1 До оној кој прашува за Аллах? Саб 26 Мар 2011, 7:10 pm
Muaz al Islam
Модератор
Во една прилика атеистите му се обратил на Ебу Ханифе:
„Објасни нешто за битието на твојот Господар? Дали тоа е творено од железо, течно како вода, или гасовито како чад и пареа?“
Имам Ебу Ханифе им одговорил: Дали сте седеле до болен човек пред да испушти душа.
Атеистите рекол: Сме седеле!
Ебу Ханифе праша: Дали ви прозборел откако му излегла душата?
Рекоа: НЕ!
Праша: Дали пред да умре зборуваше и се мрдаше?
рекоа: ДА!
Праша: Што е она што го измени?
Рекоа: Излегувањето на неговата душа!
Праша: Дали излезе неговата душа?
рекоа: ДА.
Праша: Опишетемија оваа душа, дали таа е тврда како железо или течна како вода или гасовита како чад или пареа?
Рекоа: „ Не знаеме ништо за неа!! “
Рече Ебу Ханифе: „ Ако душата која е создадена не можете да ја опишете каква е, тогаш како посакувате од мене да ви го опишам битието на Мојот Господар? “