Ес селаму алејкум ве рахметуАллах ве Берекетуху и добре дојдовте на www.ahlu-sunnah.org.

За да се окористите од сите функции на форум, ве молиме да се регистрирате или со вашето корисничко име логирате.


Join the forum, it's quick and easy

Ес селаму алејкум ве рахметуАллах ве Берекетуху и добре дојдовте на www.ahlu-sunnah.org.

За да се окористите од сите функции на форум, ве молиме да се регистрирате или со вашето корисничко име логирате.
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Latest topics
» Alisan
Хадиси на Мухаммед а.с EmptyПет 24 Апр 2020, 2:43 am by Muaz al Islam

» Намазот не е исправен (валиден) зад оној кој што ги оправдува..
Хадиси на Мухаммед а.с EmptyСаб 18 Јун 2016, 4:40 am by muwehid

» Салават на Пратеникот Мухаммед (а.с.)
Хадиси на Мухаммед а.с EmptyСаб 18 Јун 2016, 4:18 am by muwehid

» Менсур ал-Салими- "Спомнувајте Ме а и Јас ќе ве спомнувам (Ел-Бекара, 152)"
Хадиси на Мухаммед а.с EmptyПон 13 Јун 2016, 9:32 pm by Muwehhid

» Кога ќе сватеме???
Хадиси на Мухаммед а.с EmptyНед 12 Јун 2016, 9:34 pm by Muwehhid

» Ја сменија верата, но ја нарекуваат "ислам"
Хадиси на Мухаммед а.с EmptyСаб 11 Јун 2016, 8:51 pm by Muwehhid

» Дали е дозволено мевлуд?
Хадиси на Мухаммед а.с EmptyСре 27 Апр 2016, 11:09 am by Abu Al-Amin

» Шејх Сулејман ибн Насир ел-Улван за техакум
Хадиси на Мухаммед а.с EmptyВто 08 Мар 2016, 12:26 am by Haqq

» Бајрам
Хадиси на Мухаммед а.с EmptyНед 06 Мар 2016, 2:36 pm by Haqq

» Реката на трпението и нејзините притоки
Хадиси на Мухаммед а.с EmptyПет 04 Мар 2016, 7:48 pm by hidzab

» Pozdrav
Хадиси на Мухаммед а.с EmptyПон 15 Фед 2016, 11:52 pm by Abu Al-Amin

»  шейха доктора / Тарик гураб: Вопросы и ответы о колдовстве и лечения
Хадиси на Мухаммед а.с EmptyНед 14 Фед 2016, 7:30 pm by nourna

» abdul fetah
Хадиси на Мухаммед а.с EmptyСре 03 Фед 2016, 12:02 am by Abu Al-Amin

» Хадиси на Мухаммед а.с
Хадиси на Мухаммед а.с EmptyСре 06 Јан 2016, 7:16 pm by medi

» Аллах нас ни е потребен
Хадиси на Мухаммед а.с EmptyСре 02 Дек 2015, 7:26 pm by Muwehhid

Кој е он-лајн?
Севкупно има 28 членови он-лајн :: 0 Регистрирани, 0 Скриени и 28 Гости :: 1 Bot

Никој

Најмногу членови кои го посетиле форумот воеднаш се 547 во Пет 15 Ное 2024, 12:40 am
Барај
 
 

Display results as :
 


Rechercher Advanced Search

Top posters
Muaz al Islam (1691)
Хадиси на Мухаммед а.с Vote_lcapХадиси на Мухаммед а.с Voting_barХадиси на Мухаммед а.с Vote_rcap 
LAUTKA (1011)
Хадиси на Мухаммед а.с Vote_lcapХадиси на Мухаммед а.с Voting_barХадиси на Мухаммед а.с Vote_rcap 
Muwehhid (937)
Хадиси на Мухаммед а.с Vote_lcapХадиси на Мухаммед а.с Voting_barХадиси на Мухаммед а.с Vote_rcap 
Келиметул-Хакк (594)
Хадиси на Мухаммед а.с Vote_lcapХадиси на Мухаммед а.с Voting_barХадиси на Мухаммед а.с Vote_rcap 
Muslima4Islam (589)
Хадиси на Мухаммед а.с Vote_lcapХадиси на Мухаммед а.с Voting_barХадиси на Мухаммед а.с Vote_rcap 
Abu Al-Amin (479)
Хадиси на Мухаммед а.с Vote_lcapХадиси на Мухаммед а.с Voting_barХадиси на Мухаммед а.с Vote_rcap 
Al-Ghuraba (360)
Хадиси на Мухаммед а.с Vote_lcapХадиси на Мухаммед а.с Voting_barХадиси на Мухаммед а.с Vote_rcap 
Monoteizam (343)
Хадиси на Мухаммед а.с Vote_lcapХадиси на Мухаммед а.с Voting_barХадиси на Мухаммед а.с Vote_rcap 
muharem fazli (323)
Хадиси на Мухаммед а.с Vote_lcapХадиси на Мухаммед а.с Voting_barХадиси на Мухаммед а.с Vote_rcap 
Haqq (253)
Хадиси на Мухаммед а.с Vote_lcapХадиси на Мухаммед а.с Voting_barХадиси на Мухаммед а.с Vote_rcap 

Statistics
Постојат b>1268 регистрирани членови
Најновиот регистриран член е igoralfiosebastian@gmail.

Нашите членови се испратиле точно 8262 мислења in 2387 subjects

You are not connected. Please login or register

Отиди на страна : 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7  Next

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down  Порака [Страна 1 of 7]

1Хадиси на Мухаммед а.с Empty Хадиси на Мухаммед а.с Вто 21 Сеп 2010, 11:04 pm

Muaz al Islam

Muaz al Islam
Модератор
Модератор
73 Хадису на Аллаховиот Пратеник Мухаммед а.с

1.- “Најповеќе луѓе кои ќе влезат во џеннетот ќе бидат оние поради-заради богобојазноста(таквалукот) и убавиот морал.” (Бухарија и др. мухадиси)
2.- “Испратен сум да би го усовршил моралот“ (Бухарија и др. мухадиси)

3.- “Ебу Хурејре, потруди се да имаш убав ахлак“ Ебу Хурејре праша: “А што е тоа Аллахов Пратенику?“ тој рече: “ Да ја одржуваш врската со оној кој ја прекинал со тебе , да му простиш на оној кој ти нанесол неправда и да му дадеш на оној кој тебе ти ускратил“ (Бејхеки)

4.- “Најблиски од вас до мене ќе бидат оние кои имаат најубав ахлак,кои се скрушени(понизни) кои помируваат и зближуваат“ (Тирмизи)

5.- “Му`минот е пријатен и тој помирува, а нема добро во оној кој не мири и зближува, и во чие друштво не е пријатно.“ (Ахмед)

6.- “Човекот е во верата на својот пријател,па , човекот нека гледа со кого ќе се дружи. “(Ахмед,Ебу Давуд,Тирмизи)

7.- “Навистина, Аллах има свои садови на земјата, и тоа од срце , Најдраги му се оние садови кои се најчисти,најцврсти и најтанки, Чисти од гревови, цврсти во верата и танки спрема своите браќа.“ (Теберани)

8.- “ Строго чувајте се од сомневањето, зошто сомневањето е најлажен говор“ (Бухарија и Муслим)

9.“Не се уходете едни со други, не шпиунирајте,не ги прекинувајте односите и не заведувајте се , него ,Аллахови робови бидете браќа.“ (Бухарија и Муслим)

10.“Кој го сокрие срамот на својот брат на дуњалукот, Аллах џ.ш. неговиот ќе го сокрие и на дуњалукот и на Ахирет.“ (Бухарија и Муслим)

11.“Кој ја напушти расправата кога не е во право, ќе му биде направена куќа во Џеннетското маало, а кој ја остави расправата и кога е во право , ќе му биде изградена куќа во најодабраниот дел од Џеннетот“ (Ибн Маџе и Тирмизи)
12.“Муслиманот на муслиман е брат: не му нанесува неправда ,не му ги ускратува правата и не го понижува . На човекот му е доволно зло и тоа што е понижен од својот брат муслиман.“ (Муслим)

13.“Оставете ја расправата заради која е малку добро во неа, оставете ја расправата заради малата корист од неа зашто таа предизвикува непријателство меѓу браќата . “ (Теберани)

14.“Кога некој од вас го засака својот брат нека тоа му го каже.“ (Ебу Давид и Тирмизи)

15.“Разменувајте подароци-ќе се сакате“ (Бејхеки)

16.“Најлоши луѓе се оние кои туѓи зборови пренесуваат и оние кои ги раскаруваат оние кои се сакаат.“ (Ахмет)

17.“Кому неговиот брат се извини , а тој не го прифати неговото извинување, таквиот има грев кoлкав е гревот на оној кој на другите им нанесува штета.“ (Ибн Маџе)

18.“Верникот брзо се налутува , али и брзо и опростува.“ (Тирмизи)

19.“Кога човекот учи дова за својот отсутен брат , мелекот говори: `Нека и на тебе е исто тоа што за него бараш` “ (Ахмед и Муслим)

20.“Дова од братот за другиот брат кој е отсутен не се одбива “ (Муслим)

21.“Пример на верникот за нивната меѓусебна љубов и сомилост е како примерот со телото, ако заболи еден орган, остатокот од телото ќе го обземе грозница и несоница. “(Бухарија и Муслим)

22.“Верник на верникот е како зидовите од зграда , еден на друг се подпираат“(Бухарија и Муслим)

23.“Вистински муслиман е оној од чиј јазик и раце се сигурни останатите муслимани“(Бухарија и Муслим)

24.“Ако не си кадар да чиниш добри дела, тогаш макар не нанесувај зло на луѓето зошто и тоа ќе ти се вброи во садака со која ќе се искупиш“(Муслим)

25.“На муслиманот не му е дозволено да заплаши друг муслиман“(Ахмед)

26. “Возвишениот Аллах ми објавил, бидете понизни и да никој над никого не се воздигнува.“(Муслим)

27.“Нема да влезе во Џеннет клеветникот (оној кој озборува).“(Бухарија)

28.“На муслиманот не му е дозволено да ги прекине односите со својот брат повеќе од три дена , и кога ќе се сретнат да ги свртуваат лицата еден од друг, а подобар е оној , од нив двајца , кој прв ќе даде селам.“(Бухарија и Муслим)

29.“Кој на муслиманот ќе му ја опрости неговата погрешка , Аллах на Кијаметскиот ден ќе му ја опрости неговата.“(Ебу Давуд)

30. “Иметокот нема да се намали заради поделената садака, а Аллах заради опростување на човекот ќе му го зголеми неговиот углед и нема никој да се понижи на Аллах и заради Аллах, а да Аллах не го воздигне заради тоа.“ (Муслим)

31.”Не е од нас оној кој не ги почитува нашите постари и кој не е милостив на нашите помлади.“ (Тирмизи)

32.”Плаши се од огнот (Џехеннемот)па дај макар и пола урма, па ако и тоа не можеш да најдеш,па тогаш барем упати убав збор.”(Бухарија и Ахмед)

33.”Три знакови се на лицемерот(мунафикот):кога говори – лаже, кога нешто ќе обети – не го исполнува, и кога нешто му се повери – поверението го изневерува.”(Бухарија и Муслим)

34.”Човекот нема да го употполни својот иман(верување) се додека не биде кадар да удели, па макар и од мала имовина, да биде праведен спрема себе и да шири селам.”(Бухарија)

35.”Секоја лага се освен онаа кога човекот слаже во војна, зошто војната е цела лага , или човекот слаже кога помирува двајца закарани или кога својата сопруга ја слаже како би ја удоволил и задоволил.” (Ебу Давуд)

36.”Навистина , ако ги испитуваш човечките мани , ќе ги расипиш луѓето или ќе ги наведиш да се расипат.”(Ебу Давуд)

37.”О дружино, има од оние кои го признале верувањето со јазикот , али иманот (верувањето) сеуште не им влегол во срцето! Не ги оговарајте муслиманите и не ги истажувајте нивните негативности, зошто оној кој ќе ги истражува маните на својот брат муслиман,Аллах ќе ги истражува неговите , а кому Аллах ќе ги истражува маните сигурно ќе го разоткрие и ќе го осрамоти па макар бил и во својата куќа.”(Тирмизи и Ебу Давуд)

