1 ЗА ОНА СО ШТО ЛУЃЕТО МЕЃУСЕБНО СЕ ОДНЕСУВААТ ВО МОРАЛОТ Саб 09 Јун 2012, 11:36 am
Al-Ghuraba
Модератор
Во Името на Аллах Милостивиот и Сомилосен!
Нестабилноста, која е осудена, е кога се преминува од еден изглед кој е беприроден и несодржаен, во друг, кој му е сличен, па, преминување од една состојба која нема никаква содржина во друга исто такабез содржина, без било каква оправдана причина.
Кога некој облекува облека што ја има и која му е неопходна, избегнувајќи претераност во тоа, тоа е доказ за неговата голема уметност и мудрост. Аллаховиот Пратеник саллаллаху алејхи ве селлем, кој е пример во секое добро и чиј морал Аллах џеллешануху го прифалил и кому му ги подарил сите совршени доблести, а го сочувал од било какви недостатоци, ги обиколувал болните заедно со своите другари без било што на глава без турбан одејќи бос, и во најодалечените делови на Медина. Кога имал, ги облекувал сукното и огртачот(прострилката) од шарено везано платно, а никогаш не се оптеретувал со она што го нема, ниту го оставал она што му било потребно. Со она што го имал се задоволувал за тоа што го нема. Така тој некогаш одел пеш и бос, друг пат носел сандали и јавал на убава сивкаста мазга. Понекогаш јавал и на коњ без седло, но и на дева. Но, тој јавал и на магаре, засадувајќи си за себе за гробот некого од своите другари. Некогаш јадел датули (урми) наместо леб, а некогаш пак бајат леб, и ништо повеќе. Јадел и пржено јаре, бостан со свежи урми и колачи. Со сето тоа тој сила бараше, а вишокот го делеше и она што не му требеше не го земаше.
Со непотребното никогаш не се оптеретуваше. Тој никогаш не се лутел заради себе, но никогаш и не ја пропуштал лутината кога се работело за верата на Аллах џеллешануху.
Постојаноста како исправност и постојаност во кавга се толку меѓусебно слични да може да ги разликува само вешт познавач на моралот. А разликата меѓу нив е таа што расправата е она што е засновано на невистина или што некој направил за да го помогне она во што се вмешал, а чија неисправност му е позната или не му е позната ниту исправноста на тоа. Тоа е осудено. Наспроти неа е правичноста.
Постојаноста која е исправна потреба е кога се работи за вистината, или она што човекот го смета за вистина, ако не му се открила нејзината неисправност. Тоа е пофално својство. Спротивно на неа е нестабилноста.
Некои ги осудуваат и двете својства зашто е тоа, од една страна, непромисленост на она што се има, и од друга страна, неистражување на она што е потребно за да се востанови дали е вистина или невистина.
Умност е во истражувањето на покорноста и прифаќање на доблести, а оставање на гревови и пороци.
Аллах џеллешануху, на повеќе места во Својата Книга предупредил дека оној кој греши кон Него, не е умен.
Зборувајќи за еден од минатите народи, Аллах џеллешануху, вели:
“Тие говорат:„Да сме слушале или разум користеле, не би биле жители на Џехеннемот„!“
Потврдувајќи го тоа нивно признание. Аллах џеллешануху, вели:
“Па го признаа својот грев. Далеку биле жителите на Џехеннемот огнен!“
Глупост е да се прават гревови и да се чинат пороци. Неправда, озборување и бладањесе знак на лудило и растревожевост на горчината во телото.
Глупоста е спротивна на разумот и тие двете порано ги објаснивме. На средината меѓу нив е малоумност, која се состои во тоа да се работи и да се зборува она што не го бара ни верата ниту световната добивка ниту пофалниот морал, но во што нема ни грев, ниту покорност или помош некому од спомнатите две, како ни доблести ни порок.
Станува збор, значи, за непотребно прикажување и бесполезно дело. Во која мерка преовладува едно од нив или се намалува, во толку човекот повеќе го заслужува називот малоумен.
Во еден случај човек може да покаже малоумност, а во другиот умност, а во третиот глупост.
Наспроти безумие стои разумие и способност за расудување во науките и занаетите. Тоа првите мудреци го нарекувале дарба на говорот. Помеѓу овие две нема средина.
Што се однесува за работи врзани за овој свет и настојување да им се допадне на луѓето правејќи го она што им одговара, а што ја подобрува состојбата на оној кој тоа го прави, било тоа да е невистина или нешто друго, или маана или нешто трето, потоа досетливост да се зголеми имотот, славата прошири и углед постигне, на сите можни начини, не воздржувајќи се ни од гревови, ниту од пороци, во сето наброено нема воопшто умност. Оние за кои Аллах џеллешануху, потврдува дека немаат разум и не известува дека тие управуваат со овоземни добра, зголемувајќи ја нивната власт. Овој вид на морал се нарекува лукавост. Наспроти сеа стојат исправноста и разумноста.
Меѓутоа, ако се настојува да се постигне ова што го наброивме чувајќи се од гревови и пороци со извесна доза на срам, тогаш тоа се нарекуваодлучност, наспроти која стои загуба.
Достоинство, умешаност во говорот и средина во уредување на живеењето, потем исправно однесување солуѓето, се морални особини кои се нарекуваат со едно име-сериозност. На неа спротивно е малоумност.
Верноста се состои од правичност, истрајност и посветеност. Верниот смета дека е сторено насилие доколку не се награди оној кој има во него доверба кој му направил некое добро, и тој е во тоа правичен. Тој исто така смета дека на неверност не треба да се одговори веднаш, туку треба да се биде толерантен, и во тоа е посветен. И тој, на крајот, се навооружува со трпение за она што ќе дојде како последица на верност, и во тоа е храбар.
Четири се средишни доблести од кои произлегуваат сите останати. Тоа се: праведност, знаење, одлучност и посветеност.
А четири се основни пороци од кои произлегуваат сите останати, кои се спротивни на доблестите кои ги спомнавме. Тоа се: неправда, незнаење, кукавичлук и скржавост.
Аманетот и поштеноста се видови на праведност и посветеност. Ебу Мухаммед ибн Ахмед вели дека за моралот, меѓу останатото, го испеал и следното:
“Разумот е темел над кој е моралот бедем
Украсот на разумот е знаењето, во спротивно е
(разумот) пропаст
Незнајко е слеп и не гледа каде оди
Знаењето се пополнува со праведност, во
спротивно тоа е напразно
Узда на правдината е посветеност, во
спротивно тоа е
насилие
Темел на посветеност е одлучноста,
а кукавичлукот е заблуда
Ќе бидеш чеден ако бидешљубоморен;
љубоморниот никогаш не сторил блуд
Совршенство на сето е побожност; да се зборува
вистината е светлoст
Тоа се темелите на доброто за кои ова го изрекоа по
заклетвата.“
Тој, исто така, за моралот го рекол и ова:
“Темел на темелите на сите доблести се:
праведноста, исправното разбирање, посветеноста и
моќта.
Од ова се составени сите други, па кој ги поседува
нив, тој управува со светот
Тој, исто така, поседува работи со чие осознавање се
отргнува нејаснотиата.“
Украсот на разумот е знаењето, во спротивно е
(разумот) пропаст
Незнајко е слеп и не гледа каде оди
Знаењето се пополнува со праведност, во
спротивно тоа е напразно
Узда на правдината е посветеност, во
спротивно тоа е
насилие
Темел на посветеност е одлучноста,
а кукавичлукот е заблуда
Ќе бидеш чеден ако бидешљубоморен;
љубоморниот никогаш не сторил блуд
Совршенство на сето е побожност; да се зборува
вистината е светлoст
Тоа се темелите на доброто за кои ова го изрекоа по
заклетвата.“
Тој, исто така, за моралот го рекол и ова:
“Темел на темелите на сите доблести се:
праведноста, исправното разбирање, посветеноста и
моќта.
Од ова се составени сите други, па кој ги поседува
нив, тој управува со светот
Тој, исто така, поседува работи со чие осознавање се
отргнува нејаснотиата.“
Во човечката душа постојат доблести кои се состојат од одлучност, а исто така и од стрпливост. Благост е еден вид на одлучност.
Задоволство е доблест која се состои од посветеност исправедност.Злото се раѓа од незаситеност,незаситеност од зависта, а зависта се раѓа од желба (страст), желбата од неправда, скржавост и незнаење.
Од незаситеност произлегуваат големи пороци какви што се:
понижување, кражба, одземање, проституција, убиство, страсна заљубеност, страв од сиромаштво и просење од светот.
Ние ги разграничивме незаситеноста и посакувањето, зашто незаситноста е откривање на посакувањето сокриено во душата.
Дружељубивоста е доблест која се состои од благост и трпение. Искреноста се состои од правичност и одлучност.