1 Кои се Хариџии и кои се нивните карактеристики? Чет 29 Ное 2012, 12:49 pm
Muwehhid
Модератор
Бисмиллах ал рахман ал рахим
Кои се Хариџии и кои се нивните карактеристики?
Одговор: Почетокот на Хариџиите датира од времето уште додека Аллаховиот Пратеник,саллаллаху алјхи ве селлем, бил жив. Човек по име Зул Хувејсир ет-Темими, една прилика разговарал со Пратеникот, саллаллху алјхи ве селлем, Зул Хувејсир ет-Темими му рекол: “Биди праведен”, а на сето тоа Пратеникот,саллаллаху алјхи ве селлем, му рекол: “ Тешко тебе! Па кој е праведен ако јас не сум. Зул Хувејсир потоа стана и си замина а Пратеникот,саллаллаху алји ве селлем, рекол: “ Од потомството на овој човек ќе се појават луѓе ќе говорат со јазикот на најубавите створенија, ќе учат Куран али он нема да ги поминува нивните вратови, ќе излегуваат од верата како што излагува стрелта од лакот. (Хадисот го бележи Бухари и Муслим)
Овој човек бил првиот Хариџија кој што се појавил во исламот. Коренот од неговата болест беше тој зато што тој даде предност на своето споствено мислење над мислењето на Аллаховиот Пратеник, саллаллаху алјхи ве селлем. Следбениците на овој човек, Хариџии, покасно вооружени кревале бунтови(противења) против халифите на муслиманите Алија, Ибн Еби Талиб, радијАллаху анхум. А пред тоа го убиле на Осман радијАллаху анху, го прогласиле за кафир, а после него за кафири ги прогласиле и на Алија , Талху, Зубејр,Муавија.
Освовата во нивниот правец е претерување, а тоа Аллах го забранил а тоа е нешто кое и Аллаховиот Пратеник, саллаллаху алјхи ве селлем, предупредил. Тие го прогласувале за неверник оној кој што че направи голем грев. Додека некои од нив за кафири ги сметале дури и оние кои што че направат мали гревови. На Алија и неговите следбеници ги прогласиле за кафири без никаков грев. Ги прогласиле за кафири поради тоа што ги одредиле на двајца асхаби за арбитража во спорот; по име Амр б. Ел-Аса и Ебу Мусаа ел-Ешарија. Иако овие чесни асхаби суделе по Куран и суннето, хариџиите ги проколнале, тие рекоа: “Судот не му припаѓа на никој осве на Аллах”.
Својот став за текфирот искажан поради гревовите го поткрепиле со опишите ајети каде што погрешиле како што се зборовите на Возвишениот:
وَمَنْ يَعْصِ اللَّهَ وَرَسُولَهُ فَإِنَّ لَهُ نَارَ جَهَنَّمَ خَالِدِينَ فِيهَا أَبَدًا
А оној кој ќе биде непослушен кон Аллах и кон пратеникот Негов...па, за него, навистина,има казна џехеннемска! И во неа за навек ќе останат!. (Ел-Џин 23)
И зборовите на Возвишениот:
وَمَنْ يَعْصِ اللَّهَ وَرَسُولَهُ وَيَتَعَدَّ حُدُودَهُ يُدْخِلْهُ نَارًا خَالِدًا فِيهَا وَلَهُ عَذَابٌ مُهِينٌ
А оној кој е непослушен на Аллах и на пратеникот Негов, кој ги преминува границите Негови, ќе влезе во оган. И во него за навек ќе остане. За него има казан срамна.(Ен-Ниса 14)
Ехли-суннет вел џемаат се согласни околу тоа доколку некој направи голем грев нема да биде вечно во оган, доколку умре со Тевхид (Едноството во Аллах).А оној кој што че влезе во Оган поради гревовите че излезе од него. Како што тоа се вели во мутеватир хадис од Аллаховиот Пратеник,саллаллаху алјхи ве селлем.
Ибн Абдул-Берр, рахимехуллах (Умрел 463 х.г) вели: “Согласен е Ехли-суннет вел џемаат, а тие се ехлу фикх (Познавачи на фикх шеријатското право) вел есри (оние кои што ги познаваат преданиата-хадисите), дека никој грев не го отфрла од рамските на исламот, без разлика колку ги има гревовите. Затоа, обврска е да не се текфири никој, освен оној кој че направи куфур сите се согласни за негов текфир имаме докази од Куран или Суннетот на Аллаховиот Пратеник, саллаллаху алјхи ве селлем. Кој ме може да се побие.” (Темхид 17/22)
Извор: imamitewhida
Обработка: Ahlu-sunnah