1 ПОДАРОК ЗА ТЕБЕ Нед 06 Мар 2011, 6:09 pm
Muaz al Islam
Модератор
ПОДАРОК ЗА ТЕБЕ
Еден младинец се спремаше за доделување на дипломата. Со месеци, претходно, му се гордееше на спортскиот автомобил кој што стоеше во излогот на еден авто салон. Неговиот татко беше во можност да му дозволи ваков подарок и тој му рече дека тој автомобил е се она што тој го посакува како подарок за дипломирањето.
И така , додека денот за доделување на дипломата се повеќе се приближуваше , младинецот будно ги пратеше сите активности на својот татко во надеж дека ќе открие некој знак во врска со купувањето на автомобилот.Конечно дојде и денот за доделување на дипломите. Таткото го повика во својата работна соба. Му рече како се гордее со него,колку е среќен што тој е негов син и колку го сака. Потоа му предаде убаво запакуван подарок. Помалку разочарано го прими младинецот подарокот но од радозналост почна да го отпакува. Пред него се покажа Кур’ан во преубав кожен повез. Младинецот лут, со зголемен тон на гласот му се обрати на таткото: “ Лежиш на пари а ми купи и подари Кур’ан! “ Потоа излезе од куќата оставајќи го Кур’анот зад себе.
Оттогаш поминаа доста години. За тоа време синот израсна во успешен бизнисмен. Имаше фантастично семејство и преубава куќа.Со секој ден постануваше се повеќе свесен на фактот дека неговиот татко сега веќе е прилично стар човек кого треба да го посети.
Пред да успее да ја реализира својата намера му пристигна телеграма со која се известуваше дека неговиот татко умрел и дека целиот негов имот му го оставил нему. Мораше хитно да отиде и да ги среди сите правни акти во врска со куќата и имотот на татко му.
Приближувајќи се кон родителската куќа се повеќе го обземаше тага и грижа на совеста.
Во работната соба на својот татко почна да ги средува најважните документи. Погледот му застана на Кур’анот во убав повез од кожа којшто стоеше на истото она место каде што го остави оној ден кога дипломира. Со солзи во очите почна да го прелистува Кур’анот застанувајќи кај некоја негова реченица. Во тој момент испадна клучот од ковертот којшто беше прилепен на задната страница на Кур’анот. Тој го подигна клучот за кого беше закачена картичка од авто салонот. На картичката стоеше името на авто салонот, типот на автомобил како и датумот на продажба потврден со печат. Тоа беше истиот оној датум на доделување на дипломата.