Ес селаму алејкум ве рахметуАллах ве Берекетуху и добре дојдовте на www.ahlu-sunnah.org.

За да се окористите од сите функции на форум, ве молиме да се регистрирате или со вашето корисничко име логирате.


Join the forum, it's quick and easy

Ес селаму алејкум ве рахметуАллах ве Берекетуху и добре дојдовте на www.ahlu-sunnah.org.

За да се окористите од сите функции на форум, ве молиме да се регистрирате или со вашето корисничко име логирате.
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Latest topics
» Alisan
Курански Ајети „Добри Дела“ EmptyПет 24 Апр 2020, 2:43 am by Muaz al Islam

» Намазот не е исправен (валиден) зад оној кој што ги оправдува..
Курански Ајети „Добри Дела“ EmptyСаб 18 Јун 2016, 4:40 am by muwehid

» Салават на Пратеникот Мухаммед (а.с.)
Курански Ајети „Добри Дела“ EmptyСаб 18 Јун 2016, 4:18 am by muwehid

» Менсур ал-Салими- "Спомнувајте Ме а и Јас ќе ве спомнувам (Ел-Бекара, 152)"
Курански Ајети „Добри Дела“ EmptyПон 13 Јун 2016, 9:32 pm by Muwehhid

» Кога ќе сватеме???
Курански Ајети „Добри Дела“ EmptyНед 12 Јун 2016, 9:34 pm by Muwehhid

» Ја сменија верата, но ја нарекуваат "ислам"
Курански Ајети „Добри Дела“ EmptyСаб 11 Јун 2016, 8:51 pm by Muwehhid

» Дали е дозволено мевлуд?
Курански Ајети „Добри Дела“ EmptyСре 27 Апр 2016, 11:09 am by Abu Al-Amin

» Шејх Сулејман ибн Насир ел-Улван за техакум
Курански Ајети „Добри Дела“ EmptyВто 08 Мар 2016, 12:26 am by Haqq

» Бајрам
Курански Ајети „Добри Дела“ EmptyНед 06 Мар 2016, 2:36 pm by Haqq

» Реката на трпението и нејзините притоки
Курански Ајети „Добри Дела“ EmptyПет 04 Мар 2016, 7:48 pm by hidzab

» Pozdrav
Курански Ајети „Добри Дела“ EmptyПон 15 Фед 2016, 11:52 pm by Abu Al-Amin

»  шейха доктора / Тарик гураб: Вопросы и ответы о колдовстве и лечения
Курански Ајети „Добри Дела“ EmptyНед 14 Фед 2016, 7:30 pm by nourna

» abdul fetah
Курански Ајети „Добри Дела“ EmptyСре 03 Фед 2016, 12:02 am by Abu Al-Amin

» Хадиси на Мухаммед а.с
Курански Ајети „Добри Дела“ EmptyСре 06 Јан 2016, 7:16 pm by medi

» Аллах нас ни е потребен
Курански Ајети „Добри Дела“ EmptyСре 02 Дек 2015, 7:26 pm by Muwehhid

Кој е он-лајн?
Севкупно има 440 членови он-лајн :: 0 Регистрирани, 0 Скриени и 440 Гости :: 1 Bot

Никој

Најмногу членови кои го посетиле форумот воеднаш се 547 во Пет 15 Ное 2024, 12:40 am
Барај
 
 

Display results as :
 


Rechercher Advanced Search

Top posters
Muaz al Islam (1691)
Курански Ајети „Добри Дела“ Vote_lcapКурански Ајети „Добри Дела“ Voting_barКурански Ајети „Добри Дела“ Vote_rcap 
LAUTKA (1011)
Курански Ајети „Добри Дела“ Vote_lcapКурански Ајети „Добри Дела“ Voting_barКурански Ајети „Добри Дела“ Vote_rcap 
Muwehhid (937)
Курански Ајети „Добри Дела“ Vote_lcapКурански Ајети „Добри Дела“ Voting_barКурански Ајети „Добри Дела“ Vote_rcap 
Келиметул-Хакк (594)
Курански Ајети „Добри Дела“ Vote_lcapКурански Ајети „Добри Дела“ Voting_barКурански Ајети „Добри Дела“ Vote_rcap 
Muslima4Islam (589)
Курански Ајети „Добри Дела“ Vote_lcapКурански Ајети „Добри Дела“ Voting_barКурански Ајети „Добри Дела“ Vote_rcap 
Abu Al-Amin (479)
Курански Ајети „Добри Дела“ Vote_lcapКурански Ајети „Добри Дела“ Voting_barКурански Ајети „Добри Дела“ Vote_rcap 
Al-Ghuraba (360)
Курански Ајети „Добри Дела“ Vote_lcapКурански Ајети „Добри Дела“ Voting_barКурански Ајети „Добри Дела“ Vote_rcap 
Monoteizam (343)
Курански Ајети „Добри Дела“ Vote_lcapКурански Ајети „Добри Дела“ Voting_barКурански Ајети „Добри Дела“ Vote_rcap 
muharem fazli (323)
Курански Ајети „Добри Дела“ Vote_lcapКурански Ајети „Добри Дела“ Voting_barКурански Ајети „Добри Дела“ Vote_rcap 
Haqq (253)
Курански Ајети „Добри Дела“ Vote_lcapКурански Ајети „Добри Дела“ Voting_barКурански Ајети „Добри Дела“ Vote_rcap 

Statistics
Постојат b>1268 регистрирани членови
Најновиот регистриран член е igoralfiosebastian@gmail.

Нашите членови се испратиле точно 8262 мислења in 2387 subjects

You are not connected. Please login or register

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down  Порака [Страна 1 of 1]

Muaz al Islam

Muaz al Islam
Модератор
Модератор
И зарадувај ги оние кои веруваат и кои добри дела работат: за нив има бавчи низ кои реки течат, навистина! И секојпат кога ќе пробаат од плодовите, од ‘рскот, ќе речат: “Ова е она што порано го пробавме” - а им се дава само оној плод кој е сличен на нивниот; во тие бавчи за нив ќе има и чисти жени и тука тие за навек ќе останат.(Ел-Бекара 25)




Ќе им наредувате ли на луѓето да бидат доброчинители, а на себе заборавате, вие што Книгата ја кажувате? Нема ли да се вразумите?(Ел-Бекара 44)




и кога Ние рековме: “Влезете во градот овој, и јадете, тогаш, што сакате и колку што сакате; влезете низ портата ничкум, и речете: Проштение! Ние ќе ви ги простиме гревовите ваши, а на доброчинителите ќе им дадеме и повеќе од тоа.(Ел-Бекара 58)




А оние, пак, кои веруваа - Евреи, христијани и Сабејци - и оние кои веруваа во Аллах и во Денот ахиретски, и кои работеа добри дела - па, за нив има награда кај Господарот свој, навистина! Оние не ќе стравуваат и не ќе тагува (Ел-Бекара62)





А оние кои веруваат и кои добри дела работат - онаквите жители џеннетски ќе станат и во него за навек ќе останат!(Ел-Бекара 82)




Но, не! Оној што ќе го предаде лицето свое на Аллах, кој е Доброчинител, има награда кај Господарот свој. Тие не ќе стравуваат и не ќе тагуваат!(Ел-Бекара112)




И секој кон својата страна си се управува, па претходете еднизадруги во добрини. И каде било да се најдете - Аллах ќе ве збере. Аллах, навистина, е Кадар за се!(Ел-Бекара148)




И трошете на Аллаховиот пат. И не фрлајте се со своите раце во пропаст. И работете добро. И Аллах, навистина, ги љуби доброчинителите!(Ел-Бекара 195)




Оние кои, навистина, веруваат и кои работат добри дела, и кои се исправаат намаз да извршат, и кои зекат даваат... наградата нивна е кај Господарот нивни. Оние не ќе стравуваат и не ќе тагуваат. (Ел-Бекара 277)




Со обилност ќе ги наградам оние кои веруваат и кои работат добри дела. Аллах не ги љуби зулумќарите!(Али Имран57)




