кога Аллах кажува “Јас го створив со своите две раце“, дека ова значи со своите две снаги, или со двете моќности???
Како тоа ова нас да не ни го објаснат кога ова кај вас значи куфр, затоа што вие кажувате дека препишување рака на Аллах тебареке ве те’ала – е куфр. Како и самите научници вклучувајќи го и Ебу Ханифе а и други, ова не го објасниле на начинот на кој што вие тврдите?
Ние кажуваме и го повторуваме истото она што го застапува улемата од ехлис суннет вел џемаат, онака како што му доликува на Возвишениот Створител за својствата околу кои Сам се опишал во Неговата Книга и суннетот од Неговиот Посланик салаллаху алејхи ве селлем, без да ја споредуваме Неговата рака со раката од Неговите створенија, и секако сето ова го спомнуваме без говор околу каквотијата на таа рака затоа што каквотијата за нас е непозната.
Затоа плашете се од Аллах тебареке ве те’ала и немојте да го изобличувате и променувате говорот од улемата и да го толкувате онака како што тоа вие саката да го разберете.
Да се вратиме на хадисот кој се спомнува во Сахихот од имам Бухари, на кој што вие лажете а таа лага ја препишувате на Ибн Аббас радијаллаху анху, и кажувате дека ибн Аббас кажува дека зборот “јед“ значи куввет (снага), а ние ви докажавме дека во хадист стои “Аду, вел – ејду“ а разликата е огромна затоа што “ејду“ тука значи рака.
Исто така кажува Аллах Возвишениот:
“Евреите зборуваат: ’Аллаховата рака е стисната!’ Стиснати се рацете нивни и нека се проклети заради тоа што го зборуваат! Но не, двете Негови раце се испружени, Он поделува колку што сака!“ (Ел – Маиде 64)
Што се однесува на доказите од Суннет:
Пренесува Ебу Хурејре радијаллаху анху дека Аллаховиот Посланик саллаллаху алејхи ве селлем рекол:
“Аллах џеле ве ала на Судниот Ден ќе ги земе Небесата и Земјата во своите две раце и ќе рече...“ (Бухари, Муслим)
Ако би се толкувал зборот ’Аллахова рака’ и метафорички тие би значеле снага, моќ како што тоа го прават заблудени суфиски секти, каква смисла би имале зборовите “што те спречи да му направиш сеџде на оној кој Јас го створив со своите две раце? И тоа би значело по нивно толкување - што те спречи да му направиш сеџде на оној кој Јас го створив со своите две снаги, или со двете моќности???
Или кај другиот ајет “Но не, двете Негови раце се испружени“ Дали може да се каже според вашето толкување ’Но не, двете Негови снаги или моќности се испружени?!
Како е возможно Аллаховиот Посланик саллаллаху алејхи ве селлем, да ги учи ајетите во кои се спомнува Аллахова рака, и сам спомнувајќи многу хадиси дека Аллах има две раце, па да не им го објасни тоа на обичниот свет од бедуини и други, дека овие ајети не треба да ги разберат и сватат буквално, дека тука рацете би значеле снага, моќ или нешто друго?? Дали ова е возможно??
Зарем Посланикот салаллаху алејхи ве селлем на својот Уммет да појасни и разјасни работи кои се многу помалку од ова, како начинот на обавување нужда, а да занемари оволку крупни и големи работи кои се врзуваат за Створителот на сите Светови?
Како тоа, асхабите радијаллаху анху да не им ги објасниле овие работи на луѓето кои примале ислам за да не би ги сватиле погрешно овие работи и како не би погрешиле и сватиле дека Аллах навистина има раце?
Како тоа никој од селефу – салих почнувајќи од асхабите, таби’ини и таби таби’ини, не објасниле дека својсвото раце треба метафорично да се разбере како моќ и снага а не како суштинска рака која му доликува само на Возвишениот Створител?!
Kaжува имам Тахави рахимехуллах, (Роден 239 хиџретска година) во неговата книга “Акидетул Тахавије – Тахавијева Посланица“ на страна 282 и едно цело поглавје го посветил на:
Говорот од Ебу Ханифе за потврда на раце, лице и нефс на Аллах субханеху ве те’ала, без каквотија (кејфијје).
И кажува имам Тахави рахимехуллах, дека рекол имам Ебу Ханифе рахимехулах, во ’Ел Фикхул – Екбер’: “Аллах има Раце, Лице и Нефс како што Возвишениот во Кур’ан спомнува Раце, Лице и Нефс. Тоа се особини околу чија каквотија (кејфијје) не се поставува прашање.
Никако не се кажува Неговата Рака е Неговата моќ и благодет, затоа што со тоа се се поништува својството.“
Ова го рекол Имам Ебу Ханифе рахимехуллах, а тоа го потврдил со категорички докази од Кур’ан, каде Возвишениот кажува:
“Аллах рече:“ О Иблис, што те натера да не му паднеш на сеџде на онај кој го создадов со двете раце Мои? Се изнадува или, пак, стана меѓу големците?“ (Сад 75)