1 Што значи: Куранот е објава Пет 15 Jул 2011, 8:58 pm
Muwehhid
Модератор
Во Името На Аллах џ.ш Милостивиот, Самилосен!
Тоа значи дека се што е во него тоа се Божји зборови. Објавите на луѓето им ги пренесувале луѓе кои што Бог ги избирал да бидат Негови пратеници ги кажувале Божјите заповеди кој што луѓето требало да ги спроведуваат во пракса.
И пред објавувањето на Куранот постоеле книги кој биле објавени од Бога. Такви за кој со сигурност се знае дека биле објави. Куранот потврдил дека пратениците Муса и Иса а.с добиле објави .Книгата која му била објавена на Муса а.с е Тевратот (Стариот завед) и Инџилот (Евангелијето) на Иса а.с христијаните.
Тевратот, Инџилот, Куранот и сите други кој биле објави имаат една ист извор бидејќи Бог е еден за сите.
Тогаш што е заедничко за сите верии а што е тоа во што се разликуваат?
Сите пратеници кој се јавувале од време на време, проповедале една иста вера ИСЛАМ- да се биде покорен, послушен на еден Бог, да се веруваа во Неговите мелеки, пратеници, книги, да се верува во животот после смрта, да се верува се што се случува е со Божја воља и знаење.
Ова е суштината на верувањето о тоа е исто кај сите Божји пратеници и во сите објави, тоа е теоретски дел во кој само се верува.
Меѓутоа секоја објава со себе носи одреден законик- шеријатски практичен дел од верата во која основен што се верува тоа и во праксата се спроведува.
Тоа е сетален кондекс на однесување или законик кој ги опишува начините на ибадет (Покорноста и молитвените одредби) стандардите на моралот, начинот на организирање на човечкиот живот, што се од Бога дозволени а што забранети работи. Ваквото канонско право претрпувало измени од време на време и покрај тоа што суштината на верувањето не се менувала.
Секој Божји пратеник носел исто верување како предходниот но некој ос нив донесувале нов законик со кој се укинувал дотогашниот законик од предходниот пратеник. Кажано со јазикот на денешната права мисла е: Преамбулата и основните уставни принципи кај Божји устав- објава се исти а што се однесува до законитенормативни акти кој произлегле од основните устави начела се разликувале ос објава до објава.
Објавата кај секој пратеник кој бил испратен пред Мухаммед а.с била прилагодена на народот од кој потекнувал тој пратеник и на условите на неговото време. Сетоа ова било со цел за морално воздигнување на цливизацијата кај различните народи ни вековите.
Процесот на објават со доаџањето ма на Мухаммед а.с кој донесол конечен Боѓји законик кој бил наменет за целото човештво и за сите времиња после него.
Со доаџањето на Мухаммед а.с се укинале предходните законци и е завршен големиот ппроцес на траење на објавата која започнала со Адем а.с
Куранот е устав за целото човештво чија што важност е дека постои обој свет.
Што е гаранцијата дека Куранот нема да биде заменат со нова објава или луѓето да променат барем дел од него?
Прва и најважна гаранција е тоа што Аллах џ.ш гарантирал дека ќе го чува и заштити од било какви промени па вели:
“ Ние навистина Кур’анот го објавивме и Ние над него ќе бдееме’’
(Ел-Хиџр-9)
Ова е една од тие разлики со кој Куранот се разликува од предходните објави.
Бог грижата за чување на предходните објави. Ја оставил на нејзините следбеници и таа важела се дотогаш додека тие не изменувале делови од неа, така било заменувани Божјите зборови со човечки.
Објавите од предходните пратеници биле оставени на чување на нејзините следбеници од причина што тие биле основа за ограничено (Локално) законодаство кое важело за одредени временски периоди.
Второ, Аллах џ.ш вели дека Мухаммед с.
Е последен Негов пратеник после него нема да има објава со која ќе биде заменат Куранот.
После сето ова што го кажавме логично е да се постави прашањето:
Од каде да знаеме дека Куранот, навистина е објава од бога?
Самиот Куран е најголем доказ дека тој е објава од Бога. Онојк кој сака да се убеди во ова нека го земе и нека го анализира од било кој аспект.
Секој од предходните пратеници имале докази со кој докажувале дека Божјите пратеници. Доказ за пратеништвото на Мухаммед а.с е самиот куран.
Кога 662год после Иса а.с почна објавувањето на Куранот, тој преставувал лингвистичко (јазично) чудо. Куранот содоржи само Аллахови зборови никој друг нема било каков удел во него. Куранот му упатил предизвик на човечкиот род тогаш а и денес па вели:
Кога сите луѓе и џиновите би се здружиле да направат нешто слично како овој Куран, не би можеле тоа да го направат, па и едни на други да си помагаат.
(Ел-Исра- 88)
Објават на Куранот траела 23 години.
По неколку годнини од објавувањето на овој ајет предизвикот бил олеснат на десет Курански суру-поглавја. Ова е објавено во Суретул Худ ајет број 13.
Поминале неколку години од бјавувањето на овој ајет, на предизвикот никој не одговорил. Па по втор пат бил олеснат, сега само на една КУранска сура, ова е објавено во Суре бекаре ајет број 23. Од ова помина уште 1400 години и никој не е во состојба да одговори ба предизвикот.
Со години најдобрите познавачи на Арапскито јазик го читаат и испитуваат Куранот да најдат барем еден несодвеетен збор во некој ајет.
Секогаш кога противниците на Мухаммед а.с барале своето пратеништво да го потврди со некое матефизичко чудо, Аллах џ.ш му испрачал објава да им рече на неговите противници дека тој е само човек и не може да прави чуда. Со објавувањето на Куранот заврши периодот на метафизичи чуда.
Куранот го отвори периодот во кој главен збор има разумот и науката, па секогаш кога противниците на Мухаммед а.с барале чуда Куран ги насочува да размислуваат за создавањето на небото и земјата, за промената на денот и ноќта, па им вели патувајте по земјата па отворете ги очите и изучувајте ја историјата на претходните народи па да видете зашто некој напредуваа а другите пропаднаа, во самите вас постојат докази за тоа.
Куранот упатува да по пат на науката ги откриваме чудата на природата. Овие чуда многу повеќе зборуваат за постоењето на Бог отколку било кое матефизичко чудо кое би имало локален карактер, би било објавено одреден временски период и би имало влијаниеје на одреден број на луѓе.
Упатувањето да ја изучуваме природата е многу поголемо чудо отколку да на барање на неверниците кои биле во тоа време да му било дадено на Мухаммед а.с , па денешните генерации а и идните а и предходните кои биле пред нас а ане живеле во тоа време, би верувале во доказите чудата кој ги виделе првите генерации верници кој живееле со Божјот пратеник.
Куранот како збир на прописите за луѓето им го покажа вистинскиот пат полн со докази заона што ќе го следат. Куранот пред 1400 години открива вистини кој не можеле да му бидат познати на ниту еден човек освен ако тие не биле објавени од Бога . Овие Курански вистини објавени пред 14 века а потврдени денес се доказ за тоа дека курано е навистина објава.