1 РАМАЗАНСКИ ХАДИСИ... Нед 07 Aвг 2011, 1:50 am
LAUTKA
Модератор
1.Ебу
Хурејре, р.а., пренесува од Аллаховиот Пратеник, саллаллаху алејхи ве
селлем, дека рекол: Кој го пости рамазан верувајќи и надевајќи се на
награда, ќе му бидат простени гревовите кои предходно ги направил!
(се мисли на малите гревови)
2.Ебу
Хурејре, р.а., истотака, пренесува од Аллаховиот Пратеник, саллаллаху
алејхи ве селлем,: Кога ќе настапи Рамазан, се отвора Џеннетската, а се
затвора Џехеннемската врата, а шејтаните се заврзуваат!
3.Ебу Сеид ел-Худри,
р.а., пренесува дека Аллаховиот Пратеник, саллаллаху алејхи ве селлем,
рекол: Аллах, седумдесет години ќе го одалечи огнот од особата која ќе
пости еден ден на Аллаховиот пат!
4.Ебу Хурејре, р.а., пренесува
дека Аллаховиот Пратеник, саллаллаху алејхи ве селлем, рекол:
Возвишениот Аллах рекол: Секое човеково дело му припаѓа нему, со
исклучок на постот! Тој ми припаѓа Мене и Јас посебно за него
наградувам!
5.Ебу Хурејре, р.а., истотака, од Аллаховиот
Пратеник, саллаллаху алејхи ве селлем, пренесува : Постот претставува
штит, па кога некој од вас пости нека не зборува бесрамни зборови и нека
не се дере, а ако некој го опцуе или нападне, нека рече: Јас постам!
6.Тој
истотака вели дека Аллаховиот Пратеник, саллаллаху алејхи ве селлем,
рекол: Се колнам во Оној во чија рака е Мухаммедовата душа, здивот од
устата на постачот кај Аллах е подобар од мирисот на мискот!
7.Ебу
Хурејре, р.а., го пренесува од Аллаховиот Пратеник, саллаллаху алејхи
ве селлем, и следниот хадис: Постачот има две радости: при прилика на
ифтар и при прилика со средбата со својот Господар!
8.Тој,
истотака, го пренесува од Аллаховиот Пратеник, саллаллаху алејхи ве
селлем, и овој хадис: Секоја човекова работа повеќепати се наградува.
Доброто дело се наградува од десет до седум стотини пати, освен постот,
зошто Возвишениот Аллах рекол: Тој е Мој и Јас за него наградувам. Он
поради Мене ги остава своите страсти и храната !
9.Сехл б. Саад,
р.а., пренесува дека Аллаховиот Пратеник, саллаллаху алејхи ве селлем,
рекол: Во Џеннетот има врата која се вика Рејјан. На нив, освен
постачите, никој друг нема да влезе?! Тие ќе станат и никој друг со нив,
освен нив, нема да влезе! И кога тие ќе влезат, вратата ќе се затвори и
на неа никој повеќе нема да влезе!
10.Талха б. Убејдуллах, р.а.,
пренесува дека кај Аллаховиот Пратеник, саллаллаху алејхи ве селлем,
дошол некој бедуин и помеѓу останатото, го запрашал: Извести ме за она
што Аллах ми го направил пообврзно од постот?! Он одговорил: Месецот
Рамазан, освен ако ти уште нешто доброволно посакаш!
11.Хузејфе
б. ел-Јаман, р.а., пренесува дека го слушнал Веровесникот, саллаллаху
алејхи ве селлем, како вели: Неред за човекот може да биде во неговото
семејство, имовина и во соседот, а ги отстранува извршувањето на намаз,
постот и делење на зекатот!
12.Ебу Хурејре, р.а., пренесува дека
Аллаховиот Пратеник, саллаллаху алејхи ве селлем, рекол: Започнете со
пост кога ја видите младата месечина, а престанете, кога повеќе нема се
гледа! Ако биде сокриена со облак, тогаш дополнете со триесетиот ден на
Шабан!
13.Абдуллах б.Омер, р.а., пренесува од Аллаховиот
Пратеник, саллаллаху алејхи ве селлем,: Немојте да постите ден или два
пред рамазан, со исклучок ако некој пости некој пост тогаш нека го
доврши!
14. Ебу Хурејре,
р.а., пренесува дека Аллаховиот Пратеник, саллаллаху алејхи ве селлем,
рекол: Немојте да постите кога ќе настапи втората половина од Шабан!
(Некои
ученици сметаат дека ова e препорака од Пратеникот, саллаллаху алејхи
ве селлем, како верникот би бил појак и спремен за дочекот на рамазан.)
15.Абдуллах
б. Амр ел-Ас, р.а., пренесува дека Аллаховиот Пратеник, саллаллаху
алејхи ве селлем, рекол: Во постот е сузбивањето на страстите на мојот
умет!
16.Абдуллах б. Месуд, р.а., пренесува дека Веровесникот,
саллаллаху алејхи ве селлаем, рекол: Кој има можности за брак, нека се
жени, зошто тоа подобро делува на спуштањето на погледот и најсигурно го
заштитува полниот орган, а оној кој не е во можност, нека пости , зошто
постот е еден вид заштита!
17.Севбан, р.а., пренесува дека
Аллаховиот Пратеник, саллаллаху алејхи ве селлаем, рекол: Постот во
месец рамазан одговара на пост од десет месеци и постот од шест дена во
шевал, после него, одговара на пост од два месеци, па, заедно
претставуваат пост како цела година!
18.Ебу Ејјуб,р.а., пренесува
од Веровесникот , саллаллаху алејхи ве селлаем, сличен хадис: Кој го
испости рамазан, потоа тоа го попрати со уште шест дена во шевал, како
цело време да постел!
19.Ебу Хурејре, р.а., пренесува дека
Аллаховиот Пратеник, саллаллаху алејхи ве селлаем, рекол: Кој не ги
остави лажниот говор и постапките по него, на Аллах не му е потребно тој
да ги остава својата храна и пијалок!
20.Ебу Хурејре, р.а.,
пренесува дека Веровесникот, саллаллаху алејхи ве селлаем, рекол: Петте
дневни намази, од џума до џума и рамазан до рамазан, ги откупуваат
гревовите, ако помеѓу нив не се направат големи гревови!
21.
Абдуллах б. Аббас, р.а., рекол: Аллаховиот Пратеник, саллаллаху алејхи
ве селлем, беше најдарежлив помеѓу луѓето, а најдарежлив беше во
рамазан, кога Џибрил би се состанувал со него. Џибрил се состануваше со
него секоја ноќ во текот на рамазан, кога заедно со него учеше Куран.
Аллаховиот Пратеник, при тие средби беше подарежлив од ветрот кој носеше
плодороден дожд!
22.Енес б. Малик, р.а., пренесува дека
Аллаховиот Пратеник, саллаллаху алејхи ве селлем, рекол: Станувајте на
сехур, зошто навистина, во него е бериќетот!
23.Од Амр б. ел-Ас,
р.а., се пренесува дека Мухаммед , саллаллаху алејхи ве селлем, рекол:
Разликата помеѓу нашиот пост и постот на евреите и христијаните е во
станувањето на сехур!
24.Од Сехл б. Саад, р.а., се пренесува дека
Веровесникот, саллаллаху алејхи ве селлем, рекол: Луѓето ќе бидат во
добро, се додека брзаат со ифтарот!
25.Ебу Хурејре, р.а.,
пренесува дека Аллаховиот Пратеник, саллаллаху алејхи ве селлем, рекол:
Возвишениот Аллах рекол: Мои најдраги робови се оние,кои најповеќе
брзаат со ифтарот!
26.Се пренесува од Селман б. Амир ед-Дабби,
р.а., Аллаховиот Пратеник, саллаллаху алејхи ве селлем, рекол: Кога
некој од вас ифтари, нека ифтари со урми, а ако ги нема, тогаш, нека
ифтари со вода, зошто таа е чиста!
27.Енес б. Малик, р.а., вели:
Аллаховиот Пратеник, саллаллаху алејхи ве селлем, би се ифтарил со свежи
урми пред да клања. Ако не би нашол свежи урми, би ифтарил со суви. Ако
не би нашол ни суви урми, тогаш би ифтарил со голтка вода!
28.Од
Ебу Хурејре се пренесува дека Веровесникот, саллаллаху алејхи ве
селлаем,рекол: Кога некој од вас заборави па нешто изеде или се напие,
нека го доврши својот пост, зошто тоа Аллах го нахранил и напоил!
29.
Аиша, р.а., вели: Аллаховиот Пратеник, саллаллаху алејхи ве селлаем, го
затекнуваше зората, а тој од односот со своите жени беше џунуп, па
тогаш ќе се избањаше и ќе постеше!
30. Зејд б. Халид ел-Џухени,
р.а., пренесува од Аллаховиот Пратеник, саллаллаху алејхи ве селлаем,
дека рекол: Кој ќе припреми ифтар на постачот, ќе има награда како и
тој, а да на постачот неговите севапи воопшто не му се намалат!
31.
Енес б. Малик, р.а., пренесува дека Веровесникот, саллаллаху алејхи ве
селлем, дошол кај Саад б. Убаде, р.а., кој му изнесе леб и маслиново
масло, од кое Веровесникот, саллаллаху алејхи ве селлем, јадеше и после
тоа, ја проучи довата: Кај вас нека се ифтарат постачи, вашата храна
нека ја јадат побожни и нека мелеците за вас чинат истигфар!
32.Од
Аиша , р.а., се пренесува дека Мухаммед , саллаллаху алејхи ве селлем,
рекол: Кој умре, а останал должен - пост, за него ќе напостува неговата
најблиска роднина!
33. Абдуллах б. Аббас, р.а., рекол: На
Аллаховиот Пратеник, саллаллаху алејхи ве селлем, му дошол некој човек и
му рекол: Аллахов Пратенику, мојата мајка умре и остана должна месец
дена - пост. Треба ли јас, за неа да надополнам?! Да – рече он - зошто
долгот према Аллах, треба првенствено да се извршува!
34.Од него
истотака, се пренесува дека дошла некоја жена кај Веровесникот,
саллаллаху алејхи ве селлем, и му споменала дека нејзината сестра
останала должна - месец дена постење, поради смрт која ја задесува на
пат по море и постот не го извршила. Пратеникот, саллаллаху алејхи ве
селлем, и рече: Пости за твојата сестра!
35.Ебу Хурејре, р.а.,
пренесува дека, Веровесникот, саллаллаху алејхи ве селлем, рекол: Кој ја
проведе Лејлету-л-Кадр во ибадет, верувајќи и надевајќи се на награда,
ќе му бидат простени предходните гревови!
36.Од Аиша, р.а., се
пренесува дека Аллаховиот Пратеник, саллаллаху алејхи ве селлем,
препорачал: Барајте ја Лејлету-л-Кадр во непарните ноќи од последните
десет денови од Рамазан!
37. Аиша, р.а., вели: Го запрашав
Аллаховиот Пратеник, саллаллаху алејхи ве селлем, : Аллахов Пратенику,
што мислиш, кога би знаела во која ноќ се наоѓа Лејлету-л-Кадр, што би
учела во неа? Он одговори: Учи: АЛЛАХУММЕ ИННЕКЕ АФУВВЕН;
ТУХУББУ-Л-АФВЕ,ФА`ФУ АННИ/Аллаху мој, Ти си Оној кој многу простува, Ти
сакаш простување, па прости ми и мене!
38.Од Аиша, р.а., се
пренесува дека рекла: Кога би настапила последната третина од Рамазан,
Аллаховиот Пратеник, саллаллаху алејхи ве селлем, би ја проведувал ноќта
во ибадет, би го разбудил своето семејство и би се трудел ибадетот да
биде што подобар!
39.Абдуллах б. Омер, р.а., рекол: Аллаховиот Пратеник, последните десет дена од Рамазан ги престојуваше во И`тикаф!
40.
Ебу Хурејре, р.а., пренесува дека некој бедуин дошол кај Аллаховиот
Пратеник, саллаллаху алејхи ве селлем, и го запрашал: Аллахов Пратенику,
упати ме на дело, со кое, ако би го чинел , би влегол во Џеннет! Он му
одговори: Аллах, да го обожуваш, не препишувајќи му другар, да извршуваш
намаз, да даваш зекат и да постиш Рамазан! Бедуинот тогаш рече: Се
колнам во Оној во чија рака се наоѓа мојот живот, јас на ова нема да
додадам ништо! Кога тој се заврти, Веровесникот, саллаллаху алејхи ве
селлем, тогаш рече: Кому причинува задоволство да гледа во еден жител на
Џеннетот, тогаш нека го погледа во овој!
[You must be registered and logged in to see this link.]