1 Важност на понизноста и довата во секојдневниот живот Пет 23 Мар 2012, 3:14 pm
Al-Ghuraba
Модератор
Во Името на Аллах Милостивиот и Сомилосен!
Највозвишена и најубава состојба во која човекот може да биде сигурен е спомнувањето на Аллах. Тогаш неговиот дух се кристализира, се смирува срцето и се елиминира шејтанското дошепнување.
Зарем ова не нè дели нас од другите созданија? Да Го спомнуваме Аллах и понизно да Го молиме. Понизноста пред Аллах создава надеж во нас и нè става на највозвишеното место во овој и во идниот свет.
Што е човек попонизен пред Возвишениот, неговото срце е посветло, а мислите попродорни. Денес, во ова време на расеаност и преокупација, на човекот му е повеќе од потребна врската со Господарот. Страстите, Аллах да нè сочува, животот во овој свет го претвориле во неподнослив пекол. Човекот мисли дека страстите си имаат своја граница покрај која ќе биде задоволен и одморен.
Младино, единствен излез во ова тешко време лежи во враќањето кон Аллах, стоење пред Неговите врати и понизноста кон Него. Понизноста е патот на Пратениците во секое време.
Во автентичниот хадис кој го бележи Тирмизи, Пратеникот Мухаммед, саллаллаху алејхи ве селлем, рекол:
„Господарот ми понуди долина полна со злато, па јас, реков: ,Не Господару, помило ми е еден ден да сум гладен, а еден ден сит. Кога сум гладен, ќе чинам дова и ќе Те спомнам, а кога ќе се заситам ќе Ти се заблагодарам и ќе Те славам.‘“
Во друг хадис, се наведува:
„Еден бедуин го прашал Аллаховиот Пратеник Мухаммед, саллаллаху алејхи ве селлем, за ноќниот намаз, а тој рекол: ,Ноќниот намаз се клања по два рекати, со тешехуд после секои два рекати. Биди понизен, покорен, чувствувај се зависен и слаб пред Господарот. Подигни ги рацете и довикувај го Господарот, сврти го лицето кон дланките и кажи: ,Господару, Господару ...!‘ Кој нема да го направи тоа, тој е таков и таков.‘“
Пратеникот Мухаммед, саллаллаху алејхи ве селлем, бил прашан кои се луѓето со најголеми искушенија. Тој одговорил:
„Пратениците, па потоа оние сличните на нив, потоа оние сличните на претходните. Човекот ќе биде искушуван според степенот на неговата вера (иман), и чија вера ќе биде слаба - ќе биде искушан според јачината на верата, а чија вера ќе биде силна - ќе биде искушан според цврстината на верата.“
Ти не си единствениот кој трпи искушенија. На најголеми искушенија се ставани и пратениците, но тие биле издржливи и трпеливи. Повторно прочитај ја оваа реченица: „Човекот ќе биде искушуван според силата на верата.“ Мислам дека од сега ќе бидеш потрпелив и позадоволен со Аллаховата одредба. Упатувај Му дова и покорно моли Го.
Амр Халид
(Извадок од книгата: Аллах нема да ја измени состојбата на еден народ, додека тој самиот не се измени)