38.”Кој ќе почне со разговор пред да даде селам, немојте да му одговарате се додека не даде селам.”(Теберани)

39.”Кога ќе се сретнат двајца муслимани и се ракуваат , од нив одпаднуваат помалите гревови.”(Ебу Давуд и Тирмизи)

40.”Кој сака да луѓето му стануваат на нозе нека за себе го припреми местото во Џехеннем.” (Тирмизи)

41.”Кој ќе застане во заштита на честа на братот муслиман , тоа ќе му биде заштита од Џехеннем.”(Тирмизи)

42.”Нема човек муслиман кој ќе застане во одбрана на честа на својот брат , а да Аллах не земе обаврска на Себе да го заштити од Џехеннемскиот оган на Кијаметскиот ден.”(Ахмед)

43.”Кој присвои сираче од родители муслимани до негово полнолетство , на таквиот сигурно му е обезбеден Џеннет.”(Ахмед)

44.”Најдобра муслиманска куќа е онаа во која се врши доброчинство спрема сирачето, а најлоша муслиманска куќа е онаа која најлошо се однесува спрема сирачето.” (Ибн Маџе)

45. ”Никој од вас нема да постигне потполно верување се додека не му пожели и посака на својот брат она што го пожелува и посакува за самиот себеси.” (Бухарија и Муслим)

46. ”Секој од вас е огледало на својот брат , па ако примети на него нешто негативно , нека тоа го отклони од него.”(Тирмизи)

47. ”Кој не се интересира за состојбата на муслиманите тој не е од нив.” (Теберани)

48. ”Кој посети болен , седи во Џеннетскиот превој, така кога ќе стане , му се одредуваат 70 илјади мелеки кои ќе чинат салават на него се до ноќта .” (Муслим)

49. ”Кому сака добро, Аллах , го искушува .” (Бухарија)

50. ”Умрениот го пратат три работи: две се враќаат, а едно останува со него . Го пратат неговото семејство , иметокот и делата , па семејството и иметокот се враќаат, а со него остануваат неговите дела.” (Бухарија и Муслим)

51. ”Човекот нема да биде прав верник се додека неговиот комшија не биде сигурен од неговите пакости и подлости.” (Бухарија)
52. ”Koj сака да му остане убав спомен зад себе и да му се зголеми нафаката , нека ги чува родбинските врски.” (Бухарија и Муслим)

53. ”Мирисот на Џеннетот може да се почуствува на оддалеченост од петстотини години одење , а нема да го почуствува оној кој е непослушен на своите родители и оној кој ги прекинува родбинските врски .” (Теберани)

54. ”Во Џеннет нема да влезе лажливецот, оној кој се охоли, издајникот и оној кој лошо постапувал со своите слуги.” (Тирмизи)

55. ”Сите вие сте овчари и сите ќе одговарате за своите стада .” (Бухарија и Муслим)

56. ”Луѓето се Аллахови штитеници , најблиски до Аллах се оние кои се корисни на Неговите штитеници.” (Муслим)

57. ”Водачот на народот, е негов слуга.” (Теберани)

58. ”Оваа вера е јака и постапувај со неа внимателно и убаво.” (Ахмед)

59.”Луѓето се како камилите – од стотина од нив не можеш да најдеш една добра за јавање.”(Бухарија и Муслим)

60. ”Аллаховата помош е над џемаатот. Кој и сам излезе од џемаатот, сам ќе се најде во Џехеннемот.” (Тирмизи)

61. ”Верата е искрен совет.” (Муслим)

62. ”Онај кој не е благодерен на луѓето не е благодарен ни на Аллах.” (Ебу Давуд и Тирмизи)

63. ”Намазот во џемаат е повреден дваесет и седум пати од намазот на поединец.” (Бухарија и Муслим)

64. ”Бдеење на некој од вас на Аллаховиот пат е подобро, него да се клања во својата куќа 70 години.” (Тирмизи)

65. ”Најлошо што може да се најде кај човекот е навистина шкртост заради похлепа и страв без причина.” (Бухарија и Ебу Давуд)

66. ”Најлош од луѓето навистина е оној кој од кого му се побара нешто во името на Аллах , па него тој го одбие . ” (Бухарија и Муслим)

67. ”Најголем крадливец е оној кој краде од својот намаз , кој не ги употполнува неговите рук`у и сеџде , а најшкрт е оној кој шкртари со селам.” (Теберани)

68. ”Женете се и множите , зошто навистина јас ќе се гордеам со бројноста пред другите народи.” (Ебу Давуд и Несаи)

69. ”Јакиот верник е подобар и на Аллах подраг од слабиот верник.” (Муслим)

70. ”Аллах , навистина не гледа во вашите тела ниту во вашиот изглед , него гледа во вашите срца.” (Муслим)

71. ”Навистина Аллах сака да оној кој работи нешто тоа го работи на најдобар начин.” (Бејхеки)

72. ”Доброчинство е да го обожаваш Аллаха како да го гледаш, зошто иако ти не го гледаш, Тој навистина , тебе те гледа.” ( Бухарија и Муслим)

73. ”Многу ли ќе има од постачите кои од својот пост нема да имаат ништо освен глад, и многу ли ќе има од клањачите кои од својот намаз нема да имаат ништо освен бдеење.” (Насаи и Ибн Маџе)



Последната промена е направена од Muaz ibn Abdurahman на Сре 02 Мар 2011, 9:36 am. Мислењето е променето 1 пати

http://www.ahlu-sunnah.org

2Хадиси на Мухаммед а.с Empty Re: Хадиси на Мухаммед а.с Вто 21 Сеп 2010, 11:09 pm

Muaz al Islam

Muaz al Islam
Модератор
Модератор
Се пренесува дека Пејгамберо а.с рекол:
-Кој потценува пет работи, ќе загуби други пет.
1.Кој ги потценува учените, ке ја загуби својата вера.
2.Кој ги потценува водачите, ќе го загуби овој свет.
3.кој го потценува соседот, ке загуби многу придобивки.
4.кој ги потценува појаките, ке ја загуби својата љубов.
5.кој ја потценува својата жена, ке ја загуби убавината на животот

http://www.ahlu-sunnah.org

3Хадиси на Мухаммед а.с Empty селам Сре 22 Сеп 2010, 5:07 pm

omer el faruk


Нови член
Нови член
префекто брате Аллах џ.ш да те награди за убавите хадиси Хадиси на Мухаммед а.с 571315

