Ес селаму алејкум ве рахметуАллах ве Берекетуху и добре дојдовте на www.ahlu-sunnah.org.

За да се окористите од сите функции на форум, ве молиме да се регистрирате или со вашето корисничко име логирате.


Join the forum, it's quick and easy

Ес селаму алејкум ве рахметуАллах ве Берекетуху и добре дојдовте на www.ahlu-sunnah.org.

За да се окористите од сите функции на форум, ве молиме да се регистрирате или со вашето корисничко име логирате.
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Latest topics
» Alisan
Осаменост во време на неред и разединување!!! EmptyПет 24 Апр 2020, 2:43 am by Muaz al Islam

» Намазот не е исправен (валиден) зад оној кој што ги оправдува..
Осаменост во време на неред и разединување!!! EmptyСаб 18 Јун 2016, 4:40 am by muwehid

» Салават на Пратеникот Мухаммед (а.с.)
Осаменост во време на неред и разединување!!! EmptyСаб 18 Јун 2016, 4:18 am by muwehid

» Менсур ал-Салими- "Спомнувајте Ме а и Јас ќе ве спомнувам (Ел-Бекара, 152)"
Осаменост во време на неред и разединување!!! EmptyПон 13 Јун 2016, 9:32 pm by Muwehhid

» Кога ќе сватеме???
Осаменост во време на неред и разединување!!! EmptyНед 12 Јун 2016, 9:34 pm by Muwehhid

» Ја сменија верата, но ја нарекуваат "ислам"
Осаменост во време на неред и разединување!!! EmptyСаб 11 Јун 2016, 8:51 pm by Muwehhid

» Дали е дозволено мевлуд?
Осаменост во време на неред и разединување!!! EmptyСре 27 Апр 2016, 11:09 am by Abu Al-Amin

» Шејх Сулејман ибн Насир ел-Улван за техакум
Осаменост во време на неред и разединување!!! EmptyВто 08 Мар 2016, 12:26 am by Haqq

» Бајрам
Осаменост во време на неред и разединување!!! EmptyНед 06 Мар 2016, 2:36 pm by Haqq

» Реката на трпението и нејзините притоки
Осаменост во време на неред и разединување!!! EmptyПет 04 Мар 2016, 7:48 pm by hidzab

» Pozdrav
Осаменост во време на неред и разединување!!! EmptyПон 15 Фед 2016, 11:52 pm by Abu Al-Amin

»  шейха доктора / Тарик гураб: Вопросы и ответы о колдовстве и лечения
Осаменост во време на неред и разединување!!! EmptyНед 14 Фед 2016, 7:30 pm by nourna

» abdul fetah
Осаменост во време на неред и разединување!!! EmptyСре 03 Фед 2016, 12:02 am by Abu Al-Amin

» Хадиси на Мухаммед а.с
Осаменост во време на неред и разединување!!! EmptyСре 06 Јан 2016, 7:16 pm by medi

» Аллах нас ни е потребен
Осаменост во време на неред и разединување!!! EmptyСре 02 Дек 2015, 7:26 pm by Muwehhid

Similar topics
Кој е он-лајн?
Севкупно има 64 членови он-лајн :: 0 Регистрирани, 0 Скриени и 64 Гости

Никој

Најмногу членови кои го посетиле форумот воеднаш се 421 во Сре 30 Окт 2024, 3:09 am
Барај
 
 

Display results as :
 


Rechercher Advanced Search

Top posters
Muaz al Islam (1691)
Осаменост во време на неред и разединување!!! Vote_lcapОсаменост во време на неред и разединување!!! Voting_barОсаменост во време на неред и разединување!!! Vote_rcap 
LAUTKA (1011)
Осаменост во време на неред и разединување!!! Vote_lcapОсаменост во време на неред и разединување!!! Voting_barОсаменост во време на неред и разединување!!! Vote_rcap 
Muwehhid (937)
Осаменост во време на неред и разединување!!! Vote_lcapОсаменост во време на неред и разединување!!! Voting_barОсаменост во време на неред и разединување!!! Vote_rcap 
Келиметул-Хакк (594)
Осаменост во време на неред и разединување!!! Vote_lcapОсаменост во време на неред и разединување!!! Voting_barОсаменост во време на неред и разединување!!! Vote_rcap 
Muslima4Islam (589)
Осаменост во време на неред и разединување!!! Vote_lcapОсаменост во време на неред и разединување!!! Voting_barОсаменост во време на неред и разединување!!! Vote_rcap 
Abu Al-Amin (479)
Осаменост во време на неред и разединување!!! Vote_lcapОсаменост во време на неред и разединување!!! Voting_barОсаменост во време на неред и разединување!!! Vote_rcap 
Al-Ghuraba (360)
Осаменост во време на неред и разединување!!! Vote_lcapОсаменост во време на неред и разединување!!! Voting_barОсаменост во време на неред и разединување!!! Vote_rcap 
Monoteizam (343)
Осаменост во време на неред и разединување!!! Vote_lcapОсаменост во време на неред и разединување!!! Voting_barОсаменост во време на неред и разединување!!! Vote_rcap 
muharem fazli (323)
Осаменост во време на неред и разединување!!! Vote_lcapОсаменост во време на неред и разединување!!! Voting_barОсаменост во време на неред и разединување!!! Vote_rcap 
Haqq (253)
Осаменост во време на неред и разединување!!! Vote_lcapОсаменост во време на неред и разединување!!! Voting_barОсаменост во време на неред и разединување!!! Vote_rcap 

Statistics
Постојат b>1268 регистрирани членови
Најновиот регистриран член е igoralfiosebastian@gmail.

Нашите членови се испратиле точно 8262 мислења in 2387 subjects

You are not connected. Please login or register

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down  Порака [Страна 1 of 1]

Monoteizam

Monoteizam
Редовен член
Редовен член
Ебу Сеид радијјАллахуанху пренесува од Посланикот саллаллаху алејхи ве селлем дека рекол:

“Се наближува време, во кое што најдобриот имот за човекот ќе бидат овци кои ќе ги чува по планински брда со надеж дека ќе ја сочува својата вера од искушенија.“ (Бухари)

Исто така кажува Ебу Сеид радијјАллахуанху дека дошол некој човек кај Посланикот саллаллаху алејхи ве селлем и го запрашал:

“Кој човек е најдобар?“ па Аллаховиот посланик саллаллаху алејхи ве селлем му одговорил “Оној кој се бори на Аллаховиот пат со својот живот и имот“. Прашал повторно човекот ’А после него?’. А Мухаммед алејхи селам одговорил “Верник кој чува овци по планински брда и кој ги напуштил на луѓето.“ (Муслим)

Имам Невеви во коментарот на на овој хадис кажува: “Под планински брда не се мисли само на планини и пасишта туку тоа е кажано со метафора – туку се мисли на осаменост и изолација а тоа најчесто се напуштени места.“

А што се однесува на еден друг хадис кој го спомнува хафиз ибн Хаџер ел Аскалани во “Фетхул Бари“ каде што Аллаховиот Посланик саллаллаху алејхи ве селлем рекол:

“Верник кој ќе се осами тој се наоѓа веднаш до муџахидот, затоа што оној кој се меша со луѓето не може да гарантира дека ќе се сочува од гревови, и дека тие негови гревови нема да ги надвладеат неговите добри дела кои произлегуваат од дружењето со тие луѓе.“

Ебу Сеид радијјАллахуанху пренесува:

“Луѓето го прашуваа Аллаховиот Посланик салаллаху алејху ве селлем околу доброто, а јас го прашував околу злото, плашејќи се да не паднам во него.

Па му реков на Аллаховиот Посланик: “Аллахов Посланику, ние бевме во џахилијет и зло па Аллах ни го даде ова добро, па дали постои после ова, зло!?

Па Мухаммед салаллаху алејхи ве селлем рекол: “Да.“ Па реков: “Дали после ова зло ќе биде добро?“

Он, салаллаху алејхи ве селлем рече: “Да, и во него ќе биде нејаснотија.“ Па реков: “Какви се тие нејаснотии?“

Он саллалаху алејхи ве селлем рече: “Луѓе кои ќе следат некој друг пат покрај мојот, и ќе следат некаков друг упат покрај моето упатство. Нешто од тоа ќе одобруваат а нешто ќе негираат.“ Па реков: “Дали после тоа добро ќе биде зло?“

Он саллаху алејхи ве селлем рече: “Да, луѓе (Имами, даи’и, владари) кои ќе повикуваат на вратата од Џехеннем, оној кој ќе им се оѕвие ќе биде фрлен во него.“ Па реков: “О Аллахов Посланику, опиши ни ги нив.“

Кажува салаллаху алејхи ве селлем: “Да, оние се од нашата кожа и го зборуваат нашиот јазик.“ Па му реков: “Аллахов Посланику, што ми наредуваш ако тоа го доживеам?“

Рекол Мухаммед саллаху алејхи ве селлем: “Држи се за Џемаат од муслимани и нивниот водач.“ Па реков: “А што ако не би имале Џемаат или водач?“

Рекол салаллаху алејхи ве селлем: “Оддалечи се, од сите такви групи, макар со забите да би се држел за корен од некое дрво се додека смртта не те стигне а ти да бидеш на тоа.“

(Мутефекун Алејх)

Хафиз ибн Хаџер ел Аскалани во “Фетхул Бари“ пренесува од Таберијј дека рекол:

“Кога луѓето нема да имаат имами, и кога ќе бидат разединети на разни групи и партии, немој да следиш ниту една од овие групи, држи се подалеку ако си во можност за да не би паднал во зло. Но ако постои Џеммат кои вистински го следат правиот пат, тогаш мораш да им се придружиш како би им го зголемил нивниот број и како би соработувал со нив во добро, затоа што во тој случај таа група преставува џемаат муслимани за таквиот човек во тоа време.“

Селам ибн ел – Хурр радијјАллаху анху кажува, го слушнав на Аллаховиот Посланик саллаллаху алејхи ве селлам како кажува:

“Ќе дојде време кога луѓето не ќе можат да најдат имам кој ќе ги предводи во намаз!“ (Ибн Маџе, Ахмед)


Ебу Хурејре радијАллаху анху пренесува дека Пратеникот саллаллаху алејхи ве селлем рекол:

“Ќе дојде време кога верникот не ќе може да ја зачува својата вера, освен оној кој со својата вера ќе оди од рид на рид, од врв на врв, од карпа на карпа. Кога ќе дојде тоа време не ќе може да се заработува за живот, освен од гневот на Аллах џеле ве ала (харам заработувачка). Кога ќе дојде тоа време човекот поради својата жена и деца ќе страда, а ако нема жена и деца, тогаш ќе страда поради своите родители, и ако нема родители ќе страда поради своите роднини или комшии! Прашале: Зошто ќе биде тоа така о Аллахов Посланику? одговорил: “Ќе го срамат поради малата заработувачка (сиромаштво), па така човекот ќе се изложува на она што ќе го уништи!“ (Китабул - Зухд ел - Кебир, Бејхеки 446)

Омер радијјАллаху анху пренесува дека Аллаховиот Посланик саллаллаху алејхи ве селлем рекол:

“Ќе дојде време кога светот ќе има човечки форми, но срцата ќе им бидат како срцата на пустински волци. Ќе пролеваат крв и нема да се двоумат од злото кое ќе го прават! Ако им дадеш заклетва на верност – ќе те измамат, ако ти се обратат – ќе те излажат, ако им се довериш – ќе те изневерат, а кога не си со нив ќе те озборуваат. Децата ќе им бидат безобразни, младината девијантна, а нивните стари пророчни – нема да наредуваат добро, ниту ќе одвраќаат од зло. Да се биде со нив е понижување, а да се побара она што е нивно е вистинско сиромаштво! Добриот меѓу нив ќе биде залутан, додека залутаниот меѓу нив ќе биде добар! Сунетот за нив ќе биде бидат, додека бидатот, сунет. Оној меѓу нив кој ќе наредува добро ќе биде сомнителен, а фасикот меѓу нив ќе биде чесен човек, додека верникот ќе биде обесправен! Кога луѓето ќе почнат така да се однесуваат Аллах ќе даде со нив да завладеат луѓе кои ќе ги убиваат ако нешто прозборат, кои ќе ги екплоатираат ако молчат, кои ќе им го одземаат она што ќе го заработат, и кои неправедно ќе се однесуваат кон нив, додека ќе владеат со нив!“ (Џамиул – Ехадис Сујути 31621)

LAUTKA

LAUTKA
Модератор
Модератор
Осаменост во време на неред и разединување!!! 201836 Аллах џ.ш да те награди за постоф,навистина преубаф и полн со хадиси.....................................

Monoteizam

Monoteizam
Редовен член
Редовен член
Ве Алејкум селам

Амин еџмеин. Го молам на Аллах тебареке ве те’ала да ги здружи нашите срца на вистина и да ни подари добар завршеток на овој дуњалук и му се молам Нему Возвишениот да ни подари Џенетул Фирдевс Амин Амин Амин!!!

LAUTKA

LAUTKA
Модератор
Модератор
Monoteizam напиша:Ве Алејкум селам

Амин еџмеин. Го молам на Аллах тебареке ве те’ала да ги здружи нашите срца на вистина и да ни подари добар завршеток на овој дуњалук и му се молам Нему Возвишениот да ни подари Џенетул Фирдевс Амин Амин Амин!!!
Аммиииииннн Very Happy

Sponsored content


Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот  Порака [Страна 1 of 1]

Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот