1 Причините за истрајност во заблудата Пон 15 Јун 2015, 2:11 pm
Muwehhid
Модератор
Врачањето на вистината е подобра од истрајноста во заблудата бидејќи истрајноста на заблудата е знак дека човекот е напуштен, како што тоа Ибн Кајјим, рахимехуллах, го кажува во Ал-Фева’ид’: “ Да се биде напуштен значи Аллах да го препушти на самиот себе.” Причината за истрајноста на човекот во заблудата откако му е објасната (заблудата) е поради разни работи:
Првата работа:
Желбата за власт(авторитет)и лидерство (слава):
Имам Шатаби, рахимехуллах во Ал-Итисам рекол: “Последната работа која е сопственост на срцето на исправните луѓе е љубовта спрема власт и лидерство.”
Ибрахим ибн Едихем, рахимехуллах рекол: “Личноста која сака слава нема да биде искрена спрема Аллах.”
Ебу Нуајм, рахимехуллах рекол: “Се колнам во Аллах, оној кој што е уништен не е уништен поради ништо друго освен поради љубов спреам лидерство.”
Кажува Ибн Тејмијје, рахимехуллах:” Оној која бара лидерство преку заблуда, ќе стане задоволен со изјава во која тој ќе се величи, тури и ако тоа е лага, и тој ќе стане лут (гневен)во која има критика за него дури и ако тоа е вистина. Што се однесува за верникот, тој е задоволен со вистинската изјава (исказ) без разлика дали таа е за или против него и тој е лут (гневен) на лажниот исказ без разлика дали та ќе биде за или против него. Тоа е така затоа шпто Возвишениот Аллах ја сака вистината, искреноста и правдата а ја мрзи лагата и наслилството.”
2. Втора работа
Охолност и одбивање на вистината
Имам Суфијан бин Ујејне, рахимехуллах, рекол: “Паметна личност не онаа која го познава доброто и злото туку паметната личност е онаа која ја следи вистината која ја гледа и се одрекнува (откажува, бега..) од злото кога го гледа.”
Ибн Кајјим, рахимехуллах, рекол: “Од знаците на стабилноста и успехот е кога робот го зголемува своето знаење тој исто така ја зголемува својата скромност и самилост; и кога и да го зголеми своето дело, тој го зголемува својот страв и претпазливост; и кога се ќе се зголеми неговата старост тој ја намалува желбата за работите; и кога ќе се зголеми неговиот имот тој ја зголемува својата дарежливост и садака; и кога неговата позиција и чест ќе се зголемаат тој ја зголемува својата блискост со луѓето, исполнувајќи им ги нивните потреби и ќе остане смирен (скромен) во нивно присуство.
А знаците на расипаноста се: “Кога тој ќе го зголеми своето знаење, тој ја заголемува својата охолност и ароганција; и кога ќе ги зголеми своите дела, тој ќе го зголеми своето пофалување, исмевање со луѓето и убаво мислење за себе; и кога ќе се зголеми неговата позиција и чест; тој ја зголемува својата охолност и ароганција. Овие работи (здравост и расипаност) се искушение и тест од Аллах џелле ве ала преку кои Тој ги искушува на Своите робови. Тој донесува стабилост и искреност на луѓето преку овие работи.”
Ебу Дерда, радијаллаху анху рекол: “Знаците на незнаењето се три: Самозадоволство, претеран говор во она што не го засега и да забрануваш нешто што и самиот тоа не го правиш.”
Се пренесува дека Алија ибн Еби Талиб радијаллаху анху рекол:” Самозадоволството е круг на срцето/умот.”Други освен него кажуваат:” Нема да најдеш личност да е задоволна со самата себеси а да не е трговец за лидерство (слава).”
Човекот мора да биде свесен дека Аллах џелле ве ала е исвестен за неговите работи и дека Тој ја знае измамата на окото и она што го кријаат срцата, и дека срцата се помеѓу Аллаховите прсти и дека Тој ги врти како сака. Ибн Хатим пренесува од Хасан дека рекол: “Срцата се многу посилни (жестоки) во губење на контрола од пердуви во бурниот ден.”
Ет-Тирмизи забалежува во својот Сунен дека Шехр б. Хаушеб ja запрашал на Умму Селема:” О мајко на правоварните, која е таа дова која Пратеникот, саллаллаху алјхи ве селлем, ја учеше кога беше со тебе?, а таа одговорила”Довата која најмногу ја учеше е:”О Ти кој вртш на срцата, зацврсти го моето срце во Својата вера!, па го запрашав: “О Аллахов пратенику, зошто многу ја учиш довата: - О Ти кој ги вртиш срцата, зацврсти го срцето мое во Својата вера?, а тој рече: “Умму Селема, не постои човек а срцето да не е меѓу два Аллахови прсти, па ако сака- Тој го упатува на правиот пат, а ако сака Тој ќе го пушти да скршне во заблуда. А потоа еден од пренесувачите на ова предание (Муаз б муаз) го проучил ајетот: - Господару наш, не скршнувај ги срцата наши кога веќе ги упати.. [Али имран, 8] (Хадисот е Сахих а го забалежува Ет-Тирмизи, Ел-Хаким и Ибн Маџе)
Извор: tewhid.blogspot
Обработка: ahlu-sunnah