1 РАХМЕТ - МИЛОСТ, МИЛОСРДИЕ, ТОЛЕРАНЦИЈА, СОЧУВСТВИТЕЛНОСТ Пет 28 Јан 2011, 3:11 pm
Muwehhid
Модератор
Во Името На Аллах џ.ш Милостивиот, Самилосен!
Исламското учење ги обврзува своите следбеници во врска со сомилоста, сочувството, сожалувањето спрема останатите браќа муслимани и луѓето воопшто. Аллах џ.ш. во Курани-керим, спомнувајќи ги и објаснувајќи ги постапките кои Он ги цени, вели:
"... и кои трпеливост препорачуваат еднинадруги и кои милост препорачуваат едни на други" (Белед, 17)
Мухамед а.с. во повеќе свои хадиси-шерифи го опишал ова својство, јасно укажал на неговата вредност, цена и потреба. Еве неколку такви хадиси:
- Кој не е сомилосен спрема другите, ни другите нема да бидат сомилосни кон него. (Сахиху-л-Бухари, св. 4, хадис бр. 1461)
- Кој не е милостив спрема другите, нема да се биде милостив и со него; кој не простува нема да му биде простено; кој не прима покајување и неговото покајување нема да биде примено. (Бинбир хадис бр. 885)
Тука ќе спомнеме уште еден карактеристичен пример. Во него јасно се гледа дека исламското учење многу повеќе ја почитува суштината во форма, намерата одколку резултатите или последиците. Заради големата вредностќе го спомнеме овој детал од животот на
Пејгамберот во целост, а го презедовме од делото "Мухамед а.с." од големиот научник Мухамед Хамидуллах, во провод на редакција на Наркез Смаилагиќ, загреб 1977 година. стр. 336.
" Еден ден Мухамед им рекол на своите следбеници дека на Судниот ден ќе дојдат тројца пред Бога. Еден од нив ќе рече: Боже, целиот свој живот, го минав во молитва, пост, хаџџ и работење се што пропиша. Бог ќе рече:
Не, сето тоа ти го правеше само да се стекнеш со глас побожен човек, и со таков глас уживаше, чувари на огнот, фрлетего во џехеннем. Другиот ќе рече: Боже, ги изучував верските науки и ширејќија вистинската смисла на Твојата вера.
Бог ќе рече: Не, тоа го правеше само за да се стекнеш со гласот научник, а го постигна тоа кај луѓето; чувари на огнот, фрлетего во џехеннем. Tретиот ќе се потпре на својата голема храброст и во своите војни и ќе рече дека во нив го поминал целиот свој живот, и умрел како маченик. Неговата цел била само за да се стекне со гласот за храбар и издржлив човек меѓу луѓето.
Тоа и го постигнал, а на последниот суд Бог ќе нареди да го фрлат во џехеннем.
Меѓутоа на тој ден, рече Мухамед, ќе дојде пред Бог и една проститутка. Таа целиот свој живот го поминала во грев и никогаш никому не неправила добро.
Нејзината позиција ќе изледа безнадежна, но Бог ќе рече: Не е така,на тој и тој топол ден си била кај бунар покрај кој што беше едно куче умирало од жед, бидејќи не можело да дојде до водата; немаше ветер, ти се сожали ја собу убувката, здолништето го врза со конец и му ја угасни жедта на тоа куче; чувари на џеннетот, однесетеја оваа жена во џеннет".
Ова е кажување со кое сакавме да укажеме колкава вредност поседува својството сомилост кај Аллах џ.ш. Ако се знае, ако постојано се има на ум дека блудот е еден од
најголемите гревови и дека Куранот најстрого го забранува, и дека оној кој го прави тоа треба да се казни под одредени услови, па дури и со смрт, тогаш лесно е да се сфати колкава е вредност е да се поседува својството на сомилост. Казните поради овој тежо греф се драстични , зошто и опасноста од овој грев е голема.