1 Според библијата и куранот: Бога никој никогаш не Го видел Чет 22 Мар 2012, 12:23 am
Al-Ghuraba
Модератор
Во Името на Аллах Милостивиот и Сомилосен!
Во Тевратот се наведени извадоци кои недвосмислено кажуваат дека Возвишениот Аллах е чист ,без недостатоци и
дека ништо на Него не наликува. Во Второзконие (4:12,15) стои: "(12) Господ ви зборуваше вам од средината на огнот; вие го чувте гласот на зборовите, но не видовте образ, а само глас. (15)...Во оној ден кога Господ,вашиот Бог,ви зборуваше пред огнот на Хорив, не видовте никаков лик...".
И новиот завет исто така потврдува дека е невозможно на овој свет да се види Господ. Погледнете го текстот во Евангелието според Јован (1:18) :
"Бога никој никогаш не го видел."
Во Прво Послание до Тимотеј (6 : 16) стои:
"...Кого никој од луѓето не Го видел ниту може да го види".
Во Прво Јованово Послание (4 :12) се вели:
"Бога никој никогашне Го видел...".
23 Тој е Аллах – нема друг бог освен Него, Владетел, Свет, Оној Кој е без недостаток, Оној Кој секого го обезбедува, Оној Кој над сите бдее, Силен, Возвишен, Горд. Возвишен и Чист е Аллах, од она што му го придружуваат!
24. Тој е Аллах, Творецот, Оној Кој од ништо создава, Оној Кој на се му дава облик, Тој има најубави имиња. Него го слави и велича се она што е на небесата и на Земјата, Тој е Силен и Мудар.(сура 59)
31. А џеннетот ќе биде приближен кон богобојазните, нема од ниту еден далеку да биде -
32. „Ова е она што ви е ветено, на секој оној кој се каел и чувал,
33. кој од Милостивиот се плашел, иако не Го видел, и кој оддано срце донел.
34. Влезете во него, во мир, ова е Денот вечен!“
35. Во него ќе имаат што ќе посакаат - а од Нас и повеќе.
Со предходните зборови е докажано дека нема ништо што е слично на Возвишениот Аллах, дека е невозможно да Го видиме на овој свет и дека оној кој во себе содржи човечка димензија, никако не може да биде Бог, па кога и во "божјиот" говор или говорот на веровесникот би се употребил изразот "бог" или "господ". Бидејки, меѓусебните противречни зборови не можат да се земат како разумни докази. На многу места во книгите на двата Завета, со зборчето "бог" се ословуваат: кралевите, Мојсие, Израелевите судии, добрите луѓе, многубројни поединци, па дури и проколнатиот ѓавол. Тоа е затоа што овој збор, ако се користи во било кое значење сем во неговото вистинско, во секоја нова употреба ќе поприми и ново значење. И за да не се појави забуна кај читателот уште на самиот почеток, потребно е да се напомене дека самиот контекст јасно укажува на тоа значење. Затоа на разумен човек не му прилега, со ословување на некои луѓе со овој збор да го прифати како доказ дека тој е навистина Бог или син Божји, а истовремено да ги занемари сите разумни и исправни
Бог создал безброј светови.Ако создал безброј светови,тогаш ќе има безброј манифестации.
Сите овие цитати укажуваат на тоа дека вистинскиот Бог е вечен, жив, пресветол, дека не умира, дека сем Него нема друг Бог, дека е чист од слабости, заморување и немоќност.
Па како е возможно еден слаб и минлив смртник да биде Бог ?! Тие веруваат дека тој Бог кого Исус тогаш го довикувал е вистинскиот Бог, и во тоа не се сомневаат.
На читателот му привлекува внимание извадокот (1:12) од книгата Хабакук кој во старите изданија гласел валка :
"Мој Боже,Светителу мој ? Ти кој не умираш."
Подготвил Ебу Абдулмалик
Повик кон Вистината