1 Благост, Љубезност, Сочуствителност Сре 02 Фед 2011, 9:29 pm
Muwehhid
Модератор
Во Името Аллах џ.ш Милостивиот, Самилосен!
Возвишениот Аллах (џ.ш.) вели:
“...кои ја надминуваат омразата и кои им простуваат на луѓето. Аллах, навистина, ги љуби доброчинителите.” (Али Имран, 134)
“Биди умерен, наредувај добро и избегнувај ги незнанковците!” ( Ел-А-раф, 199)
“Не се изедначуваат доброто и злото! Возврати му
со она што е најдобро па, ако меѓу него и му тебе има непријателство,
потоа може да стане пријател. Ова ќе го постигнат само оние кои се
трпеливи и ова ќе го постигнат само оние кои поседуваат еден голем дел
од тоа.” (Фуссилет, 34-35)
“А оној кој поднесува и простува...ете, тоа, навистина, е работа голема.” (Еш-Шура, 43)
. Се пренесува од Ибн Аббас (р.а.) дека рекол: “Аллаховиот пејгамбер (с.а.в.с.) му рече на Ел-Ешеџ Абдул Кајс:
“Кај тебе има две особини кои Аллах ги сака: благост и љубезност.”
Се пренесува од Ајша (р.а.) дека рекла: “Аллаховиот пејгамбер (с.а.в.с.) рече:
“Аллах е сочувствителен и ја сака сочувствителноста во сите работи.”
Се пренесува од Ајша (р.а.) дека рекла: “Аллах е сочувствителен и ја
сака сочувствителноста, а на сочувствителните им го дава она што не им
го дава на грубите.”
Се пренесува од Ајша (р.а.) дека Пејгамерот (с.а.в.с) рекол:
“Сочувствителноста секоја работа ја разубавува, а нејзиното неприсуство секоја работа ја валка.”
Се пренесува од Ебу Хурејре (р.а.) дека рекол: “Дојде еден бедуин в
џамија и луѓето се побунија поради неговото извршување нужда, па
Пејгамберот (с.а.в.с) им рече:
“Оставете го и на тоа место турете една кофа вода или една канта вода.
Испратени сте да олеснувате, а не сте испратени да отежнувате.”
Се пренесува од Енес (р.а.) дека Пејгамберот (с.а.в.с.) рекол:
“Олеснувајте, а немојте да отежнувате, зарадувајте, а не разочарувајте.”
Се пренесува од Џерир б. Абдуллах (р.а.) дека рекол: “Го слушнав Пејгамберот (с.а.в.с.) како вели:
“Оној што е ускратен од благост е ускратен и од секакво добро.”
Се пренесува од Ебу Хурејре (р.а.) дека еден човек дошол кај Пејгамберот
(с.а.в.с.) и му рекол: “Посоветувај ме!” Пејгамберот (с.а.в.с.) рекол:
“Не лути се!” Човекот тоа го повтори неколкупати, а Пејгамберот
(с.а.в.с) пак му рекол: “Не лути се!”
Се пренесува од Ебу Јела Шеддат б. Евс (р.а.) дека Пејгамберот (с.а.в.с.) рекол:
“Аллах пропиша доброчинство во се. Кога ќе убивате, убивајте на најдобар
начин; кога ќе колете, колете на најдобар начин. И секој од вас нека го
наостри ножот кога ќе коле, и нека го наведне животното!”
Се пренесува од Ајша (р.а.) дека рекла: “Пејгамберот (с.а.в.с.) никогаш
не избираше помеѓу две работи, а да не ја избереше полесната, ако се
работи за нешто што не е грев. А ако, пак, се работеше за грев меѓу
луѓето, беше најдалеку од него. Пејгамберот (с.а.в.с.) не се одмаздуваше
никогаш и за ништо, освен кога беа нарушувани Аллаховите забрани, па се
одмаздуваше заради Аллах.”
Се пренесува од Ибн Месуд (р.а.) дека рекол: “Пејгамберот (с.а.в.с.) рече:
“Да ве известам ли кому е забранет џехеннемот? Забранет е за секој близок, сочувствителен и благ човек.”