Ес селаму алејкум ве рахметуАллах ве Берекетуху и добре дојдовте на www.ahlu-sunnah.org.

За да се окористите од сите функции на форум, ве молиме да се регистрирате или со вашето корисничко име логирате.


Join the forum, it's quick and easy

Ес селаму алејкум ве рахметуАллах ве Берекетуху и добре дојдовте на www.ahlu-sunnah.org.

За да се окористите од сите функции на форум, ве молиме да се регистрирате или со вашето корисничко име логирате.
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Latest topics
» Alisan
НАРЕДУВАЊЕ КОН ДОБРО И ОДВРАЌАЊЕ ОД ЗЛО EmptyПет 24 Апр 2020, 2:43 am by Muaz al Islam

» Намазот не е исправен (валиден) зад оној кој што ги оправдува..
НАРЕДУВАЊЕ КОН ДОБРО И ОДВРАЌАЊЕ ОД ЗЛО EmptyСаб 18 Јун 2016, 4:40 am by muwehid

» Салават на Пратеникот Мухаммед (а.с.)
НАРЕДУВАЊЕ КОН ДОБРО И ОДВРАЌАЊЕ ОД ЗЛО EmptyСаб 18 Јун 2016, 4:18 am by muwehid

» Менсур ал-Салими- "Спомнувајте Ме а и Јас ќе ве спомнувам (Ел-Бекара, 152)"
НАРЕДУВАЊЕ КОН ДОБРО И ОДВРАЌАЊЕ ОД ЗЛО EmptyПон 13 Јун 2016, 9:32 pm by Muwehhid

» Кога ќе сватеме???
НАРЕДУВАЊЕ КОН ДОБРО И ОДВРАЌАЊЕ ОД ЗЛО EmptyНед 12 Јун 2016, 9:34 pm by Muwehhid

» Ја сменија верата, но ја нарекуваат "ислам"
НАРЕДУВАЊЕ КОН ДОБРО И ОДВРАЌАЊЕ ОД ЗЛО EmptyСаб 11 Јун 2016, 8:51 pm by Muwehhid

» Дали е дозволено мевлуд?
НАРЕДУВАЊЕ КОН ДОБРО И ОДВРАЌАЊЕ ОД ЗЛО EmptyСре 27 Апр 2016, 11:09 am by Abu Al-Amin

» Шејх Сулејман ибн Насир ел-Улван за техакум
НАРЕДУВАЊЕ КОН ДОБРО И ОДВРАЌАЊЕ ОД ЗЛО EmptyВто 08 Мар 2016, 12:26 am by Haqq

» Бајрам
НАРЕДУВАЊЕ КОН ДОБРО И ОДВРАЌАЊЕ ОД ЗЛО EmptyНед 06 Мар 2016, 2:36 pm by Haqq

» Реката на трпението и нејзините притоки
НАРЕДУВАЊЕ КОН ДОБРО И ОДВРАЌАЊЕ ОД ЗЛО EmptyПет 04 Мар 2016, 7:48 pm by hidzab

» Pozdrav
НАРЕДУВАЊЕ КОН ДОБРО И ОДВРАЌАЊЕ ОД ЗЛО EmptyПон 15 Фед 2016, 11:52 pm by Abu Al-Amin

»  шейха доктора / Тарик гураб: Вопросы и ответы о колдовстве и лечения
НАРЕДУВАЊЕ КОН ДОБРО И ОДВРАЌАЊЕ ОД ЗЛО EmptyНед 14 Фед 2016, 7:30 pm by nourna

» abdul fetah
НАРЕДУВАЊЕ КОН ДОБРО И ОДВРАЌАЊЕ ОД ЗЛО EmptyСре 03 Фед 2016, 12:02 am by Abu Al-Amin

» Хадиси на Мухаммед а.с
НАРЕДУВАЊЕ КОН ДОБРО И ОДВРАЌАЊЕ ОД ЗЛО EmptyСре 06 Јан 2016, 7:16 pm by medi

» Аллах нас ни е потребен
НАРЕДУВАЊЕ КОН ДОБРО И ОДВРАЌАЊЕ ОД ЗЛО EmptyСре 02 Дек 2015, 7:26 pm by Muwehhid

Кој е он-лајн?
Севкупно има 87 членови он-лајн :: 0 Регистрирани, 0 Скриени и 87 Гости

Никој

Најмногу членови кои го посетиле форумот воеднаш се 547 во Пет 15 Ное 2024, 12:40 am
Барај
 
 

Display results as :
 


Rechercher Advanced Search

Top posters
Muaz al Islam (1691)
НАРЕДУВАЊЕ КОН ДОБРО И ОДВРАЌАЊЕ ОД ЗЛО Vote_lcapНАРЕДУВАЊЕ КОН ДОБРО И ОДВРАЌАЊЕ ОД ЗЛО Voting_barНАРЕДУВАЊЕ КОН ДОБРО И ОДВРАЌАЊЕ ОД ЗЛО Vote_rcap 
LAUTKA (1011)
НАРЕДУВАЊЕ КОН ДОБРО И ОДВРАЌАЊЕ ОД ЗЛО Vote_lcapНАРЕДУВАЊЕ КОН ДОБРО И ОДВРАЌАЊЕ ОД ЗЛО Voting_barНАРЕДУВАЊЕ КОН ДОБРО И ОДВРАЌАЊЕ ОД ЗЛО Vote_rcap 
Muwehhid (937)
НАРЕДУВАЊЕ КОН ДОБРО И ОДВРАЌАЊЕ ОД ЗЛО Vote_lcapНАРЕДУВАЊЕ КОН ДОБРО И ОДВРАЌАЊЕ ОД ЗЛО Voting_barНАРЕДУВАЊЕ КОН ДОБРО И ОДВРАЌАЊЕ ОД ЗЛО Vote_rcap 
Келиметул-Хакк (594)
НАРЕДУВАЊЕ КОН ДОБРО И ОДВРАЌАЊЕ ОД ЗЛО Vote_lcapНАРЕДУВАЊЕ КОН ДОБРО И ОДВРАЌАЊЕ ОД ЗЛО Voting_barНАРЕДУВАЊЕ КОН ДОБРО И ОДВРАЌАЊЕ ОД ЗЛО Vote_rcap 
Muslima4Islam (589)
НАРЕДУВАЊЕ КОН ДОБРО И ОДВРАЌАЊЕ ОД ЗЛО Vote_lcapНАРЕДУВАЊЕ КОН ДОБРО И ОДВРАЌАЊЕ ОД ЗЛО Voting_barНАРЕДУВАЊЕ КОН ДОБРО И ОДВРАЌАЊЕ ОД ЗЛО Vote_rcap 
Abu Al-Amin (479)
НАРЕДУВАЊЕ КОН ДОБРО И ОДВРАЌАЊЕ ОД ЗЛО Vote_lcapНАРЕДУВАЊЕ КОН ДОБРО И ОДВРАЌАЊЕ ОД ЗЛО Voting_barНАРЕДУВАЊЕ КОН ДОБРО И ОДВРАЌАЊЕ ОД ЗЛО Vote_rcap 
Al-Ghuraba (360)
НАРЕДУВАЊЕ КОН ДОБРО И ОДВРАЌАЊЕ ОД ЗЛО Vote_lcapНАРЕДУВАЊЕ КОН ДОБРО И ОДВРАЌАЊЕ ОД ЗЛО Voting_barНАРЕДУВАЊЕ КОН ДОБРО И ОДВРАЌАЊЕ ОД ЗЛО Vote_rcap 
Monoteizam (343)
НАРЕДУВАЊЕ КОН ДОБРО И ОДВРАЌАЊЕ ОД ЗЛО Vote_lcapНАРЕДУВАЊЕ КОН ДОБРО И ОДВРАЌАЊЕ ОД ЗЛО Voting_barНАРЕДУВАЊЕ КОН ДОБРО И ОДВРАЌАЊЕ ОД ЗЛО Vote_rcap 
muharem fazli (323)
НАРЕДУВАЊЕ КОН ДОБРО И ОДВРАЌАЊЕ ОД ЗЛО Vote_lcapНАРЕДУВАЊЕ КОН ДОБРО И ОДВРАЌАЊЕ ОД ЗЛО Voting_barНАРЕДУВАЊЕ КОН ДОБРО И ОДВРАЌАЊЕ ОД ЗЛО Vote_rcap 
Haqq (253)
НАРЕДУВАЊЕ КОН ДОБРО И ОДВРАЌАЊЕ ОД ЗЛО Vote_lcapНАРЕДУВАЊЕ КОН ДОБРО И ОДВРАЌАЊЕ ОД ЗЛО Voting_barНАРЕДУВАЊЕ КОН ДОБРО И ОДВРАЌАЊЕ ОД ЗЛО Vote_rcap 

Statistics
Постојат b>1268 регистрирани членови
Најновиот регистриран член е igoralfiosebastian@gmail.

Нашите членови се испратиле точно 8262 мислења in 2387 subjects

You are not connected. Please login or register

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down  Порака [Страна 1 of 1]

Muaz al Islam

Muaz al Islam
Модератор
Модератор
НАРЕДУВАЊЕ КОН ДОБРО И ОДВРАЌАЊЕ ОД ЗЛО

Една од крупните исламски обврски, која се протега низ целиот Кур'ан, се однесува на задачата на наредување на добро и спречување на зло "Емр бил-ма'руф вен-нехју анил-мункер". Оваа инстутиција на наредување на добро и одвраќање од зло спаѓа меѓу возвишените исламски прописи и императив за секој муслиман кој кога ќе забележи негативна појава пред своите очи има можност да го примени хадисот на Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. кој рекол:
مَنْ رَأَى مِنْكُمْ مُنْكَرا فَلْيُغَيِّرْهُ بِيَدِهِ. فَإِنْ لَمْ يَسْتَطِعْ فَبِلِسَانِهِ. فَإِنْ لَمْ يَسْتَطِعْ فَبِقَلْبِهِ. وَذٰلِكَ أَضْعَفُ الإِيمَانِ

“Кој од вас ќе види зло, нека го отстрани со своја рака, а ако не може, нека го отстрани со збор, а ако и тоа не може, нека го отстрани со своето срце. Но, ова е најслаб иман.” (Муслим)

Потоа, наредувањето на добро и одвраќање од зло, всушност, тоа било фундаментална задача и мисија на најизбраните Аллахови пратеници, навика и обичај на добрите и учените луѓе. Постојат голем број на курански ајети кои стриктно ја нагласуваат оваа обврска, која во развојот на исламското општество имала огромна идеолошка улога. Чесниот Кур'ан меѓу другото вели:
وَٱلْمُؤْمِنُونَ وَٱلْمُؤْمِنَاتِ بَعْضُهُمْ أَوْلِيَآءُ بَعْضٍ يَأْمُرُونَ بِٱلْمَعْرُوفِ وَيَنْهَوْنَ عَنِ ٱلْمُنْكَرِ وَيُقِيمُونَ ٱلصَّلاَةَ وَيُؤْتُونَ ٱلزَّكَاةَ وَيُطِيعُونَ ٱللَّهَ وَرَسُولَهُ أُوْلَـٰئِكَ سَيَرْحَمُهُمُ ٱللَّهُ إِنَّ ٱللَّهَ عَزِيزٌ حَكِيمٌ

“Верниците и верничките се заштитници еднисодруги: наредуваат добро и одвраќаат од зло, клањаат намаз и даваат зекат и послушни се и на Аллах и на пејгамберот Негов. Аллах ним ќе им се смилува. Аллах, навистина, е Силен и Мудар!” (Ет-Тевбе, 71)

Газали вели: “Ајетот става до знаење дека оној што ги напушта овие две својства (наредување добро и одвраќање од зло) излегува од редовите на муслиманите.”

Додека имам Куртуби тврди дека овој ајет недвосмислено ги одделува верниците од дволичнаците, затоа што дволичнаците се опишани со спротивни својства, како што тоа се наведува во Кур’анот:
ٱلْمُنَافِقُونَ وَٱلْمُنَافِقَاتُ بَعْضُهُمْ من بَعْضٍ يَأْمُرُونَ بِٱلْمُنكَرِ وَيَنْهَوْنَ عَنِ ٱلْمَعْرُوفِ وَيَقْبِضُونَ أَيْدِيَهُمْ نَسُواْ ٱللَّهَ فَنَسِيَهُمْ إِنَّ ٱلْمُنَافِقِينَ هُمُ الْفَاسِقُونَ

“Мажите дволични и жените дволични, еднисодруги се: наредуваат зло и одвраќаат од добро, а рацете им се стегнати. Забораваат на Аллах па и Он заборава на нив. Дволичните, навистина, се расипани!” (Ет-Тевбе, 67)

Всушност, во куранската дефиниција на верниците и верничките, муслиманите и муслиманките, ова својство спаѓа во главните обележја на вистинските верници. Низ целата исламска историја оваа куранска институција имала пресудна морална улога, со оглед на тоа што и поединците и заедницата подеднакво ги задолжува.

Аллаховиот Пратеник с.а.в.с., како жив пример на Кур’анот, во пракса најдобро ја објаснил смислата на оваа хумана исламска одредба. Сиот негов пратенички живот, за кого Возвишениот Аллах вели дека е најдобар пример за верникот, бил исполнет со борба за добро во склад со куранските одредби. Еве еден илустративен пример кој практично го објаснува ставот на Пратеникот с.а.в.с. кон оваа институција - наредување добро и спречување на зло:

- Се пренесува од Ибн Аббас р.а. дека Аллаховиот Пратеник с.а.в.с., видел златен прстен на раката кај еден човек, му го извадил, го фрлил и рекол: “Некои од вас се насочуваат кон зажарен јаглен и го ставаат на раце.” По заминувањето на Аллаховиот Пратеник с.а.в.с., му било речено на човекот: “Земи го прстенот и искористи си го.” Човекот одговорил: “Не, Валлахи, никогаш нема да го земам откако го фрли Аллаховиот пејгамбер.”

Истакнувајќи ја оваа обврска, Кур’анот употребува израз “је’мурун” т.е. наредуваат да се прави добро. Со други збор-ови, Кур’анот ја потенцира колективната обврска и одгово-рност, и бара меѓусебно верниците да се поттикнуваат на правење на добри дела, што непосредно ја иницира целата заедница на активна борба кон највозвишените морални вредности.


Наредувањето на добро и одвраќањето од зло, првенствено треба да се примени во потесниот круг на семејството, пријателите, познаниците и сл. Наредување на одредени постапки, кои се однесуваат за правилата на исламското однесување, можеме да го оствариме и во рамките на нашите фамилии, за кои сносуваме полна верска и морална одговорност. Тука пред сé, влегува практична примена на основните исламските прописи и обврски од најмладите па до најстарите членови на куќата, со цел да се изгради навика и чувство за одговорност пред Аллах џ.ш. Тие навики, исламот бара од нас, да ги презентираме уште од најрани години, за потоа да станат составен дел во животот на муслиманот. Аллаховиот Пратеник с.а.в.с., на тоа посебно инсистирал, истакнувајќи го на прво место намазот, за кого родителот треба да почне да го привикнува своето дете уште од седмата година, а во десетата година од животот ако одбие дури да се примени и сила. На ист ранг можат да се стават и другите навики кои треба да се вградат кај детето како општата хигиена, перење раце пред и по јадење, миење наутро, почитување на постари, учтиво да се однесува и сл. Стекнувањето на одредени навики животот го прави полесен и поедноставен и посмисловен.

Затоа, занемарување на оваа институција “Наредување добро и спречување од зло” може да доведе до далекосежни последици како морална анархија и духовно назадување. Денес, како никогаш порано, не е поизразена потребата од оваа потреба за нејзино доследно применување. Мораме да го поправиме нашето сфаќање дека наредување или советување за добро не е обврска само на професионални луѓе - имами, хатиби, и слично задолжени луѓе, туку на секој поединец и целата заедница. Секој е должен во границите на своите можности да придонесе во таа насока. Имено, муслиманот не смее да биде пасивен, незаинтересиран и егоист. Знаењето кое го располага треба да го пренесува и на други. Аллаховиот Пратеник с.а.в.с., во таа смисла рекол:

“Пренесете од мене барем една реченица.”

Особено, кај нас имаме огромна потреба и одговорност да пренесуваме во нашите домови и фамилии, каде што жените се осакатени на тоа поле, па од нас зависи дали ќе дозволиме нив да ги воспитува телевизијата или ние преку нашата вера. Како пример можеме да ја наведеме џумата, на која, главно, присуствуваат мажите, па ако барем делумно не го пренесеме џуманското предавање или ваз дома, тогаш навистина, сме се огрешиле и не ја вршиме нашата улога на чувари на своето стадо. За жал, повеќето од луѓето, денес така и се однесуваат, неодговорно и несвесно!

Еве го предупредувањето на Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. за напуштање и изоставње на оваа институција:

وَالَّذِي نَفْسِي بِيَدِهِ لَتَأْمُرُنَّ بالمَعْرُوفِ وَلَتَنْهَوُنَّ عَنِ المُنْكَرِ و لَيُوشِكَنَّ الله أَنْ يَبْعَثَ عَلَيْكُمْ عِقَاباً مِنْهُ فَتَدْعُونَهُ فَلا يَسْتَجِيبُ لَكُمْ

“Се колнам во Оној во чија рака е мојава душа; вие или ќе наредувате добро и ќе забранувате зло или, пак, Аллах ќе ви испрати казна, па ќе Го молите и нема да ви се одѕвие.” (Тирмизи, Ибн Маџе, Бејхеки - хасен)


Мухаммед с.а.в.с., ги подучувал своите асхаби дури и кога е во прашање патот (чаршија и сл), да и кон него ја исполнат обврската или хаккот кој му припаѓа, па во хадисот кој го пренесува Ебу Сеид р.а. стои дека Аллаховиот Пратеник с.а.в.с., рекол: “Чувајте се од седенки по патиштата!”

Рекле: “Ја Ресулаллах, мораме да се состануваме за меѓусебно да си разговараме.” Аллаховиот пејгамбер с.а.в.с., Рекол: “Кога веќе морате да се состанувате, дајте му го на патот правото негово.” Прашале: “За какво право на патот се работи, ја Ресулаллах!” Одговорил: “соборувањето на погледот, чувањето од навреда, отпоздравувањето со селам, наредувањето добро и забранувањето зло.” (Бухари)

Аллаховиот Пратеник с.а.в.с., ни забранува непотребно стоење покрај пат, бидејќи тоа се смета за губење на време. Меѓутоа, ако дојде до тоа, како нешто што е јавна работа, тогаш мора да се почитуваат обврските спрема патот: соборување на поглед, возвраќање на селам, воздржување од лоши дела и наредување на добро и спречување на зло!

Дали ние кога ќе се најдеме на пат или во чаршија ги исполнуваме овие работи?

Треба да обрнеме внимание на фактот дека она што го наредуваме дали и самите тоа го применуваме, оттука почнува вистинската борба против своите страсти, заблуди, предрасуди кои човекот го туркаат во грев. Иса а.с. порачал: „Најпрвин советувај се самиот себеси, а потоа другите!” Значи, треба првин да расчистиме со себе. Бидејќи ако постапуваме спротивно тогаш се доведуваме во позиција која ја опишал Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. во еден хадис каде стои:

- Се пренесува од Ебу Зејд Усаме б. Зејд б. Харис (р.а.) дека рекол: “Го слушнав Аллаховиот пејгамбер с.а.в.с., како вели: “На Судниот ден ќе се доведе човек и ќе се фрли в оган. Цревата од стомакот ќе му паднат. Ќе се врти околу нив онака како што се врти магаре со вртелка на воденица. Ќе се соберат околу него џехеннемските жители и ќе речат: “О човеку, што е со тебе? Нели наредуваше добро и забрануваше зло?” - Ќе одговори: ”Да, наредував добро, но добро не правев; забранував зло, а зло правев.” (Бухари)

http://www.ahlu-sunnah.org

Muaz al Islam

Muaz al Islam
Модератор
Модератор
Последиците од напуштање на оваа инстутиција можеме да ја увидиме преку следниве хадиси: Пренесува Беззар и Таберани од Ибн Аббас р.а. дека Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. бил прашан: “Може ли да биде уништено едно место во кое има добри луѓе?” Пратеникот а.с. рекол: „Да”. Рекоа: “А зошто, Аллахов пратениче?” Рече: “Заради немарноста и изоставање на обврската на спречување на злото и гревовите.”

Исто така, Имам Бухари и Муслим пренесуваат дека Зејнеб бинт Џахш (жена на Аллаховиот Пратеник с.а.в.с.) дека Пратеникот а.с. еднаш влегол кај неа загрижено уплашен и рекол: “Ла илахе иллаллах! Тешко на арапите од злото кое им се приближило! Излезот на народите Јеџуџ и Меџуџ денес се отворил олку - покажувајќи со прстите круг, направен од палец и показател - па рекла: Аллахов Пратениче, зарем ќе бидеме уништени, а меѓу нас има добри луѓе? Одговорил: “Да, кога ќе надвладеат валканите работи (гревови).”

Исто така, Возвишениот Аллах го спуштил својот гнев врз оној народ кој чинел гревови и не го спречувале злото, па вели:
لُعِنَ ٱلَّذِينَ كَفَرُواْ مِن بَنِيۤ إِسْرَائِيلَ عَلَىٰ لِسَانِ دَاوُودَ وَعِيسَى ٱبْنِ مَرْيَمَ ذٰلِكَ بِمَا عَصَوْا وَّكَانُواْ يَعْتَدُونَ * كَانُواْ لاَ يَتَنَاهَوْنَ عَن مُّنكَرٍ فَعَلُوهُ لَبِئْسَ مَا كَانُواْ يَفْعَلُونَ

“Оние синови Израилови кои не веруваа беа проколнети и од јазикот на Давуд и Иса, синот на Мерјем. Тоа, ете заради непослушноста и претерувањето нивно: не го спречуваа злото кое го правеа едни на други.” (Ел-Маиде, 78-79)

Институцијата наредување кон добро и одвраќање од зло е важна и значајна тема која заслужва посебно внимание и време, оти во нејзината примена лежи остварување на интересот на овој уммет и негов спас, а во нејзино занемарување голема опасност и неред. Возвишениот Аллах џ.ш. во својата книга Кур’ан ја објаснил оваа институција, дури во некои ајети и дал предност над иманот, кој се смета за основа на верата, како што стои во следниве зборови:
كُنْتُمْ خَيْرَ أُمَّةٍ أُخْرِجَتْ لِلنَّاسِ تَأْمُرُونَ بِالْمَعْرُوفِ وَتَنْهَوْنَ عَنِ الْمُنْكَرِ وَتُؤْمِنُونَ بِاللَّهِ

“Вие сте најдобрата заедница за луѓето која се појави: наредувате добро одвраќате од зло; и верувате во Аллах...” (Али Имран, 110)

Ние не можеме да ја спознаеме вистинската намера на Аллах џ.ш. од давање приоритет на овој постулат “НАРЕДУВАЊЕ ДОБРО И ОДВРАЌАЊЕ ОД ЗЛО” пред иманот, но јасна е пораката, особено во ова време кога муслиманите имаат непресушива потреба од некој кој ќе ги советува и упатува на добро и одвраќа од зло, бидејќи гревовите владеат, ширкот се раширил и новотариите се распространиле. Згора на тоа, намлен е бројот на искрени советодавци и побожни водачи кои верата ја имаат на преден план. Но таквите ги очекува следнава казна која ја опишал Аллаховиот Пратеник с.а.в.с.:

“На Судниот ден ќе се доведе човек и ќе се фрли в оган. Цревата од стомакот ќе му паднат. Ќе се врти околу нив онака како што се врти магаре со вртелка на воденица. Ќе се соберат околу него џехеннемските жители и ќе речат: “О човеку, што е со тебе? Нели наредуваше добро и забрануваше зло?” - Ќе одговори: ”Да, наредував добро, но добро не правев; забранував зло, а зло правев.” (Бухари, Муслим)
Превземено од книгата ,,Моралот во исламот,,



Исламски-Центар

http://www.ahlu-sunnah.org

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот  Порака [Страна 1 of 1]

Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот