ги прават, да не забораваме да им укажеме дека тоа е прва точка кога од каде се почнува, тоа е почетокот, тоа е испитот кој Аллах субхане ве те ала, сака да го стави на инсанот, дека ако го стори тоа,се оди понатаму, дека ако се каже гревот нарочито ако се работи за дело кое го вади инсанот од Ислам дека тоа не е крај туку да им се укаже дека Аллах е милостив и милоста Негова е дека некој им укажал на грешката и дека е време за враќање кон Аллах и т.н.

-Потоа треба да се насочи какви се грешките колку се опасни и како влиајет на инсанот по неговото верување, не може да се преќутат дела со кои инсанот го губи името на Ислам а да се насочува на мал грев.

-Треба да се објасни секогаш како се чисти инсанот од дотичниот грев, бидејќи не е само да се бара опрост се има и други шарови во тоа, или како се постапува спрам малите гревови, како се постапува спрам големите и како се постапува со делата кои се Голем Ширк односно Голем Куфр.




Еве кратка шема за грешните дела:

-Голем Куфр


Чистење: Одклонување на незнаењето(значи подучување, ако има шубха по некое прашање да се одклони шубхата) ако е нов во Ислам нарочито да се подучи околу верувањето и неверувањето, да бара опрост од Аллаха, цврстина да не го прави тоа, да не се враќа на предходното верување кое го имал, и оддалечување од истото.

Пример:Ако инсанот е Муслиман и го порекне Судниот ден или Џеннет или Џехеннем, со ова го губи Исламот и потребно е да се очисти од ваква заблуда на горе наведениот начин.
Тука да се наведе исто така дека ако се работи за нешто кое е од АслудДин не оправдан во незнаење и тој одма го добива името на кјафир, а ако се работи за Усулуддин тогаш е потребно објаснување и укажување на грешката и не го губи одма името на Ислам.

-Голем Ширк


Чистење: Спозавање на самото дело дека е Ширк, престанување да го прави, барање на опрост за тоа дело, не правење или оставање на дотичното дело, и оддалечување од тоа дело.

Пример: Ако некој Муслиман направи дело на Голем Ширк да земеме упатување на дова на некого друг мимо Аллаха. Се чисти на горенаведениот начин бидејќи со самото дело го изгубил името на Ислам знајќи или не, значу во чинење на Голем Ширк никој не е оправдан освен оној кој е во присила.


-Голем грев

Чистење: Спознавање дека згрешил, престанок да се прави гревот, барање на опрост за тоа, и неправење на гревот.

Пример:Ако Муслиманот се напие Алкохол, увиде на гревот, престане да го прави тоа бара опрост од аллах, и донесува цврста одлука дека нема да го прави тоа.
Напомена од Големите грвови муслиманот не го губи името на Ислам, неговото чистење се состои со горенаведеното, и дека во Шеријатска дрќава за некои дела се извршува казна уште на дуњалук и покрај сите горенаведени шартови на чистење.


-Мал Грев



Чистење: Малите гревови Муслиманите ги прават често и нивното чистење се состои од барање опрост за ними или со чинење на добри дела.



Треба да се напомене дека некои гревови се чистат со правење на добри дела така да:

-од абдест се чистат малите гревови.
-од намаз до намаз се чистат малите гревови
-од џума до Џума се чисти инсанот од гревови
-од Рамазан до рамазан се чисти Муслиманот од гревови
за сите овие се работи за мали гревови а за големите гревови е потребно барање на опрост
- на Хаџџ се чисти Муслиманот и од малите и од Големите гревови



За Мал ширк и Мал Куфр потребно подетално објаснување.


Го молам На аллах да не очува како од мали и големи гревови така и од дела кој се губи Исламот, да ни ги прими нашите дови и Тевби и барањето на опрост, Господару смиловај се и опрости ни на моите родители, мојата фамилија и моите браќа муслимани упатине на прав пат и внеси не во Џеннетул фирдевс, Аллахумме амин!!!!

Al-Ghuraba

Al-Ghuraba
Модератор
Модератор
Кој се вплеткува меѓу тебе и покајанието? 982190


Аллах да те награди брате Келиметул-Хакк Wink

https://www.facebook.com/pages/Ahlu-Sunnah-Media/161598790616171

Sponsored content


Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот  Порака [Страна 1 of 1]

Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот