Селам Алејкум брате
Да се верува во Када и Кадер значи да се верува дека Аллах џ.ш. ги воспоставил законите према кои во природата и општеството се се одвива.Еден од тие закони му овозможува на човекот да делува слободно и да ги развива своите активности.
Човечката воља е подложна на Аллаховата Воља која е неограничена и совршена.
Аллах џ.ш. се знае,што било,што бива и што ќе биде.Со своето совршено знаење Аллах џ.ш. знае се што ќе се случи во иднина.Човекот е ограничен со разни надворешни и внатрешни фактори.Тој може да посака се што ќе замисли,но не може да го реализира сето тоа.Неговата воља е делимична и ограничена (ирадеи џуз,ијје),што му дава право на слободен избор помеѓу доброто и злото,па логично е според неговиот избор да снесува одговорност за последиците од тој избор.
Често пати на исламот и муслиманите им се припишува фанатизам или слепо верување во судбината.Дека тоа не е така ќе пренесам дел од една дискусија од Книгата:Дијалог со пријателот неверник,од др. Мустафа Махмуд:
Твоите дела му се познати на Господ и се запишани во неговата книга, но со тоа не ти се со сила одредени. Тие се одредени само во неговото знаење...Станува збор за релативна, а не за апсолутна слобода, слобода на човекот на план на обврските...Никој нема избор во прашањата на создавањето,зошто Аллах џ.ш. е Оној кој создава што сака и бира што сака.Аллах џ.ш. нема да те повика на одговороност поради твојот изглед,ниту ќе те казни што Сонцето не го запре во неговата орбита...Меѓутоа,ти си слободен да ги скротиш своите страсти,да ја смириш својата лутина,да се спротиставиш самиот на себе,да ги отфрлиш лошите намери,а да ги продолжиш убавите особини.Ти можеш да бидеш дарежлив со својот имот,да ја зборуваш вистината,или невистината,да ја воздржиш својата рака од забранетото...На ова подрачје ние сме слободни,и само за она што е во неговите рамки ќе бидеме прашани и одговорни...Аллах џ.ш. ни дал слобода да се спротиставиме на Неговото задоволство на наша штета,но,никому не му дал слобода да се спротиставува на Неговата воља......
Значи,да резимираме со одговорот на познатиот исламски научник Ел-Газали кој рекол:”Човекот има слободна воља во она што го познава,а нема во она што не го познава”.
Аллах џ.ш. на човекот му дал способност и воља да одбере помеѓу вистинскиот пат и заблудата.