Ес селаму алејкум ве рахметуАллах ве Берекетуху и добре дојдовте на www.ahlu-sunnah.org.

За да се окористите од сите функции на форум, ве молиме да се регистрирате или со вашето корисничко име логирате.


Join the forum, it's quick and easy

Ес селаму алејкум ве рахметуАллах ве Берекетуху и добре дојдовте на www.ahlu-sunnah.org.

За да се окористите од сите функции на форум, ве молиме да се регистрирате или со вашето корисничко име логирате.
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Latest topics
» Alisan
Одбрани Божји зборови од Куранот EmptyПет 24 Апр 2020, 2:43 am by Muaz al Islam

» Намазот не е исправен (валиден) зад оној кој што ги оправдува..
Одбрани Божји зборови од Куранот EmptyСаб 18 Јун 2016, 4:40 am by muwehid

» Салават на Пратеникот Мухаммед (а.с.)
Одбрани Божји зборови од Куранот EmptyСаб 18 Јун 2016, 4:18 am by muwehid

» Менсур ал-Салими- "Спомнувајте Ме а и Јас ќе ве спомнувам (Ел-Бекара, 152)"
Одбрани Божји зборови од Куранот EmptyПон 13 Јун 2016, 9:32 pm by Muwehhid

» Кога ќе сватеме???
Одбрани Божји зборови од Куранот EmptyНед 12 Јун 2016, 9:34 pm by Muwehhid

» Ја сменија верата, но ја нарекуваат "ислам"
Одбрани Божји зборови од Куранот EmptyСаб 11 Јун 2016, 8:51 pm by Muwehhid

» Дали е дозволено мевлуд?
Одбрани Божји зборови од Куранот EmptyСре 27 Апр 2016, 11:09 am by Abu Al-Amin

» Шејх Сулејман ибн Насир ел-Улван за техакум
Одбрани Божји зборови од Куранот EmptyВто 08 Мар 2016, 12:26 am by Haqq

» Бајрам
Одбрани Божји зборови од Куранот EmptyНед 06 Мар 2016, 2:36 pm by Haqq

» Реката на трпението и нејзините притоки
Одбрани Божји зборови од Куранот EmptyПет 04 Мар 2016, 7:48 pm by hidzab

» Pozdrav
Одбрани Божји зборови од Куранот EmptyПон 15 Фед 2016, 11:52 pm by Abu Al-Amin

»  шейха доктора / Тарик гураб: Вопросы и ответы о колдовстве и лечения
Одбрани Божји зборови од Куранот EmptyНед 14 Фед 2016, 7:30 pm by nourna

» abdul fetah
Одбрани Божји зборови од Куранот EmptyСре 03 Фед 2016, 12:02 am by Abu Al-Amin

» Хадиси на Мухаммед а.с
Одбрани Божји зборови од Куранот EmptyСре 06 Јан 2016, 7:16 pm by medi

» Аллах нас ни е потребен
Одбрани Божји зборови од Куранот EmptyСре 02 Дек 2015, 7:26 pm by Muwehhid

Кој е он-лајн?
Севкупно има 32 членови он-лајн :: 0 Регистрирани, 0 Скриени и 32 Гости :: 1 Bot

Никој

Најмногу членови кои го посетиле форумот воеднаш се 547 во Пет 15 Ное 2024, 12:40 am
Барај
 
 

Display results as :
 


Rechercher Advanced Search

Top posters
Muaz al Islam (1691)
Одбрани Божји зборови од Куранот Vote_lcapОдбрани Божји зборови од Куранот Voting_barОдбрани Божји зборови од Куранот Vote_rcap 
LAUTKA (1011)
Одбрани Божји зборови од Куранот Vote_lcapОдбрани Божји зборови од Куранот Voting_barОдбрани Божји зборови од Куранот Vote_rcap 
Muwehhid (937)
Одбрани Божји зборови од Куранот Vote_lcapОдбрани Божји зборови од Куранот Voting_barОдбрани Божји зборови од Куранот Vote_rcap 
Келиметул-Хакк (594)
Одбрани Божји зборови од Куранот Vote_lcapОдбрани Божји зборови од Куранот Voting_barОдбрани Божји зборови од Куранот Vote_rcap 
Muslima4Islam (589)
Одбрани Божји зборови од Куранот Vote_lcapОдбрани Божји зборови од Куранот Voting_barОдбрани Божји зборови од Куранот Vote_rcap 
Abu Al-Amin (479)
Одбрани Божји зборови од Куранот Vote_lcapОдбрани Божји зборови од Куранот Voting_barОдбрани Божји зборови од Куранот Vote_rcap 
Al-Ghuraba (360)
Одбрани Божји зборови од Куранот Vote_lcapОдбрани Божји зборови од Куранот Voting_barОдбрани Божји зборови од Куранот Vote_rcap 
Monoteizam (343)
Одбрани Божји зборови од Куранот Vote_lcapОдбрани Божји зборови од Куранот Voting_barОдбрани Божји зборови од Куранот Vote_rcap 
muharem fazli (323)
Одбрани Божји зборови од Куранот Vote_lcapОдбрани Божји зборови од Куранот Voting_barОдбрани Божји зборови од Куранот Vote_rcap 
Haqq (253)
Одбрани Божји зборови од Куранот Vote_lcapОдбрани Божји зборови од Куранот Voting_barОдбрани Божји зборови од Куранот Vote_rcap 

