1 УЧЕЊЕТО СТРАНСКИ ЈАЗИЦИ ЈА ПРОДОЛЖУВА МЛАДОСТА Вто 18 Јан 2011, 5:30 pm
ila
Сестра
Стигна уште една потврда дека вложувањето во своето знаење е најисплатлива инвестиција.
Со истражување е утврдено дека луѓето кои зборуваат барем два странски јазици задржуваат остар ум и добро помнење во староста. Ова се објаснува со едноставниот факт дека со учењето на странски јазици се зајакнува меморијата и способноста за сфаќање бидејќи, освен учењето на нови зборови, луѓето користат и логика за да составуваат цели реченици.
Зборувањето на странски јазик претставува одреден напор за мозокот и заради тоа истиот станува попродуктивен. Исто така, утврдено е дека луѓето, особено жените, кои зборуваат неколку јазици имаат зголемена способност за мултитаскинг, односно за правење на повеќе работи истовремено.
Покрај сите предности на учењето на странски јазици, самиот процес на глобализација наметнува потреба од познавање на повеќе јазици како една од најважните вештини на денешницата.