1 Амин иншАллах – (Новотарија) Нед 21 Окт 2012, 5:04 pm
Muaz al Islam
Модератор
[You must be registered and logged in to see this link.]
Бисмиллах, елхамудлиллах, вессалату весселаму’ала РесулиллахВо името на Аллах, Семилосниот, Милосливиот!
Една новотарија е многу проширена помеѓу муслиманите, но е потребно на неја (новотаријата) да се реагира (да се подучи новотарот). Да, се приметува кај многу кога се молат (прават дова), во довата од навика кажуваат "иншАллах", на пр: "Го молам на Аллах иншАллах да ти подари Фирдевс", или да се кажуват: "Амин иншАллах", или “Амин иншАллах Аллах и на тебе“ и слично, што е дова која не се прима, а причината на тоа е што дирекно се коси со зборовите на пратеникот, саллАллаху алејхи ве селлем.
Ебу Хурејре, радијАллаху анху, пренесува дека пратеникот, саллАллаху алејхи ве селлем, рекол:
“Молете го на Аллах уверени дека вас ќе ве услушат. Навистина Аллах не ја прима довата од немарните срца.“ (Тирмизи, 3479)
Затоа на човекот му е забрането во довата да кажува:“Аллаху мој опростими ако сакаш.“ Меѓутоа тој треба да биде одлучен во молитвата (довата) зашто Аллах никој не може да го присили. (бухари, 11/39, Муслим, 2679)
Аллах, субханеху ве те ала, прави што сака, и Тој одлучува дали сака да ти ја прими довата или не, но еден од условите да ти биде довата примена е да во довата да бидеш одлучен, како што е во претходните хадиси наведено, без двоумење, да точно барај од Аллах, субханеху ве те ала она што го сакаш, а Тој, субханеху ве те ала, ќе одлучи дали сака да ти даде или не.
Од таа причина потребно е да се промени таа лоша навика и да ја вклопиш со хадисите, праксата на Пратеникот, саллАллаху алејхи ве селлем, и неговите асхаби, радијАллаху анху еџмеин затоа што ова е многу битно за егзистенција (опстанок) на муслиманите – а довата е најсилното оружје. Па иншАллах треба да настоиме тоа да го измениме.
Правод: Muaz al Islam
Обработка: Ahlu-Sunnah.org
Превземено: allahova-milost.blogspot.com