Ес селаму алејкум ве рахметуАллах ве Берекетуху и добре дојдовте на www.ahlu-sunnah.org.

За да се окористите од сите функции на форум, ве молиме да се регистрирате или со вашето корисничко име логирате.


Join the forum, it's quick and easy

Ес селаму алејкум ве рахметуАллах ве Берекетуху и добре дојдовте на www.ahlu-sunnah.org.

За да се окористите од сите функции на форум, ве молиме да се регистрирате или со вашето корисничко име логирате.
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Latest topics
» Alisan
ПРОТЕИНИТЕ И НИВНИТЕ ИЗВОРИ  EmptyПет 24 Апр 2020, 2:43 am by Muaz al Islam

» Намазот не е исправен (валиден) зад оној кој што ги оправдува..
ПРОТЕИНИТЕ И НИВНИТЕ ИЗВОРИ  EmptyСаб 18 Јун 2016, 4:40 am by muwehid

» Салават на Пратеникот Мухаммед (а.с.)
ПРОТЕИНИТЕ И НИВНИТЕ ИЗВОРИ  EmptyСаб 18 Јун 2016, 4:18 am by muwehid

» Менсур ал-Салими- "Спомнувајте Ме а и Јас ќе ве спомнувам (Ел-Бекара, 152)"
ПРОТЕИНИТЕ И НИВНИТЕ ИЗВОРИ  EmptyПон 13 Јун 2016, 9:32 pm by Muwehhid

» Кога ќе сватеме???
ПРОТЕИНИТЕ И НИВНИТЕ ИЗВОРИ  EmptyНед 12 Јун 2016, 9:34 pm by Muwehhid

» Ја сменија верата, но ја нарекуваат "ислам"
ПРОТЕИНИТЕ И НИВНИТЕ ИЗВОРИ  EmptyСаб 11 Јун 2016, 8:51 pm by Muwehhid

» Дали е дозволено мевлуд?
ПРОТЕИНИТЕ И НИВНИТЕ ИЗВОРИ  EmptyСре 27 Апр 2016, 11:09 am by Abu Al-Amin

» Шејх Сулејман ибн Насир ел-Улван за техакум
ПРОТЕИНИТЕ И НИВНИТЕ ИЗВОРИ  EmptyВто 08 Мар 2016, 12:26 am by Haqq

» Бајрам
ПРОТЕИНИТЕ И НИВНИТЕ ИЗВОРИ  EmptyНед 06 Мар 2016, 2:36 pm by Haqq

» Реката на трпението и нејзините притоки
ПРОТЕИНИТЕ И НИВНИТЕ ИЗВОРИ  EmptyПет 04 Мар 2016, 7:48 pm by hidzab

» Pozdrav
ПРОТЕИНИТЕ И НИВНИТЕ ИЗВОРИ  EmptyПон 15 Фед 2016, 11:52 pm by Abu Al-Amin

»  шейха доктора / Тарик гураб: Вопросы и ответы о колдовстве и лечения
ПРОТЕИНИТЕ И НИВНИТЕ ИЗВОРИ  EmptyНед 14 Фед 2016, 7:30 pm by nourna

» abdul fetah
ПРОТЕИНИТЕ И НИВНИТЕ ИЗВОРИ  EmptyСре 03 Фед 2016, 12:02 am by Abu Al-Amin

» Хадиси на Мухаммед а.с
ПРОТЕИНИТЕ И НИВНИТЕ ИЗВОРИ  EmptyСре 06 Јан 2016, 7:16 pm by medi

» Аллах нас ни е потребен
ПРОТЕИНИТЕ И НИВНИТЕ ИЗВОРИ  EmptyСре 02 Дек 2015, 7:26 pm by Muwehhid

Similar topics
    Кој е он-лајн?
    Севкупно има 194 членови он-лајн :: 0 Регистрирани, 0 Скриени и 194 Гости :: 2 Bots

    Никој

    Најмногу членови кои го посетиле форумот воеднаш се 547 во Пет 15 Ное 2024, 12:40 am
    Барај
     
     

    Display results as :
     


    Rechercher Advanced Search

    Top posters
    Muaz al Islam (1691)
    ПРОТЕИНИТЕ И НИВНИТЕ ИЗВОРИ  Vote_lcapПРОТЕИНИТЕ И НИВНИТЕ ИЗВОРИ  Voting_barПРОТЕИНИТЕ И НИВНИТЕ ИЗВОРИ  Vote_rcap 
    LAUTKA (1011)
    ПРОТЕИНИТЕ И НИВНИТЕ ИЗВОРИ  Vote_lcapПРОТЕИНИТЕ И НИВНИТЕ ИЗВОРИ  Voting_barПРОТЕИНИТЕ И НИВНИТЕ ИЗВОРИ  Vote_rcap 
    Muwehhid (937)
    ПРОТЕИНИТЕ И НИВНИТЕ ИЗВОРИ  Vote_lcapПРОТЕИНИТЕ И НИВНИТЕ ИЗВОРИ  Voting_barПРОТЕИНИТЕ И НИВНИТЕ ИЗВОРИ  Vote_rcap 
    Келиметул-Хакк (594)
    ПРОТЕИНИТЕ И НИВНИТЕ ИЗВОРИ  Vote_lcapПРОТЕИНИТЕ И НИВНИТЕ ИЗВОРИ  Voting_barПРОТЕИНИТЕ И НИВНИТЕ ИЗВОРИ  Vote_rcap 
    Muslima4Islam (589)
    ПРОТЕИНИТЕ И НИВНИТЕ ИЗВОРИ  Vote_lcapПРОТЕИНИТЕ И НИВНИТЕ ИЗВОРИ  Voting_barПРОТЕИНИТЕ И НИВНИТЕ ИЗВОРИ  Vote_rcap 
    Abu Al-Amin (479)
    ПРОТЕИНИТЕ И НИВНИТЕ ИЗВОРИ  Vote_lcapПРОТЕИНИТЕ И НИВНИТЕ ИЗВОРИ  Voting_barПРОТЕИНИТЕ И НИВНИТЕ ИЗВОРИ  Vote_rcap 
    Al-Ghuraba (360)
    ПРОТЕИНИТЕ И НИВНИТЕ ИЗВОРИ  Vote_lcapПРОТЕИНИТЕ И НИВНИТЕ ИЗВОРИ  Voting_barПРОТЕИНИТЕ И НИВНИТЕ ИЗВОРИ  Vote_rcap 
    Monoteizam (343)
    ПРОТЕИНИТЕ И НИВНИТЕ ИЗВОРИ  Vote_lcapПРОТЕИНИТЕ И НИВНИТЕ ИЗВОРИ  Voting_barПРОТЕИНИТЕ И НИВНИТЕ ИЗВОРИ  Vote_rcap 
    muharem fazli (323)
    ПРОТЕИНИТЕ И НИВНИТЕ ИЗВОРИ  Vote_lcapПРОТЕИНИТЕ И НИВНИТЕ ИЗВОРИ  Voting_barПРОТЕИНИТЕ И НИВНИТЕ ИЗВОРИ  Vote_rcap 
    Haqq (253)
    ПРОТЕИНИТЕ И НИВНИТЕ ИЗВОРИ  Vote_lcapПРОТЕИНИТЕ И НИВНИТЕ ИЗВОРИ  Voting_barПРОТЕИНИТЕ И НИВНИТЕ ИЗВОРИ  Vote_rcap 

    Statistics
    Постојат b>1268 регистрирани членови
    Најновиот регистриран член е igoralfiosebastian@gmail.

    Нашите членови се испратиле точно 8262 мислења in 2387 subjects

    You are not connected. Please login or register

    Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down  Порака [Страна 1 of 1]

    ila

    ila
    Сестра
    Сестра
    Протеините се хранливи материи, чија првенствена улога е наградбата на телото. Затоа се нарекуваат пластични или градивни материи. Нивни главни извори се прехранбените продукти од животинско потекло, а се широко распространети и во храната од растително потекло, најмногу во легуминозите и житарките, но и во зеленчукот и овошјето, кои секојдневно ги користиме. Во градбата на човечкиот организам - (човекот со стандардна телесна тежина од 70 кг) протеините учествуваат со 20% и се на второ место по вградената вода во телото.

    Протеините се изградени од (досега познатите) 28 аминокиселини, од кои 8 се незаменливи - есенцијални, односно суштински, без кои организмот не може да опстојува. Човечкиот организам нив не може да ги гради од другите - неесенцијални аминокиселини, доколку не се внесуваат со храната. Секоја од овие осум есенцијални аминокиселини има специфична улога во организмот. Со недостигот на макар една есенцијална аминокиселина (една “алка”) е оневозможена синтезата - градењето на протеините во организмот, зашто “синџирот” е прекинат кај најслабата алка. Тоа ја објаснува и суштината на познатиот Liebig-ов закон, според кој “секој организам за својот опстанок бара повеќето од хранливите материи да се во точно одредени количини”. Ако соодносот на битните компоненти е нарушен, се нарушува и создавањето нови клетки, крв, имуни антитела, хормони, ензими, односно се нарушуваат сите витални функции во организмот.

    Познато е дека во практиката на секојдневната исхрана се користат прехранбени продукти од животинско и од растително потекло како извори на хранливи и заштитни материи, а особено на протеини. Биолошката вредност на овие два извора на протеини се проценува првенствено врз база на количинската застапеност со есенцијални аминокиселини и според степенот на искористување на вкупните протеини во организмот. Затоа ќе се задржиме поодделно на протеините од животинско и од растително потекло, односно на најзначајните прехранбени продукти со кои, преку храната, секојдневно ги задоволуваме потребите на организмот од протеини и други заштитни состојки.

    а) Протеини од животинско потекло

    Најзначајни користени извори на протеини се: млекото, месото, рибите, јајцата, месните и млечните производи, дивечот и др. Застапеноста на протеини во некои од нив може да се види од следниот преглед, каде што тоа е дадено во просечни вредности со природни разлики во ±.

    Застапеност на протеини во грамови(проценти?) во 100 г нето

    - кравјо млеко 3,5%

    - 1 јајце 6,5%

    - јунешко немасно месо 19,0%

    - немасни риби 18,0%

    - немасно сирење 30%

    - урда 16,0%


    Во наведените и во сите други продукти од животинско потекло протеините се одликуваат со поголема количинска застапеност на есенцијални аминокиселини, во споредба со нивните растителни извори (житарките, лебот, легуминозите и др.) Степенот на нивното искористување во организмот е повисок во споредба со протеините од растителни извори. Така, според К.Lang, ова искористување е:

    - кај млекото 99-100%

    - кај јајцето 91-100%

    - кај месото 67-100%

    - кај рибите 94- 96%



    За разлика од претходните, искористувањето на протеините од растително потекло е помало и се движи од:

    - кај житарките 50%

    - кај гравот, грашокот, леќата 60%

    - кај компирот, оревите 70%

    Според повеќето автори, вкупните дневни потреби од протеини за возрасни се 1 г на кг телесна тежина (сметано на стандардна телесна тежина - за маж 70 кг и за жена 65 кг). Од овие количини 50% треба да се протеини од животинско, а 50% од растително потекло. Така, за возрасен, здрав човек вкупните дневни потреби се 70 г, од кои 35 г се од животинско и исто толку од растително потекло. Крајниот дневен минимум за протеини од животинско потекло е 30 г или 40% од вкупните потреби од протеини. При некои заболувања овие потреби се зголемуваат, но тоа не е предмет на разгледување овде. Дневните потреби на организмот од протеини на кг телесна тежина (стандардна) според возраста се:

    - мажи 1 кг/кг т.т.

    - жени 1 г/кг т.т.

    - доенчиња 3,5 г/кг т.т.

    - деца 1-3 год. 3,3 г/кг т.т.

    - деца 4-6 год. 2,8 г/кг т.т.

    - деца 7-9 год. 2,2 г/кг т.т.

    - деца 10-12 год. 2,0 г/кг т.т.

    - девојчиња 13-15 год. 1,6 г/кг т.т.

    - девојчиња 16-20 год. 1,4 г/кг т.т.

    - момчиња 13-20 год. 1,6 г/кг т.т.

    По 20-тата година овие потреби се изедначуваат со оние на возрасните - 1 г/кг т.т.

    Внесувањето протеини кај доенчето се обезбедува со мајчиното или адаптираното кравјо млеко, кое одговара на потребите за најинтензивно растење, кое, пак, е во директна зависност од нивото на есенцијалните аминокиселини во храната. Во раната детска возраст и во целиот период на растење протеините од животинско потекло треба да учествуваат со 2/3, а оние од растително потекло со 1/3. Ќе дадеме пример за обезбедување 35 г протеини од животинско потекло за возрасните. Со консумирање 1/2 литар млеко дневно (слатко, кисело или јогурт), што е и стандардна дневна потреба од млеко, се обезбедуваат 17-17,5 г протеини. Ако дневно за ручек се земат 100 г јунешко немасно месо (без коски), се обезбедуваат 18-19 г протеини. Млекото учествува во појадокот и во вечерата, а месото во ручекот. Со ова внесување се задоволуваат дневните потреби од протеини од животинско потекло. Наместо месо, 1-2 пати неделно за ручек може да се користи посна риба во двојно поголема количина од месото, зашто кај рибата има повеќе отпад (40-50%), ако не е во вид на филети. Соодветна замена за месото еднаш неделно може да биде и посното бело сирење или други млечни производи, повремено едно јајце и сл. Ист протеински квалитет со незаменливите аминокиселини се постигнува и со 100 г соја во зрно, која содржи 36,9% протеини и изобилство на есенцијални аминокиселини. Искористувањето на протеините од сојата во организмот е помало во споредба со месото, но затоа сојата содржи двојно повеќе протеини одошто месото.

    Обезбедувањето протеини од растително потекло е полесно поради фактот што во секојдневната исхрана се користи леб, производи од житарки, легуминози и други растителни извори, а месото спаѓа во поскапите прехранбени продукти.

    Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот  Порака [Страна 1 of 1]

    Permissions in this forum:
    Не можете да одговарате на темите во форумот