Statistics
Постојат b>1268 регистрирани членови
Најновиот регистриран член е igoralfiosebastian@gmail.

Нашите членови се испратиле точно 8262 мислења in 2387 subjects

You are not connected. Please login or register

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down  Порака [Страна 1 of 1]

hidzab

hidzab
Модераторка
Модераторка
Сура 2
255. Аллах! Нема друг Бог освен Него! Жив и Постоен! Не го обзема ни дремка ни сон. Сe што е на небесата и на Земјата е - Негово! И кој може кај Него, без одобрението Негово, да се заземе!? Он го знае и она што е пред нив и она што е зад нив. И од знаењето Негово, само со посак Негов, оние мал дел опфаќаат. Престолот Негов поширок е и од небесата и од Земјата. Чувањето на овие не е никаква тешкотија за Него. Он е Вишен и Голем!

Сура 3
45. И кога мелеките рекоа: “О Мерјем, Аллах, навистина, ти донесува радосница; од Него збор: името му е Месих, син на Мерјем, ќе биде виден и на овој свет и на Ахирет и еден е меѓу блиските на Аллах.
46. Ќе им зборува на луѓето додека е во крошната, и кога ќе биде голем, и ќе биде меѓу добрите луѓе.”
47. Таа рече: “Господаре наш, како ќе имам дете кога ниеден маж, навистина, не ме допрел?” Он рече: “Ете, така Аллах со посак Свој создава: кога нешто ќе реши само ќе рече: ‘Биди!’ - и тоа, токму, ќе биде.”
48. И Он го поучи и со Книгата, и со Мудроста, и со Тевратот, и со Инџилот
49. и, ете, пејгамбер до синовите Израилови: “Ви дојдов со знамение од Господарот ваш. Ќе создадам за вас нешто, навистина, од кал што ќе биде слично на птица и ќе дувнам во него и, со одобрението Аллахово, ќе стане птица; ќе излечам слеп и лепрозен и ќе оживеам умрен, со одобрението Аллахово; ќе ви кажувам што јадете и што збирате во домовите ваши, со одобрението Аллахово. Ако сте верници ете, во тоа, навистина, имате знамение,
50. и, еве, тука сум да го потврдам Теврат и да ви дозволам нешто од она што ви беше забрането; и ви доаѓам со знамение од Господарот ваш. Па, плашете се од Аллах и бидете ми послушни!
51. Аллах, навистина, е Господар мој и Господар ваш... па, обожавајте Го! Ова е патот вистински!
52. И бидејќи Иса го усети неверувањето нивно, рече: “Кои ќе ми бидат поддржници кон Аллах?” Учениците рекоа: “Ние ќе бидеме поддржници Аллахови, во Аллах веруваме, а ти биди сведок дека ќе бидеме, навистина, Послушни!
53. Господаре наш, ние веруваме во она што го објави и го следиме пејгамберот. Па, запиши нe меѓу сведоците!”
54. И неверниците измислуваа сплетки, но Аллах ги отстрануваше, зашто Он е Најдобриот во тоа!
55. Кога Аллах рече: “О Иса, навистина, ќе те земам и ќе те воздигнам кон Мене, и ќе те очистам од оние кои не веруваат и ќе определам оние кои те следат да бидат над оние кои не веруваат, на Денот суден. Потоа Мене ќе ми се вратите па ќе ви пресудам за она за што станавте деленици!”
56. А што се однесува, пак, до оние кои не веруваа ќе ги казнам со казна жестока и на овој свет и на Ахирет; ќе немаат свои поддржници!
57. Со обилност ќе ги наградам оние кои веруваат и кои работат добри дела. Аллах не ги љуби зулумќарите!
58. Ете, тоа се ајети кои Ние ти ги кажуваме и Опомена мудра!
59. Да, кај Аллах примерот на Иса е сличен на примерот на Адем: Он од земја го создаде, а потоа рече: “Биди!” - и тој, токму, би .
60. Вистината е од Господарот твој и, тогаш, немој да бидеш меѓу сомневачите!
61. На оние кои расправаа со тебе за него, по знаењето кое ти дојде, па, кажи им: “Дојдете, ќе ги повикам и синовите наши и синовите ваши, жените наши и жените ваши, и ние лично и вие лично да се помолиме понизно и проклетството Аллахово врз лажговците да го повикаме.”
62. Ова се, секако, кажувања вистински. Нема друг бог освен Аллах! Аллах, навистина, е Силен и Мудар!
63. Па, ако оние ги свртат плеќите... та, Аллах, навистина, ги знае безредниците!
64. Кажи: “О Следбеници на Книгата, дојдете кон Зборот кој е и ваш и наш: само еден Аллах да обожаваме, ништо да не Му припишуваме и други божества, освен Него, да не прифаќаме.” Па, ако ги свртат плеќите, кажете: “Сведочиме дека сме Послушни, навистина!”
65. О Следбеници на Книгата, зошто расправате за Ибрахим: објавувањето на Теврат и на Инџил е по него. Нема ли да се вразумите?
66. Ете, вие сте оние кои расправате за она за што, токму, малку знаете... па, зошто расправате за она за што ништо не знаете? Аллах знае, а вие не знаете!



113. Не се исти следбениците на Книгата. Меѓу нив има заедница стабилна, кои ги кажуваат ајетите во текот на ноќта, токму, на сеџде паѓајќи;
114. веруваат и во Аллах и во Денот ахиретски, наредуваат добро и одвраќаат од зло ; се натпреваруваат во добри дела. Онаквите се меѓу добрите луѓе;
115. и какво било добро да сработат па, нема да им биде занемарено. Аллах знае за богобојазливите!



199. Меѓу следбениците на Книгата има кои веруваат и во Аллах и во она што вам ви се објавува и во она што им е објавено, и кои се плашат од Аллах и кои не ги продаваат зборовите Аллахови за безвредно. Наградата нивна е кај Господарот нивни. Аллах, навистина, е Брз Пресметувач!
200. О верници, бидете трпеливи и издржливи, држете се цврсто и плашете се од Аллах за да бидете спасени!



Сура 4

157. и заради изјавата нивна: “Да, ние, навистина, го убивме Христа,” Иса, синот на Мерјем, Аллаховиот пејгамбер. Не го убија и не го распнаа! Туку тоа им се причини. А оние кои, навистина, не се согласија во тоа, во сомненевање се: ништо не знаеја за него, само се сомневаа... Не го убија сигурно,
158. туку Аллах го дигна кон Себе. Аллах е Силен и Мудар!



171. О следбеници на Книгата, не претерувајте во верата ваша, и за Аллах само вистина зборувајте! Месих, Иса синот на Мерјем, е пејгамбер Аллахов, Зборот Негов, кој Он го фрли во Мерјем, Дух од Него. Е па, верувајте во Аллах и во пејгамберите Негови, и не зборувајте “тројца” . Престанете, тоа е подобро за вас! Аллах, навистина, е еден Бог. Нека е славен Он! Зарем Он да има дете? Сe што е на небесата и на Земјата е - Аллахово! А Аллах, секако, е Доволен Закрилник!
172. На Месих никогаш не ќе му биде мака да биде роб Аллахов а ниту на мелеките блиски. А на оној кому му е мака да прави ибадет на Аллах, кој се противи - та, набргу Аллах сите ќе ги збере кај Себе!
173. Што се однесува до оние кои веруваат и кои работат добри дела, тогаш, Ние ќе им ги врачиме наградите нивни, и ќе им се зголемат од добрината Негова. А оние, пак, кои презираат и кои се противат ќе се казнат со казна болна. Онаквите, освен Аллах, не ќе најдат ни заштитник ни поддржник!
174. О луѓе, доказ, секако, ви дојде. Од Госпопдарот ваш. И светло јасно Ние ви спуштивме.
175. А што се однесува до оние кои веруваат во Аллах и кои цврсто се држат за тоа... нив ќе ги воведе во милоста Своја, и во добрината Своја, и ќе ги упати, по патот вистински, кон Себе.



Сура 5
82. Сигурно е дека ќе најдеш меѓу луѓето со најсилно непријателство кон оние кои веруваат, Евреите и оние кои на Аллах здруженик му припишуваа, а сигурно е дека ќе најдеш од оние кои веруваат најблиски пријатели, оние кои зборуваа: “Ние сме христијани!” Тоа, ете што меѓу нив има свештеници и монаси кои, навистина, не се дуваат!
83. И кога го слушаат она што е објавено до пејгамберот ги гледаш како нивните очи ронат солзи заради некои познавања нивни на Вистината. Зборуваат: “Господаре наш, ние веруваме и, тогаш, запиши нe меѓу сведоците!”
84. Зошто да не веруваме во Аллах и во Вистината која ни доаѓа бидејќи тежнееме, Господаре наш, да нe вброиш меѓу добрите.
85. Па, Аллах ќе ги награди за она што го зборуваа со бавчите џеннетски низ кои реки течат и во нив за навек ќе останат. Ете, тоа е награда за доброчинителите!



109. На Денот кога Аллах ќе ги збере пејгамберите, и кога ќе рече: “Што ви одговорија?” Оние ќе речат: “Ние ништо не знаеме. Ти си, навистина, Зналец на тајните!”
110. Кога Аллах рече: “О Иса, сине Мерјемин, сети се на благодатот Мој кон тебе и кон твојата мајка, кога те поддржав со Духот свет! И кога разговараше со луѓето в крошни и како зрел маж. И кога те поучив и со Книгата, и со Мудроста, и со Теврат и со Инџил. И кога замеси глина во облик на птица, со одобрението Мое, па дувна во тоа и стана ете, со одобрението Мое, птица; и оздрави слеп и лепрозен, со одобрението Мое, и кога ги оживи мртвите со одобрението Мое; и кога ги одбив од тебе синовите Израилови тогаш кога им ги донесе јаснотиите од кои оние кои не веруваа, повикаа: “Ова е само волшебништво, јасно!”
111. И кога на апостолите им објавив: “Верувајте во Мене и во пејгамберот Мој!” Рекоа: “Веруваме и посведочи дека сме, навистина, муслимани!”
112. Кога апостолите рекоа: “О Иса, сине Мерјемин, може ли Господарот твој да ни спушти софра од небо?” Рече: “Плашете се од Аллах ако сте верници!”
113. Рекоа: “Сакаме да јадеме од неа, а срцата наши да бидат смирени, и да знаеме дека вистина ни зборуваше и да бидеме за неа Сведоци.”
114. Иса, синот на Мерјем, рече: “О Аллаху мој, Господаре наш, спушти ни софра од небо, да ни биде празник и за првите од нас и за последните од нас, и знаменија од Тебе. Снабди нe. А Ти си од снабдувачите Најдобриот!
115. Аллах рече: “Ќе ви ја спуштам. Па, оној од вас, потоа, кој не верува, ќе го казнам, навистина! И тоа со казна со која нема да го казнам никого од луѓето.
116. И кога Аллах рече: “О Иса, сине Мерјемин, им зборуваше ли на луѓето: “Прифатете нe, мене и мајка ми покрај Аллах, за две божества!” Иса рече: “Славен биди! Не ми доликува да зборувам за она за што немам право. Ако ова го зборував - па, Ти би го знаел тоа. Ти го знаеш она што е во душава моја, а јас не го знам она што е во душата Твоја. Ти си, навистина, Зналец на тајните!”
117. Им го кажав само она што ми го нареди: “Обожавајте го Аллаха, Господарот мој и Господарот ваш!” И јас останав нивни сведок, постојано бев со нив, а кога ми ја зеде душава Ти ги посматраше. Ти си Сведок за сe!
118. Ако ги казниш - та, робови се Твои, а ако им простиш - та, ти си, навистина, Силен и Мудар!
119. Аллах ќе рече: “Овој е Ден во кој искреноста ќе им користи на искрените: за нив има бавчи низ кои реки течат, и во нив за навек ќе останат. Аллах е задоволен од нив и оние се задоволни од Него. Ете, тоа е победа голема!
120. Власта и на небесата и на Земјата, и во она на нив е - Аллахова. Аллах е Кадар за сe!



Сура 43
62. И Шејтанот нека не ве заведе. Тој ви е, навистина, непријател очигледен!
63. И бидејќи Иса дојде со јаснотии, рече: “Ви дојдов со мудрост и ќе ви ги објаснам некои работи за кои станавте деленици. Па, плашете се од Аллах и бидете Му послушни!
64. Аллах, навистина, е Господарот мој и Господарот ваш... та, обожавајте Го. Ова е патот вистински!”
65. Па, се расцепија дружини многу од нив. Е, тешко на оние кои направија зулум, тешко ним од казната на Денот болен!
66. Чекаат ли Часот да им дојде одненадеж, и без да усетат?
67. Еднитенадруги пријатели на Денот тој непријатели ќе станат; а не и богобојазливите.
68. О робови Мои, денес не ќе стравувате и не ќе тагувате.



Сура 112
1. Кажи: “Он е Аллах, Еден е!
2. Аллах - Засолниште.
3. Не роди и не е роден,
4. и никој не Му е рамен!”

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот  Порака [Страна 1 of 1]

Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот