1 Шеријатско - правен третман учествување и славење Божиќ и Нова година Нед 23 Дек 2012, 12:22 pm
Al-Ghuraba
Модератор
Во името на Аллах, Милостивиот, Сомилосниот!
Доказ од Кур’анот:
Зборови на Возвишениот:
[ وَالَّذِينَ لَا يَشْهَدُونَ الزُّورَ وَإِذَا مَرُّوا بِاللَّغْوِ مَرُّوا كِرَامًا [ ٢٥:٧٢
И тие кои не сведочат лажно, и кои, поминувајќи пред тоа што не ги засега, поминуваат достоинствено!“ (Превод на значење сура Ел-Фуркан, ајет број 72).
Коментирајќи (тефсирејќи) претходно споменатиот ајет рекол Муџахид, рахимехуллаху: “Овој ајет се однесува на невернички празници, односно на мушрички празници.“ Исто рекоа во коментарот на претходниот ајет и Ребиа Ибн Енес, Кади Ебу Ја’ла и Дахак.
И тоа што се разбира од овој ајет, односно смислата на наведување (цитирање) на овој ајет е тој што Аллах ги пофалил на групата или тие луѓе кои оставиле учествување (присутство) нивните празници било тоа со самото телесно присутство или пак гледање или со гледање или слушање на нешто што бива приредено на тие празници, па како што ќе кажеш за оној кој директно биде организаор или ист помагач на било кој начин?!
Доказ од Суннетот:
Се пренесува од Енеса, радијаллаху анху, дека рекол: “Кога Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селлем, дошол во Медина, нејзините жители имаа два дена во кои се веселеа и играа. “Какви се овие денови?“ , прашал во чудење Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селлем. “Овие два денови ги празнувавме во времето на џахилиетот“ , рекоа. “Аллах вас ви ги заменил со два подобри: Курбански и Рамазански бајрам“ , рекол Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селлем.“ (Ебу Давуд, Несаи и Ахмед).
Тоа што се разбира од наведениот хадис е дека Аллаховиот Пратеник, саллаллаху алејхи ве селлем, не им одобрил славење и веселење во тие денови туку им рекол: “Аллах вас ви ги заменил со два подобри: Јурбански и Рамазански бајрам“ , а сите нас ни е познато да би била целосно спроведена замена таа со себе повлекува дека работа која се менува мора да биде целосно оставена (заменета) рабити која ја менува.
Доказ од Иџма’а (Консензусот):
Тоа што на сите им е познато од историјата е дека Христијаните и Евреите за време на Халифетот и владарите на муслиманите живееја меѓу муслиманите плачајќи данок (ар. Џиза), тогаш тие беа луѓе под муслиманска заштита (ар. Ехлу-л-Зиме), потоа тие со својот престој во исламските држави имаа свои празници, а не е познато дека муслиманите се од исправните претходници (ар. Селефу-с-Салиха) учествуваа со нив во тие случаи, а ниту пак им честитале истите.
Тоа што исто така доаѓа во овој предлог е и предговор, односно точки на предговор кој ги склопил Омер, радијјаллаху анху, со Ехлу-л-Зиме, а што покасно прифатија сите асхаби и научници на фикхот (правните школи):
“Да муслиманските заштитници (Зимије) од Ехлул Китабија немаат право јавно да ги исполнуваат своите празници во муслиманските држави.“ Тогаш, овој предговор беше забрана за исполнување на наверничките празници, па како тогаш да биде дозволено муслиманите да учествуваат во нив?! Дали тој е постапка на муслиманите, и нивното присутствување во тие празници помалку од исполнување на истите од страна на неверниците?!
Исто така, се пренесува од Имера, радијјаллаху анху, дека рекол: “Никако не користите жаргон (јазик) на странците (немуслиманите), и за ништо не влегувајте кај мушриците (неверниците) во нивните цркви (богомоље) на ден на нивните празници бидејќи тогаш над нив се спушта Аллаховиот бес и гнев.“ (Го бележи Ебу Шејх Ел-Асфехани и имам Бејхеки со исправен ланец на пренесување).
Исто така, пренесува Бејхеки, од Омера Ибн Хаттаба, радијаллаху анхум, дека рекол: “Отргнете се од Аллаховите непријатели во текот на нивните празници.“
Рекол Шејху-л-ислам ибн Тејмијје, рахметуллахи алејх: “Со овие зборови Омер забранува учење на нивните јазици (жаргонот), забранува влегување (обичено влегување) во нивните цркви во текот на нивните празници, па како тогаш некој да прави и работи по самите постапки на неверниците во текот на тие денови?! Или како некој може да направи нешто што дел од нивната вера (верување)?! Или зарем не да се имитираат тие во славењето во нивните празници, поголемо и поопасно од самото учење на нивниот јазик!! Или не е самата постапка и славење со неверниците на нивните празници поголема и опасна од самато влегување во црква на денот на нивните празници?! И бидејќи на нив (неверниците) се спушта Аллаховата лутина и гнев на денот на нивнито празнување поради нивните дела и постапки, а тогаш тоа навистина станува јасен доказ дека оној кој дава свој придонес или учествување во нивните празници би бил изложен и ставен себеси во дирекна опаснос од Аллаховата лутина и казна?! “
И на крајот од зборовите на Омер, радијјаллаху анху: “Отргнете се од Аллаховите непријатели во текот на нивните празници.“ , зарем тоа не е забрана за состанување и седење сп неверниците во текот на тие празници?! Па што велиш тек за самите дела од нивните празници...?! (Шејху-л-Ислам во делото Иктида Сирату-л-Мустеким).
Доказ со здраво-разумски основи:
Кажано е дека обредите и празниците се дел од половина вера, боравци и обреди за кои Аллах во својата Племенита книга рекол:
وَلَا تَتَّبِعْ أَهْوَاءَهُمْ عَمَّا جَاءَكَ مِنَ الحَْقِّ لِكُلٍّ جَعَلْنَا مِنكُمْ شِرْعَةً وَمِنْهَاجًا-
“Затоа суди меѓу нив тоа што објавил Аллах и не следи ги страстите нивни наместо тоа што ти е дојдено од вистината. И за секој од вас пропишавме закон и пат.“ (Превод на значење сура Ел-Маида, ајет број 48).
Рекол Ибн Тејмијје, рахиметуллахи алејхи: “И нема разлика доколку се потпомагаат или пак само учествуваат во нивните празници или нешто друго од нивниот пат (уверување), и целосно потсмевнување (следење) на нивните празници е всушност однесување и следење со нив во куфур (неверство), додека од друга страна аналогно кажано се однесуваат на неверниците во нешто од овие празници станува усогласено следење или потсмевнување на нив во тој дел на куфур кој го прават (однесуваат), во спротивност празниците се со конкретни и итни карактеристики на една религија, и оној што покажува нешто од овие специфични обреди, празници или карактеристики тој всушност покажува нешто од специфичните делови од куфрот дадени на верата (убедување) - и нема сомнеж дека однесувањето или складно следење на вакви работи на крајот завршува како куфр (неверство) со одредени шеријатски правила (ар. Шурут). (Ибн Тејмијје, Иктидау Сирату-л-Мустеким).
Исто така, од Шејху-л-Ислам се пренесува дека рекол: “Нивните празници се всушност дел или обележие на народот и и верите кои се проклети од страна на Аллах, аззе ве џелле (на кои Аллах се растидил и проклети ги направи). Така да однесувањето и следењето на неверниците во овие работи има резултат на Аллаховото проколнување и гнев...“ (Ибн Тејмијје, Иктидау Сирату-л-Мустеким).
Исто така, од работите кои се наменуваат логички-разумска основа е тоа дека кога ќе се дозволи една работа на мала група да ја направи и практикува од новотарија и харам нема сомнежи дека тоа со време ќе престанат во работи кои практикуваат опце (големи) маси народи, и кога таа работа ќе стане позната тогаш обичниот народ истата работа ја прифаќаат како да е од обичај (ар.Адет) за да на крајот стане и се прифаќа како празник на еден народ. Па после одредено време ова има за последица да потира и дерогира исламските исправни обичаи и ибадети, па дури во некои ситуации води кон смртта на исламот, а оживеување и живот на куфрот (неверството).
После сите овие кажани и цитирани докази, не е дозволено на човекот да практикува или пак пристапува со неверниците (Ехлу-л-Китаб) во нивните празници на основа врз доказите кои ги изложивме од Кур’анот, Суннетот, Иџма’а и исправни разумни основи. Исто така, не е дозволено било што од нивните празници (обележија) да им честита на неверниците, бидејќи тоа всушност станува признавање или пак обележије на нивните (не) вери како што тоа го рекол Ибн Кајјим, рахиметуллахи алејхи:
“Честитање на неверничките празници кои се својствено со нив е харам и на тоа се сложни исламските научници, како да кажеме да им честита нешто од нивните празници, или пак нивниот пост со зборови: Ви го честитам вас празникот или нека ви бидат вас удобни благ деновите... па иако говорникот (оној кој им честитал на неверниците за нивните празници) би бил поштеден (сочуван) од куфрот (неверството), тогаш тоа дело е од работи кои се харам (строго забрането), а самата гест (честитање) е на степен како некој да честита сецда некому кој направил на кипот, па дури и неговата постапка или упатена честитка е кај Аллах и поголема, и биде потешка од пиење алкохол, неправедно убиство, блуд и сл.
А нажалост многу има од тие кои немаат јака вера, тие кои паднуваат во вакви работи и не разбираат ogavnost дела кои направиле. Па секој оној кој на некој човек му честита грев или новотарија или пак куфр (неверство)... па тој себе си изложил гнев и проклетство!“
Од брошурата: “Опасност практикување на невернички празници“ – Студент на шеријатско право, Сафет Сулјич
Превод: Ибн Кааб
[You must be registered and logged in to see this link.]