4Хадиси на Мухаммед а.с Empty Re: Хадиси на Мухаммед а.с Пет 24 Дек 2010, 10:24 pm

Muaz al Islam

Muaz al Islam
Модератор
Модератор
Кај кого се најдат три работи, ќе ја почуствува вистинската сласт на иманот:
-Аллах и Неговиот Пратеник да му бидат помили од се останато,
- да сака некоја личност исклучиво поради Аллах и
- да го мрази враќањето во куфрот, откако Аллах од него го извел, како што мрази да биде фрлен во огнот.(Бухари и Муслим)

http://www.ahlu-sunnah.org

5Хадиси на Мухаммед а.с Empty Re: Хадиси на Мухаммед а.с Пет 24 Дек 2010, 10:25 pm

Muaz al Islam

Muaz al Islam
Модератор
Модератор


Се пренесува од Ебу Хурејре (р.а.) дека Пејгамберот (с.а.в.с.) рекол:

“Кој ќе зема абдест на најдобар начин а потоа ќе замине на џума намаз, кој ќе слуша хутба молчејќи ... ќе му бидат простени гревовите што ги направил меѓу две џуми, и уште за три дена. Но, ако допре и мало камче додека трае хутбата, ќе ја поништи наградата за џума намаз.”

http://www.ahlu-sunnah.org

6Хадиси на Мухаммед а.с Empty Re: Хадиси на Мухаммед а.с Нед 09 Јан 2011, 2:19 pm

Muwehhid

Muwehhid
Модератор
Модератор
Амр ибн Ауф пренесува дека Аллаховиот Пејгамбер а.с. го испратил Еба Убејде ибн Ел-Џеррах до Бахрејн да го донесе собраниот данок кој се зема од немуслимани во замена за нивната заштита во исламската држава.

Ебу Убејде се вратил од Бахрејн со големо богатство. Кога слушнале жителите на Медина за неговото доаѓање сите дошле за намаз на Сабах. Откако исклањал Аллахо- виот Пејгамбер, кога го забележил големиот број на присутни се насмеал, и потоа им рекол: Мислам дека слушнавте дека Ебу Убејде донесол нешто од Бахрејн?

Одговорија: Да, Аллахов Пејгамберу. Тогаш им рече: “Израдувајте се и надевајте се во она што ќе ве известам. Се колнам во Аллах, не се плашам за вас од сиромаштија, но се плашам за вас од дуњалукот кој ќе ви ги отвори неговите ризници како што им беа отворени на оние кои биле пред вас; и тие се натпреваруваа во дуњалучките раскоши како што и вие се натпреварувате и ќе ве уништи како што ги уништил оние пред вас.”
( Бухари, Муслим )

7Хадиси на Мухаммед а.с Empty Re: Хадиси на Мухаммед а.с Вто 11 Јан 2011, 8:30 pm

Muaz al Islam

Muaz al Islam
Модератор
Модератор
„Ебу Бекр ес-Сидик, р.а., рекол: „Ништо од она што Аллаховиот Пратеник, с.а.в.с., го работел нема да оставам, а така да не постапам, бидејќи се плашам дека ќе залутам ако нешто изоставам од неговиот суннет.“ (Го бележи Бухарија и Мусли од Ебу Бекр ес-Сидик, р.а., како што стои во делото ’ел-Лу’лу вел Мерџан’, бр. 1150)

http://www.ahlu-sunnah.org

8Хадиси на Мухаммед а.с Empty Re: Хадиси на Мухаммед а.с Вто 11 Јан 2011, 8:32 pm

Muaz al Islam

Muaz al Islam
Модератор
Модератор
Ебу Хурејре прашал:
- Аллахов Пејгамберу, кој е најдостоен за твое завземање на Судниот ден ? На тоа Мухаммед а.с. одговорил: Ебу Хурејре, сугурен бев дека за овој хадис никој друг пред тебе нема да ме праша, затоа што го дознав твојот копнежот за хадисот. Најдостоен за мојот шефаат на Судниот ден ќе биде оној кој искрено со се срце ќе изговори: "Ла илахе иллаллах".
(Бухари

http://www.ahlu-sunnah.org

9Хадиси на Мухаммед а.с Empty Re: Хадиси на Мухаммед а.с Саб 22 Јан 2011, 11:33 pm

Muaz al Islam

Muaz al Islam
Модератор
Модератор
Муаз б. Џебел раскажува: Бев со Аллаховиот Пејгамбер, с.а.в.с, на едно патување. Еден ден патував во негова непосредна близина, па го прашав: - Аллахов Пејгамбере, кажи ми едно дело кое, ако го правам, ќе ме воведе во Џеннет, а ќе ме оддалечи од Џеххенем.?
- "Ме праша за голема работа, но тоа лесно ќе го постигне оној кого Аллах ќе го помогне во тоа: вистински чини ибадет само на Аллах и немој во ништо да Му чиниш ширк, редовно клањај намаз, дели зекат, пости го месецот рамазан и изврши хаџџ" – му рече Пејгамберот.
- Сакаш ли да те упатам на она што ќе ти ја отвори вратата на доброто – прашал Пејгамберот и продолжил: - Постот е штит од џехеннемскиот оган, садаката ги поништува гревовите како што водата го гасни огнот, и намазот кој човекот го извршува во глува доба од ноќта. Тогаш Пејгамберот ги проучил Аллаховите зборови: ”Страните нивни од постела се накривуваат, повикувајќи го Господарорт свој, и од страв и од желба, и кои делат од рискот Наш што им го дадовме. Па, ниедна душа не знае какви радости им се кријат…награда за она што го работеа.” (Ес-Сеџде,16-17). Потоа продолжил:
- Сакаш ли да ти ја кажам главата на сето тоа, неговиот столб и неговиот врв ?
- Да, о Аллахов Пејгамбере ! – одговорив.
- Главата на сето тоа е исламот, негов столб е намазот, а џихадот е негов врв – рече тој.
- А сакаш ли сега да ти кажам со што ќе го постигне човекот сето тоа? – праша тој.
- Секако, Аллахов Пејгамбере – реков јас.
- Тој го фати својот јазик и рече:
- Чувај го својот јазик!
- Аллахов Пејгамбере – реков јас – зар ќе бидеме одговорни за јазикот со кој зборуваме!?
- Жална ти била мајка ти, Муазе! Зар не си знаел дека луѓето токму нивните јазици ќе ги фрлат главечки во џехеннемскиот оган! (Тирмизи, Маџ
џе)

http://www.ahlu-sunnah.org

10Хадиси на Мухаммед а.с Empty Re: Хадиси на Мухаммед а.с Вто 25 Јан 2011, 9:35 pm

Muaz al Islam

Muaz al Islam
Модератор
Модератор
Ебу Хурејре прашал:
- Аллахов Пејгамберу, кој е најдостоен за твое завземање на Судниот ден ? На тоа Мухаммед а.с. одговорил: Ебу Хурејре, сугурен бев дека за овој хадис никој друг пред тебе нема да ме праша, затоа што го дознав твојот копнежот за хадисот. Најдостоен за мојот шефаат на Судниот ден ќе биде оној кој искрено со се срце ќе изговори: "Ла илахе иллаллах". (Бухар
и)

http://www.ahlu-sunnah.org

11Хадиси на Мухаммед а.с Empty Re: Хадиси на Мухаммед а.с Сре 26 Јан 2011, 12:45 pm

Muaz al Islam

Muaz al Islam
Модератор
Модератор
ЗОШТО АЛЛАХ ГИ ОДРЕДИЛ ПЕТТЕ ВАКТОВИ НА НАМАЗ ВО ПОЗНАТИТЕ РАЗЛИЧНИ ВРЕМИЊА?


Се пренесува од Алија р.а. дека Аллаховиот Пратеник а.с. бил седнат меѓу Енсарии и Мухаџири кога му дошла една група на евреи, па му поставиле прашање: „О Мухаммед, ние ќе те прашаме за зборови кои Аллах Возвишениот му ги дал на Муса ибн Имран и не му ги дал никому на никој друг освен на испратен пејгамбер или близок мелек!“

Аллаховиот Пратеник а.с. им рече: „Прашајте!“

Рекоа: „О Мухаммед, извести не за овие пет вактови на намаз кои Аллах му ги задолжил на твојот уммет?“

Аллаховиот Пратеник а.с. одговори:

„Намазот на сабах

– Сонцето кога изгрева, излегува меѓу двата рога на шејтанот, тогаш неверниците кои обожуваат некој друг а не Аллах прават сеџде!“ Рекоа: „Вистината ја рече Мухаммеде! “Секој верник што ќе клања четириесет дена во џемат сабах намаз, Аллах ќе му даде две заштити: заштита од Оган и заштита од дволичност!“ Рекоа: „Вистината ја кажа!“

Додека намазот на пладне:

Тогаш тоа е време кога се разгорува џехеннемот, па секој верник што ќе го клања овој намаз, Аллах ќе го сочува од пламените на Џехеннем на Судниот ден!“

Додека намазот на икиндија

Тоа е време кога Адем а.с. каснал од забранетото овошје, па кој верник ќе го клања овој намаз ќе излезе од гревовите како тој ден да го родила мајка, потоа ги проучил Аллаховите зборови: „Чувајте ги намазите, и средишниот намаз...“

Додека намазот на акшам

Тоа е времето во кое Алллах џ.ш. му простил на Адем а.с., па кој верник ќе го клања овој намаз сметајќи на награда и потоа го замоли Аллах – ќе му биде примена довата (дадено она што го посакува).“

Додека намазот на јација

Навистина во гробот има темнина и Судниот ден е темнина, па кој верник ќе оди во темнината на ноќта за да клања јација, Аллах ќе го сочува од горивото на огнот и ќе му даде светлина со која ќе го премине мостот, тој е намаз кој го клањале пејгамберите пред мене.“

http://www.ahlu-sunnah.org

12Хадиси на Мухаммед а.с Empty Re: Хадиси на Мухаммед а.с Сре 26 Јан 2011, 12:58 pm

Muaz al Islam

Muaz al Islam
Модератор
Модератор
Се пренесува од Ебу Хурејре, р.а., дека Аллаховиот Пратеник, с.а.в.с., рекол:
„Секој понеделник и четврток се отвараат вратите на Џеннетот. Се простува на секој Аллахов роб кој не прави ширк, освен на оној кој е во кавга со братот муслиман. Ќе се рече: ’Одложете им на овие двајца, додека не се помират, одложете им на овие двајца, додека не се помират, одложете им на овие двајца додека не се помират.“

Во друго предание стои:
„Делата се изложуваат секој четврток и понеделник, па бидуваат простувани.“ (Бухарија, Муслим)

http://www.ahlu-sunnah.org

13Хадиси на Мухаммед а.с Empty Re: Хадиси на Мухаммед а.с Сре 26 Јан 2011, 1:07 pm

Muaz al Islam

Muaz al Islam
Модератор
Модератор
ПРИКАЗНАТА ЗА СУЛЕЈМАН А.С.

И на Давуд Ние му го подаривме Сулејман. Е, колку е благонаклонет тој роб! Тој, навистина, беше покајник! Кога навечер му се претставени коњи исправени, преубави, на три нозе, и кога рече: “Покажав поголема љубов кон ова добро отколку кон споменувањето на Господарот мој!” И веднаш исчезнаа од видикот негов. “Вратете ми ги!” И почна да ги мази и по нозете и по вратовите. (Сад 30-33)

Спомнува Возвишениот Аллах дека на Давуд а.с. му го подарил Сулјемана а.с., и потоа ја раскажува неговата благонаклоност и потоа спомнува во врска со коњите. Па еве ти – драг читателу – една приказна со Сулјеман а.с.
Сулејман а.с. бил голем љубител на коњи поради џихад на Аллаховиот пат.

Тој имал силни коњи, со крилја и нивниот број изнесувал над 20 000 коњи. Еднаш додека тој ги подредувал и уредувал му изминал намазот на икиндија од заборав и занес. Кога увидел дека намазот му поминал поради тие коњи, рекол:

„Не, жими Аллах, вие нема да ме спречувате од ибадетот на Аллах џ.ш. Потоа наредил да се заколат. Кога Аллах ја видел неговата побожност и колењето на коњите поради намазот а сето тоа заради Него, страв од Неговата казна и љубов кон Него, и дека коњите го занесле додека намазот му измакнал. Поради оваа побожност и знак на жртвување спрема Аллах џ.ш.,

Тој благодетот на коњите му го заменил со нешто подобро, а тоа е ветерот му го покорил да ми биде во негова служба така што ветерот го носел каде шо ќе посакал. Имено, ветерот е подобро преносно средство од коњите. Вистината ја рекол Аллаховиот Пратеник с.а.в.с„Ти нема да оставиш нешто од страв спрема Аллах, а Тој да не ти даде нешто подобро од него. (Ахмед, Бејхеки)

Prevzemeno: [You must be registered and logged in to see this link.]

http://www.ahlu-sunnah.org

14Хадиси на Мухаммед а.с Empty Re: Хадиси на Мухаммед а.с Саб 05 Фед 2011, 5:45 pm

Muaz al Islam

Muaz al Islam
Модератор
Модератор
Се пренесува од Џабир (р.а) дека рекол: "Дојде еден бедуин кај Пејгамберот (с.а.в.с) и рече: -Ја ресулуллах, кои се тие две работи кои се заслужува казна или награда?" пејгамберот (с.а.в.с)му одговорил:
"Кој ќе умре не припишувајќи Му на Аллах задружник-че влезе во Џеннет, а кој ќе умре Припишувајќи Му на Аллах задружникжќе влезе во Џехенем."

http://www.ahlu-sunnah.org

15Хадиси на Мухаммед а.с Empty Re: Хадиси на Мухаммед а.с Сре 09 Фед 2011, 8:31 pm

Muaz al Islam

Muaz al Islam
Модератор
Модератор
Верникот кој чита Куран е како "утруџџе"(тоа е овојше слично на лимун, со големи плодови со жолта боја, а е зимзелено дрво) има добар мирис и добар вкус. Верникот кој не чита Куран е како хурма: мирис нема ама има убав Вкус.
(Бихари, Муслим, рбу Давуд, тирмизи, Несаи
)

http://www.ahlu-sunnah.org

16Хадиси на Мухаммед а.с Empty Re: Хадиси на Мухаммед а.с Сре 02 Мар 2011, 9:35 am

Muaz al Islam

Muaz al Islam
Модератор
Модератор
“Човекот да поседува и една долина со злато, ќе посака да поседува две, но, сепак, устата ќе му се наполни со прашина. Аллах го прима покајанието на оној кој се кае.”

http://www.ahlu-sunnah.org

17Хадиси на Мухаммед а.с Empty Re: Хадиси на Мухаммед а.с Чет 03 Мар 2011, 6:04 pm

LAUTKA

LAUTKA
Модератор
Модератор

Имамот
Бухарија бележи од ибн Омер дека Пратеникот, алејхи селлам, го фатил за
раменото и му рекол: „Биди на овој свет како да си странец или патник“.
И самиот ибн Омер имал навика да вели: „Кога ќе заноќиш, не очекувај
дека ќе раздениш, а кога раздениш, не очекувај дека ќе заноќиш, и земи
од своето здравје за својата болест, и од својот живот за својата смрт.

18Хадиси на Мухаммед а.с Empty Re: Хадиси на Мухаммед а.с Пет 18 Мар 2011, 1:53 pm

Muaz al Islam

Muaz al Islam
Модератор
Модератор
Оној кој влезе во џамијата за време на хутбата, треба да клања два рекати пред да седне, бидејќи Пратеникот, с.а.в.с., рекол: „Ако некој од вас дојде на џума за време на хутбата нека клања два рекати, а потоа нека седне.“ (Муслим)

http://www.ahlu-sunnah.org

19Хадиси на Мухаммед а.с Empty Re: Хадиси на Мухаммед а.с Пет 18 Мар 2011, 1:54 pm

Muaz al Islam

Muaz al Islam
Модератор
Модератор
Награда за секој чекор. Од Евс ибн Евс се пренесува дека рекол: „Рече Аллаховиот Пратеник, с.а.в.с., : Кој во петок се избања, и порани (за џума) се приближи до имамот и ако молчи (за време на хутбето), за секој чекор ќе има вредност како година дена на пост и намаз, а тоа на Аллах му е лесно.“ (Ахмед и автори на Суненот, а ибн Хузејме го оценил како сахих)

http://www.ahlu-sunnah.org

20Хадиси на Мухаммед а.с Empty Re: Хадиси на Мухаммед а.с Саб 19 Мар 2011, 12:33 am

LAUTKA

LAUTKA
Модератор
Модератор
-Пренесува
Ебу Хурејре,р.а., дека Пратеникот,с.а.в.с, рекол: “Возвишениот Аллах на
Судниот ден ќе рече: “Човеку, Јас бев болен но ти не Ме посети!”.
Човекот ќе запраша: ‘Како да те посетам Господару, кога Ти си Господар
на световите?!’ Ќе рече (Аллах): “Зарем не знаеше дека тој и тој Мој роб
се разболи, а ти не го посети? Зарем не знаеш дека ќе Ме најдеше кај
него ако го посетеше?!” (Муслим)

Ehli_Sunna_Sister

Ehli_Sunna_Sister
Сестра
Сестра
73 Хадиси на Аллаховиот Пратеник Мухаммед а.с.
1.- “Најповеќе луѓе кои ќе влезат во џеннетот ќе бидат оние поради-заради богобојазноста(таквалукот) и убавиот морал.” (Бухарија и др. мухадиси)
2.- “Испратен сум да би го усовршил моралот“ (Бухарија и др. мухадиси)
3.- “Ебу Хурејре, потруди се да имаш убав ахлак“ Ебу Хурејре праша: “А што е тоа Аллахов Пратенику?“ тој рече: “ Да ја одржуваш врската со оној кој ја прекинал со тебе , да му простиш на оној кој ти нанесол неправда и да му дадеш на оној кој тебе ти ускратил“ (Бејхеки)
4.- “Најблиски од вас до мене ќе бидат оние кои имаат најубав ахлак,кои се скрушени(понизни) кои помируваат и зближуваат“ (Тирмизи)
5.- “Му`минот е пријатен и тој помирува, а нема добро во оној кој не мири и зближува, и во чие друштво не е пријатно. “ (Ахмед)
6.- “Човекот е во верата на својот пријател,па , човекот нека гледа со кого ќе се дружи. “ (Ахмед,Ебу Давуд,Тирмизи)
7.- “Навистина, Аллах има свои садови на земјата, и тоа од срце , Најдраги му се оние садови кои се најчисти,најцврсти и најтанки, Чисти од гревови, цврсти во верата и танки спрема своите браќа. “ (Теберани)
8.- “ Строго чувајте се од сомневањето, зошто сомневањето е најлажен говор“ (Бухарија и Муслим)
9.“Не се уходете едни со други, не шпиунирајте,не ги прекинувајте односите и не заведувајте се , него ,Аллахови робови бидете браќа. “ (Бухарија и Муслим)
10.“Кој го сокрие срамот на својот брат на дуњалукот, Аллах џ.ш. неговиот ќе го сокрие и на дуњалукот и на Ахирет.“ (Бухарија и Муслим)
11.“Кој ја напушти расправата кога не е во право, ќе му биде направена куќа во Џеннетското маало, а кој ја остави расправата и кога е во право , ќе му биде изградена куќа во најодабраниот дел од Џеннетот“ (Ибн Маџе и Тирмизи)
12.“Муслиманот на муслиман е брат: не му нанесува неправда ,не му ги ускратува правата и не го понижува . На човекот му е доволно зло и тоа што е понижен од својот брат муслиман.“ (Муслим)
13.“Оставете ја расправата заради која е малку добро во неа, оставете ја расправата заради малата корист од неа зашто таа предизвикува непријателство меѓу браќата . “ (Теберани)
14.“Кога некој од вас го засака својот брат нека тоа му го каже. “ (Ебу Давид и Тирмизи)
15.“Разменувајте подароци- ќе се сакате“ (Бејхеки)
16.“Најлоши луѓе се оние кои туѓи зборови пренесуваат и оние кои ги раскаруваат оние кои се сакаат. “ (Ахмет)
17.“Кому неговиот брат се извини , а тој не го прифати неговото извинување, таквиот има грев кoлкав е гревот на оној кој на другите им нанесува штета. “ (Ибн Маџе)
18.“Верникот брзо се налутува , али и брзо и опростува. “ (Тирмизи)
19.“Кога човекот учи дова за својот отсутен брат , мелекот говори: `Нека и на тебе е исто тоа што за него бараш` “ (Ахмед и Муслим)
20.“Дова од братот за другиот брат кој е отсутен не се одбива “ (Муслим)
21.“Пример на верникот за нивната меѓусебна љубов и сомилост е како примерот со телото, ако заболи еден орган, остатокот од телото ќе го обземе грозница и несоница. “(Бухарија и Муслим)
22.“Верник на верникот е како зидовите од зграда , еден на друг се подпираат“(Бухарија и Муслим)
23.“Вистински муслиман е оној од чиј јазик и раце се сигурни останатите муслимани“(Бухарија и Муслим)
24.“Ако не си кадар да чиниш добри дела, тогаш макар не нанесувај зло на луѓето зошто и тоа ќе ти се вброи во садака со која ќе се искупиш“(Муслим)
25. “На муслиманот не му е дозволено да заплаши друг муслиман“(Ахмед)
26. “Возвишениот Аллах ми објавил, бидете понизни и да никој над никого не се воздигнува. “(Муслим)
27. “Нема да влезе во Џеннет клеветникот (оној кој озборува) .“(Бухарија)
28. “На муслиманот не му е дозволено да ги прекине односите со својот брат повеќе од три дена , и кога ќе се сретнат да ги свртуваат лицата еден од друг, а подобар е оној , од нив двајца , кој прв ќе даде селам. “(Бухарија и Муслим)
29. “Кој на муслиманот ќе му ја опрости неговата погрешка , Аллах на Кијаметскиот ден ќе му ја опрости неговата. “(Ебу Давуд)
30. “Иметокот нема да се намали заради поделената садака, а Аллах заради опростување на човекот ќе му го зголеми неговиот углед и нема никој да се понижи на Аллах и заради Аллах, а да Аллах не го воздигне заради тоа. “ (Муслим)
31.”Не е од нас оној кој не ги почитува нашите постари и кој не е милостив на нашите помлади. “ (Тирмизи)
32.”Плаши се од огнот (Џехеннемот)па дај макар и пола урма, па ако и тоа не можеш да најдеш,па тогаш барем упати убав збор. ”(Бухарија и Ахмед)
33. ”Три знакови се на лицемерот(мунафикот): кога говори – лаже, кога нешто ќе обети – не го исполнува, и кога нешто му се повери – поверението го изневерува. ”(Бухарија и Муслим)
34. ”Човекот нема да го употполни својот иман(верување) се додека не биде кадар да удели, па макар и од мала имовина, да биде праведен спрема себе и да шири селам. ”(Бухарија)
35. ”Секоја лага се освен онаа кога човекот слаже во војна, зошто војната е цела лага , или човекот слаже кога помирува двајца закарани или кога својата сопруга ја слаже како би ја удоволил и задоволил.” (Ебу Давуд)
36. ”Навистина , ако ги испитуваш човечките мани , ќе ги расипиш луѓето или ќе ги наведиш да се расипат. ”(Ебу Давуд)
37. ”О дружино, има од оние кои го признале верувањето со јазикот , али иманот (верувањето) сеуште не им влегол во срцето! Не ги оговарајте муслиманите и не ги истажувајте нивните негативности, зошто оној кој ќе ги истражува маните на својот брат муслиман, Аллах ќе ги истражува неговите , а кому Аллах ќе ги истражува маните сигурно ќе го разоткрие и ќе го осрамоти па макар бил и во својата куќа. ”(Тирмизи и Ебу Давуд)
38. ”Кој ќе почне со разговор пред да даде селам, немојте да му одговарате се додека не даде селам. ”(Теберани)
39. ”Кога ќе се сретнат двајца муслимани и се ракуваат , од нив одпаднуваат помалите гревови. ”(Ебу Давуд и Тирмизи)
40. ”Кој сака да луѓето му стануваат на нозе нека за себе го припреми местото во Џехеннем. ” (Тирмизи)
41. ”Кој ќе застане во заштита на честа на братот муслиман , тоа ќе му биде заштита од Џехеннем. ”(Тирмизи)
42. ”Нема човек муслиман кој ќе застане во одбрана на честа на својот брат , а да Аллах не земе обаврска на Себе да го заштити од Џехеннемскиот оган на Кијаметскиот ден. ”(Ахмед)
43. ”Кој присвои сираче од родители муслимани до негово полнолетство , на таквиот сигурно му е обезбеден Џеннет. ”(Ахмед)
44. ”Најдобра муслиманска куќа е онаа во која се врши доброчинство спрема сирачето, а најлоша муслиманска куќа е онаа која најлошо се однесува спрема сирачето. ” (Ибн Маџе)
45. ”Никој од вас нема да постигне потполно верување се додека не му пожели и посака на својот брат она што го пожелува и посакува за самиот себеси. ” (Бухарија и Муслим)
46. ”Секој од вас е огледало на својот брат , па ако примети на него нешто негативно , нека тоа го отклони од него. ”(Тирмизи)
47. ”Кој не се интересира за состојбата на муслиманите тој не е од нив.” (Теберани)
48. ”Кој посети болен , седи во Џеннетскиот превој, така кога ќе стане , му се одредуваат 70 илјади мелеки кои ќе чинат салават на него се до ноќта .” (Муслим)
49. ”Кому сака добро, Аллах , го искушува .” (Бухарија)
50. ”Умрениот го пратат три работи: две се враќаат, а едно останува со него . Го пратат неговото семејство , иметокот и делата , па семејството и иметокот се враќаат, а со него остануваат неговите дела. ” (Бухарија и Муслим)
51. ”Човекот нема да биде прав верник се додека неговиот комшија не биде сигурен од неговите пакости и подлости. ” (Бухарија)
52. ”Koj сака да му остане убав спомен зад себе и да му се зголеми нафаката , нека ги чува родбинските врски.” (Бухарија и Муслим)
53. ”Мирисот на Џеннетот може да се почуствува на оддалеченост од петстотини години одење , а нема да го почуствува оној кој е непослушен на своите родители и оној кој ги прекинува родбинските врски .” (Теберани)
54. ”Во Џеннет нема да влезе лажливецот, оној кој се охоли, издајникот и оној кој лошо постапувал со своите слуги. ” (Тирмизи)
55. ”Сите вие сте овчари и сите ќе одговарате за своите стада .” (Бухарија и Муслим)
56. ”Луѓето се Аллахови штитеници , најблиски до Аллах се оние кои се корисни на Неговите штитеници.” (Муслим)
57. ”Водачот на народот, е негов слуга.” (Теберани)
58. ”Оваа вера е јака и постапувај со неа внимателно и убаво.” (Ахмед)
59. ”Луѓето се како камилите – од стотина од нив не можеш да најдеш една добра за јавање.” (Бухарија и Муслим)
60. ”Аллаховата помош е над џемаатот. Кој и сам излезе од џемаатот, сам ќе се најде во Џехеннемот.” (Тирмизи)
61. ”Верата е искрен совет.” (Муслим)
62. ”Онај кој не е благодерен на луѓето не е благодарен ни на Аллах.” (Ебу Давуд и Тирмизи)
63. ”Намазот во џемаат е повреден дваесет и седум пати од намазот на поединец.” (Бухарија и Муслим)
64. ”Бдеење на некој од вас на Аллаховиот пат е подобро, него да се клања во својата куќа 70 години.” (Тирмизи)
65. ”Најлошо што може да се најде кај човекот е навистина шкртост заради похлепа и страв без причина.” (Бухарија и Ебу Давуд)
66. ”Најлош од луѓето навистина е оној кој од кого му се побара нешто во името на Аллах , па него тој го одбие . ” (Бухарија и Муслим)
67. ”Најголем крадливец е оној кој краде од својот намаз , кој не ги употполнува неговите рук`у и сеџде , а најшкрт е оној кој шкртари со селам.” (Теберани)
68. ”Женете се и множите , зошто навистина јас ќе се гордеам со бројноста пред другите народи.” (Ебу Давуд и Несаи)
69. ”Јакиот верник е подобар и на Аллах подраг од слабиот верник.” (Муслим)
70. ”Аллах , навистина не гледа во вашите тела ниту во вашиот изглед , него гледа во вашите срца.” (Муслим)
71. ”Навистина Аллах сака да оној кој работи нешто тоа го работи на најдобар начин.” (Бејхеки)
72. ”Доброчинство е да го обожаваш Аллаха како да го гледаш, зошто иако ти не го гледаш, Тој навистина , тебе те гледа.” ( Бухарија и Муслим)
73. ”Многу ли ќе има од постачите кои од својот пост нема да имаат ништо освен глад, и многу ли ќе има од клањачите кои од својот намаз нема да имаат ништо освен бдеење.” (Насаи и Ибн Маџе

https://ww.facebook.com

22Хадиси на Мухаммед а.с Empty Re: Хадиси на Мухаммед а.с Саб 19 Мар 2011, 2:43 pm

Talib-Ul-Haqq

Talib-Ul-Haqq
Брат
Брат
Селамун Алејкум

Барак Аллаху Фикум!!!

23Хадиси на Мухаммед а.с Empty Re: Хадиси на Мухаммед а.с Саб 19 Мар 2011, 2:52 pm

Ehli_Sunna_Sister

Ehli_Sunna_Sister
Сестра
Сестра
We Alejkum Selam Amin We ijjake bikum

https://ww.facebook.com

24Хадиси на Мухаммед а.с Empty Re: Хадиси на Мухаммед а.с Нед 27 Мар 2011, 9:38 pm

Muaz al Islam

Muaz al Islam
Модератор
Модератор
Кој оди по патот барајќи знаење, Аллах ќе му го олесни Патот кон Џеннетот (Муслим)

http://www.ahlu-sunnah.org

25Хадиси на Мухаммед а.с Empty Re: Хадиси на Мухаммед а.с Нед 27 Мар 2011, 9:46 pm

Muaz al Islam

Muaz al Islam
Модератор
Модератор
Никој од вас нема вистински да верува, се додека не го посакува за својот брат она што го посакува за себеси. ( Бухари, Муслим )

http://www.ahlu-sunnah.org

Sponsored content


Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот  Порака [Страна 1 of 7]

Отиди на страна : 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7  Next

Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот