1 ТЕФСИР НА 35 КУРАНСКИ АЕТ ОД СУРА ЕЛ-АХЗАБ Пон 07 Јан 2013, 2:29 am
Muaz al Islam
Модератор
[You must be registered and logged in to see this link.]
ТЕФСИР НА 35 КУРАНСКИ АЕТ ОД СУРА ЕЛ-АХЗАБ
За муслините и муслиманките, и за верниците и верничките, и за послушните мажи и за послушните жени, и за искрените мажи и за искрените жени, и за стрпливите мажи и за стрпливите жени, и за понизните мажи и за понизните жени, и за мажите кои даваат зекат и за жените кои даваат зекат, и за мажите кои постат и за жените кои постат, и за мажите кои за своите срамни места водат грижа и за жените кои за своите срамни места водат грижа, и за мажите кои често го споменуваат Аллах и за жените кои често го споменуваат Аллах – Аллах, навистина, за сите нив прошка и голема награда подготви.(Ел-Ахзаб, 35)
За муслините и муслиманките, и за верниците и верничките, и за послушните мажи и за послушните жени, и за искрените мажи и за искрените жени, и за стрпливите мажи и за стрпливите жени, и за понизните мажи и за понизните жени, и за мажите кои даваат зекат и за жените кои даваат зекат, и за мажите кои постат и за жените кои постат, и за мажите кои за своите срамни места водат грижа и за жените кои за своите срамни места водат грижа, и за мажите кои често го споменуваат Аллах и за жените кои често го споменуваат Аллах – Аллах, навистина, за сите нив прошка и голема награда подготви.(Ел-Ахзаб, 35)
Имам Ахмед пренесува од Абду-Рахман ибн Еби-Шејб дека рекол: “Слушнав дека Умму-Селеме, радијАллаху анху, жена на Аллаховиот Пратеник, саллАллаху алејхи ве селлем, рекла: ’Го прашав Аллаховиот Пратеник, саллАллаху алејхи ве селлем, зошто не се спомнуваме во Куранот како што се споменуваат мажите?’ Таа понатака продолжува, па кажува: ’Еден ден внимание ми привлече неговиот глас од минберот додека ја чешлав косата. Брзо јасплетив косатаи излегов во предсобата од кучата и ги наслонив ушите на преградата од палмени гранки.’ Тогаш тој рече од минберот: “О луѓе, навистина Возвишениот Аллах рекол:“
“За муслините и муслиманките, и за верниците и верничките...,“ до крајот на аетот! Вака го пренесува Насаи ибн Џерир од Абдул-Вахида ибн Зијад. Ибн Џерир пренесува од Ибн-Аббас, радијАллаху анху, дека рекол: “Жените на Аллаховиот Пратеник запрашувале: “Зошто спомнува верник, а не спомнува верници?“ Тогаш Аллах, субханеху ве те ала, објавил
“За муслините и муслиманките, и за верниците и верничките...,“ Аллаховиот говор: “За муслините и муслиманките, и за верниците и верничките...,“ значи дека иман не е исто што е ислам. Тој има специфично (јаже) значење од исламот бидејчи Возвишениот рекол:
Некои бедуини велат: “Ние веруваме!“ Кажи: “Вие не верувате. Туку кажете ’Го примивме изсламот’“ (Ел-Хуџурет. 14) Во двата “Сахиха“ стои: “Блудник додека прави блуд, во тој момент тој не е верник“, понатака тој останува без иман, но тоа не значи дека е неверник; со ова муслиманите се согласени. Ова значи дека верувањето (иман) го стеснува значењето. Возвишениот понатака вели: “...и за послушните мажи и за послушните жени,“ Зборот ’ел-канут’ значи покорнос во смиреност, како што Возвишениот вели:
’’Зарем таквиот е како тој што во ноќните часови времето во молитва, го минува, паѓајќи со лицето на тло и стејќи, стравувајќи од оној свет и надевајќи се на милоста од Господарот свој?..’’ (Ел-Зумер, 9)
Значи после ислам доаѓа поголем степен, а тоа е иман (верувајне), а како резултат на тие две е “кунт“ (послушност и скрушеност). Аллах, субханеху ве те ала, понатака вели: “...и за искрените мажи и за искрените жени,“ Тоа се однесува на говорот: Искреноста е пофалено својство и тоа е знак на иманот, како што лажењето е знак на нифак-лицемерството, а кој е искрен тој е спасен. Во еден хадис стои: “Бидете искрени, бидејчи искреноста води во доброчинство, а доброчинството води во Џеннет“ Чувајте се од лажење, бидејчи лажењето води во поквареност и грешење, а грешењето води во Оган. Човекот кој е искрен и за тоа чезнее, се запишува кај Аллах, субханеху ве те ала, како искрен (СИДДИК), додека човекот кој лажи и на тоа чезнее, се запишува кај Аллах како лажго (КЕЗЗАБ).
Возвишениот понатака вели: “, и за стрпливите мажи и за стрпливите жени“ Ова е особина на постојансот и цврстина, а тоа е стрпливост во неволја. Навистина, е права стрпливос во првиот ударец. Тоа значи дека е најтешко во првите моменти, додека тоа што доаѓа после тоа е све лесно.
Понатака Возвишениот Аллах, вели: “...и за понизните мажи и за понизните жени,“ Зборот ’Ел-хушу’ значи смиреност и задоволство, достоинство и скромност. Основата на тоа е став од Аллах, субханеху ве те ала, и Неговата контрола, како што тоа стои во овој хадис: “Обожавај Го Аллах како да го гледаш, а ако не го видиш, знај дека Тој тебе Те гледа.“
Во реченицата: “...и за мажите кои даваат зекат и за жените кои даваат зекат,“ Садака значи доброчинство спрема сиромсаните и слабите, кои немаат никаква заработка и приход. Му се дава од вишокот на имотот од покорност спрема Аллах, субханеху ве те ала, и со добронамерност спрема Неговите сстворенија. Во двата ’Сахиха’ стои: “Седом врсти на луѓе Аллах ќе ги стави под Својот хлад Тој ден кога други хлад освен Неговиот нема да има: Па измеѓу останатите споменати и човек кој дели садака тајно, така што левата рака не знае што и колку дала десната.“
Понатака Возвишениот, вели: “...и за мажите кои постат и за жените кои постат,“ Во еден хадис кој го пренесува Ибн-Маџџе сто: “Постот е зекат на телоти“, т.с. чисти го и уредувај го од расипаните нечистотии со природен и шеријатски аспект.
Потоа Возвишениот вели: “...и за мажите кои за своите срамни места водат грижа и за жените кои за своите срамни места водат грижа,“ доаѓа после зборовите: “... и мажите кои постат и жените кои постат“бидејќи постот е најдобар помагач за потиснување на страста, како што е речено во следниот хадис’’..а ако неможи нека се (ожени) нека пости затоа што тоа му е штит’’.Заради тоа одговара да се после ова спомене:’’ ...и за мажите кои за своите срамни места водат грижа и за жените кои за своите срамни места водат грижа,“ Зачувај ги од забранетиот грев,освен таму каде е дозволено како например: жена и оние кои поседуват.
А Аллаховиот говор: “...и за мажите кои често го споменуваат Аллах и за жените кои често го споменуваат Аллах “ Ибн-Хатим се пренесува од Еби-Сеид-ел Хударија,радијАллаху анху, дека рекол:’’Навистина Аллаховиот Пратеник рекол: ’Кога човекот ќе ја разбуди својата жена во ноќта,и клањаат два реката,тогаш тие се од оние,кои таа ноќ,се од оние кои често го споменуваат Аллах’’’Се пренесува од Ебу-Давуд,Несаи ибн Маџе од Е’амеша.Имам Ахмед пренесува од Му’аз ибн Џебела, радијАллаху анху, дека рекол:’’ Рекол Аллаховиот Пратеник,с.а.в.с.:’Ниеден човек нема да направи една работа ќе биде спасен од Аллаховата казна како што е споменување на Аллах Возвишениот Семоќниот.’
Говорот на Возвишениот: “Аллах, навистина, за сите нив прошка и голема награда подготви.“ Тоа е информација за све предходно навдено, т.е,дека Возвишениот Аллах припремал Свое простување за нивните гревови и голема награда -Џеннет.(Аллаху ,простини нас и воведине во Џеннет,кое го вети на богобојазните)
Превземено: Тефсир Ибн Кесир, рахимехумуллах алејх
Превод: Muaz al Islam
Обработка: www,Ahlu-Sunnah.org