Вие сте најдобрата заедница за луѓето која се појави: наредувате добро, одвраќате од зло; и верувате во Аллах. А кога Следбениците на Книгата би верувале - тоа би било подобро за нив. Меѓу нив има верници, но мнозинството од нив се расипани(Али Имран110)




веруваат и во Аллах и во Денот ахиретски, наредуваат добро и одвраќаат од зло ; се натпреваруваат во добри дела. Онаквите се меѓу добрите луѓе ;(Али Имран 114)




за оние кои делат и кога се во радост и кога се во мака, и кои ја надминуваат омразата, и кои им простуваат на луѓето. Аллах ги љуби доброчинителите! (Али Имран 134)




. Па, Аллах, тогаш, им даде награда на овој свет, и ќе им даде награда добра на Ахирет. Аллах ги љуби доброчинителите! (Али Имран 148)




Аллах никому нема да направи неправда ни колку трошка. А ако направи добро Аллах ќе му го удвои и од Себе ќе му даде награда голема. (Ан-Ниса 40)




На оние кои веруваа и кои работеа добри дела Ние ќе ги воведеме во бавчите џеннетски низ кои реки течат; во нив за навек ќе останат, и за нив во Џеннетот има чисти жени, и Ние ќе ги воведеме во сенка ладна. (Ен-Ниса 57)




Нема никакво добро во состаноците нивни тајни освен оној кој наредува садака или јавно добро или слога меѓу луѓето. А на оној кој ова го работи заради задоволствата Аллахови Ние ќе му дадеме награда голема! (Ен-Ниса 114)




На оние кои веруваат и кои прават добри дела Ние ќе ги воведеме во бавчи џеннетски низ кои реки течат; во нив за навек ќе останат. Ветувањето Аллахово е - вистинско ветување. А кои се поискрени зборови од Аллаховите!? (Ен-Ниса 122)




А кој има подобра вера од оној кој го предава лицето на Аллах, а доброчинител е? Ја следи чистата вера Ибрахимова. А Аллах Ибрахима го прифати за пријател! (Ен-Ниса 125)




Што се однесува до оние кои веруваат и кои работат добри дела, тогаш, Ние ќе им ги врачиме наградите нивни, и ќе им се зголемат од добрината Негова. А оние, пак, кои презираат и кои се противат ќе се казнат со казна болна. Онаквите, освен Аллах, не ќе најдат ни заштитник ни поддржник! (Ен-Ниса 173)




На оние кои веруваат и кои прават добри дела Аллах им вети и прошка и награда голема, (Ел-Маида 9)




Оние кои веруваа и кои станаа Евреи и Сабејци и христијани ... кои веруваа во Аллах и во Денот суден и кои работеа добри дела - та, не ќе стравуваат и не ќе тагуваат! (Ел-Маида 69)




Па, Аллах ќе ги награди за она што го зборуваа со бавчите џеннетски низ кои реки течат и во нив за навек ќе останат. Ете, тоа е награда за доброчинителите! (Ел-Маида 85)




Оние кои веруваа и кои работеа добри дела немаат грев во она што го јадеа зашто и се плашеа, и веруваа, и добро работеа. А Аллах ги љуби доброчинителите! (Ел-Маида 93)




Ние пејгамберите ги испраќавме само како радосници и како опоменувачи. Оние кои веруваат и кои ќе се поправат не ќе стравуваат и не ќе тагуваат! (Ел-Енам 48)




И Ние му ги подаривме Исхак и Јакуб, и двајцата ги упативме. А Нух, пред тоа, го упативме. И од потомството негово ги упативме: и Давуд, и Сулејман, и Ејуб, и Јусуф, и Муса и Харун. И ете, така, Ние ги наградуваме доброчинителите! (Ел-Енам 84)




И на Денот тој праведно ќе се мери на вага. И оние чии ваги ќе натежнат - се спасени! (Ел-Араф Cool




А оние чии дела се полесни на вагите, тогаш, ќе страдаат душите нивни. Зашто ајетите Наши, секако, не ги признаваат. (Ел-Араф 9)




