1 Смирена душа Саб 05 Мај 2012, 9:23 pm
Muwehhid
Модератор
Во името на Аллах, Семилосниот, Милостивиот!
Кога душата е мирна во Аллаховата близина, спокојна кога ќе се спомне Неговото име, за се Му се обраќа Нему, често Му се свртува , нестрпливоста е да Го стретне, чуствува блискост во душата на кој во момент на смрт е се вели:
“ А ти, душто смирена, врати Му се на Господарот своој задоволна, а и Тој од тебе задоволен. Па влези меѓу рабовите Мои, и влези во џеннетот Мој! (Ел-Феџр 27-30)
Ибн ел Аббс р.а кажал: “ Тоа е душа која е спокојна и која верува”
Катаде кажал: тоа е душата на верникот, смирена со тоа што Аллах го ветил. Тој чија што душа е таква, е во потплоен мир и задоволен е со своето знаење за Аллаховите имиња и својства, со тоа што Тој го кажал за Себе и за Својот Пратеник Мухаммед с.а.в.с, со тоа што Тој го рекол дека душата , нејзиното престојување во берзах и текот на случувањата на Судниот ден, и тоа до таа мерка скоро да може да го види со своите очи. Тој се покорува на Аллаховата волја и задоволен Му се предава , не изразува незадоволство ниту приговор, а неговиот иман никогаш не се менува. Тој не се весели на своите добивки, не очајува во неволја, затоа што знае дека се одредени многу пред да му се случат, дури и пред да е создаден, како што Аллах вели:
Никаква неволја не се случува освен со Аллаховата дозвола. А кој верува во Аллах, Тој ќе го упати неговото срце, а Аллах се добро знае. (Ет- Тагабун 11)
Многу од нашите предци кажале дека ваквата душа му припаѓа на робот кој , кога ќе му се случи неволја , знае дека е од Аллах, ја прифаќа и се покорува на Неговата волја.
Спокојот кој во себе го носи ихсанот (добродетелство) извира од уверувачката запознаеност со Аллаховата одредба, а тоа се одразува со покорност, искреност и ибадет. На ниедна желба, волја или сила на навика не може да и се даде предност над Неговата волја и наредба не може да постои привлечност кон нешто што им противречи на Неговите својства не може да постои желба која им се противи на Неговите одредби – а ако вакво нешто и му се случи некому, тогаш тој едноставно го отфрла како шепотење на шејтанот (весвесе). Навистина, тој порадо би паднал од небо отколку да оствари такво нешто во себе.
Ова е, како што кажал Пратеникот с.а.в.с Се пренесува од Ебу хурејре дека рекол: Некои од асхабите на Пратеникот с.а.в.с дојдоа и му рекоа: Во нашите срца пронајдовме нешто за што се гордееме да зборуваме Тој праша : Навистина ли го пронајдовте тоа. Тие одговорија: Да, Тој им рече: Тоа е вистинскиот иман (Верба) (Муслим, Китаб ел иман 2/153)
Сето ова е последица на свесноста која го ослободува срцето на пасивниот сон и ги осветлува дворците на џеннетот пред него. При своето будење тој препознал поради што е создаден, на што ќе наиде од моментот на смртта па до влесот во вечното одредиште те. Џеннет или џехеннем. Сватил дека овој живот брзо минува , дека е недоверлив за неговото потомство и го уништува секого кој го сака. Така одлучно се кренал во оваа светлост и рекол:
За човекот да не извика:, Тешко мене, колку само должности кон Аллах пропуштив. (Ез- Зумер 56)
Така тој ќе тргне со нов почеток во својот живот, со надокнада на пропоштеното и врачање во живот на тоа што е умрено.
Сега со крената глава се соочува со стапиците со кои предходно се реќавал и излегува на крај со времето со својата нобооткриена сила, која порано би поминал покрај него и направила да пропушти се добро.
Тогаш ќе свати, во светлото на своето будење и се што Аллах му подарил дека не е во состојба да измери и да ги наброи сите благодети на Аллах или да го врати својот долг. Со ова сознание , ги препознава своите недостатоци и грешки, лоши дела кои ги направил, непокорноста и занемарувањето на многу права и должности. Неговата душа е скршена, а неговото тело понизно, и тој Му пристапува на Аллах со спуштена глава. Тој ја увидува Аллаховата великодушност, а во исто време ги гледа и своит лоши дела и грешки.
Тој, исто така, во светот на своето бидење сваќа колку времето е скапоцено и битно. Тиој открива дека тоа е од суштинска важност за неговата идна благосостојба кое не смее да се троши само во правање на добри дела и на тоа што го приближува кон Аллах, затоа што губењето време е семе на неуспехот и жалењето, а неговата внимателна употреба е корен на успехот и задоволството.
Оттаму, ова се последиците на самата свесност и на тоа што ја зголемува . Ова се први чекори на смирената душа на нејзиниот пат кон Аллах и кон ахиретот.
Автор: Ибн Кајјим ел Џевзи , Ебу Хамди Газали, Ибн Реџеб ел Ханбели.
Обработка: Ahlu-Sunnah