1 Луѓето мамат, па мами и ти ! Пет 16 Мар 2012, 6:43 pm
Al-Ghuraba
Модератор
Во Името на Аллах Милостивиот и Сомилосен! Омер ибн Хатаб р.а. за време на своето владеење забранил да се меша млекото со вода. Една ноќ излегол во Медина малку да прошета и забележал една жена која и зборувала на ќерка си да го измеша млекото со вода. Ќерката запрашала: „Како да направам нешто што владетелот на правоверните го забранил?“ Мајката одговорила: „И другите луѓе мешаат, па измешај и ти. А владетелот на правоверните нема да дознае.“
Ќерката возвратила на тоа: „Ако Омер не знае, знае Господарот на Омер. Нема да го направам тоа бидејќи е забрането.“
Овие нејзини зборови го трогнале Омер р.а. Откако осамнало го повикал својот син Асим и му рекол: „Синко, оди на тоа и тоа место и распрашај се за таа девојка.“ Притоа му ја опишал како изгледа. По заминувањето на синот, дознал дека таа девојка е од племето Бену Хилал.
Омер р.а. го посоветувал: „Синко, понуди и брак. Достојна е и избрана за да во редовите на нејзините потомци се роди храбар Персиец кој ќе ги предводи Арапите.“
Асим се оженил со таа девојка, и подоцна им се раѓа ќерка, која ја оженил Абдулазиз ибн Мерван. Од тој брак потекнува познатиот халиф Омер ибн Абдулазиз.
Извор: „Ризница мудрости на исламските великани“