О синови Адемови, од вас ќе ви дојдат пејгамбери кои ќе ви ги кажуваат знаменијата Мои - та, оние кои ќе се плашат и кои ќе се поправат не ќе стравуваат и не ќе тагуваат. (Ел-Араг 35)




Оние кои веруваат и кои работат добри дела - а Ние никого не оптоваруваме над можноста негова - оние жители џеннетски се и во него за навек ќе останат. (Ел-Араф 42)




И не правете безредие на Земјата по веќе воспоставениот ред. Повикувајте Го бојазливо и стремежливо. Милоста Аллахова, навистина, е блиску до доброчинителите. (Ел-Араф 56)




оние кои го следат гласникот пејгамбер, кој не знае да пишува и да чита, кого го наоѓаат заведен кај нив - и во Теврат и во Инџил - и кој им наредува добро и кој им забранува зло, и кој им ги дозволува добрите јадења, а им ги забранува нечистите, и кој ги ослободува од товарот свој и од прангите кои се врз нив; и оние кои му веруваат, и кои го поддржуваат, и кои го помагаат, и кои го следат него и објавената му светлина... токму, спасените се! (Ел-Араф 157)




И кога им беше речено: “Станувајте во оваа населба и јадете во неа од каде сакате, и кажете: “Прошка!” - и низ вратата влезете ничкум: ќе ви ги простам гревовите ваши, а на доброчинителите ќе им ги зголемиме делата! (Ел-Араф 161)




Оние кои цврсто се придржуваат кон Книгата и кои намаз извршуваат... Ние, навистина, не ќе ја пренебрегнеме наградата на добрите! (Ел-Араф 170)




Биди умерен! Наредувај добро и избегнувај ги незнаенковците! (Ел-Араф 199)




Верниците и верничките се заштитници еднисодруги: наредуваат добро и одвраќаат од зло, клањаат намаз и даваат зекат и послушни се и на Аллах и на пејгамберот Негов. Аллах ним ќе им се смилува. Аллах, навистина, е Силен и Мудар! (Ет-Тевба 71)




Тоа не е обврска ни за слабите ни за болните, ни за оние кои немаат средства да излезат во борба доколку се, секако, искрени и кон Аллах и кон пејгамберот Негов. Нема начин на кој може да им се приговори на доброчинителите. Аллах е Простувач и Сомилосен! (Ет-Тевба 91)




Со претходниците првенци меѓу мухаџирите и меѓу енсариите и оние кои ги следеа во доброчинство... Аллах е задоволен со нив, а и тие се задоволни со Него. За нив Он подготви бавчи низ кои реки течат и во нив за навек ќе останат. Ете, тоа е победа голем (Ет-тевба 100)




И други, пак, кои ги признаваа гревовите свои, мешајќи ги добрите дела со други, лоши дела. Ним Аллах, можеби, ќе им прости. Аллах, навистина, е Простувач и Сомилосен! (Ет-тевба 102)




Онаквите се кајат, и обожаваат, се заблагодаруваат, и патуваат и на руку’ и на сеџде паѓаат, и наредуваат добро и одвраќаат од зло, и ги чуваат границите Аллахови. И зарадувај ги верниците! (Ет-Тевба 122)




Прибежиштето на сите вас е - кон Него. Ветувањето на Аллах е - вистинското ветување. Он, навистина, го започнува творењето и Он потоа го возобновува за да ги награди праведно оние кои веруваат и кои добри дела работат, а за оние кои не веруваат има напивка од жешка вода и казна болна затоа што, токму, не веруваа. (Јунус 4)




Оние кои веруваат и кои добри дела работат... Господарот нивни ќе ги упати со верувањето нивно. Под нив, во бавчите благословени, ќе течат реки. (Јунус 9)




За оние кои прават доброчинство има и поголемо доброчинство од тоа. Лицата нивни не ќе ги покрие ни црнило ни понижување. Оние се џеннетски жители и во него за невек ќе останат! (Јунус 26)




http://www.ahlu-sunnah.org

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот  Порака [Страна 1 of 1]

Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот