Ес селаму алејкум ве рахметуАллах ве Берекетуху и добре дојдовте на www.ahlu-sunnah.org.

За да се окористите од сите функции на форум, ве молиме да се регистрирате или со вашето корисничко име логирате.


Join the forum, it's quick and easy

Ес селаму алејкум ве рахметуАллах ве Берекетуху и добре дојдовте на www.ahlu-sunnah.org.

За да се окористите од сите функции на форум, ве молиме да се регистрирате или со вашето корисничко име логирате.
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Latest topics
» Alisan
Жената во Исламот и во Еврејско-христијанската вероисповед EmptyПет 24 Апр 2020, 2:43 am by Muaz al Islam

» Намазот не е исправен (валиден) зад оној кој што ги оправдува..
Жената во Исламот и во Еврејско-христијанската вероисповед EmptyСаб 18 Јун 2016, 4:40 am by muwehid

» Салават на Пратеникот Мухаммед (а.с.)
Жената во Исламот и во Еврејско-христијанската вероисповед EmptyСаб 18 Јун 2016, 4:18 am by muwehid

» Менсур ал-Салими- "Спомнувајте Ме а и Јас ќе ве спомнувам (Ел-Бекара, 152)"
Жената во Исламот и во Еврејско-христијанската вероисповед EmptyПон 13 Јун 2016, 9:32 pm by Muwehhid

» Кога ќе сватеме???
Жената во Исламот и во Еврејско-христијанската вероисповед EmptyНед 12 Јун 2016, 9:34 pm by Muwehhid

» Ја сменија верата, но ја нарекуваат "ислам"
Жената во Исламот и во Еврејско-христијанската вероисповед EmptyСаб 11 Јун 2016, 8:51 pm by Muwehhid

» Дали е дозволено мевлуд?
Жената во Исламот и во Еврејско-христијанската вероисповед EmptyСре 27 Апр 2016, 11:09 am by Abu Al-Amin

» Шејх Сулејман ибн Насир ел-Улван за техакум
Жената во Исламот и во Еврејско-христијанската вероисповед EmptyВто 08 Мар 2016, 12:26 am by Haqq

» Бајрам
Жената во Исламот и во Еврејско-христијанската вероисповед EmptyНед 06 Мар 2016, 2:36 pm by Haqq

» Реката на трпението и нејзините притоки
Жената во Исламот и во Еврејско-христијанската вероисповед EmptyПет 04 Мар 2016, 7:48 pm by hidzab

» Pozdrav
Жената во Исламот и во Еврејско-христијанската вероисповед EmptyПон 15 Фед 2016, 11:52 pm by Abu Al-Amin

»  шейха доктора / Тарик гураб: Вопросы и ответы о колдовстве и лечения
Жената во Исламот и во Еврејско-христијанската вероисповед EmptyНед 14 Фед 2016, 7:30 pm by nourna

» abdul fetah
Жената во Исламот и во Еврејско-христијанската вероисповед EmptyСре 03 Фед 2016, 12:02 am by Abu Al-Amin

» Хадиси на Мухаммед а.с
Жената во Исламот и во Еврејско-христијанската вероисповед EmptyСре 06 Јан 2016, 7:16 pm by medi

» Аллах нас ни е потребен
Жената во Исламот и во Еврејско-христијанската вероисповед EmptyСре 02 Дек 2015, 7:26 pm by Muwehhid

Кој е он-лајн?
Севкупно има 300 членови он-лајн :: 0 Регистрирани, 0 Скриени и 300 Гости :: 1 Bot

Никој

Најмногу членови кои го посетиле форумот воеднаш се 547 во Пет 15 Ное 2024, 12:40 am
Барај
 
 

Display results as :
 


Rechercher Advanced Search

Top posters
Muaz al Islam (1691)
Жената во Исламот и во Еврејско-христијанската вероисповед Vote_lcapЖената во Исламот и во Еврејско-христијанската вероисповед Voting_barЖената во Исламот и во Еврејско-христијанската вероисповед Vote_rcap 
LAUTKA (1011)
Жената во Исламот и во Еврејско-христијанската вероисповед Vote_lcapЖената во Исламот и во Еврејско-христијанската вероисповед Voting_barЖената во Исламот и во Еврејско-христијанската вероисповед Vote_rcap 
Muwehhid (937)
Жената во Исламот и во Еврејско-христијанската вероисповед Vote_lcapЖената во Исламот и во Еврејско-христијанската вероисповед Voting_barЖената во Исламот и во Еврејско-христијанската вероисповед Vote_rcap 
Келиметул-Хакк (594)
Жената во Исламот и во Еврејско-христијанската вероисповед Vote_lcapЖената во Исламот и во Еврејско-христијанската вероисповед Voting_barЖената во Исламот и во Еврејско-христијанската вероисповед Vote_rcap 
Muslima4Islam (589)
Жената во Исламот и во Еврејско-христијанската вероисповед Vote_lcapЖената во Исламот и во Еврејско-христијанската вероисповед Voting_barЖената во Исламот и во Еврејско-христијанската вероисповед Vote_rcap 
Abu Al-Amin (479)
Жената во Исламот и во Еврејско-христијанската вероисповед Vote_lcapЖената во Исламот и во Еврејско-христијанската вероисповед Voting_barЖената во Исламот и во Еврејско-христијанската вероисповед Vote_rcap 
Al-Ghuraba (360)
Жената во Исламот и во Еврејско-христијанската вероисповед Vote_lcapЖената во Исламот и во Еврејско-христијанската вероисповед Voting_barЖената во Исламот и во Еврејско-христијанската вероисповед Vote_rcap 
Monoteizam (343)
Жената во Исламот и во Еврејско-христијанската вероисповед Vote_lcapЖената во Исламот и во Еврејско-христијанската вероисповед Voting_barЖената во Исламот и во Еврејско-христијанската вероисповед Vote_rcap 
muharem fazli (323)
Жената во Исламот и во Еврејско-христијанската вероисповед Vote_lcapЖената во Исламот и во Еврејско-христијанската вероисповед Voting_barЖената во Исламот и во Еврејско-христијанската вероисповед Vote_rcap 
Haqq (253)
Жената во Исламот и во Еврејско-христијанската вероисповед Vote_lcapЖената во Исламот и во Еврејско-христијанската вероисповед Voting_barЖената во Исламот и во Еврејско-христијанската вероисповед Vote_rcap 

Statistics
Постојат b>1268 регистрирани членови
Најновиот регистриран член е igoralfiosebastian@gmail.

Нашите членови се испратиле точно 8262 мислења in 2387 subjects

You are not connected. Please login or register

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down  Порака [Страна 1 of 1]

Muwehhid

Muwehhid
Модератор
Модератор

Во Името На Аллах џ.ш Милостивиот, Самилосен!



1.Гревот на Ева

Трите вери се слагаат во основната вистина и тоа дека обајцата,и
мажот и жената се создадени од Господ,Создавач на целиот овој
универзум.Меѓутоа,несогласноста започнува покасно,значи после
создавање на првиот човек,Адам,и првата жена,Ева.Еврејско-
христијанската верзија во тоа што се вели во врска со создавањето
на Адам и Ева,е цитирано во детали во (Битие 2:4-3:24).

Господ им
забрани на двајцата да јадаат овошја од забранетото дрво.Змијата
ја заведе Ева во грев,да јаде од тоа,а потоа Ева го измами и го
заведе Адам во тој грев.
Кога Господ му се замери на Адам за тоа што направи,тогаш тој му
префрли целата вина за тој грев на Ева.

``Човекот(Адам) рече:Жената(Ева) моја,Ти ми ја даде со мене,таа
ми даде од дрвото,па јадев.потоа Господ и рече на Ева:Ќе ти ги
умножам многу маките на твојата бременост,во маки ќе ги раѓаш
децата.Твојот копнеж ќе биде кон мажот твој,а тој ќе владее над
тебе.А на човекот му рече:Затоа што го послуша гласот на својата
жена,таа јадеше од дрвото за кое ти заповедив велејќи:Не ќе јадеш
од него!Земјата ќе е проклета заради тебе,во маки ќе се храниш од
неа сите денови на својот живот!``(Битие 3:12-3:16-3:17).


Што се однесува на Исламот,во Кур`анот често пати се спомнува
првото создавање на човекот,како на пример:


``О Адеме,живејте ти и жената твоја во Џеннетот,и јадете од каде
што сакате и не приближувајте се кон ова стебло зашто ќе бидете
меѓу зулумќарите!Па Шејтанот им шепна за да им го открие она
што еденадруг им беше скриено,нивните срамни места,и
рече:Господарот ваш ви го забрани ова стебло за да не станете
мелеки или да не бидете за навек-и им се колнеше:``Јас
сум,навистина,ваш советник``.И ги заведе со измамата.Бидејќи
вкусија од стеблото им се покажаа нивните срамни места и почна
да ги покриваат со џеннетско лисје.И Господарот нивни им
рече:``Нели ви го забранив стеблото и нели ви реков дека
Шејтанот,навистина,е вашиот јасен непријател!Рекоа:Господаре
наш,сами себеси си направивме зулум иако не ни простиш и ако не
ни се смилуваш,ќе бидеме,секако,меѓу поразените``(Кур`ан 7:19-


Ако внимателно гледаме во овие две пренесени повести ќе наидеш
на некои суштински разлики.Кур`анот,наспроти Библијата,им
додели еднаква вина за гревот што го нанесоа двајцата,и Адам и
Ева.

Нигде во Кур`анот не можеш да најдеш дека Ева го натера на
Адам да јаде од тоа дрво,или пак дека таа јадела пред него.Ева во

Кур`анот не го измами ниту го нанесе да чини грев.Покрај тоа,не
такво нешто што вели дека Ева е казнета за тоа што нанесе,со
болките на родењето.Тоа многу јасно се кажува во

Кур`анот дека
нема никој да се казни за гревот на другиот.Двајцата,и Адам и Ева
чинија грев ,потоа бараа од Господ да им опрости и Тој на двајцата
им опрости.




Последната промена е направена од islam nur на Вто 08 Фед 2011, 12:19 pm. Мислењето е променето 1 пати

Muwehhid

Muwehhid
Модератор
Модератор
2.Наследениот грев на Ева


Претставувањето на Ева како измамничка во Библијата се
последува со една многу негативна слика на жената во Еврејско-
христијанската традиција.

Сите жени веруваат дека го наследиле
гревот,вината за измама,од нивната мајка(Ева во Библија),што
следи дека на нив не им се верува,и не се пофалени по
морал.Менструациите,бременоста,и породувањето се сметат како
казна за вечната вина која ќе ја носи проколнетиот женски род.

За
да видиме тоа појасно каква негативна слика и дава Библијата на
Ева и нејзиното потомство,би требало да фрлиме поглед на
записите запишани од најпознати учени теолози од Евреите и
Христијаните.
Да започнеме со Стариот Завет и да земеме некои делови од

``Книгата на Мудроста``,во кое што гласи:

``Открив дека има нешто погорчливо од смртта-жената,чие срце е
примка и мрежа,а рацете окови,кој Му е мил на Бога,ја избегнува,а
грешникот ќе биде уловен од неа.Ете,тоа се го открив во се,вели
Проповедникот.И уште барав.Но без успех.Најдов маж-еден меѓу
илјада,а не најдов ниедна жена меѓѕ сите``(Проповедник 7:26-28).


Во друго место на Еврејските книшки,во Католичката Библија
читаме:

``Нема гнев(злобност) што може да му стои близу на
гневот(злобата) што ја носи жената.....Позадди секој греб стои
жената,и заради неа ќе мора сите ние да умреме``(Проповедник
25:19,24).

Еден еврејски рабин ги наброи девет клетви на жените заради тоа
што биле причина за Симнуванјето(од Рајот):

``Мора жената да биде проколнета девет пати пред нивната
смрт:Маките од менструалната и девичната крв,тешкотиите на
породувањето,маките за воспитување на децата,нејзината глава е
покриена како да е стално во жалење,таа ги буши своите уши како
роб или робинка кои му служат на господинот,не и се верува нејзе

во сведочење,после се овие ја зема смртта``2).
До ден денеска,еврејските православци(ортодокси) во нивната
утринска молитва се молат:``Заблагодарени сме на
Господ,Владател на Вселената,што не ме створил жена``,а пак

жените,му се заблагодаруваат на Господ што ги створил како што
сакал``.3)
Друга молитва е најдена во некои хебрејски книги збирка
молитви:

..... Продолжуваа иншалах

Muwehhid

Muwehhid
Модератор
Модератор
``Заблагодарен да е Господ што не ме створил
идолопоклонец.Заблагодарен да е Господ што не ме створил
жена.Заблагодарен да е Господ што не ме створил незнајница``.4)

Библијската Ева играла многу поважна улога во Христијансво
отколку во Еврејство.Нејзиниот грев е основа на целото
христијанско верување,бидејќи тие веруваат во тоа дека
причината за пророштвото на Исус во Земјата потекнува од самото

непослушност на Ева према Господ.Таа направи грев,потоа го
измами на Адам да иде по нејзиниот чекор.Како резултат на
тоа,Господ и двајцата ги прогони од Небестата и ги намести во
Земјата,која стана проколнета од тогаш заради нив.Им остана
наследство тој грев,кој не беше опростен од страна на

Господ,за
сите што ќе се раѓаат потоа,така што значи дека секој човек се
раѓа во грев(грешник).А да се очисти целото човештво од овој
наследен(почетен) грев,Господ го жртвувал на Исус,кој се смета
според нив син Бога,закојан во крст.Па затоа,Ева е одговорна за
нејзината грешка,гревот на маж и,почетниот грев што го наследи
целото човештво,и смртта на син Бога.Со други зборови,една жена

беше причина за симнувањето и новиот престој во Земјата,за
целото човештво.5)А што за нејзините ќерки?И тие се грешнички
како таа и ќе бидаат третирани како такви.Само слушни го
оштриот тон на Свети Павле во Новиот Завет:

``Жената да се учи во тишина и во секаква покорност!А на жената
не и дозволувам да поучува,ниту да господари над мажот,туку да
биде мирна.Зашто,прво беше создаден Адам,потоа Ева.И Адам не
беше измамен,туку жената беше измамена и падна во
престап``(Тимотеј I 2:11-14).

Свети Тертулиан уште пооштар од Свети Павле,додека тој им се
обраќаше на`своите сакани сестри` по вера,тој рече:``Дали знаете

дека секоја од вас е Ева?Тоа што ви е пресудено од Господ на
вас,сеуште трае во животот,како што и вашиот грев.Вие сте врата
низ која влегува Ѓаволот,вие сте укинувачки на законот за
забранетото дрво,вие сте првите што покажавне непослушност кон

Божјиот Закон,вие сте тие што го измамивте на Адам,кого Ѓавотот
не можеше да зема храброст да го нападне и измами.Вие бевте што

Muwehhid

Muwehhid
Модератор
Модератор
ја срушивте врската меѓу Господ и човекот,и вие бевте причина за
умирањето на Син Бога``.
Свети Августин беше искрен за тоа што верува за наследениот грев

на своите предци,и тоа го изјасни кога му напиша на еден свој
другар:``Каква разлика има меѓу жена и мајка,таа сеуште е
Ева,измамничка,и затоа ние мора да препазиме од сите жени(без
разлика).....Не можам сеуште да разбирам која е користа на жената

кај мажот,ако само еден исклучок правиме,и тоа е нејзината
функција за раѓање деца``.
Неколку века покасно,Свети Томас Аквинас сеуште ги смета
жените како неисправни,непотполни:``Ако гледаме на самата
природа,ќе видиме дека жените се неисправни и некорисни,додека

моќта на мажот се потрудува да произведува добар изглед полн со
машкиот род,додека женското производење дие со недостаток на
моќта и некои телесни и сетилни аномалии``.
И на крај,познатиот реформист Мартин Лусер не греда никаква
корист на жената освен тоа што раѓа деца колку што може без да и
интерсира што после тоа:``Ако се уморат или пак умираат,ич не ни
е гајле за тоа.Нека си умираат во породување,затоа се тие овде(во
Земјата)``.

И така,стално жените се затемнети заради сликата на Ева
Измамничка,и како таква се спомнува во Битие во
Библијата.Кратко речено,Еврејско-христијанската
вероисповед,што се однесува на жените,таа е отруена со
верувањето за гревоносната природа на Ева,и сите жени кои ќе го
наследаат тоа.Ако ние го свртиме нашиот поглед,да видиме што
вели Кур`анот околу жените,тогаш накрај ќе дојдеме во заклучок
дека исламското мислење е радикално различен од тоа хебреско-
христијанско.

Нека зборува Кур`анот сам за тоа:

`
`И за послушните мажи и за послушните жени,и за верниците и за
верничките,и за потчинетите мажи и за потчинетите жени,и за
искрените мажи и за искрените жени,и за трпеливите мажи и за
трпеливите жени,и за понизните мажи и за понизните жени,и за
мажите кои даваат милосрдие и за жените кои даваат милосрдие,и
за мажите кои постат и за жените кои постат,и за мажите кои ги
чуваат срамните места и за жените кои ги чуваат срамните места,и
за мажите кои го спомнуваат Аллаха многу и за жените кои го спомнуваат Аллаха многу...за сите нив Аллах подготви и прошка и
награда голема,навистина!``(Кур`ан 33:35).



Последната промена е направена од islam nur на Сре 09 Фед 2011, 8:18 pm. Мислењето е променето 1 пати

Muwehhid

Muwehhid
Модератор
Модератор
``Верниците и верничките се заштитници еднисодруги,наредуваат
добро и одвраќаат од зло,клањаат намаз и даваат зекат и послушни
се и на Аллах и на Пејгамберот Негов.Аллах ним ќе им се
смилува.Аллах,навистина,е Силен и Мудар!``(Кур`ан 9:71).


``И Господарот нивни,тогаш,им возврати на молбата нивна:`Не ќе
го поништам,навистина,делото на оној кој ќе го направи од
вас,било машко или женско,зашто вие сте еднизадруги`...``(Кур`ан
3:195).


``Кој ќе направи зло ќе биде казнет соодветно на тоа,а кој,пак,ќе
направи добро,било да е машко или женско,а верник е... па оние ќе
влезат во Џеннетот во кој ќе бидат снабдени без мера!``
(Кур`ан
40:40).

``Кој ќе направи добро дело,било да е машко или женско,е верник,и
Ние ќе му дадеме,сигурно,добар живот,и ќе ги
наградиме,сигурно,со награда уште поубава од она што го
работеа``(Кур`ан 16:97).


Многу јасно се гледа дека Кур`анското опишување потврдува дека
нема разлика меѓу машкото и женското.Тие,и двајцата,се створени
од

Господ,кои имаат своја крајна цел зашто се во земјата,и тоа е за
го обожаваат нивниот Господар,да праваат добри дела,и да
одбегнуваат од злото,и соодветно на сето тоа ќе бидат
проценети.Кур`анот никогаш не спомнува дека жената се вратата

на Ѓаволот низ кое влегува,ниту дека е измамничка од самата
природа.Кур`анот,истотака,никогаш не спомнува дека мажот е
фигура(лик) на Господ во Земјата,туку само тоа дека,и мажите и
жените,се Божји сворења,и ништо друго.Спрема
Кур`анот,женската улога во Земјата не е ограничена само со
породување.Од нејзе се бара да направи добри дела,исто како што
се бара и од мажот.

Кур`анот никогаш не вели дека не постоело
некогаш исправни жени во светот.Наспроти тоа,Кур`анот им
наредува на сите верници,било тие мажи или жени,за да се следи
примерот на тие идеални жени кои се знаат во историјата,како што
е Девицата Марија и жената на Фараонот:

``И Аллах го донесе примерот за оние кој веруваа:Жената на
Фараонот,кога рече:`Подигни ми куќа,Господаре Мој,во близината
Твоја,во Џеннетот,и спаси ме од Фараонот и од делото негово,и
спаси ме од народот зулумќарски!`И,Мерјем,ќерката на Имран,која ја
сочува невиноста своја,и во
која вдахнавме од Духот,од страна Наша,и која беше една меѓу
потчинетите на Аллах!``(Кур`ан 66:11-12).


...... Продолжува

Muwehhid

Muwehhid
Модератор
Модератор
3.Срамоносните ќерки

Де факто,разликата помеѓу библијскиот и ку`анскиот став во
врска со женскиот пол,започнува од самото нејзино раѓање.На
пример,Библијата одредува дека периодот на ритуалната
нечистота кај мајката е двапати подолга ако родила женско во
однос на тоа ако родила машко (Левит 12:2-5).


Во Католичката
Библија стои многу јасно кажано:``Раѓањето на една ќерка е
пропаст-губиток( за своето семејство)``(Еcclesiasticus 22:3).

Во
контраст на овој шокантен став,синовите се посебно
добродојдени:``Човек кој го воспитува својот син,сите непријатели
ќе му завидуваат``(Ecclesiasticus 30:3).



Еден еврејски рабин ги задолжи сите евреии за да се множаат за да
ја шират нивната раса.Во исто време,тие не го кријаат таа желба,за
да им се роди машки деца:``Блазе ними чиј деца им се машки,но
лошо ними чиј деца им се женски``,``Со раѓањето на машко,сите се
радосни...а со раѓањето на женско сите се разтажени``,и ``Со
доаѓањето на машкото во овој свет,доаѓа мирот со него...Со
доаѓањето на женското,ништо не доаѓа со неа``.7)

Ќерката се смета голема тежина,оптеретување,извор на срамот,кој
ќе го носи татко и:``Твојата ќерка е твдоглава?Внимавај на неа,да
не те прави подсмеан пред твоите непријатели,и да си центар на
озборувања,клевета,мрморење,и да бидеш осрамен пред
народот``(Ecclesiasticus 42:11),


``Држете те ја трдоглавата
ќерка под
строго јака контрола,ако не чините така,таа ќе злоупотреби секое
попустливост(угодување) што ќе и дојде пред неа.Држи ги во
строго набљудување нејзините безсрамни очи,и не биди изненаден
ако случајно таа те осрамоти тебе``(Ecclesiasticus 26:10-11).


Во иста смисла беа третирани ќерките кај старите арапи
идолопоклонци пред доаѓањето на Исламот,како извори на
срамот,која го покажуваа со тоа што ги закопаа живи нивните
новородени ќерки(чедоморство-чедоубиство).

Кур`анот остро го осудува нивното гадно дело:

``И кога некому од
нив ќе му се дојде вест дека добил женско,лицето негово ќе го
прекрие сенка црна и се огорчува,се крие од луѓето заради лошата
вест која му е донесена,дали да го остави во живот па да биде
понижен или,пак,дали да го закопа в земја.Е,само колку е лошо
просудувањето нивно?``(Кур`ан 16:58-59).

Важно е да се спомнува дека овој суров злостор немаше да престане
во Арабија никогаш,ако не доаѓаше К ур`анот,за да им покаже
моќта на правдината,дека нема разлика меѓу машкото и
женското,и да го осуди овој суров чин (Кур`ан 16:59,43:17,81:8-

9).Спротивно од библијскиот став,Кур`анот го смета раѓањето на
женско дете,како дар и благослов од Господ,исто како и за
раѓањето на машко дете.Кур`анот,дури и ја спомнува првин
неа,каде се спомнува дека е Божји дар:


``Власта и на небесата и на
Земјата е-Аллахова!Аллах со посак Свој создава.Кому сака
подарува женски деца а кому сака подарува машки деца``(Кур`ан
42:49).

За да се уништат сите траги на женското чедоубиство(чедоморство)
во новото муслиманско општесво,Мухаммед им вети на
оние кои се благословени со ќерки,дека ќе бидаат многу наградени
ако се однесуваат добро со нив:


``Кој е врзан(сложен) со
воспитувањето на ќерките,и добро се однесува со нив,тие ќе му
бидат заштита од пеколскиот оган``(Букхари и Муслим),

``Кој се
загрижува за две девојки се додека постигнуват пубертет,тој во
Кијаметски Ден ќе биде до мене како овие две,и покажа тоа со
двата прста``(Муслим).

Muwehhid

Muwehhid
Модератор
Модератор
4.Образување на жената


Разликата помеѓу Библијскиот и Кур`анскиот став во врска со
жената не се ограничува само за периодот на раѓањето на женското
дете,туку тоа се разшири и подалеку од тоа.

Сега,да почнеме да споредиме нивните ставови околу жената која
има вољја и се обидува да ја учи својата вера.Срцето на
Евреисвото е Торах,законот.Покрај тоа,според Талмуд,``жените се
ослободени (од должноста) за да го учат Торах``.Некои еврејски
рабини остро се изјаснија за тоа:

``Нека бидат запалени со оган
зборови на Торах,е подобро,отколку да им се дава(дели) на
жените`` и ``Кој ја учи ќерка му Торах е скоро исто како тој да ја
учи нејзе срамен чин``.8

Ставот на Свети Павле во Новиот Завет не е посјајно од
предходниот:

``Жените да молчат во црквите,затоа ним не им е
дозволено да зборуваат,туку да се покоруваат,како што вели
Законот.Ако сакаат да научат нешто,нека ги прашаат своите мажи
дома,зашто е срамно жената да зборува во црква``.(I Коринтијани
14:34-35)


Како може една жена да научи нешто,ако не и се дозволува да
зборува?Како може една жена да се гради интелектуално,ако таа е
обврзана да биде секогаш во потполна покорност?како може таа да
ги шири своите хоризонти на знаењето,ако таа го има само мажот
дома единсвен извор за информации?
Сега,за да останеме фер,да поставаме прашање:Дали

Кур`анскиот
став се разликува од овој?Една кратка случка се прикажува во
Кур`анот,во која накратко се искажува Кур`анскиот став.Кхавлах
беше една муслиманка,чиј маж Авс во време кога бил залутен на
неа,и рекол овие зборови:``Ти си за мене(забранет) како позадината
(грбот) на мајка ми``.Овој израз било употребено кај Арапите
многубожци во тоа време,во смисла на развод,која ги
ослободуваше нив од сите брачни одговорности но не смеела таа да

а напушти брачниот дом или пак да се омажи за друг.Откако ги
слушнала овие зборови од мажот,Кхавлах беше во мизерна
ситуација.И право отиде кај Пејгамберот,Мухаммед за да му
разкаже случајот.

Пејгамберот ја посовети неа за да биде трплива за
тоа што се случило,додека се знаело во тоа време дека нема друго
решение за тоа.

Но,Кхавлах продолжи да дискутира со
Пејгамберот,обидувајќи се како да го спаси нивниот брак.


...... Продолжува

Muwehhid

Muwehhid
Модератор
Модератор


За Какратко време,Кур`анот навлезе и ја примаше разправата на
Кхавлах.Божјиот закон дојде со укинување на овој неправеден
обичај.Едно цело поглавје (Поглавје бр.58) во Кур`анот,носи името

``Ал-Муџаделе`` или ``Жената која расправаше``,за која причина
беше и именувано:

``Аллах,секако,го слушна зборот на таа која расправаше со тебе за
мажот нејзин и која расправаше со тебе за мажот нејзин и кој се
жалеше на Аллах.аллах ја слушна расправата
ваша.Аллах,навистина,е Слушач,и Гледач!``(Кур`ан 58:1).


Една жена според Кур`анскиот став,има право да дискутира и
расправа па дури и ако е таа расправа и со самиот Пејгамбер.

Нема
никој право да и нареди да молчи.Таа не е задожена за да го смета
својот маж како единсвен на кој може да му се обраќа за одговор на
секоја мака,било да се однесува на законот или верата.

Muwehhid

Muwehhid
Модератор
Модератор
5.Нечисти развратни жени

Евреските закони и уредувања содржат строги ставови во врска со
жената во менструации.Стариот Завет ја смета секоја жена во
менструации како нечиста и развратна,со што и ги гади другите
околу неа.Освен тоа,нејзината нечистота `ги инфектира` другите
истотака.Секого или сешто таа ќе допира станува нечисто цел
ден:``Кога жената има крварење,излив крв од своето тело,нека
остане во својата нечистота седум дена,кој ќе ја допре неа,нека

биде нечист до вечерта.На што и да легне,за време на својата
нечистота,нека е нечисто,на што и да седне,нека е нечисто.
Кој ќе ја допре нејзината постела,нека ја испере својата
облека,нека се искапе во вода и нека остане нечист до вечерта.

Кој ќе допре било каков предмет на кој што седела таа,нека ја
испере својата облека,нека се искапе во вода,и нека остане нечист
до вечерта.

А ако се допре до нешто што било на нејзината постела или на
предметот на кој што седела таа,нека е нечист до вечерта``.(Левит
15:19-23)


Заради тоа што има таква `заразна` природа,понекогаш беа и
`протерана-прогонета` за да се одбегнува секоја можност за имање
контакт со неа.Ја носат во една посебна куќа,која се вика ``куќа на
нечистота``,се додека ќе биде нечиста во менструации.9)

Талмуд ја
смета жената во менструации како ``фатална-смртоносна`` дури и
без да има некој физички контакт:``Нашите рабини рекоа:....ако
жена во менструации поминува меѓу двајца(мажи),а таа е во
почетокот на менструациите,тогаш таа ќе го усмрти едниот од
двајцата,а ако таа е на крај на менструациите,таа ќе ги доведе нив
во кавга,да се скраат меѓусебе`` (bPes. 111a.)
Освен тоа,на мажот кој ја има жената во менструации му
сезабранува да влезе во синагога,ако станал нечист од нејзина
страна,дури и со прашината под нејзините стапала.Ако
жената,ќерката, или мајката на еден свештеник е во периодот на

менструации,тој свештеник не може тие денови да дава
свештенички благослови во синагога.10)Не е чудно што многу
евреинки сеуште менструацијата ја нарекуваат како
``проклета``.11)
Исламот не ја смета жената во менструации дека поседува некаква
``преносувачка нечистота``.Ниту пак да вели дека е
Жената во Исламот и во Еврејско-христијанската
вероисповед (меѓу митологија и вистина)
19

``недопирлива`` и ``проколнета``.Таа ги обавува своите должности
нормално во животот,со исклучок на тоа дека на брачниот пар не
и
м се дозволува да имат сексуален контакт за време на
менструациите,додека сите други физички контакти им се
дозволени.

Жената во менструации е ослободена од некои верски
обреди како што се дневните молитви(намази) и постењето,се
додека е во менструации.


...... Продолжува

Muwehhid

Muwehhid
Модератор
Модератор
6.Посведочење на жената



Друга тема во која не се слагаат Кур`анот и Библијата е во врска

со посведочење на жените пред суд и слично на тоа.Точно е дека

Кур`анот ги поучува тие верници кои склучуват договор за

купопродажба за да имаат с себе двајца мажи сведоци или ако не е

во можност тоа,тогаш еден маж и две жени (Кур`ан 2:282).И покрај

тоа,тсотака е точно дека во други случаеви се прима сведочењето

на жената исто како од мажот.Де факто,има случаеви кога

сведочењето на жената може и дури да го обезвреднува и поништи

сведочењето на мажот.Ако мажот ја обвинува својата жена за

неверство,Кур`анот бара од него да се заколне сериозно пет пати

како доказ за виновноста на жена му.Ако пак жената одбива дека е

виновна и се заколнува исто пет пати,одтогаш не се смета како

виновна и во двете случаи бракот ќе биде разкинет (Кур`ан 24:6-

11).

Во друга страна,во раното еврејско општесво,не им било дозволено

на жените да посведочат.12)Рабините ги сметаат жените како

неспособни за да посведочат позади сите тие девет клетви кои ги

снајдесекоја жена заради Симнувањето (види во поглавјето

``Наследениот грев на Ева``).Жените,и ден денеска во Израел,не

смеат да носат докази затоа што им се суди во рабинските

судови.13)Рабините го оправдуваат тоа зашто жените не можат да

посведочат,и тоа е наведено во Битие 18:9-16,каде што стои дека

Сара,жената на Абрахам лажела.Рабините тоа го сметат овој

инцидент како доказ дека жените не можат да посведочат.Важно е

да се спомнува дека истата случка се наведува не само еднаш во

Кур`анот,само што не ја опишува Сара како лажливка (Кур`ан

11:69-74,51:24-30).Кај западните Христијани,ни верскиот ни

цивилниот закон не им дозволувал на жените да посведочат,и тоа

до касно,односно на крајот на минатиот век.14)

Ако еден маж ја обвинува својата жена за неверство,нејзиното

сведочење никако нема да биде примено,според библијските

прописи.Обвинетата жена треба да се воздржи на таа судска

постапка со тешко искушение.Во ова судска постапка,жената се

соочува со комплексен и понижечки обред кој е претположен за да

докаже нејзината виновност или невиност (Броеви 5:11-31).Ако таа
се најде дека е виновна по тоа тешко искушение,тогаш таа ќе биде

пресудена со смрт.А ако таа се најде дека не е виновна,нејзиниот

маж ќе остане невин и не му се суди зошто ја обвинел неа.

Покрај тоа,ако еден маж ја зема некоја жена за своја сопруга и

потоа ја обвинува дека не е девица,нејзиниот збор во сведочење

нема да вреди.Нејзините родители требат да носат докази за

нејзина девственост,пред да носат старешините на градот.Ако

родителите не можат да ја докажат невиноста на ќерка им,тогаш

таа ќе биде каменувана до смрт,пред прагот на вратата на татка

си.Ако родителите успеат да ја докажат нејзината невиност,тогаш

маж и треба да плаќа стотина сребреници,и не би смеел да ја

разведе за цел живот:

``Ако некој маж земе жена и влезе при неа,но ја замрази потоа,и

припише неубавини и ја озлогласи,велејќи:`Се оженив со неа ама

кога и пристапив,не ги најдов во неа знаците на

девственоста`,тогаш таткото и мајката на девојката нека го земат

доказот на девственоста на девојката,па нека го изнесат пред

градските старешини при вратата.

Потоа таткото на девојката нека им проговори на градските

старешини:`На овој човек му ја дадов ќерка си за жена,ама ја

замрази.Затоа и припишува се што е грдо и тврди:`Не ги најдов во

твојата ќерка белезите на девственоста`.Но,еве ги девствените

знаци на мојата ќерка!`И нека ја разпрострат облеката пред

градските старешини.

Тогаш старешините на оној град нека го земат мажот и нека го

казнат,затоа што раширил лош глас за една израелска девица,нека

го казнат со глоба од стотина сребреници па нека му ги дадат на

таткото на младата жена.И таа нека му биде и натаму жена,да не

може да ја отпушти додека е жив.Но ако обвинението-дека не се

најде девственоста во младата жена-биде вистина,нека ја изведат

девојката при куќната врата на нејзиниот татко,па луѓето на

нејзиниот град нека ја засипувааат со камења,додека не

умре,зашто направила срам во Израел,предавајќи му се на блудот

во татковиот дом.Така ќе го откорнеш злото од својата

средина``.(Второзаконие 22:13-21)




....Продолжува

Sponsored content


Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот  Порака [Страна 1 of 1]

Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот