1 Понижување на децата со зборови... Чет 03 Фед 2011, 5:11 pm
ibret
Активен член
Понижување на децата со зборови...
- Дали некогаш сте се налутиле на вашето дете? Бидете искрени!
Никој не може да одговори со „не“,а тоа навистина да го мисли!
- Кога сте се налутиле,дали зборовите што сте ги кажале навистина сте ги мислеле да ги кажете,обично зборовите кои би можеле да бидат болни и понижувачки за вашето дете?!
Да бидеме реални,не е необично да се кажат зборови и работи кои не ги мислиме кога ке се најдеме на сред расправа! Но,во овој случај проблем е кога таквите зборови им ги кажувате на малите деца,кои се мали и уште недораснати за расправите на постарите!
Со таквото однесување можете да направите голема штета на детето оставајки му трајни последици!
1. Зборовите обично болат...
Да кажеме се расправате со својот брат или сестра...едниот збор води кон другиот и пред да се снајдете,својот брат или сестра го/ја нарекувате со некое неубаво име викајки на глас!
Тоа и не е проблем,така? На крајот браќата,на пример се борат меѓу себе и ова расправа подоцна ја забораваат,како никогаш ништо да не се случило.
Сега променете го сценариото и замислете наместо да се расправате со братот или сестрата се расправате со вашето дете!
Едниот збор води кон другиот и така неубавиот збор го упатувате на своето дете!
Не мислите дека тој збор ке остави траен емотивен белег ?!
Повторно размислете!
2.Вашето размислување остава впечаток...
Како родител секој збор што ке му го кажете на вашето дете за карактерот,интелектот,навистина влијае на децата и на нивното доживување на самите себеси.
Како и да го наречете своето дете,он себеси така ке го доживува.
Штетата можеби нема да биде видлива и нема да излезе на површина,но бидете уверени дека внатре во карактерот на вашето дете сте го посеале семето на сомнежот и ниската вредност!
На човечката природа и е врдоено имитирање и копирање на однесувањето на нашите родители.
Ако родителот постојано го критизира детето,детето без никакво сомнение ке пати за тоа.
Дали тоа значи дека детето треба до „небеси да се воздига“и да се занемаруваат битните негативни работи кои он ги чини?!
Апсолутно не! Но,запомнете,не се работи само за тоа што кажувате,туку што кажувате.
Насилството раѓа насилство,агресијата агресија,а погрдните зборови кои ке ги упатите на детето еден ден ке резултираат на таква комуникација и од нивната страна.
А вие сигурно не сакате вашето дете да биде агресивно!
3. Учење на комуникацијски вештини...
На своето дете можете да му кажете дека сте разочарани од неговото однесување без употреба на погрдни зборови.
На детето никогаш не му кажувајте големи зборови!
На пример,ако детето по куќата се расфрлил со своите играчки,не му кажувајте големи зборови,како татко му работи за да го прехрани семејството,како вие ја одржувате куќата,кувате,чистите...па згора на се, треба и неговите играчки да ги собирате!
Убаво објаснете му дека после играта,играчките сам нека ги собере,и верувајте дека тоа он со задоволство ке го направи!
Детето за да порасне во особа со исправна комуникација,пред се треба да земе пример од вас.
Комуницирајте со детето на мирен и рационален начин,така ке можете да ја остварите целта без да нанесете емоционална штета на вашето дете.